дома блог страница 88

Биди дел од АРМ: Oбјавен ОГЛАС за вработување на подофицери

Mинистерството за одбрана распишува Ј А В Е Н О Г Л А С за прием на 7 (седум) подофицери на служба во Армијата на Република Северна Македонија.

1. Се распишува јавен оглас за прием на 7 (седум) подофицери од воздухопловно техничка служба во чин водник на служба во Армијата на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Армијата), на неопределено време за потребите на Воздухопловниот ВИНГ во Командата за операции, касарна „Страшо Пинџур“, Петровец, гарнизон Петровец.

2. На јавниот оглас може да се пријават кандидати кои ги исполнуваат условите утврдени во огласот и тоа:

Општи услови:

-да се државјани на Република Северна Македонија,
-да се полнолетни,
-да имаат посебна здравствена и физичка способност,
-со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
да не се осудувани за кривични дела за кои е предвидена казна затвор од најмалку шест месеци, односно за кривично дело во врска со службената должност, или за друго кривично дело што го прави недостоен за претставување на Републиката;

Посебни услови:

-да имаат завршено средно образование (машинска или електротехничка струка),
-да имаат завршено доброволно служење на воениот рок, и
-да не се постари од 25 години.

Kандидати кои ќе бидат избрани, а немаат завршено доброволно служење на воен рок, ќе бидат упатени на основна војничка обука во траење од 3 (три) месеци, по што ќе се упатат на стручно оспособување и усовршување за подофицери.

Работни денови:

– од понеделник до петок;
– работни часови неделно: 40

Работно време:

– времетраење на работниот ден е осум часа со почеток на работно време во 08.00 часот и завршеток во 16:00 часот.

Паричен нето износ на плата:

– Платата изнесува над 30.700 денари, со дополнителни над 13.000,00 денари трошоци за станбено обезбедување и други надоместоци уредени со Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија и Колективниот договор во Министерството за одбрана.

3. Рокот за пријавување на огласот е 15 дена од денот на неговото објавување.

4. Заинтересираните кандидати доставуваат пријави до Министерството за одбрана, непосредно во деловодството на министерството или по пошта со препорачана пратка.

5. Кон пријавата кандидатите приложуваат:

-уверение за државјанство,
-доказ за завршено образование,
-извод од матична книга на родени,
-уверение со кое се докажува општата здравствената способност, издадено од Институт за медицина на труд,
-уверение за неизречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност,
-уверение за неосудуваност за кривични дела за кои е предвидена казна затвор од најмалку шест месеци, односно за кривично дело во врска со службената должност, или за друго кривично дело што го прави недостоен за претставување на Републиката
мотивациско писмо.

6. Документите задолжително да бидат доставени во оригинал или заверена фотокопија.

7. При вработувањето ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите на стручност и компетентност.

8. Министерството за одбрана ги повикува и охрабрува девојките и жените кои ги исполнуваат условите да се пријават на јавниот оглас за прием на подофицери во Армијата.

9. Некомплетните и ненавремените пријави нема да бидат разгледувани.

10. Постапката за избор на кандидати ја спроведува Комисија формирана од министерот за одбрана, согласно важечката законска и подзаконска регулатива.

11. Кандидатите кои ќе бидат најдобро рангирани согласно условите во огласот, а за кои врши избор министерот за одбрана ќе бидат упатени на стручно оспособување и усовршување за подофицери во Командата за обука и доктрини при Генералштабот на Армијата, каде ќе се реализира и основната војничка обука за кандидатите кои немаат доброволно служено воен рок.

12. Со кандидатите од точка 11 за времетраењето на стручното оспособување и усовршување за подофицери ќе се склучи договор за работа на определено време, а во кој период влегува и основната војничка обука за кандидатите кои немаат доброволно служено воен рок.

13. Со кандидатите кои со успех ќе го завршат стручното оспособување и усовршување за подофицери, министерот за одбрана или од него овластено лице склучува договор за работа.

14. На кандидатите кои нема да бидат избрани по јавниот оглас и нема да засноваат работен однос во Министерството за одбрана како подофицери на служба во Армијата на Република Северна Македонија, поднесените документи ќе им бидат вратени со писмено известување.

