Hejзиниот пpaдедо го кpиeл opyжjeто за 11-Oктомвpи, cите пpeдци и’ ce пpaвобopци: Moдна кpeaтopка од Пpилеп со тpoгaтeлeн cтaтyc на Фejcбyк

Стефанија Насеска Попадинец е моден креатор од Прилеп. Попадинците како што ги знае цел Прилеп, нејзините пpeдци, биле едни од пpвобopците кои му се спротивставиле на бугapcкиот окyпатop за време на Втopaта cвeтcка вojна во Прилеп. Нејзиниот прадедо дури и го кpиeл opyжjeто за нападот на Участакот на 11-Октовмри 1941 година.

Таа револтирано реагираше на Фејсбук, откако денеска премиерот истакна дека Бугарите не биле фашисти и дека биле администратори на територијата на Македонија, кои подоцна заедно со партизаните ги ослободиле Куманово, Крива Паланка… боpejќи се против фашистите.

Нејзиниот Фејсбук статус во целост го пренесуваме во продолжение:

“Си ветив сама на себе си дека нема да пишувам вакви постови веќе ама кога ги гледам фотографииве во семејниот албум не сакам да ги гледам со срам дека ништо не сум презела кога се газело врз нивните дела и коски. Се има граници и толеранција. Ова се фотографии од моите баби и дедовци, Попадинците, а од сите нив само баба ми Стана може уште да Ви раскаже за тоа како избегала од задната врата од семејната куќа кога дошле бугарските војници да ги бараат сестра и Калина и братот Ило (веќе подолго време партизани) за живи да ги одерат.

За овие бугари ли зборувате дека биле пријатели на Македонија тогаш!? 14 годишно дете бега сама во планина кон Црвени стени, бега без храна, без надеж пред потера од бугарски војници со закрвавени кучиња. За истите бугари ли зборуваме!?

Дете, девојче на 14 години добива пушка в рака и се бори за ослободување од фашистите (читај пријателите). Ако сега премолчам, како без срам ќе ја погледнам фотографијата на прадедо ми Цветко Попадинецот кој си го изложувал семејството на ризик криејќи го оружјето за нападот на 11ти Октомври во сопствената куќа во собите од децата, тој кој неколку пати храбро застанал пред вперените бугарски пушки (дојдени по дојава) и ги криел партизаните додека одржувале состаноци и кроеле планови за нападите кои следеле, токму тука во неговиот дом.

Ако премолчам сега, како ќе имам лице да појдам на Могилата на непобедените и како ќе се поклонам пред коските на пра баба ми и дедо ми.

Многу жртви имаме дадено за да го проголтаме и овој залак. Може да ги смените таблите, може да ги препишете учебниците ама никогаш нема да ја избришете меморијата и никогаш нема да ги сопрете раскажувањата на тие кои ја преживеале окупацијата”.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.