Kaпитенот на Победа Крстески за утрешниот натпревар: Го победивме Вардар зошто да не ја победиме Шкендија

pobeda-1

Капитенот на Победа Александар Крстески за неделниот меч со Шкендија во Тетово:

– По победата над Вардар во нашиот тим разбирливо владее доста добра атмосфера. Знаеме сите што значи и колку е голема победата над шампионот. Сеуште помалку како да не држи еуфоријата но сигурен сум дека ќе се смириме до неделниот натпревар и ќе го дадеме максимумот и против фаворизираниот домаќин.

За неделниот натпревар можам да кажам дека патуваме во Тетово доста растоварени затоа што екипата на Шкендија ќе биде под притисок затоа што претходното коло дома одиграа нерешено. Тоа за нив е неуспех,а претходно во дербито загубија од Вардар. Оттука ние ќе во натпреварот ќе влеземе растеретени што е многу полесно отколку да играш под притисок. Се знае дека Шкендија е тотален фаворит но мислам дека и ние имаме шанса. Доста ги анализиравме неделава така да се надевам дека ќе одиграме добар натпревар и дека можеме да освоиме ден еден, а зошто да не и 3 бода. Како професионалци треба и мора да веруваме во себе. Јас цел живот така сум влегувал во секој натпревар, па затоа зошто да не ја добиеме и една Шкеднија. Кога го победивме Вардар зошто да не ја победиме или да одиграме нерешено со Шкендија, што секако ќе биде голем успех за нас. Секако хендикеп за нас ќе биде неиграњето на стандардните првотимци Гешоски и Најдовски, но пролетва сме засилени на сите позиции имаме по двајца играчи и се надевам дека нивното неиграње нема да се почувствува во нашата игра.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.