Cтpaшно невpeме го погоди Прилеп: За 10 минути улиците се претворија во реки (Фото/Видео)

Силно невpeме проследено со силни електрични празнења и дожд го погоди претпладнево Прилеп.

За само 10 минути улиците во градот беа поплавени, а дождот и понатаму паѓа.

-Почнувајќи од денешните попладневни часови па во наредните неколку дена, како резултат на циклонска активност, ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, град и ветер. На поедини места од државата се најавуваат локални поројни врнежи од дожд (на поедини места над 30 литри на метар квадратен, при што нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата, велат од УХМР.

Според Управата, на одредени места врнежите се очекува да бидат поинтензивни, да паднат за кратко време и да бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер.

Невреме има и во други делови на државата. Од УХМР велат дека нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата, но можно е слевање вода во градските урбани средини.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.