Eдинcтвeнaтa жeлбa на Тијана е да има што да jaде: Пoтpecната cyдбина на девojчето кое нема ниту kyла ниту jaкна

Марија Дојчиновиќ и нејзината 5 годишна ќерка Тијана Рамани од селото Горна Козница кај Сурдулица, се гладни како никој, а секој нов ден им носи нова неизвесност, дали ќе успеат некако да го преживеат.

Тијана има само една желба, а тоа е да има што да јаде, бидејќи нејзината самохрана и болна мајка не е во можност да и обезбеди храна.

Нивниот двор се разликува од сите дворови на останатите домаќинства во ова планинско село. Мала градина со пиперка и компири, грмушки наместо ограда, довлечени гранки за греење и мала патека која води до куќата им се целиот свет.

Во само неколку квадрати со постојана опасност дека плафонот ќе им се сруши на главите, оваа мајка и ќерка ги поминуваат овие денови. Стариот шпорет, еден стар креденец, фотеља и двосед, масичка и земјен под. Тоа е се, нема телевизор, ниту друг апарат за домаќинство. Се е половно и отфрлено од семејствата кои имале повеќе среќа во животот. Од едниот до другиот крај на собата имаат закачена жица со алишта на која висат јоргани, ќебиња и детска гардероба.

„Ние две сме сами, немаме никој. Таткото на Тијана не напушти, детето скоро и не го познава. Ни јас немам никој, татко ми го немам запознаено, мајка ми, баба ми и дедо ми се починати, па така сме сами. Опстојуваме благодарение на комшиите и луѓето, единствениот приход ни е детскиот додаток и социјалната помош. Имам и долг за струја од 60.000 деинари и стравував да не ни ја прекинат. Струјата ја користиме само за светло, една сијалица и тоа е тоа“ – вели Марија за Телеграф.

Иако летово е оперирана, Марија од блиските шуми носи гранки за греење, за да има со што да го потпалува огинот. Ги сече сама со рачна секира.

Малата Тијана секогаш оди со мајка си, бидејќи нема другари, нема деца за да си игра со нив. Никогаш нема кукла.

„Најмногу сакам месо, кога има, а кога одиме во Сурдулица, мајка ми ми купува сладолед. Сакам и чоколадо. Би сакала да имам дома и пилешки џигер, тоа сакам да го јадам“ – раскажува девојчето.

Тијана нема ниту чизми за зимото, а ни јакна. Оди во искинати кломпи и раскажува дека едвај чека да замине на училиште.

„Тијана нема боенки, сликовници, боички, бидејќи 3.500 динари од детскиот додаток и 9.5000 динари од социјалната помош морам да ги чувам за храна, но никако да го поминеме месецот. Завршив средно техничко училиште, работев како келнерка, сега сум без работа“ – додава оваа измачена мајка.

Извор: “Курир”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.