дома блог страница 75

Седница на Советот на општина Прилеп: Донесени одлуки за давање стоматолошка опрема на училишта и минибуси во трајно користење на ЈП за ПУП

Советот на Општина Прилеп на својата 68. седница разгледа и усвои повеќе извештаи, програми и одлуки од интерес за граѓаните.

Со мнозинство гласови беа усвоени годишните извештаи за работа за учебната 2024/2025 година и програмите за работа за учебната 2025/2026 година на училиштата ООУ „Добре Јованоски“, СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“, СОУ „Ѓорче Петров“, и СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Советот ги донесе и одлуките за формирање на паралелки со помал број ученици во прва година во некои средни училишта за учебната 2025/2026 година.

На оваа седница се донесе една измена и дополнување на Одлуката за трајно користење на движни ствари (минибуси) на ЈП за ПУП Прилеп и Предлог Одлука за давање на трајно користење ствари (стоматолошка опрема) на ООУ „Климент Охридски“, ООУ „Кочо Рацин“, ООУ „Рампо Левката“ и ЈОУДГ „Наша иднина“.

Советниците едногласно ја усвоија и одлуката за ослободување од партиципација во ЈОУДГ „Наша иднина“ на 20 деца Роми од социјален ризик на возраст од три до шест години за учебната 2025/2026 година. Оваа мерка е дел од проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишна возраст во ЈОУДГ ‘Наша иднина’ – Прилеп“.

Во сабота ни доаѓа голем и тежок празник со кој се поврзани голем број народни верувања

Православните верници во сабота го слават празникот Крстовден.

Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст.

Луѓето родени на овој ден се верува дека на своите јаки рамена ја носат сенката на Светиот крст и затоа се особено одговорни за своите постапки пред Бога.

Крстовден е голем празник, денот кога беше пронајден и ископан Светиот крст на Голгота и денот кога беше вратен од Персија во Ерусалим. Овој празник се нарекува и Возвишение на Светиот крст.

Се слави двапати во текот на годината, 18 јануари и 27 септември. Претходно, луѓето строго се придржуваа на постот на овој ден. Во некои села се одржуваат и панаѓури.

Стар обичај на нашите простори е на овој ден добитокот да се премачкува со катран во знакот на крстот за да се заштитат од болести. Народот верува дека змиите мируваат на Крстовден и дека веќе не се низ полињата.

На овој ден, луѓето во црквата осветувале босилек, грозје, жито и јаболка. Овој осветен босилек се чувал со икона, а подоцна служел за разни заздравувања.

Се верува дека какво е времето во текот на Крстовден таква ќе биде и годината, односно:

– Ако е облачно на Крстовден, зимата ќе биде богата со снег, а ако е суво, следната година ќе биде суво.

– Ако до Крстовден ластовичките не заминат на југ, нема да бидемногу студена зимата.

– Тивкиот дожд на Крстовден предвидува блага зима.

– Грмотевица на Крстовден навестува плодна година.

– Ако на Крстовден е облачно, зимата ќе биде снежна. Ако денот е ведар, тогаш зимата ќе биде сува и студена.

Вообичаено е на Крстовден да се собере и освети босилек. Некои семејства го слават овој празник како куќна слава.

На Крстовден се почитува и строг пост – на леб и вода.

А еве и какви се обичаите што нашиот народ со векови ги почитува:

-на Крстовден некои држат строг пост, на вода. Тоа е обичај кој повеќето го почитуваат, според правилото: “Кој со крст се крсти, тој крстовден го пости”.

Есенскиот Крстовден некои го постат така што по цел ден јадат само грозје и леб.

За луѓето што се родени на овој ден се верува дека на своите слаби плеќи ја носат сенката на Светиот крст и дека затоа пред Бога се посебно одговорни за своите постапки.

Според некои стари обичаи, на Крстовден треба да се исперат сите алишта и да се исчисти куќата.

Исто така, стар обичај е на овој ден стоката да се премачка со катран во знак на крст, за да се заштити од болести.

Обичај е на Крстовден да се освети босилекот, света билка за која се верува дека ја уништува негативната енергија и ја чисти душата, па во домовите многумина си чуваат босилек. Осветениот босилек се чува во домот како еден вид енергетско исцелување.

