-На 14.01.2026 во 10:55 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул.„Тризла“, ул.„Горан Миноски“ и ул.„11 Октомври“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(38) и мопед управуван од Ш.И.(60), двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ш.И., констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР.
Наумоски и Пелистер ја завршија соработката – прилепчанецот веднаш потпиша за друг клуб
Играчот од средниот ред, прилепчанецот Јорданчо Наумоски, нема да биде дел од екипата во продолжението од сезоната – информираат од битолскиот прволигаш.
Од ФК Пелистер му се заблагодарија за професионалниот ангажман и придонесот со настапите во зелено-белиот дрес.
Три дена од завршувањето на соработката со Пелистер, Наумоски стави потпис на договор со штипска Брегланица.
-Наумоски во пролетниот дел ќе биде дел од ФК Брегалница. Доаѓа како засилување во средниот ред. Има 30 години, кариерата ја започна во ФК 11.Октомври во Прилеп, потоа настапуваше во Данска, во подмладокот на Брондби. Уште има настапувано за Металург, Победа, Тиквеш, а во нашиот клуб доаѓа од битолски Пелистер, напишаа од Брегалница на социјалните мрежи.
Најатрактивните жени се родени во овие четири хороскопски знаци
Атрактивноста во астрологијата не е поврзана само со физичкиот изглед, туку и со енергијата, ставот и начинот на кој некој се претставува пред светот. Некои жени природно привлекуваат внимание штом се појават, без да мора да вложат никаков посебен напор или да се истакнат. Нивната харизма често доаѓа од самодоверба, емоционална длабочина или посебен шарм што е тешко да се објасни со зборови. Според астрологијата, таквата енергија особено често се поврзува со одредени хороскопски знаци.
1. Лав – Жените родени под овој знак зрачат со самодоверба што е речиси невозможно да се игнорира. Нивниот изглед остава силен впечаток, без разлика дали е тоа во нивната положба, погледот или начинот на кој зборуваат. Привлечноста доаѓа од самодовербата и чувството на познавање на сопствената вредност. Тие често изгледаат топли, отворени и пријателски расположени, што дополнително го зголемува нивниот шарм. Нивната енергија е заразна и природно ги привлекува луѓето.
2. Шкорпија – Привлечноста на жените родени под овој знак е длабока, интензивна и малку мистериозна. Нивниот поглед и говорот на телото често оставаат силен емотивен впечаток. Тие не освојуваат површно, туку полека и силно, создавајќи чувство на магнетизам. Нивното присуство може да биде тивко, но исклучително моќно. Токму оваа комбинација од мистерија и страст ги прави особено неодоливи.
3. Вага – Жените родени под знакот на Вага се познати по својата софистицираност и природно чувство за хармонија. Нивната привлечност лежи во нивната елеганција, мазност и способност лесно да се прилагодат на различни ситуации. Тие изгледаат пријатни, смирени и естетски пријатни, без напор. Нивниот шарм често се манифестира во нивните добри манири и стил на комуникација. Ова ги прави да изгледаат како личност со која е лесно да се биде во близина.
4. Бик – Жените родени под овој знак зрачат со смиреност и сензуалност што е многу привлечна. Нивната енергија е стабилна, топла и заземјена, што создава чувство на сигурност кај другите. Привлечноста доаѓа од тоа што се природни и автентични, без потреба од прекумерно нагласување. Тие често оставаат впечаток на личност која знае како да ужива во животот и во малите нешта. Токму оваа опуштена и пријатна енергија ги прави особено привлечни.
Македонскиот кандидат за ОСКАР премиерно во киното “Мис Стон” во Прилеп
На 23 (петок) и 24 јануари (сабота) 2026г. од 19.00 часот во киното “Мис Стон” ќе се прикажува филмот „Приказната за Силјан“.
Влезници на билетарницата од киното секој работен ден од 10 до 12.00 часот и еден час пред проекцијата на филмот!„Приказната за Силјан“е визуелно силен и медитативен филм за издржливоста, грижата и малите дела кои менуваат животи. Откупен е од страна на National Geographic.
Во срцето на рурална Македонија, земјоделецот Николa, притиснат од новите државни политики, случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне.
Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му враќа смисла на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и односот кон природата.