15. Јавниот оглас се објавува во најмалку два дневни весника од кои најмалку во по еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и по еден во весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.

Кривична пријава за жител на Обршани, полицијата му пронашла оружје и муниција кои нелегално ги поседувал

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.М.(41) од село Обршани, општина Кривогаштани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 23.05.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот кој го користи пријавениот, при што пронајдени и одземени се ловна пушка и патрони, за кои пријавениот не поседувал дозвола издадена од надлежен орган – информираат од МВР.

Доц. д-р Марија Дулевска, почесен гостин на свечен прием од Кинеската амбасада – разговори за напредок на образованието и можностите за развој на Прилеп

Во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, Кинеската амбасада во Република Македонија организираше свечен прием на покана на амбасадорката на Народна Република Кина, Џијанг Сјаојен. Настанот, одржан на 25 ноември 2025 година, беше во чест на неодамнешната официјална посета на Пекинг, Ши Јн и Шангај, од македонски туристи како и со цел продлабочувањето на пријателските односи меѓу двете земји.

На свечениот прием свое обраќање имаше самата амбасадорка – Џијанг Сјаојен, која го истакна своето задоволство по повод остварената посета на првите туристи по воведување на безвизниот режим помеѓу Македонија и Народна Република Кина, а со цел оваа соработка понатаму да се продолжи и продлабочува.

На настанот беа остварени средби на кинески претставници со претставници на Република Македонија, за зајакнување и интензивирање на туризмот.

Доц.д-р Марија Дулевска од Прилеп, беше помеѓу присутните и оставри средба и разговор за образованието, како и за можностите за подобрување и модернизирање на образовниот процес.

-Се напомена и тековното факултативно изучување на кинескиот јазик меѓу учениците во основното образование. Амбасадорката посочи на важноста за идна соработка во делот на образованието преку Институот “Конфучие” во Скопје и создавање на идни можности за соработка – вели Дулевска.

Исто така, на настанот се оствари средба со претставници од бизнис секторот од Кина во Република Македонија, на која беа разгледани можности за идни соработки во трговијата, производството на текстил и зајакнување на економијата.

-Во сите три домени на туризам, образование, трговиија беа разменети контакти и оставрени кратки суштински разговори. Во иден план е и официјално да се покани амбасадорката на Н.Р. Кина во општина Прилеп, како наш ценет гостин, а со цел разгледување на можности за идни соработки во сите домени, кадешто има можности и потенцијал за уште поголем напредок на Прилеп. Во обраќањето на амбасадорката се потенцираа постулатите дека Народна Република Кина останува отворена за соработка и идно продлабочување на меѓусебната почит, разбирање и стратешките соработки, вели Дулевска.

Доц. д-р Марија Дулевска и нејзиното училиште “Англиски кај Марија” од Прилеп беа почесни гости на приемот.

Чонески го откажа Томе од политиката, не сакал да биде во ниту едно партиско тело повеќе

Доскорешениот градоначалник на општина Крушево, Томе Христоски, на социјалните мрежи објави дека ја започнува постапката за враќање на неговото работно место во Министерството за внатрешни работи.

„Оваа одлука ја носам со почит кон институциите и со целосна одговорност кон законите. Јас немам намера да работам спротивно на прописите или да бидам дел од какви било политички калкулации. Политиката за мене никогаш не била средство за лична корист, туку начин да се помогне, да се слушне народот и да се решаваат проблеми. Благодарен сум за поддршката, довербата и сите соработки. Работев чесно и транспарентно, со чисти намери и со почит кон секој граѓанин“, вели во објавата на Фејсбук поранешпниот градоначалник.

Совршеното ДОБРО УТРО во Прилеп изгледа вака – богат доручек со цени по мерка за сите

До градската болница во Прилеп, секое утро ве пречекува вашето топло и гостопримливо катче, каде денот започнува со мирис на кафе и свежо приготвен доручек. Brunch Box Café не е само кафе – тоа е доживување што буди, инспирира и храни.

Нивната понуда за појадок е комбинација на вкусна традиција и креативност во чинија. Без разлика дали го преферираш класичниот омлет, богат англиски доручек или нешто поразлично како омлет во тортиља – во Brunch Box Cafe секој ќе го најде своето утринско совршенство.