Во текот на Крстовден се јаде грозје, како симбол на слатката победа, плодноста и бериќетот, а се верува дека ќе ве следи среќа и успех ако на овој ден уживате во вкусот на ова овошје.

Според народните верувања, на овој ден сите молитви ќе бидат слушнати, а ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ги исполнува желбите на луѓето.

Влегле во двор и со тврди предмети нападнале свои сограѓани: Кривична за петмина прилепчани, меѓу кои еден малолетник

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Н.Ш. (31), Е.Б. (36), Е.Б. (26) Д.К. (22) и 17-годишник, сите од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 26.07.2025 во двор од семејна куќа во Прилеп, пријавените физички нападнале две лица и притоа користеле тврди предмети – информираат од МВР.

Прилепчанец со мопед удрил во куче, па завршил со тешки телесни повpeди

-На 23.09.2025 околу 18:10 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на ул.„Мице Козар“ во Прилеп, мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од Џ.А.(51) од Прилеп удрил во куче и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата 15-годишна сопатничка, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР.

Наградата Златна камера 300 за животно дело на 46.издание на ИФКК “Браќа Манаки” за кинематографот Дариус Конџи

Во Битола синоќа на свеченост во чест на лауреатот на 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, Дариус Конџи, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков му ја врачи наградата Златна камера 300 за животно дело.

Првите честитки на кинематограферот Канџи му ги уптатија минисетерот Љутков и директорот на фестивалот Димитрија Доксевски.

-Останав без зборови. Ви благодарам бескрајно. Среќен сум што сум во Битола да ја примам оваа прекрасна награда и сакам да и ја посветам на мојата сопруга Мариен за целата нејзина поддршка, истакна Конџи, на синоќешната фестивалска свеченост.

Како што информираше МИА, годинешниот лауреат Конџи во својата богата кариера соработувал со режисерите Жан-Пјер Жене, Дејвид Финчер, Бернардо Бертолучи, Михаел Ханеке, Роман Полански, Дени Бојл, Нил Џордан, Сидни Полак, Вуди Ален, Џејмс Греј, Бонг Џун-хо, Вонг Кар-Ваи, Алехандро Гонсалес Ињариту, Ари Астер и браќата Сафди и во плодната соработка создале неповторливи филмски остварувања.

Дариус Конџи е врвен естет кој по сите критериуми ја заслужи Златната Камера 300 за животен опус, истакнаа од ИФФК „Браќа Манаки“.

Носител на советничка листа се појави на концерт во Прилеп со гас-маска, за да предупреди за загадувањето што доаѓа од кај касарните (ФОТО)

Носителот на независна советничката листа, која е поддржана од политичката партија “Македонска Трета Ера” за престојните локални избори во Прилеп, Никола Трајкоски, вечерва на концертот во центарот на градот се појави со гас-маска.

Причината за ваквиот потег е да се алармираат граѓаните за загаденоста на воздухот, по пожарот кој попладнево изби во Дабничкиот регион.

Имено, попладнево над Прилеп се издигна густ чад од кај Дабница, откако засега непознати лица запалиле кабли. Пожарот за кратко време се прошири на поголема површина, а пожарникарите се’ уште се борат со огнените јазици.

Прилепчани се жалат на загадениот воздух и велат дека вечерва во Прилеп не се дише.

Со нетрпение го чекавме неговиот следен настап: Момчето со ангелски глас, во петок ќе ја распее најдобрата тераса во Прилеп – Резервирајте навреме!

Над 30 видови пиво, богато мени со мезиња, убава музика, пријатна атмосфера – перфекција за топло добредојде и овој викенд во Terasa Pub Club, локалот кој создава трајни спомени.

Ова не е само паб. Ова е нов културен ритам, ново чувство, нов урбан простор за сите што сакаат вистинска атмосфера.

Во петок 26.09. Terasa ве кани на одлично музичко уживање со момчето со ангелски глас од Прилеп. За вас ќе пее Алекса Петрески!

Во сабота, 27.09. се дружиме и уживаме во опуштена музичка атмосфера заедно со Боби и Никола.

Ви треба само добра екипа и убаво расположение!

