дома блог страница 71

2026 година ќе биде година на големо освежување на културната сцена во Битола (ФОТО)

Културата, како клучна компонента на јавниот живот, веќе не е исклучиво домен на централната власт и стана темел за градење на локалниот идентитет и кохезија.

Програмата за култура на Општина Битола за годинава беше дискутирана на тркалезната маса која беше организирана со цел запознавање на јавноста со оваа програма која, како што беше речено ќе донесе освежување на културната понуда во 2026.

Во своето обраќање градоначалникот Тони Коњановски рече дека Општина Битола, препознавајќи го своето богато културно наследство и креативен потенцијал, ја презема одговорноста да ја поттикнува, поддржува и развива културната сцена.

„Локалната самоуправа, преку своите сектори, општинските и националните културни установи и здруженијата на граѓани, е во непосреден контакт со граѓаните. Програма за култура на Општина Битола има цел да го направи културниот живот во Општината побогат, поразновиден, подинамичен и поквалитетен. Истовремено, културата се третира како развоен потенцијал за културен туризам и локален економски раст“ рече Коњановски.

Предмет на Програмата која се носи секоја година, се сите активности, проекти и манифестации што ќе се реализираат во текот на 2026 година, а кои се од витален интерес за културниот развој на Општина Битола.

Освен традиционалните настани, фестивали и манифестации како што се „Илинденските денови“, фестивалот „Браќа Манаки“, „Битфест“, „Битола отворен град“, „Белата Ноќ“, а и најголемиот зимски фестивал „Зимската приказна“ и други кои ја имаат поддршката од Општината, и во оваа програма акцентот е ставен и на институциите и здруженијата на граѓани од поновата историја, а кои веќе се препознатлив културен белег на градот, кои истовремено ја афирмираат Битола и на домашен и на меѓународен план, како од возрасните, така и од младите уметници.

На тркалезната маса свои обраќања имаа првите луѓе на неколку институции и организации кои се дел од програмата, како што е Камерниот оркестар на Битола, потоа Битолскиот оркестар Дива од каде најавија нови проекти, тука беше и Дувачкиот оркестар, потоа организаторот МКЦ на „Битола отворен град“, Националните установи Битолски народен театар, Центарот за култура и Културниот и информативен центар.

Сите тие се заблагодарија на поддршката што ја добиваат од Општина Битола, но и од меѓусебната соработка.

Општина Битола е транспаретна општина и на својата интернет страница веќе ја има објавено програмата за поддршка на настаните од областа на културата.

Момироски: “Куршлуз” со екскурзиите за средните училишта во Прилеп

Во најновата колумна за неделните случувања во Прилеп, новинарот Зоран Момироски, стави сомнеж на регуларноста во тендерирањето на школските екскурзии во Прилеп. Момироски пишува дека на тендерот кој го објавиле две средни училишта, постои сомнеж за фаворизирање на струшка фирма, поради што првиот пат тендерот бил поништен.

Целиот дел од колумната прочитајте го во продолжение:

“Започнаа училишните екскурзиски тендер игранки кои можно е да завршат и на суд. Познавачи на приликите тврдат дека нив ги имало и ќе ги има. Оти пари и интереси се во прашање, а нема кој или не сака некој правилно да ги постави работите и се да си има нормален тек на работите. Тоа го потврдува примерот и со распишан тендер од две средни прилепски училишта. Откако бил распишан тендерот и од пријавените, избран бил најдобриот понудувч, инаку позната и реномирана тутистичка агенција од градов.

Агенција со околу 20 вработени, сопствен автобуски капацитет и со сите ,,нишани,,што ги бараат денешните современи европски стандарди. Но, меѓу другите имало и една скопска со двајца вработени. Ама најверојатно во Општината на некој тоа баш и не му било по волја па се нашло ,,мунасип,, тендерот да се растури. И повторно да биде распишан за да може и на овој тендер меѓу другите да конкурираат двете.

Овој пат со адут во рака за скопскава агенција откако ја разбрала најниската цена од поништениот тендер. Постојат сомневања кај заинтересираните страни дека ,,влакното во јајцето,, при првиот тендер е барано оти зад агенцијата од Скопје стоел струшки бизнисмен, поврзан со некој политички моќник од владеачката партија, и морало да биде фаворизирана.

