дома блог страница 72

Иднината доаѓа во Србија – потпишан договор, летечки такси возила од 2027 год. во Белград

Во Давос, за време на Светскиот економски форум, министерот за финансии на Србија Синиша Мали и главниот комерцијален директор на американската компанија Archer Aviation, Нихил Гоел, потпишаа Договор за партнерство со кој Србија го избира Archer како префериран партнер за воведување услуги со електрични летечки такси возила (eVTOL – electric vertical takeoff and landing).

На потпишувањето присуствуваа српскиот претседател Александар Вучиќ и основачот и извршен директор на Archer Aviation, Адам Голдстин.

Според договорот, Србија има опција да купи почетна флота од летала Midnight (до 25 авиони, во согласност со законската рамка), а Archer станува официјален партнер за воздушни такси на Експо 2027 во Белград (од мај до август 2027 година). Целта е да се демонстрираат предностите на напредната воздушна мобилност пред глобалната публика.

Претседателот Вучиќ го оцени партнерството како значајно за донесување на најсовремена американска технологија во Србија и долгорочна соработка „со децении, па дури и векови“. Тој истакна дека граѓаните ќе бидат горди на постигнувањата, особено во контекст на подготовките за Експо.

Министерот Мали нагласи дека Србија е прва во регионот што воведува транспорт од следната генерација, што ќе придонесе за покажување на „преродувањето“ од економска криза кон земја фокусирана на технологии и инвестиции.

Адам Голдстин рече дека идејата за соработка се родила минатата година во Давос со Вучиќ, а партнерството ќе помогне во градење оперативна експертиза и проширување на eVTOL услуги. Компанијата веќе има слични договори во Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Индија, Јапонија и Кореја, а продолжува со тестирања и сертификација на Midnight.

Ова е прв поголем чекор на Archer во Европа, со фокус на катализирање на усвојување на воздушни такси на континентот преку Експо 2027.

10.000 за прво, 30.000 за трето дете, 20.000 за склучен брак – оваа општина прави се’ за наталитетот

ОПШТИНА МОГИЛА СО НАЈВИСОКА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА НОВОРОДЕНЧИЊАТА И НОВОСКЛУЧЕНИ БРАКОВИ

Општината континуирано продолжува да инвестира во иднината и семејството преку финансиска поддршка на идните брачни парови и создавањето на многудетни семејства.

Против растот на белата чума, општината ќе се бори со финансиска поддршка од:

-10.000 денари за прво дете
-15.000 денари за второ дете
-30.000 денари за трето дете
-20.000 денари поддршка за нови бракови

-Ова не е само финансиска помош – ова е јасна и силна порака дека семејството, децата и младите се наш приоритет. Сите воведени мерки се со цел стимулирање и зачувување на наталитетот, како и создавање услови младите да останат, да создаваат семејства и да ја градат својата иднина во општина Могила – стои во соопштението од општина Могила.

Oд март ново покачување на платите во здравството – ќе биде процентуално

Остануваме посветени и со силна поддршка за натамошно зголемување на платите во здравстевниот сектор во смисла на соодветно вреднување на работата на здравствените работници како предуслов за квалитетна работа, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашко Клековски, на денешната прес-конференција во Владата.

-Сакам да истакнам дека перцепцијата оти во јавниот сектор и во раководењето на јавниот сектор има некакво спротивставување на соодветно вреднување на работата. Да повторам дека во секторот здравство кумулативно платите во ноември 2024 и март 2025 се зголемија 17 проценти, диспропорционално многу повеќе со основно образование, со средно образование, лекарите беа помалку бидејќи беа линеарни зголемувањата. Кај матичните доктори капитациите се зголемија 33 отсто. Историско зголемување што беше направено за да се зголемат платите за докторите и за медицинските сестри вработени таму, бидејќи ние цврсто веруваме дека треба работата соодветно да биде вреднувана, рече директорот на ФЗО на прес – конференцијата во Владата на која заедно со министерот за дигитална трансформација промовираа четири нови електронски услуги на Фондот за граѓаните.

Тој потсети дека според договорот со синдикатите, во март, годинава ќе има уште едно зголемување на платите во јавно здравство.

-Така што, мислам дека барем платите за средномедицинскиот кадар, за медицинските сестри, се конкурентни на приватниот сектор. Мислам дека и во некои други сектори – образование, има постигнато договори за зголемување на платите. Така да, барем во мојот сектор можам со сигурност да кажам дека има силна поддршка натамошното зголемување на плати во смисла на соодветно вреднување на работата на здравствените работници како предуслов за квалитетна работа. Тука остануваме посветени. Веќе може да најавам дека нема да биде еднакво зголемувањето во март за сите, туку ќе биде процентуално, бидејќи платите меѓу понискиот кадар и докторите – коефициентот и разликата меѓу нив се намали, а сепак мора да бидат соодветно вреднувани и лекарите, појасни Клековски.

Во однос на констатираните наоди од спроведените контроли минатата година во јавни здравствени установи за директори и доктори коишто незаконски земале повеќе пари од тоа што треба за кои било кажано дека ќе биде побарано да се вратат, дали ги вратиле и дали има и други менаџери кои незаконски си ги зголемиле платите, кажа дека досега нема поврат на пари од прекумерните исплати.

-Во однос на извршените контроли, констатираните пречекорувања на надоместоците поврзани со работата, заклучно со 31 декември, ниту една јавна здравствена установа нема поврат на прекумерно исплатените надоместоци, плати. Ние немаме направено повторна контрола, меѓутоа знаеме дека нема направено поврат, одговори Клековски.

На дополнително прашањето што доколку не ги вратат парите, директорот на ФЗО беше дециден дека на повторените контроли ќе бидат изречени казни.

