Без плата и без директор, нови проблеми за вработените во прилепски Еуркомпозит.
Откако во средата вработените пред портите на фабриката ги кажаа своите проблеми, денеска се решија одново да го изразат својот револт и да упатат порака до Владата, премиерот Заев и вице премиерот Анѓушев за неисполнетите ветувања кон нив.
Според претседателот на синдикалната организација Богданоски, изминал еден месец откако вработените ја зеле последната плата, а ветувањето на владата на средбата со претставниците од компанијата било дека вработените ќе примаат редовна плата и дека за 6 месеци ќе се најде стратешки партнер.
Дури и оставката на директорот Кузески не е верификувана, па синдикалците не знаат дали ќе дојде нов директор на неговото место.
Денеска вработените во комапнијата втор ден по ред го блокираа патниот правец Прилеп-Битола, а барањата остануваат исти. Редовна плата и придонеси и поставување на нов менаџерски тим.