дома блог страница 70

Пристигнаа новите канти, но дали сте задоволни од хигиената во градот? (ФОТО)

Од Министертвото за животна средина и просторно планирање до Општина Прилеп, започна испораката на 8318 канти во жолта и зелена боја за селекција на отпад и мешан комунален отпад. Оваа комунална опрема и се доделува на општинава од Регионалната програма за цврст отпад, финансирана преку заем од Европската банка за реконструкција и развој и Швајцарската агенција за развој.

Овој проект за регионално уоравување со отпад значи помош на општините за да се имплементира 100% селекцијата на отпадот на местото на неговото создавање (домаќинства), со цел граѓаните во целост да ја прифатат селекцијата на отпадот, да стекнат корисни навики, а во идната регионална депонија да се транспортира и депонира што е можно помалку отпад.

По предавањето на комуналната опрема од страна на општината на јавното претпријатие, граѓаните ќе можат да склучат Договор за селекција на отпад со јавното претпријатие и да имаат во домаќинството две канти, во жолта боја за селектиран отпад, и во зелена боја за мешан комунален отпад.

Испораката на 126-те контејнери за Општина Прилеп е завршена, и по план за распределба ќе се врши замена на постојните стари и оштетени контејнери.

Од суштинско значење за Комуналец е добивањето на 9-те нови специјални возила за транспорт на отпад, кои според динамиката на испорака за Пелагонискиот и Југозападниот регион, Локалната самоуправа- Прилеп, би требало да ги добие до месец јуни.

Николоски предупредува: Македонската економија е пред колапс поради новите Шенген правила – од понеделник блокади на границите

Година дена алармираме за проблемот со транспортерите и електронската евиденција во ЕУ и требаше да се донесе до ескалација да предизвика внимание. Се работи за огромен економски проблем кој што може целосно да ја колабира македонската и регионалната економија. Иако имав жестоки размена на аргументи со надлежните во рамки на ЕУ директно во Брисел, за жал не најдов на разбирање, вели во интервју за Радио Лидер, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во однос на новите правила за влез во земјите од шенген зоната за професионалните возачи.

Тој истакна дека проблемот е многу сериозен од причина што ова ќе влијае врз работата на транспортниот сектор во целиот регион, дополнително на извозно ориентираните компании. Засега решение нема, а Владата целесно ги разбира транспортерите и најавените блокади на граничните прмини кон шенген земјите.

“Од понеделник ќе има протест кој предвидено е да трае седум дена на граничните премини кои одат кон шенген зоната, на превозниците на Македонија, Косово, Србија, Црна Гора и Б и Х. Се работи за огромен економски проблем кој што може целосно да ја колабира македонската и регионалната економија, бидејќи нашите економии се мали и главно се ориентирани кон извоз. Целокупното производство на компаниите кои прозиведуваат во ТИРЗ кои што работат најголем дел од луѓето во Македонија и кои што носат најголем девизен прилив -сто процентен извоз, голем дел од домашните компании кои се извозно ориентирани и ако не можат да извезат тоагаш запира и економската активност, а од друга страна ако превозот поскапе за 3 до 5 % тогаш стануваат неконкурентни на европскиот пазар”- рече вицепремиерот Николоски.

Иако во континуитет има разговори со претставници до ЕУ, засега тие остануваат на ставот за употреба на новите правила за влез и за транспортерите.

‘Јас во декември имав жестоки размена на аргументи со надлежните во рамки на ЕУ, директно во Брисел, за жал не најдов на разбирање и овие радикални мерки се единствен начин да се привлече внимение. Јас и владата имаме целосно разбирање за македонските транспортери, го разбираме нивниот револт, ги подржуваме нивните барања и навистина треба да се реши овој проблем преку одложување на електорнскиот систем за професионалните возачи или да се изнајде начин како да добиваат работни визи треба да го реши ЕУ. Мислам дека не им е јасно на ЕУ што значи ова за земјите од Западен Балкан, се работи за класична бирократија, за целосна игнорантност и непосветување на внимение на проблемот”- истакна Николоски.

Тој како пример истакна дека веројатноста е голема за зголемување на цената на превозот за 5 % со што домашните производи ќе станат неконкуретни на европскиот пазар.

“Сите стопански комори од регионот веќе цела година реагираат. Не е едоставно решението. На пример компанија од Македoнија која што извезува во Германија ако ангажира германска компанија, тогаш превозот е од 3 до 5 % поскап. Доколку превозот е до 5 % поскап, тогаш прозиводите во Македонија и регионот ќе станат неконкуретни и тогаш можно е да се компаниите да си заминат од Македонија. Една компанија со која разговарав, а нема да ја именувам, најавува загуби од 1,5 милиони евра неделно. Сега со овие услови, транспортниот бизнис ќе остане целосно неисплатлив од причина што ќе се намали времето за 50% што возачите ќе можат да го минуваат во рамки на ЕУ”- додаде вицепремиерот Николоски.

