дома блог страница 87

Николоски: Ќе набавиме најмалку 5 нови електрични локомотиви

Обезбедивме средства од Европската банка за обнова и развој со кои ќе набавиме најмалку 5 нови електрични локомотиви, модернизирање на Македонски Железници со кои ќе можеме да го опслужиме целиот карго превоз во земјава, истакна на вчерашната седница за пратенички прашања во Собранието, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Во соработка со Европската банка за обнова и развој, обезбедивме средства во висина од речиси 21 милион евра со кои треба да купиме најмалку 5 нови електрични локомотиви. Знаете дека минатата година кога беше формирана оваа Влада, имавме за жал нула активни локомотиви, а сега имаме 11, од кои што 4 се понови, а 7 постари. Со 9 локомотиви кои би биле електрични, ќе можеме целокупниот карго превоз да го опслужиме, се надевам веќе од 2028 година, затоа што рок на испорака на овие локомотиви е во 2 години, а она што го имаме најава од ЕБОР е дека март месец следната година веќе ќе можеме да го видиме повикот објавен – истакна од собраниската говорница вицепремиерот Николоски.

Вицепремиерот соопшти уште една новина, а тоа е потпишување на договор помеѓу Железници Транспорт и железници на Австрија, соработка која ќе донесе огромен финансиски бенефит за МЖ Транспорт.

-Македонски железници-транспорт и Желзници Австрија се пред потпишување на договор со кој наши локомотиви ќе се користат за карго превоз кој што треба да оди од Пиреа, Атина до Виена. Тоа го договоривме со претставниците на Владата на Австрија, а сега веќе комуницираат двајцата директори, додаде Николоски.

Лишени од слобода возачи возачи од Прилеп и Битола – возеле “ќори пијани”

Извадоци од полицискиот билтен на МВР:

-На 27.11.2025 во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „8 Септември“ во Битола го лишија од слобода Б.Т.(50) од Битола. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „голф” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Т., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,86 промили алкохол во крвта.

-На 27.11.2025 во 19:55 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„Тризла“ во Прилеп го лишија од слобода В.Б.(36) од с.Секирци, општина Долнени,. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „голф” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал В.Б., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,06 промили алкохол во крвта.

Паметно управување со трошоци – вашата кредитна стратегија

Во современиот живот, трошоците се секогаш присутни, од предвидливи сметки
до непланирани и итни трошоци. Ова значи дека за многумина, користењето на
кредит е неизбежно, а кога е избран и користен стратегиски, тој станува вашиот
најголем сојузник.

Со вистинската кредитна стратегија можете да внесете ред во хаосот, да дишете
полесно секој месец и конечно да почувствувате контрола врз вашите финансии.
Паметно избраниот кредит може да донесе ред, јасност и предвидливост во
вашиот финансиски живот. Носењето на вистинските одлуки денес создава
големи финансиски придобивки утре.

Изберете го вистинското финансиско решение за вашите трошоци. Правилниот избор на кредит може да направи огромна разлика во начинот на кој ги распределувате месечните трошоци. Наместо да земете прв кредит што ќе го видите, важно е да размислите за што ви е потребен и каков тип на кредит најмногу ви одговара:

• Дали ви треба краткорочно решение за итен трошок?
• Дали ви е потребен кредит со пофлексибилен период на отплата за да го
намалите месечниот товар?
• Или ви треба поддршка за да ги покриете сезонските трошоци,
празнични купувања или непланирани обврски?

Со избор на кредит кој е усогласен со вашата реална финансиска ситуација, го
намалувате ризикот од преголеми месечни обврски и полесно го контролирате
буџетот.

Минт Кредит нуди различни модели на кредити креирани да одговараат на
различни профили на корисници, со јасни услови и брза апликација со одговор од само 10 минути. Кога кредитот е вистинскиот за вас, тој не станува
товар туку алатка.

Консолидирајте постоечки долгови

Ако имате повеќе кредити со различни каматни стапки и услови, тоа може да
предизвика хаос во буџетот и да го зголеми месечниот финансиски притисок. Токму тука кредитот за рефинансирање може да ви помогне да ги консолидирате вашите долгови.

Консолидирање на долгови значи да ги споите сите постоечки кредити во еден
со поповолни услови и подолг рок на отплата. На овој начин, постои можност
месечната рата да се намали, а управувањето со обврските станува поедноставно. Ризикот од доцнење на плаќања се сведува на минимум, а вие го оптимизирате месечниот буџет.