A сега имаат и ново богати мени со неодоливи пакет појадоци со кафе и цедени сокови, по цени кои се пристапни за секого.

Што може да доручкуваш во Brunch Box Cafe?

Омлет + кафе

  • Две јајца

  • Шунка

  • Кашкавал

  • Тост леб

  • Еспресо / макијато

  • 170 денари

Англиски доручек + кафе

  • Две јајца

  • Сланина

  • Бело сирење

  • Маслинки

  • Салата

  • Тост леб

  • Еспресо / макијато

  • 190 денари

Омлет во тортиља + цеден портокал

  • Две јајца

  • Шунка

  • Кашкавал

  • Салата

  • Павлака

  • Тортиља

  • Цеден портокал

  • 200 денари

Тост + цеден портокал

  • Шунка

  • Кашкавал

  • Помфрит

  • Цеден портокал

  • 200 денари

Кога сте веќе таму, за уште подобар почеток на денот, наша препорака е да ги пробате и нивните два нови специјалитети: Тоник еспресо и крем капучино.

Започни го денот вкусно и без да го оптовариш буџетот! Посетете го Brunch Box Cafe, или нарачајте на тел.бр.078-845-442.

 

Словенија ги призна возачките дозволи oд Македонија

Словенија усвои измени на Законот за возачи, со кои им се овозможува на носителите на возачки дозволи издадени во Македонија, кои живеат во Словенија, да ја заменат својата возачка дозвола без да го полагаат практичниот дел од возачкиот испит.

Истите бенефиции важат и за лицата чии дозволи се издадени во БиХ, Србија, Црна Гора и Косово.

Според новите правила, секој што има регистрирано живеалиште во Словенија ќе може да ја замени својата возачка дозвола во рок од една година од аплицирањето. Практичниот дел од испитот нема да биде потребен, но ќе биде задолжително да се обезбеди доказ за ментална и физичка способност за возење.

Во име на предлагачот, Сандра Газинковски (Свобода) објасни дека овие измени не воведуваат никакви привилегии, туку ја отстрануваат непотребната нееднаквост.

„Тоа е административна пречка што ги забавува процедурите за вработување и им предизвикува на луѓето непотребни трошоци, чекање и дополнителни тестови“, изјави таа.

Димитриеска-Кочоска: “Раст на капиталните инвестиции од близу 50% – економија оди напред”

Со новата методологија за евидентирање на капиталните инвестиции, заклучно со 13 ноември, тие бележат раст од 47,4%, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Таа во гостување на ТВ Сител рече дека за 2025 година има висок износ на проектирани капитални расходи, но во исто време има и огромна реализација.

-Но, она што секогаш треба да го правиме, го споредуваме со претходните години. Знаете дека методологијата ја променивме во начинот на евидентирање на капиталните расходи. И покрај тоа што ја променивме методологијата, годинава имаме реализација заклучно со 13 ноември – 22,2 милијарди денари, наспроти 19 милијарди од минатата година. Меѓутоа, доколку ги додадеме или ја прилагодиме методологијата за двете години да биде иста, тогаш годинава имаме реализација од 28 милијарди, или тоа е 47,4% повеќе – рече Димитриеска-Кочоска.

Николоски: Заштитата на Охридското езеро и басенот на река Црн Дрим е приоритет за Владата

Остануваме посветени на заштитата и управувањето со водните ресурси во државата во согласност со приоритетите за економски развој и заштита на природните богатства како и усогласување на директивите на ЕУ, истакна денеска вицепремиерот Николоски на состанокот на експретско ниво за заштитата на сливот на река Дрим и Охридското сливно подрачје.

Вицепремиерот Николоски во своето обраќање истакна дека Владата преку системски мерки презема активности за заштита на водите, потенцирајќи ги акционите планови кои ги реализираат ресорните министерства во насока на заштитата на природните ресурси.

