Kраток документарен филм за црквата Св. Димитрија во Варош – ретко културно наследство од 13 век

Црквата Свети Димирија се наоѓа во средишниот дел на населбата Варош, на граничниот пункт на некогашното средновековно “Панаѓуриште”.

Денес оваа црква претставува целина од три цркви, поставени во должина една до друга.

Најстарата црква била еднокорабна градба со полукружна апсида на источната страна, покрие- на најверојатно со дрвена кровна конструкција на две води и датира од средината или од третата четвртина на XIII век.

Ктитор на последниве градителски зафати е Димитрие Мисионополит, насликан на ктиторската композиција на северниот ѕид.

Во внатрешноста на црквата се наоѓа полилеј од XIVвек кој претставува редок пример на нашата територија и пошироко.