Режисерка: Тамара Котевска (Honeyland),
Кинематограф: Jean Dakar
Продуценти: Anna Hashmi, Тамара Котевска, Jean Dakar, Jordanco Petkovski
Продуцентски куќи: Ciconia Film, Concordia Studios, The Cornershop
Монтажер: Мартин Иванов
Студио затонска обработка: Aleksandar Protic / MIR MEDIAКолор корекција: GHABHA Studios
Музика: Joe Wilson Davies и Hun Oukpark (Hans Zimmer Studio)
Консултанти за наратив: Верица Недеска, Трифун Ситниковски и Suz Courtiz
Во дистрибуција на: NATIONAL GEOGRAPHIC DOCUMENTARY FILMS
Протагонисти (Никола Цонев, Јана Цонева, Илина Цонева, Александар Цонев, Александра Цонева, Стојче Филипов, Иле Стојковски)
Времетраење: 80 минути
Николоски: Македонија и САД се стратешки партнери кои ќе продолжат да работат на јакнење на економските врски и спроведување на суштинските реформи
Економската соработка меѓу Македонија и САД е во континуиран пораст и тоа се должи на спроведување на реформите кои влијаат врз довербата на граѓаните и инвеститорите, заклучија заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и амбасадорката на САД, Анџела Агелер на денешната средба во Министерството за транспорт.
Одличните односи меѓу двете земји ја поттикуваат економската соработка, истакна вицепремиерот Николоски и дополни дека подобрување на деловната клима е една од стратешките цели за побрз економски и општествен развој во сите сегменти на државата.
На средбата се разговараше за реализација на проектите на Коридорите 8 и 10, како и 10-д, преку силната посветеност на Македонија во доизградба и модернизација на овие стратешки регионални проекти.
Вклучноста на компании од САД во реализација на инфраструктурните проекти е од огромно значење за создавање на нови знаења, технологија и практики за домашните компании и гарант за успешна реализација на капиталните проекти, потенцира вицепремиерот Николоски.
На средбата на која уште еднаш се потврдија одличните односи меѓу Македонија и САД, се разговарше и за стратешкото партнерство меѓу двете земји и силната подршка на САД во насока на јакнење на демократските процеси, структурните реформи во државата, владеење на правото, борбата со корупцијата како и процесот на пристапните преговори за членство во ЕУ.
Во име на македонските граѓани, вицепремиерот Николоски изрази голема благодараност за подршката што преку својот личен ангажман ја овозможуваше амбасадорката Анџела Агелер во текот на својот мандат, како искрен пријател на Македонија.
Пријателството и партнерството меѓу двете земји ќе продолжи во континуитет, заклучија вицепремиерот Николоски и амбасадорката Агелер, преку заедничката посветеност во процесот на демократизација и спроведување на суштинските реформи.
(Фото галерија) Црнила над Маркукуле, повторно некој ги труе прилепчани
Кабли, гуми и разноразен друг отпад се гори на потегот кај Дабница во Прилеп, за пуст бакар… и така со години. Црни облаци од чад и наутро и навечер се креваат над градот под Марковите Кули, прилепчани си дишат саѓи, а проблемот не е ниту на повидок да се реши.
Ништо поразлично не беше ниту утрово, а ниту синоќа… Граѓани одново ни испратија фотографии, загрижени за своето и здравјето на своите деца, особено сега во зима кога воздухот и така е загаден.
Здружението “Александар Велики” од Грција со концерт во Крушево
Општина Крушево организира културен настан со меѓународно значење и ги поканува граѓаните и јавноста на концерт на Прогресивното здружение од Воден „Александар Велики“, Република Грција, кое преку богата и внимателно селектирана програма ќе ја претстави својата автентична култура, традиција и музичко наследство.
Концертот ќе се одржи на 18 јануари 2026 година (недела), со почеток во 18:30 часот, во Конгресната сала на хотел „Монтана“ во Крушево.
Настанот е дел од одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на тројцата истакнати грчки композитори – Микис Теодоракис, Мано Хаџидакис и Јоргос Замбетас. Во рамките на тематската програма со наслов „Зорба Гркот“, хорот „Ехото на Водопадите“ ќе ги изведе најзначајните музички дела од нивното богато творештво, додека фолклорно-уметничкото друштво ќе се претстави со традиционални ора од воденскиот регион.