“За нас, заштитата на водата и водните ресурси е од големо значење. Чистата вода не е само природно богатство, туку и цивилизациска вредност што го одредува квалитетот на животот и одржливоста на идните генерации. Сливот на реката Дрим, кој опфаќа неколку земји и култури, ја симболизира нашата меѓузависност и колективна одговорност, но е и регион за градење политичка соработка, како и за развој на одржлива економија. Дрим не е само река, Дрим е наше природно богатство и наследство, а во исто време сливот на реката Дрим е регион со огромен капацитет за развој на инфраструктурата и туризмот. Водите на Охридското Езеро претставуваат културна вредност, туристички потенцијал и важен економски двигател. Чистата вода станува ресурс што создава можности, работни места и ни овозможува меѓународно препознавање”-истакна вицепремиерот Николоски.

Тој дополни дека Владата активно работи на спроведување на Стратегијата за рехабилитација на природното и културното наследство на охридскиот регион, а истакна и силна подршка на меѓународниот проект за заштита на сливот на река Дрим.

“ Во овој поглед, силно го поддржуваме проектот ГЕФ на охридското крајбрежје, како и напорите на Глобалното партнерство за води – Медитеран. Сите мора заеднички да се фокусираме на борбата против различните форми на загадување на водата и да создадеме еколошки пристап што ќе произведе здрави екосистеми и долгорочна безбедност на водата”-рече вицепремиерот Николоски.

Состанокот беше во организација на Дрим Кор Групата на кој се разговараше за идните мерки и активости за заштита на сливото подрачје на реката Дрим.

Денеска е Св. Апостол Филип: Од мал бил научен на Светото Писмо, веднаш се одѕвал на повикот на Господ Исус и тргнал по него

На денешен ден православните верници го празнуваат светиот апостол Филип, еден од дванаесетте апостоли и светец кој можел да ја смири змијата и да го врати видот на луѓето.

Празникот на Светиот апостол Филип е познат и по покладите пред Божиќниот пост, па понекогаш се нарекува и „Филипов пост“.

Светото писмо вели дека Филип од Витсаида бил повикан од Исус да му се придружи и да му биде ученик. Филип го примил светиот дух и тргнал да го проповеда Евангелието со Јован Боголсов и апостолот Вартоломеј низ Азија и Грција.

Господ ги чувал а тие исцелувале луѓе и на многу неверници им ја вратиле верата. Во времето на царот Доментијан , 86 година овие апостоли во Јерополе умртвиле со своите молитви огромна змија која неверниците ја обожавале и држеле во храм. Потоа му го вратиле видот на човек кој бил слеп 40 години.

Со своите чуда предизвикале бес кај неверниците кои ги распнале на крст. Тогаш страшен земјотрес ја отворил земјата и ги проголтала судијата и луѓето околу него. Исплашените луѓе се стрчале да ги спасат мачениците од крстот, Вартоломеј успеале, но за апостол Филип веќе било доцна.

Во последните моменти на овоземскиот живот Филип го молел Бога за оние кои го распнале на крст и за неверниците.

Господ ги услишил неговите молитиви, и веднаш и наредил на земјата проголтаните луѓе да ги извади живи, освен судијата и змиските врачари.

Неговите мошти се пренесени подоцна во Рим.

Верувања за овој ден …

Овој ден го следат обичаи чија цел е да заштита од зли духови.

Димитар Матов забележал обичаи во Велес според кои на денот Свети Филип (14. XI. с.с.) се врзува устата на волкот. Тоа се правело со гребните кои се затворале и така останувале цела недела, за да му е затворена и устата на волкот. Д. Матов сведочи дека на овој ден се правеле и магии со кои од туѓите овци се земало млекото преку летото.

(ФОТО) Вака ќе изгледа реновираната спортска сала во Гимназијата “Мирче Ацев” – Потребни се и нови донации

Благодарение на “Прилепска Пиварница” завршен е еден голем дел од реновирањето на спортската сала во Гимназијата “Мирче Ацев”, објект кој повеќе време не е во функција за учениците.

Навистина е жално училиште од каде излегле еден куп врвни интелектуалци во сите општествени сфери, долго време да нема достојна спортска сала.

Од гимназијата велат дека се потребни и дополнителни донации, за учениците да добијат современ објект, каде на најдобар начин ќе ја реализираат наставата по физичко образование.

Честитки за “Прилепска Пиварница” за потегот да помогне, а сите останати општествено одговорни компании, нека го следат истиот пример.