Иронијата да биде уште поголема, при вториот тендер скопската агенција решила да понуди пониска и од економската цена, или најниска, од најниската во првиот тендер. Сега треба главниве во прилепскава општина да ,,сечат,, и да одлучат дали ,,игрнкава,, тие ќе ја завршат или судот. Бидејќи за да се добие лиценца ,,А,, требало да има најмалку 4 вработени, а не 2. Ама кај нас веројанто се’ може и се’ поминува. Особено лесно брзо и едноставно, ако е подмачкано со квалитетна ,,графитна маст,,?!?

Ако полагате за возачка дозвола, oпштината ви дава 10.000 денари субвенции

Општина Центар доделува субвенции за млади лица за полагање возачки испит Б-категорија во автошколи регистрирани на подрачјето на општината.

Право на субвенција имаат жители на локалната самоуправа кои во текот на 2026 година навршуваат 18 и 19 години (родени во 2007 и 2008 година), како и лица кои во 2025 година навршиле 19 години (родени во 2006 година), а уплатата за полагање на возачки испит ја извршиле во 2025 година.

Висината на субвенцијата изнесува 10.000 денари со вклучен ПДД , а се користи исклучиво за полагање возачки испит Б-категорија.

„Со овие субвенции ги мотивираме младите навремено да го положат возачкиот испит и безбедно да се вклучат во сообраќајот. Ова воедно е олеснување за семејниот буџет бидејќи добивањето возачка дозвола е прескап процес, но во исто време неопходен за секој млад човек“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар – Скопје (барака бр. 6), секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефон 02/3203-600 или на е-мејл адресите [email protected] и [email protected].

Возете внимателно! Намалена видливост до 50 метри на Плетвар

Поради магла на планинскиот превој Плетвар видливоста е намалена на само 50 метри. Возете внимателно порачуваат од АМСМ и од Македонија пат.

-Намалена видливост поради појава на магла до 80 м. има во Струмица, до 100 м. во Тетово, на планинскиот превој Плетвар до 50м. и до 100м. во Делчево. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози. Сите патни правци се проодни, посочуваат од АМСМ .

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502.

(ВИДЕО) Вака Индијците од кампот на “Бехтел и Енка” во Прилеп се радуваат кога првпат гледаат снег

Работниците од Индија кои работат на автопатот Прилеп-Битола и се сместени во кампот на “Бехтел и Енка”, за прв пат гледаат снег во Македонија, па одлично се забавуваа и уживаа во белата покривка.

MINT Финтек Групација со над 3 милиони денари поддршка за заедницата во 2025 година

Со повеќе од 3.000.000 денари вложени во спорт, култура, образование и хуманитарни иницијативи, MINT Финтек Групацијаво 2025 година ја потврди својата заложба за активна и долгорочна општествена одговорност.

Во текот на изминатата година, групацијата реализираше и поддржа бројни активности насочени кон локалната заедница, спортските клубови, културните и образовните проекти, како и кон директна помош за ранливи категории граѓани.

Општествена одговорност во оваа комапнија е дел од мисијата.“Во 2025 година, MINT Финтек Групацијаја потврди својата определба дека успехот не се мери само во раст, резултати и технологии, туку и во одговорноста кон заедницата во која живееме и работиме.”-истакна Никола Јошевски генерален директор на МИНТ Финтек Групација.

Со вкупна поддршка од над 3.000.000 денари, групацијата реализираше и поддржа бројни активности од областа на спортот, културата, образованието и хуманитарните иницијативи, оставајќи конкретен и мерлив придонес таму каде што е најпотребен.

