Eвропа ја очекува страшна суша, а Балканот големи невремиња: Ова се предвидувањата на познатите светски метеоролози за летото кое доаѓа

На Балканот му се закануваат силни летни невремиња, кои на места би можеле да создадат торнада, но од Запад ќе има продори на пеколни горештини.

AccuWeather за ова лето во Европа предвидува дека ќе биде многу топло, со опасни продори на жестоки невремиња. Во извештајот се наведува дека подрачјето на жештина ќе се простира од Португалија и Шпанија до Полска и Унгарија.

“Жештината ќе биде подолготрајна за разлика од минатото лето кога рекордни температури беа измерени во делови на Португалија, Белгија, Германија и Скандинавија, но не траеа повеќе од една недела”, напиша Ерик Леистер, еден од најстручните метеоролози на AccuWeather.

Според овој метеоролог, температури повисоки од 38 степени целзиусови можат да се очекуваат од северна Франција, Белгија, кон Полска, Словачка и Унгарија.

Метеорологот Тајлер Ројс пак, изјавил дека температури повисоки од 40 степени можат да се очекуваат во делови на источна и јужна Франција, во периодот од јули и август, а дека најлошо ќе биде во Португалија и Шпанија, каде можно е неколку дена по ред температурата да се искачи и до 43 степени и повеќе. Сепак, горештината нема да ја зафати цела Европа. Едно од подрачјата кои ќе поминат подобро е Скандинавија.

Горештините не би требало да бидат толку големи ниту на Балканот, но тука ситуацијата ќе биде многу поразлична. Според овие метеоролози, на потегот од Грција, Македонија, Србија, Романија на север и Бугарија на исток, ќе преовладуваат големи невремиња, проследени со страшни грмежи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.