-Ние работиме и на дигитализација – тоа е внатрешно прашање на контролата на ФЗО што е една од најважните функции на ФЗО. Со дигитализацијата таму, сакаме да воспоставиме и критериуми каде што честите казни ќе водат кон последици на нашиот севкупен однос со установата. Во овој момент, казните кон јавни здравствени установи се симболични. Не дејствуваат образовно, едукативно – условно да кажам, не влијаат на спречување. Највисоката казна за здравствена установа е седумдесет и пет илјади денари. За установи што имаат милионски буџети, таа е безначајна. Го гледаме цел тој сегмент, не сакаме да казнуваме – тоа е последното нешто. Меѓутоа, сакаме да воспоставиме систем каде тие што не ги кршат правилата и регулативите, треба да бидат наградени, поттикнати, со понатамошни подобрувања, додаде директорот на ФЗО Сашко Клековски.

Прилепчанка нападната од бившиот партнер на братучедката во Битола

СВР Битола соопшти дека на 20.01.2026 во 16:20 часот во СВР Битола, 23-годишна прилепчанка пријавила дека во Битола била физички нападната од Д.Р. (33) од Битола, поранешен партнер на нејзината братучедка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

За нив не се чека ни миг, се резервира веднаш: Правите боеми утре во “ПОРТА”

Петокот повторно носи ново гурманско и музичко уживање во Ресторан “ПОРТА” – местото каде вкусната храна, прекрасниот амбиент и добрата музика секогаш одат заедно.

Овој петок со почеток од 20:30часот ќе ве пречека составот кој плени со секој настап, луѓето кои знаат да направат вечер незаборавна дури и за најпребирливите – Група “МАРИФЕТ”.

Саботата викендов е резервирана за приватна забава!

Не чекајте друг да ви раскажува, резервирајте навреме и поминете одлично време заедно со семејството, пријателите, колегите…

Телефон:078 368 111

Акцијата се’ уште трае! Искористете ја можноста, вредни ваучери во “Авто Контрол” и “Уни Ројал” за клиентите

Водени од мисијата за побезбеден сообраќај, компаниите “АВТО КОНТРОЛ” и “УНИ РОЈАЛ” oд Прилеп и оваа година со заеничка соработка во интерес на сите.

Koмпанијата “АВТО КОНТОЛ”, која важи за пример за општествена одговорност, на сите свои клиенти при регистрација на возилата, ќе им подари ваучер во вредност од 1.000ден. за набавка на нови гуми во “УНИ РОЈАЛ”.

Од друга страна пак, “УНИ РОЈАЛ”, при користење на одредени услуги од својот асортиман, на своите клиенти ќе им подари ваучер во иста вредност, кој ќе можат да го искористат при регистрација на своето возило во “АВТО КОНТРОЛ”.

Акцијата трае до 15.03.2026

-Со оваа заедничка превентивна акција ја подигнуваме свеста за важноста од соодветна зимска опрема и редовна техничка исправност на возилата. Авто Контрол – Ваш сигурен партнер во сообраќајот. Безбедноста не е опција, туку обврска – стои во соопштението од компанијата.

Времето денеска променливо облачно со дожд и снег, од недела пообилни врнежи

Времето денеска променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во претпладневните часови се очекуваат локални врнежи од дожд и снег, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег.

Во попладневните часови облачноста постепено ќе се намалува, а ќе дува слаб јужен ветер. Минималните температури ќе се движат од -4 до 0 степени, додека максималните ќе достигнат до 7 степени.

Во Скопје се очекува слично време со максимална температура до 4 степени.

Стабилен период со пораст на дневните температури не очекува до сабота, иако по одделни котлини е можна појава на магла. Промена на состојбата ќе настапи во сабота навечер.

„Пообилни врнежи ќе има во недела во попладневните и ноќните часови, кога на повисоките места ќе преминуваат во снег“, соопштуваат од УХМР.

Просечната нето-плата во ноември изнесувала 45 961 денар

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2025 година, изнесувала 45 961 денар и во однос на истиот месец лани е повисока за 9.4 %, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 16.5 %, Дејности на здравствена и социјална заштита за 11.1 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 10.9 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 3.5 %, Административни и помошни услужни дејности за 2.2 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 1.2 %.

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во ноември 2025 година изнесувала 69 141 денар.

Исчезната е 42-годишна прилепчанка

-На 20.01.2026 во 17:00 часот во ОВР Прилеп, Н.Р.(54) од Прилеп пријави дека од домот се оддалечила неговата сестра С.У.(42).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето – информираат од СВР Битола.

Експретседателот на скопскиот Основен суд, Владимир Панчевски, се пријавил на огласот за државен јавен обвинител

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје Владимир Панчевски се пријавил на огласот за јавен обвинител на Република Македонија, што го распиша Собранието.

Во пријавата на Панчевски поднесена денеска до Собранието се наведува дека тој ги исполнува сите законски услови за извршување на функцијата државен јавен обвинител.

– Во прилог до надлежните органи доставил целосна предлог-документација и докази за исполнување на општите услови утврдени во член 61 од Законот за Јавното обвинителство, како и докази за исполнување на посебните услови од член 62 став 1 алинеја 1 од овој закон – се наведува во пријавата од Панчевски до Собранието.

Љупчо Коцевски во декември лани поднесе неотповиклива оставка на функцијата државен јавен обвинител. До изборот на нов за вршител на должноста е избрана Анита Тополова-Исајловска, досегашен заменик-републички јавен обвинител.

Досега најава за пријавување за функцијата најави и поранешниот виш јавен обвинител на скопското Вишо јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи.

Постапката за избор на нов државен јавен обвинител почна со огласот што го распиша Собранието на 12 јануари годинава, со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“.

Кандидатите мора да имаат непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право. (МИА)