“Нашата поддршка опфати: локални и национални спортски клубови и спортски настани, хуманитарни акции и директна помош за поединци и семејства, културни и образовни проекти што го зајакнуваат заедничкиот идентитет, иницијативи насочени кон деца, млади и ранливи категории, поддршка на локални организации, институции и граѓански здруженија. За нас, општествената одговорност не е еднократен гест, ниту формална обврска. Таа е континуиран процес, изграден врз внимателно следење на реалните потреби на заедницата и на луѓето со кои секојдневно сме во контакт. Веруваме дека компанија што гради доверба мора истовремено да гради и човечност, солидарност и долгорочна вредност. Затоа, зад секоја поддржана иницијативастои јасна намера: да се направи разлика што се чувствува, а не само што се забележува.”, додаде Јошевски на почетокот на годината на традиционалната средба со целиот тим од Минт кој брои повеќе од сто вработени во триесетканцеларии низ Македонија.

Во 2026 година, MINT Финтек Групација продолжува со истата визија,да расте одговорно,да делува свеснои да остане партнер на заедницата, не само на пазарот.

Ќе се зголемат цените на услугите на комуналните претпријатија во Битола – Коњановски со обраќање до граѓаните (ВИДЕО)

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска во видео обраќање зборува за јавните претпријатија, за состојбите, предизвиците, како и за корекција на цените на услугите кај дел од нив.

Ви го пренесуваме интегрално неговото обраќање:

„Почитувани сограѓани,

Темите со јавните претпријатија и нивните состојби честопати се предмет на дискусија во јавноста.

И ова мое обраќање е во насока на подобрување на нивната рентабилност,
односно нивна поголема ефикасност во давањето на своите услуги до
корисниците.

Секое од нив се бори со своите предизвици. Пред неколку години енергетската криза беше голем удар за нив. Зголемувањето на платите согласно зголемувањата на минималната плата исто така имаат влијание врз нивната работа, а неопходно е и вложување, односно инвестиции во механизација, кои се сега далеку попотребни од било кога, со оглед дека сме пред нова градежна офанзива каде и тие треба да сработат голем дел од проектите кои ги доби општина Битола од Владата.

Во Битола има претпријатија кои со децении немале корегирани цени, односно не се случило поскапување. Како пример, комуналните услуги не се променети од 1994 година.

Она што сакам да го кажам е дека и ние по примерот на други градови, сме
пред предизвикот за зголемување на цените на услугите.

Не е популарна мерка, но е доволно храбра за да имаме претпријатија кои ќе бидат посамостојни во своето работење и многу поефикасни отколку досега.

Почитувани сограѓани верувам дека ќе имате разбирање за споменатите аргументи во делот на корекцијата на дел од цените на услугите и дека заедно ќе продолжиме да градиме одржив систем на функционирање на јавните претпријатија.

Силјан ќе слета на премиера пред прилепската публика во киното “Мис Стон”

На 23 (петок) и 24 јануари (сабота) 2026г. од 19.00 часот во киното Мис Стон ќе се прикажува филмот „Приказната за Силјан“. Влезници на билетарницата од киното секој работен ден од 10 до 12.00 часот и еден час пред проекцијата на филмот!

„Приказната за Силјан“ е визуелно силен и медитативен филм за издржливоста, грижата и малите дела кои менуваат животи. Откупен е од страна на National Geographic.

Во срцето на рурална Македонија, земјоделецот Николa, притиснат од новите државни политики, случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му враќа смисла на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и односот кон природата.

Режисерка: Тамара Котевска (Honeyland),
Кинематограф: Jean Dakar
Продуценти: Anna Hashmi, Тамара Котевска, Jean Dakar, Jordanco Petkovski
Продуцентски куќи: Ciconia Film, Concordia Studios, The Cornershop
Монтажер: Мартин Иванов
Студио за тонска обработка: Aleksandar Protic / MIR MEDIA
Колор корекција: GHABHA Studios
Музика: Joe Wilson Davies и Hun Oukpark (Hans Zimmer Studio)
Консултанти за наратив: Верица Недеска, Трифун Ситниковски и Suz Courtiz
Во дистрибуција на: NATIONAL GEOGRAPHIC DOCUMENTARY FILMS
Протагонисти (Никола Цонев, Јана Цонева, Илина Цонева, Александар Цонев, Александра Цонева, Стојче Филипов, Иле Стојковски)
Времетраење: 80 минути

Подмладена, хидрирана и негувана кожа – во „Ласер и Убавина“ Прилеп ве очекуваат зимски пакети и попусти што ќе ве воодушеват

Зимата е период кога на кожата ѝ е потребна посебна грижа, внимание и длабинска регенерација. Токму затоа, во салонот „Ласер и Убавина“ креираат ексклузивни зимски пакети, внимателно дизајнирани да ѝ овозможат на вашата кожа свежина, затегнатост и здрав сјај – дури и во најстудените денови.

