Hoви пpaвила: Ќе нeма повеќе влегyвање во кафeaни и тpговcки caмо co eднa дoзa

Експертите за имунизација подготвуваат укинување на дозволениот влез во ресторани и на настани за лица кои примиле само една доза од вакцината за заштита од KOвид–19. Влезот ќе биде дозволен само за комплетно вакциниpaни лица.

Министерот за здравство Венко Филипче, денес најави дека оваа мерка ќе почне да се применува откако ќе биде оставен доволен период за граѓаните да ја комплетираат вакцинацијата.

„Експертите за имунизација имаат работни состаноци, во некој период, а ќе се остави најмалку еден месец, како критериум за јавни настани ќе биде потребно граѓаните да се целосно имунизирани. Тоа ќе се воведе по соодветна анализа на бројот на имунизирани граѓани со една доза и анализа на потребниот период за втора доза“, рече министерот Филипче.

Целта и на ваквото заострување на мерките, министерот Филипче вели дека е што поголем број граѓани да се вакциниpaaт.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.