Koнечно откриена неверојатна тајна: Што се случува во мозокот после смртта и како свеста продолжува да работи

Ова истражување од Универзитетот во Њујорк е најобемно кое некогаш се правело на оваа тема.

Научниците откриле дека човечовата свест продолжува да работи  и откако телото ќе престане да дава знаци на живот. Постојат докази дека некои од луѓето слушнале како докторите ја прогласуваат нивната смрт.

“Луѓето опишале дека ги гледаат лекарите и медицинските сестри кои се борат за нивниот живот, биле свесни за содржината на целиот разговор околу себе и визуелните нешта”, говори авторот на студијата Сем Парниа.

Сите тие информации истражувачите ги провериле кај споменатите луѓе и навистина ги потврдиле сите наводи на пациентите кои во тие моменти технички биле мртви. Лекарите ја дефинираат смртта врз основа на престанокот на работата на срцето, при што како последица се смалува дотокот на крв во мозокот.

“Teхнички гледано, така се добива времето на смртта – се’ се темели на моментот на престанок на срцето со работа, објаснува Парниа. Откако ќе се случи тоа, крвта повеќе не циркулира во мозокот”, додава тој.

Церебралниот кортекс во мозокот, кој е одговорен за размислување и обработка на информаиите од петте сетила, исто така веднаш престанува со работа, при што на електричниот монитор не се детектираат мозочни бранови во период од 2 до 20 секунди.

Ова предизвикува верижна реакција на клеточните процеси кои ќе резултираат со смрт на мозочните клетки. Сепак, тоа може да потрае и неколку часа откако срцето ќе престане со работа. Дури и реанимацијата која не е успешна кај пациентот може да резултира со испорака на одредени количини на крв во мозокот – околу 15 проценти од она што е потребно за нормално функционирање, пишува Daily Mail.

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.