Добредојдовте во „Ласер и Убавина“ – салон лоциран во самиот центар на градот, на бул. „Гоце Делчев“, во зградите спроти „Палма шоп“ (влез 1, стан 7), каде професионалната грижа, модерната технологија и врвната експертиза се спојуваат за да создадат резултати што се гледаат и чувствуваат. Со огромна љубов и посветеност, млад и стручен тим работи на истакнување на вашата природна убавина, враќање на самодовербата и создавање позитивна енергија.

Како салон со широка палета на услуги и стотици задоволни клиенти, и од женската и од машката популација, „Ласер и Убавина“ особено се издвојува по своите врвни третмани за ласерска епилација, но и по индивидуалниот пристап кон секоја клиентка и клиент.

Актуелни зимски промотивни пакети:

Пакет Ултразвучен Лифтинг
5 третмани за затегнување и подмладување на кожата – 4.000 денари

Пакет Мезопорација
2 специјализирани третмани за длабинска хидратација и обновување – 4.000 денари

Пакет Радиофреквенција
10 третмани за лице со ексклузивен подарок – обликување на веѓи – 2.000 денари

Ласерска епилација
Комплетен третман за лице и пазуви – 2.500 денари

Специјален подарок
Со секој поединечен третман мезопорација, добивате гратис лифтинг третман

Целосен педикир
Естетска и релаксирачка нега за Вашите стапала – 1.000 денари

Подарете си го времето, грижата и вниманието кои ги заслужувате. Дозволете ни оваа зима заедно да ја истакнеме вашата природна убавина и да ѝ подариме на кожата свеж и негуван изглед.

📞 За информации и резервации на термини: 070 287 842

„Ласер и Убавина“ – Вашето место за професионална нега, модерна технологија и убавина без компромис.

Иднината доаѓа во Србија – потпишан договор, летечки такси возила од 2027 год. во Белград

Во Давос, за време на Светскиот економски форум, министерот за финансии на Србија Синиша Мали и главниот комерцијален директор на американската компанија Archer Aviation, Нихил Гоел, потпишаа Договор за партнерство со кој Србија го избира Archer како префериран партнер за воведување услуги со електрични летечки такси возила (eVTOL – electric vertical takeoff and landing).

На потпишувањето присуствуваа српскиот претседател Александар Вучиќ и основачот и извршен директор на Archer Aviation, Адам Голдстин.

Според договорот, Србија има опција да купи почетна флота од летала Midnight (до 25 авиони, во согласност со законската рамка), а Archer станува официјален партнер за воздушни такси на Експо 2027 во Белград (од мај до август 2027 година). Целта е да се демонстрираат предностите на напредната воздушна мобилност пред глобалната публика.

Претседателот Вучиќ го оцени партнерството како значајно за донесување на најсовремена американска технологија во Србија и долгорочна соработка „со децении, па дури и векови“. Тој истакна дека граѓаните ќе бидат горди на постигнувањата, особено во контекст на подготовките за Експо.

Министерот Мали нагласи дека Србија е прва во регионот што воведува транспорт од следната генерација, што ќе придонесе за покажување на „преродувањето“ од економска криза кон земја фокусирана на технологии и инвестиции.

Адам Голдстин рече дека идејата за соработка се родила минатата година во Давос со Вучиќ, а партнерството ќе помогне во градење оперативна експертиза и проширување на eVTOL услуги. Компанијата веќе има слични договори во Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Индија, Јапонија и Кореја, а продолжува со тестирања и сертификација на Midnight.

Ова е прв поголем чекор на Archer во Европа, со фокус на катализирање на усвојување на воздушни такси на континентот преку Експо 2027.