дома блог страница 8

Премиерот предупреди: Во владата има луѓе што не го даваат максимумот

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју за „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа порача дека Владата дава максимум во работењето, но истакна дека кај одредени поединци има дилеми и задршки.

„Ние не сме чудотворци да ветуваме чуда. Тоа јавно на митинзи сум го зборувал. Тој што ви ветува чуда не ја говори вистината, но дека ќе дадеме се од себе, тоа да бидете сигурни. Јас се будам и заспивам со таа една мисла – дали даваме се од себе, дали сите даваат се од себе. Кај поединци имам дилема, имам задршка. И кај тие што имам дилема и задршка ги опоменувам дека имам чувство дека можат повеќе да дадат“, рече Мицкоски.

Тој беше категоричен дека оваа генерација политичари нема право на реприза и дека мора да се работи офанзивно и со максимална посветеност.

„Ние немаме право на реприза. Едноставно нема повеќе простор. Оваа генерација нема повеќе простор за импровизации и за репризи. Мора офанзивно и мора да се испорачува и мора да се даде повеќе од што можеме за да дојдеме до состојба на консолидирање. Ако е природно да се работи 5 дена во неделата по 8 часа, сега ќе се работи 7 дена во неделата по 12, 13, 14 часа. Тоа е начинот на којшто мора да функционира оваа влада“, нагласи премиерот.

Мицкоски додаде дека кога граѓаните ќе видат дека политичарите „го оставаат срцето на терен“, тие ќе им простат се. Меѓутоа, ако забележат надменост, неодговарање на пораки или недостаток на внимание кон обичните луѓе, тоа „нема да им го простат никогаш“.

Запрашан за евентуална реконструкција на Владата и дали има задршки за конкретни имиња, Мицкоски одговори дека има, и дека тоа го кажал лично на засегнатите.

„Имам да, точно и како што кажав тоа сум го кажувал лично. Не зборувам само во рамките на Владата туку и во рамките на институциите коишто се дел од Владата, затоа што мислам дека поединци не се вложуваат доволно или пак се однесуваат несоодветно на тоа што треба да се однесуваат“, рече Мицкоски.

(ФОТО) Тризла исчистена, ама не толку

Заврши работната акција за чисење на населбата “Тризла” која во пресрет на празникот Рамазан Бајрам ја организираше ЈКП Комуналец…. Заврши и толку…. Недела дена подоцна повторно иста слика….

Да им помогнеме на надлежните, контејнерите се наоѓаат кај домот “Тризла”….

Апел: Ако ве искасал чопор, да се пријавите во oпштина

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека започнува примената на Упатството за начинот и правилата на утврдување и исплата на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња.

Со примената на ова Упатство, се овозможува граѓаните кои претрпеле штета од каснување од бездомни кучиња на јавни површини на подрачјето на Општина Прилеп, да поднесат барање за надомест на штета и да пристапат кон постапка за спогодбено решавање на случајот.

Постапката се спроведува преку формирана Комисија, која врз основа на доставената документација и утврдената фактичка состојба предлага висина на надоместок, по што на барателот му се доставува спогодба.

Ги повикуваме сите граѓани кои имаат претрпено ваков вид на штета, да поднесат Барање со потребната документација преку Архивата на Општина Прилеп.

Образецот за поднесување на Барањето е достапен:

-во Архивата на Општина Прилеп
-на официјалната веб страница на Општина Прилеп

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Општина Прилеп.

Вака прави општествено одговорна компанија: Горивата на бензиските на NIT OIL во Прилеп и Кривогаштани ќе се точат по пониски цени

Бензинските пумпи на NIT OIL во Прилеп и Кривогаштани се приклучуваат кон иницијативата за намалување на цените на горивата, а со цел поддршка на граѓаните и компаниите.

Од денеска на бензиските пумпи на NIT OIL Еуро дизел, Бензин БС-95 и ТНГ (плин), ќе се продава по 2 денари пониска цена од цените утврдени од Регулаторната комисија.

Оваа мерка има за цел да им овозможи на граѓаните поекономично користење на горивата, додека воедно се задржува стабилноста на снабдувањето и квалитетот на услугата.

NIT OIL – во чекор со пазарот, во корист на граѓаните.

Претставата „ЧУДЕСНИОТ НАПИТОК” за Светскиот ден на театарот во Прилеп

Светскиот ден на театарот, Театарот „Војдан Чернодрински“ ќе го одбележи со изведба на претставата „ЧУДЕСНИОТ НАПИТОК” од Театар ,,Златен Елец”, на 27 март/ петок/ од 11.30 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“.