Резервирајте навреме на тел.бр. 070 304 967

Нека ТERASA стане и ваше омилено место за бегство од секојдневните обврски!

(ВИДЕО) КОЈ Е МИСТЕРИОЗНИОТ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА Прилеп?!

Прилеп не памети вакво шаренило на кандидати за градоначалници какво што има за престојните локални избори во октомври. На гласачкото ливче ќе се најдат дури 8 имиња, половина од политичките партии, а за прв пат и четворица независни кандидати.

Еден од нив е Љупчо Дунимаглоски, стопанственик кој е предложен од група избирачи и кој преку видеа на социјалните мрежи веќе почна да ги промовира своите идеи.

Во време кога политичките партии ги имаат сите предности, кога зад себе имаат цели ПР тимови кои работат на нивните кандидати и користат средства од буџетот на државата за рекламирање, заслужуваат да бидат видени и слушнати и ваквите навидум обични луѓе, кои имаат свои идеи за развој на градот.

Дунимаглоски во едно од своите обраќања ги критикува сите политички чинители, дека од Прилеп направиле да стане 13-ти град во Македонија, иако според него се наоѓал на трето место и по население и по економски развој.

Станува збор за 62-годишен наш сограѓанин, а неговото обраќање можете да го погледнете ТУКА

Не случајно го имаат најубавиот училиштен двор – ООУ “Климент Охридски” Прилеп има своја еко патрола која грижливо го чува зеленилото (ФОТО)

ООУ “Климент Охридски” Прилеп не е само образовен центар, туку и вистинска оаза на инспирација, каде што секој чекор е посветен на зачувување на околината и промоција на зелени вредности.

Училиштето има своја еко патрола која грижливо го чува зеленилото и убавините во школскиот двор, а во тоа се повеќе од успешни – училиштето блеска од убавина, со уредено зеленило, украсни дрвца, цвеќе…

Секоја чест дечки и продолжете така, бидете инспирација за сите ваши врсници и идни генерации.

Производите на Витаминка за прв пат претставени на Foodex во Ријад, Саудиска Арабија (ФОТО)

Витаминка оваа година за првпат се претстави на еден од најзначајните саеми за храна и пијалаци во Саудиска Арабија, Блискиот Исток и Северна Африка – Foodex Saudi Arabia 2025, кој се одржа во Ријад. Настанот претставува водечка платформа за меѓународни брендови од областа на прехранбената индустрија, отворајќи можности за поврзување со партнери и купувачи на пазар од над 36 милиони потрошувачи – потенцијал кој е од огромно значење за Витаминка.

„Foodex Saudi Arabia е водечки меѓународен саем во Саудиска Арабија, 100% посветен на индустријата за храна и пијалаци. Со неговото посетување, компаниите имаат можност да набават производи од над 50 земји и да остварат трговска соработка со изложувачи кои претставуваат глобална понуда на производи и решенија. Станува збор за огромен потенцијал, каде што првпат имаме можност директно да ги претставиме нашите производи. Веруваме дека овој настап ќе отвори врати кон нови партнерства, дистрибутивни канали и значителни извозни можности. Ова е чекор со кој правиме силен пробив на еден од најдинамичните пазари во светот,“ истакна Сашо Наумоски, генерален извршен директор на Витаминка.

Со учеството на Foodex, најголемиот производител на кондиторски производи во Македонија го зацврстува своето регионално присуство и поставува темели за отворање нови потенцијали на Блискиот Исток. Посетителите на саемот имаа можност да се запознаат со богатото портфолио на Витаминка, производи од сите сегменти на слатката и солената програма, кои се веќе препознатливи на повеќе интернационални пазари.

Foodex Saudi Arabia се одржува секоја година во Ријад и претставува средина за поврзување на водечките глобални брендови со локалните увозници, дистрибутери и трговски ланци. Преку големиот број изложувачи, презентации и деловни средби, саемот се позиционира како клучен настан за развој на прехранбениот сектор во регионот.

Со учеството на овој престижен саем, Витаминка потврдува дека континуирано работи на зацврстување на својата улога како амбасадор на македонската прехранбена индустрија и на квалитетот препознатлив во целиот свет.