Kaко танцуваа Карачиќ и Стоилов на теренот: Оваа асистенција е избрана за најдобра во Лигата на шампиони (ВИДЕО)

Луцидната и атрактивна асистенцијата на Игор Карачиќ до Стојанче Стоилов за време на финалето во ЕХФ Лигата на шампионите, помеѓу Вардар и Веспрем е прогласена за најдобра во измината сезона.

Карачиќ мајсторски успеа да ја измами одбраната, топката стигна до капитенот кој немилосрдно погоди. Токму таа асистенција е на врвот на најатрактивни, за измината сезона 2018/2019 во ЛШ, која заврши со втора титула за црвено-црните.

Погледнете:


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.