Byчиќ: Hикого нема да пpимат во EУ од земjите на 3aпаден Балкан

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, истакна дека сака сите од Западен Балкан треба да зборуваат и да настапуваат заеднички ако заедно сакаме да влеземе во ЕУ.

Но, како што рече, тој смета дека тоа не е реално во овој момент.

Тие нема да не примат во ЕУ, затоа што тие сега немаат капацитет да примат никого, рече Вучиќ во интервју за Фејс ТВ, на прашањето зошто шесте држави од Западен Балкан, со сите проблеми што ги имаат, да не влезат заедно поради мирот во Европа.

Вучиќ рече дека секогаш се залага за тоа и дека нема проблем со тоа и дека бара сите да настапуваме заедно.

На забелешката на домаќинот дека ќе биде тешко ако не влеземе во ЕУ, Вучиќ рече дека ќе биде тешко ако не ги решиме нашите проблеми сами.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.