Планирајте го вашиот буџет и отплата

Без јасен план, дури и најповолниот кредит може да стане тешка финансиска
обврска.

• Изработете месечен буџет каде што ќе ги пресметате сите приходи и
расходи.

• Проверете колку реално можете да отплаќате секој месец без да се
оптеретите.

• Навремена отплата на кредитот, со што ќе избегнете дополнителни
трошоци.

Со вакво планирање, кредитот станува алатка за финансиска стабилност, а не
извор на стрес и непредвидливи трошоци.

Користете краткорочни кредити за итни потреби

Не сите кредити се исти. Доколку имате непредвидени трошоци, тогаш краткорочните кредити се идеални за таквите итни и непланирани потреби. На пример, како неочекуван проблем со вашиот автомобил или здравствени трошоци.

Едно од најдобрите краткорочни решенија за итни трошоци е безкаматниот
аванс до плата. Предноста на овие кредити е што често имаат пониска камата за
краток период или се безкаматни како нашиот аванс до плата. Со правилна
стратегија може да помогнат да ги намалите вкупните месечни трошоци.

Најважното да се запамети е умереноста. Користете краткорочни кредити само
кога е навистина потребно. Минт Кредит овозможува флексибилни финансиски
решенија со транспарентни услови.

Финансиска едукација и свест

Уште еден добар начин да ги намалите трошоците е да станете финансиски писмени.

• Читајте и учете континуирано за светот на финансиите.

• Разбирање на основните финансиски поими како камата, услови за предвремена отплата и буџетирање ќе ви помогне при носењето на информирани одлуки.

• Финансиски писмен човек лесно препознава кога едно кредитно решение
одговара на неговите потреби, а кога само би го зголемило месечниот притисок.

На Минт Кредит постојано нудиме едукативни содржини и совети за клиентите, со цел секој да може да користи кредити одговорно и со доверба.

Минт Кредит – паметниот избор носи паметни резултати

Со вистинската кредитна стратегија, можете успешно да управувате со трошоците, да ја оптимизирате финансиската состојба и да создадете простор за заштеда или други инвестиции.

Со Минт Кредит, имате партнер кој нуди кредити со транспарентни услови, флексибилни решенија и поддршка за паметно управување со вашите финансии.

Аплицирајте за финансиско решение кое ви помага да управувате со вашите
трошоци паметно.

Доколку ви треба помош при изборот на вистинското кредитно решение посетете некоја од нашите филијали ширум земјата или контактирајте не на 15 107. Нашиот тим ќе ви помогне во изборот на кредит спрема вашите потреби и можности.

 

Ќе поскапи ли струјата за 5 проценти од јануари?! ЕСМ понуди 65 евра за мегават час, до сега беше 62 евра

ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична енергија, на тендерот за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-декември 2026 доби само една понуда и тоа од АД ЕСМ со купопродажна цена на електрична енергија од 65 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини.

Оваа цена е повисока за 4,84 % од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јуни-декември 2025), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 62 евра за мегаватчас.

Под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметри.

Како и секогаш, во крајната цена влегуваат: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција.

„Јади Бурек“ заминува во историјата – Јанко ја продава цела сценографија

Легендарната емисија „Јади Бурек“ заминува во историјата. Нејзиниот автор и водител, Јанко Илковски информацијата ја објави на социјалните мрежи каде објави и дека ја продава сценографијата.

Објасни дека нема интерес од ниту една телевизија да ја емитува оваа емисија а тој сам нема сили да продолжи да работи онлајн. Дополнително, рече дека има и „здравствени искушенија“ и дека во моментов таму му е фокусот.

Емисијата „Јади Бурек“ смени неколку телевизии но секаде го задржа истиот формат. Интервју или комуникација со публиката во живо, што му донесе многу популарност на Јанко.

Николоски: “Судството и обвинителството во Македонија се сведе на седење по кафани, најубавите куќи се на цариници, судии и обвинители”

Бараат пари за поголеми плати и буџети, а не работат, не можат сами да се реформираат и не испорачуваат резултати, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во “Само интервју” на ТВ Канал 5, зборувајќи за состојбите во македонското судство и обвинителство.

Коментирајќи ги забелешките за работата на судските органи, тој вели дека видни се притисоците од меѓународниот фактор, иако судството не покажува никакви резултати.

“Излезете надвор од Скопје и најубавите куќи се на цариник, судија и обвинител и ако не го знаете вистинскиот адвокат и немате да платите, не дај Боже и прав да сте, крив излегувате. Законите се добри, проблем е што или не работат или ги ставаат работите под тепих, или нешто ако сработат, најчесто им е да удрат некој бизнисмен. За жал на тоа се сведе судството и Обвинителството во Македонија”, рече Николоски.