Во претстваата играат:

Хари – Бобан Алексоски
Хермиона, Валдена- Надица Петрова
Визли, Гринимор- Бранко Михајлоски
Волдеморд- Тодор Стојковски – (глас)
Професорката Меконакен- Ванеса Тримчевска – (глас)

Претставата говори за м ладиот волшебник. Хари Потер заедно со неговите другари го наоѓаат познатиот чудесен напиток што го има оставено познатиот волшебник Гринимор.

Чудесниот напиток има и упатство за употреба, а тоа е книга со загатки кои треба да се одгатнат. Се појавува лошата магепсничка Валдена која безмилосно ги напаѓа и им ја зема книгата со упатството. Потоа се појавува и самиот создател на напитокот, волшебникот Гринимор кој ги предупредува дека кога ке го отворат шишето ке им се појави и дел од духот на најголемиот, но нацрниот волшебник кој се враќа од мртвите, лошиот Волдеморд. Ова е интерактивна театарска претстава за деца од 3 до 11 годишна возраст,
поучна приказна која низ многу забавни и магични театарски игри, ги истакнува лубовта, другарството и вербата како наголеми сили и моќи на човештвото.

Божиновска: Цените на горивата остануваат стабилни, обезбеден дополнителен попуст за дизел

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека преземените мерки од страна на Владата, во комбинација со конкретни чекори од економските оператори, даваат резултати – цените на горивата се стабилизирани, а ценовниот притисок е значително ублажен.

Во таа насока, ОКТА ја продолжува иницијативата за попусти на горивата и по првично предвидениот рок на крајот на март, при што мерката ќе трае до 6 април. Како дел од ова продолжување, попустот за дизел се зголемува од 2 на 3 денари по литар, обезбедувајќи дополнителна поддршка за потрошувачите и придонесувајќи кон стабилизација на пазарот.

Oвој чекор доаѓа како резултат на континуираната комуникација и координација помеѓу Министерството и компаниите, со јасна цел – дел од олеснувањата да се пренесат директно кон граѓаните и стопанството. Ова претставува потврда дека активната улога на државата дава резултати и дека преку партнерство со компаниите може да се обезбедат конкретни придобивки за граѓаните и стопанството.

Истовремено, клучна улога во стабилизирањето на цените има и владината мерка за намалување на ДДВ за горивата од 18% на 10%, која обезбеди директно намалување на цените за 6 до 7 денари по литар и спречи дополнителен ценовен шок.

Со оваа комбинирана интервенција:

• спречен е значителен раст на цените на горивата

• обезбедена е стабилност на пазарот

• заштитен е животниот стандард на граѓаните

• намален е притисокот врз транспортот и економијата

Лишени од слобода двајца прилепчани кај кои полицијата пронашла дpoга

-На 22.03.2026 во 14:45 часот на ул.„Бидимаж“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода А.М.(32) и И.Л.(30), двајцата од Прилеп, затоа што при преглед кај нив, кај А.М. била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

РКЕ пресече: Бензинот останува иста цена, дизелот поскапува – ова се новите цени

РКЕ денеска донесе одлука со која бензинот останува по иста цена, додека нафтата поскапува за 3,5 денари.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат: –

Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,50 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 95,50 (денари/литар) – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 92,00 (денари/литар) – Мазут М-1 НС – 47,610 (денари/килограм

Владата прогласи кризна состојба од 30 дена

Владата донесе одлука за постоење на кризна состоjба во рок од 30 дена, поради „судир на интереси за користeње на изворите и патиштата на стратегиските енергенси како и попречување и блокирање на нивниот увоз во Републиката“, како што се наведува во актот.

Со оваа одлука се утврдува постоење на кризна состоjба на целата територија. бјавено е дека со денот на влегувањето во сила на оваа одлука се активира Главниот Штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе биде во постојано заседавање заради следење на мерките и активностите и координирано дејствување.

– Со одлуката на владата се задолжуваат органите на државна управа да преземат мерки и активности за справување со состојбата и надминување на последицата од судир на интереси за користење на изворите и патиштата на стратегиските енергенси како и попречување и блокирање на нивниот увоз во Македонија, стои во одлуката.

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесувала 46 617 денари, што е повисока за 8,3% во однос на јануари 2025 година, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12.9 %, Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 11.1 % и Преработувачка индустрија за 10.5 %.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 7.4 %, Градежништво за 5.3 % и Финансиски дејности и дејности на осигурување за 3.8 %.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари годинава изнесувала 70 066 денари.