Покрај културната димензија, настанот има и пошироко општествено значење, претставувајќи можност за средба, размена на идеи и унапредување на соработката меѓу присутните гости, со цел подобрување на бизнис-климата во регионот и продлабочување на културните и пријателските врски меѓу Република Северна Македонија и Република Грција.
Од Општина Крушево упатуваат покана до јавноста со своето присуство да го поддржи и збогати овој значаен културен настан.
Почнува Европско првенство во ракомет, Македонија отвора утре против Данска
Со натпреварите Франција – Чешка и Шпанија – Србија вечер од 18 часот почнува 17. Европско првенство во ракомет за мажи. ЕХФ Еуро 2026 ќе се трае до 1 февруари за кога се закажани натпреварите за медали.
Домаќини на најголемиот континентален ракометен собир оваа година ќе бидат Данска, Норвешка и Шведска. Ова е второ ЕП што ќе се игра во три земји, по првенството во 2020 година.
На завршниот турнир ќе учествуваат 24 репрезентации, по четврти пат откако беше воведен проширениот формат на натпреварувањето. Трите домаќини – Данска, Норвешка и Шведска – обезбедија директен пласман, како и Франција, актуелниот европски шампион, додека преостанатите селекции го освоија своето место преку квалификациите што траеја од јануари 2023 до мај 2025 година.
Натпреварите ќе се играат во неколку градови домаќини, а финалето на Европското првенство е закажано во Хернинг (Данска).
Репрезентациите се поделени во шест групи од по четири екипи, по што ќе следат главната рунда, полуфиналето и натпреварите за медали.
Покрај борбата за титулата европски шампион, ЕХФ Евро 2026 има и дополнително натпреварувачко значење, бидејќи првенството ќе служи како квалификациски турнир за Светското првенство во ракомет во 2027 година, кое ќе се игра во Германија, како и за следните големи меѓународни натпреварувања.
Титулата ја брани Франција, која на претходното Европско првенство ја победи Данска во финалето со резултат 33:31 по продолженијата, во еден од највозбудливите завршници во историјата на ова натпреварување.
На ЕП 2026 учествува и македонската репрезентација. За „црвено-жолтите“ ова ќе биде деветто учество на еден евро-шампионат. Најдобар пласман Македонците го имаа на Европското првенство 2012 година во Србија кога го освоија 5. место.
Својот прв настап избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе го имаат утревечер (20:30 часот) против кодомаќинот Данска. Во групата Б се и селекциите на Португалија и Романија. Натпреварите од оваа група ќе се играат во Хернинг.
Изостана манифестацијата “На Василица во Прилеп” кај Градскиот Саат, која се одржуваше во изминатите 4 години (ФОТО)
Изостана манифестацијата “На Василица во Прилеп”, која во изминатите 4 години се одржуваше на платото пред Градскиот Саат.
Во изминатите 4 години овој настан кој имаше за цел да создаде заедништво во празнувањето, предизвика голем интерес кај граѓаните. Се делеа и по околу 1.000 парчиња бурек, а во едно од нив имаше паричка, а оној кој што ќе ја пронајдеше паричката добиваше пригодни подароци од општината.
Општината настанот го организираше со поддршка од бизнис секторот, а идејата беше од година во година оваа манифестација да добива што поголема масовност и да биде збогатувана со уште повеќе новитети и музичка програма.
Од општината изостана соопштение зошто настанот годинава не се одржа по петти пат, и дали традицијата на празнување на празникот ќе продолжи во наредните години.
Повеќе пари за новороденчињата: Поддршката се зголемува на 8.000 денари
Општина Гази Баба продолжува со политиките за поддршка на младите семејства. Од 1 јануари, секое семејство во општината кое ќе добие принова, ќе има право на финансиска помош во висина од 8.000 денари.
Според градоначалникот Стефковски, целта на ваквите мерки е директно да се влијае на зголемување на наталитетот и да се охрабрат граѓаните на овој важен чекор. Тој потсети дека кога ја презел функцијата за првпат ја вовел оваа помош, а сега, по две години, таа е речиси двојно зголемена.
„Ова е почеток на една политика која ја става грижата за семејството и децата во самиот фокус“, истакна градоначалникот на својата официјална објава, нагласувајќи дека средствата се обезбедени преку одговорно трошење на парите на граѓаните.
















