Во однос на барањето за повисоки плати во правосудниот систем, Николоски посочи дека платите на судиите и обвинителите и сега се високи и дека проблем не се примањата, туку тоа што судиите и обвинителите не испорачуваат.

“Еве теоретски ќе ги зголемиме и платите, ќе се сменат работите? Исто ќе е! Мали им се сега платите? Повисоки плати имаат и од министри и од премиер, и од претседател на држава. Се сеќавате дека Уставниот суд ја укина одлуката за замрзнување на платите, кога наеднаш скокнаа платите за 78%, и ние донесовме принципиелен став дека од ова нивно повеќе платите нема да растат и ги намаливме коефициентите, но еве тоа за судиите и обвинителите не требало да важи. Проблемот во државава не се платите на судиите и обвинителите, проблемот е дека не испорачуваат”, истакна вицепремиерот Николоски.

Николоски потенцираше дека целта на Владата е судството и Обвинителството да бидат независни, но се додека довербата во правосудниот систем е олку ниско ниво и се додека тоа е проблем кој го посочува секој еден граѓанин, Владата нема да остане нема на состојбите.

Во однос на условите за работа во судовите и обвинителствата, Николоски направи компарација за тоа како постапуваа судиите и обвинителите кон ВМРО-ДПМНЕ, а како денеска постапуваат или не постапуваат кон претходната владеачка гарнитура.

“Дали имаа основни услови за работа за да му го замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ? Очигледно имаа, затоа што ние сме единствената владеачка партија во Европа, која што има замрзнат имот. Дали можат со истите услови, кои што ги имале да му го замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ, барем да го испитаат имотот на СДСМ и ДУИ? И да им се даде се’ што бараат, ќе излеземе идната година пак, за истиот проблем ќе зборуваме. Тие бараат само плус пари за плати, а сите останати трошоци да останат на сметка на државата. Суд нов да се изгради во државата, треба Владата да го плати,”– додеде вицепремиерот Николоски во интервјуто.

Денеска почнува Божиќниот пост

За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почна шестнеделниот божиќен пост. Постот ќе трае 40 дена, односно до Божиќ, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божиќ не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари.

Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот претставува духовна и телесна подготовка на човекот за влез во тајната на претстојниот празник. Божиќниот пост е втор по должина на траење, веднаш по велигденскиот.

Во однос на „строгоста“ за употреба на храна, божиќниот пост е „поблаг“, бидејќи дозволува користење вино, масло за јадење и риба.

Според типикот на црквата, божиќните пости се постат на следниот начин: понеделник, вторник и четврток на масло, среда и петок строг пост, сабота, недела и празници е допуштено риба. За монаштвото е благословено и понеделник да е строг пост, а за мирјаните кои имаат именден или куќна слава е благословено употреба на риба.

Целта на постот е да се „исчистат“ духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. За време на божиќниот пост, посни се и сите славски трпези.

Со Канонот на Православната црква се предвидени еднодневни и повеќедневни пости. Еднодневните пости се во среда и петок, Водокрст на 18 јануари, Отсекувањето на главата на св. Јован Крстител на 11 септември и Крстовден на 27 септември. Повеќедневни пости се велигденските, петровденските, богородичните и божиќните пости.

Божиќниот пост, како и останатите повеќедневни постови, датира од првите векови на христијанството и се споменува во делата на светите отци од 4 и 5 век. Првобитно постот траел седум дена, а одлуката христијаните пред празникот – Раѓањето Христово да постат 40 дена е донесена на Соборот во Цариград во 1166 година.

Прилепскиот театар со премиера на претставата “Црнила” во режија на Дејан Пројковски

На 28 ноември /петок/ 2025 претпремиера, на 29 ноември 2025 /сабота/ премиера на претставата „Црнила“, во режија на Дејан Пројковски, во театарот „Војдан Чернодрински“. Претставата ќе се изведе на сцена 105 од 20.00 часот. Ова е втора премиера на театарот со поддршка на Министерството за култура и туризам за 2025 година.

Изјава на Марија Попова Јованоска, директорка на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп

„Претставата носи силна  симболика за нашиот тим, затоа што создадовме сосема нова сцена, во нови услови, работевме со посветеност, со многу ентузијазам  и со верба дека театарот наоѓа начин да живее. Нашиот театар вложи многу енергија, труд и срце за „Црнила“ да го добие обликот што го заслужува“.

