Kонцертoт „Од Нас за Вас“ во четврток во Прилеп нуди богата и разновидна програма

На 14.11.2019 /четврток/ во 19.00 часот во големата сала од ЦК„Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт „Од Нас за Вас“, со кој ќе бидат одбележани 40 години од формирањето на Домот на културата „Марко Цепенков“. Воедно, во изложбениот салон ќе биде поставена рестроспективна изложба на дела од колонијата Дрен.

Свеченото отворање на тогашниот Дом било во ноември 1979 година со претставата „Факел“ од Коце Солунски.
Тешко е да се сублимираат сите активности – концерти, претстави, изложби, промоции.. низ годините, но сега ЦК„Марко Цепенков“ e вистински репрезент на културата и уметноста, не само во градот и во Македонија, туку и пошироко.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.