Kopoната ja cпacи Победа од Tрета лига: Cтадиoнот повтopно се пpeтвора во дива ливaдa (Фото галерија)

Комисијата за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија на состанокот одржан на 26 мај одлучи дека екипите од Втората фудбалска лига нема да го продолжат првенството. Тоа значи дека последно пласираните Победа, Осогово и Питу Гули се спасија од испаѓање во понизок ранг на натпреварување.

Комисијата одлучи да има продолжување на Првата фудбалска лига во термин од 14-21 јуни, но сеуште и тоа е неизвесно.

Што се однесува до прилепска Победа, клубот пред пандемиjaта со кopoнавиpycoт се наоѓаше на осмото место на табелата од Втората лига-Исток, а резултатите кои ги имаа црвено-белите беа загрижувачки. Три победи, три нерешени и десет порази. Тоа беше ефектот на прилепчани оваа сезона.

Љубителите на фудбалот стравуваа дека ФК Победа може дури и да падне ранг подолу, но се чини дека кopoна кpизата го спаси клубот.

Победа и оваа натпреварувачка сезона ја играше на стадионот во паркот на Могилата на непобедените, иако општинските власти ветуваа целосно уредување на градскиот стадион “Гоце Делчев” до крајот на годината.

Локалната власт успеа да изврши покривање на северната трибина и бетонирање на јужната трибина. Работите се одвиваа во текот на минатото лето и сите се надеваа дека градски одново ќе го врати сјајот од некогаш.

Но, работите застанаа тука, а од тревникот и од целосното уредување на трибините сеуште нема ништо. Теренот одново почнува да заличува на дива ливада, одново расте се’ и сешто, а остана ветувањето за целосна реконструкција на фудбалскиот храм во Прилеп.

Градоначалникот Илија Јованоски во јули минатата година истакна дека нема да дозволи Победа да згасне, иако во тој период сите акционери го напиштија клубот.

Јованоски тогаш посочи дека за тревникот надлежна била Фудбалската федерација на Македонија, но досега нема истакнато како завршиле разговорите со првите луѓе таму и кога конечно Прилеп ќе добие модерен стадион.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.