Изјава на раководителот на театарот Михајло Миленкоски:

„Црнила“ од Коле Чашуле е дело што не старее, Чашуле е писател кој со интелектуална храброст и длабочина го создаде современиот македонски драмски јазик. Сакам да му се заблагодарам на Пројковски за тоа што ќе ни остави убава претстава во која ќе ужива публиката. Под негова режија, „Црнила“ станува мост што спојува. Пројковски успеа да ги отвори сенките, дилемите и моралните битки на нашите ликови и да ги донесе пред публиката како жив разговор со денешницата.Со радост го отвораме и ново-стариот сценски простор — Сцената 105, простор што ќе ни овозможи поинтимни, поекспериментални и посовремени театрални јазици. Место каде младите автори ќе добијат дом, а традицијата ќе продолжи да дише нов воздух. Како уметничко раководство, со гордост го спојуваме наследството на Чашуле, духот на Горче Петров, визијата на Пројковски и воскреснувањето на Сцената 105.

Изјава на режисерот Дејан Пројковски:

– Ова ми е прва претстава во театарот „Војдан Чернодрински“ и тоа претстава, како што се вели, која е еден од лајт-мотивите, или, голем рефрен во македонската драматургија, која што зборува за лекциите кои тешко ги учи Македонецот низ историјата. Работејќи ја претставата, постојано имав една мисла: „Македонец уби Македонец за Македонија“…. „Црнила“ на Чашуле е еден од текстовите кој го имаме како бреме и секоја театарска генерација, заедно со публиката секогаш се преиспитуваме на истите теми: Што сме направиле и што треба да направиме, или, што сме научиле за некои работи да не се повторуваат, односно да не се случуваат…. Нашите ликови во „Црнила“ малку се заглавени во калта од сопствените пороци и предавство, а од друга страна, се со константен сремеж и поглед кон небото.  Всушност, тоа растргнување меѓу желбите и можностите ги прави сите да се растегнуваат како жиците на гитарата. Работев во период кој што мислам дека беше многу важен за театарот и сите планини кои треба да се искачат. Секогаш треба да се работи и да сме тука кога е тешко и кога е важно. Брехт вели дека театарот не зградата туку луѓето и сега беше важно да се радуваме на сите прекрасни луѓет кои го прават прилепскиот театар. Се надеваме дека ќе ги видиме во нивниот вистински дом…..Претставата е актерска и режисерка исповед и ја работевме без заземање став. И мило ми е што отвора дијалог за тоа дека мора во одредени моменти да имаме заеднички ставови, а црнилата се секогаш во македонската историја како резултат на поделбите.“

Сценограф е  Валентин Светозарев, костимограф  Марија Пупучевска,  автор на музиката е Горан Трајкоски, драматург Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, а дизајнот на плактот е на Сергеј Светозарев.

Во претставата играат Сара Спиркоска, Бобан Алексоски, Катерина Чакмакоска – Клинческа,  Катерија Чакмакоска-Клинческа, Александар Степанулески,  Александар Тодески,  Димитар Ѓорѓиевск,  Михајло Миленкоск,  Илија Волчески и децвата  Иво Ачански, Ангелина Тодеска, Давид Кочоски, Ива Малинческа.

Намалување на цените на горивата од полноќ – дизелот се намалува за 2,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,26% во однос на одлуката од 24.11.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,370%, кај дизелот за 6,738%, кај екстра лесното масло за 6,741% и кај мазутот намалувањето за 3,944%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4085%.

Од 28.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,865 (денари/килограм)

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.11.2025 година.
Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат
цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Николоски вечерва гостин кај Гоце Михајлоски во “Само интервју”

Потпретседателот на Владата и Министер за транспорт, Александар Николоски, вечерва со почеток од 18:30часот, гостува во “Само интервју” кај Гоце Михајлоски на Канал 5 телевизија.

Кога ќе го видиме градскиот воз, а кога брзата пруга?
Од инженерски ќорсокак до развоен проект, во Македонија или во Бугарија, каде возот ќе вози со поголема брзина?
Агелер ги охрабри судиите да проговорат ” кој од политиката меша прсти”,а политичарите да ги спроведат уставните измени, со која брзина одиме кон Брисел?
Се развива ли Македонија со темпо како што очекуваат граѓаните?
– се дел од прашањата на кои новинарот од Прилеп и уредник на КАНАЛ 5 ќе бара одговор од вториот човек на Владата и владеачката партија.

Следете КАНАЛ 5 по централните вести!