Koнцерт на култните “МИЗАР” во амфитеатарот во Варош

Во склоп на манифестацијата „Денови на Крали Марко“ што секоја година се организира во подножјето на марковите кули, Општина Прилеп ќе ги почести граѓаните со концерт на групата МИЗАР.

Концертот ќе се одржи во недела на 17. мај 2026г во Амфитеатарот во Варош со почеток во 20.00ч.
Големиот македонски бенд и бренд „Мизар“ во рамките на одбележувањето на 45 години од нивното постоење, пред прилепската публика ќе се претстави со специјално подготвена „бест оф“ програма, која опфаќа теми создадени во изминативе неколку децении.

Бендот кој ни оставил богатото музичко наследство создадено со албумите „Мизар“, „Кобна убавина“, „Свјат Dreams“, „Детето и Белото море“, „Поглед кон цветната градина“, „Вечна празнина“ ќе ни понуди теми од својот повеќедецениски опус, со кои оставиле голем белег не само во македонската музика, туку и во македонската култура….. „Градот е нем“, „Униније“, „Магла“, „Дождот“, „Девојка од бронза“, „Истекувам“, „Константинопол“, „Почесна стрелба“ , „Сонце златно“ и др.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.