Уште еден прилепчанец ќе одговара кривично – Фатен со 1,73 промили алкохол во крвта

-На 24.01.2026 година во 01:50 часот на крстосницата од ул. „Леце Котески“ со ул. „Трајко Николоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Х.Р.(38) од Прилеп. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „туран“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Х.Р. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,73 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настaнот, ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ – информираат од МВР.

Денеска е Меѓународен ден на образованието

Образованието е еден од врвните приоритети на Владата. Без квалитетно образование не можеме како општество да се развиваме и како држава да јакнеме. Затоа ги зголемуваме средствата кои ги вложуваме во нови училишта и спортски сали, во опрема и технички помагала, во дигитализација и можности за искористување на современи технологии во наставата.

Магијата навистина е во знаењето, посебно во време кога се зголемуваат глобалните предизвици. Најдобриот одговор е да се свртиме кон образованието и да укажеме дека секој може да придонесе тоа да биде поквалитетно, било како наставник, родител, општествено одговорна компанија или невладина организација.

Со најголеми буџетски ресурси досега, Министерството за образование и наука е насочено кон развој на современи наставни програми, унапредување на инклузијата во основното и средното образование и воведување нови, поправични формули за финансирање на училиштата. Продолжувањето на времето поминато во училиште со целни активности, не само што ги подобрува образовните резултати туку влијае и на целокупниот развој на учениците. Наставниот кадар има сигурност, добива повисоки плати и има можности за професионален и кариерен развој како никогаш досега.

Министерството за образование и наука го честита Меѓународниот ден на образованието – 24 Јануари, потсетувајќи дека образованието е основно човеково право а ние се стремиме што повеќе деца и млади тоа да го остварат на најдобар можен начин.

Приведени 10 Кинези за илегален влез во Македонија на патот Битола-Демир Хисар

Десет државјани на Народна Република Кина беа приведени на регионалниот пат Битола–Демир Хисар, во близина на мостот на реката Шемница. Инцидентот се случи вчера (22 јануари) околу 18:40 часот, кога полициски службеници од СВР Битола реагираа поради сомнеж за нелегален влез во државата.

Лицата на возраст од 18 до 62 години, меѓу кои се З.К., Ф.У., З.У., З.М., Ј.Х., Х.Г., Д.К.К., В.Ј., Г.К. и Ч.М., веднаш беа лишени од слобода.

По целосното документирање на случајот, против приведените ќе следуваат кривични пријави според член 147 од Законот за странци, со што се очекува да се утврдат сите околности околу нивниот влез во земјата.

Сопственикот на барот во Кран-Монтана ослободен со кауција, во пожарот загинаа 40 лица

Сопственикот на барот во швајцарското скијалиште Кран-Монтана, каде што за време на новогодишна забава во пожар загинаа 40 лица, е пуштен на слобода откако судот му го укина притворот.

Жак Морети е ослободен под строги услови, соопшти судот во Сион, во кантонот Вале. Тој е должен да ги предаде личните и патните документи, нема право да ја напушти Швајцарија, мора секојдневно да се јавува во полиција и да плати кауција. Судот информираше дека на сметката на обвинителството се уплатени 200.000 швајцарски франци, наводно од негови блиски пријатели. Истите мерки се однесуваат и на неговата сопруга, Џесика.

Според првичните наоди од истрагата, за време на новогодишната прослава во барот „Le Constellation“, активирањето на прскалките предизвикало палење на пената на таванот, по што огнот се проширил со голема брзина.

Во трагичниот пожар животот го загубија 40 лица, меѓу кои и голем број малолетници. Повредени беа вкупно 116 лица, од кои 80 се здобиле со тешки изгореници.

Пријавете го вашето учество на Карневалот “Прочка 2026” – Симнете пријава за учество ТУКА

Општина Прилеп ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица од Прилеп и останатите градови и населени места од Република Македонија, со особен акцент на основни и средни училишта, градинки, едукативни центри, здруженија и останати креативци да земат учество на манифестацијата Меѓународен Карневал „Прочка 2026“, која ќе се одржи во Прилеп, на 21/22. февруари 2026.

-Вашето учество со групни и поединечни маски ќе ја збогати програмата на карневалот и воедно ќе придонесе за креативен израз во поглед на негувањето на културното наследство и традицијата – стои во поканата.

Потврда за присуство и број на учесници потребно е да се пријави најдоцна до 16.02.2026 на email: [email protected], на [email protected] или лично во просториите на Општина Прилеп.

Пријавата може да се преземи од линковите: www.karnevalprilep.mk, https://www.facebook.com/KarnevalPrilep, www.prilep.gov.mk .

За сите останати информации достапен е следниот контакт:
Снежана Ристеска
076 432 953

2026 година ќе биде година на големо освежување на културната сцена во Битола (ФОТО)

Културата, како клучна компонента на јавниот живот, веќе не е исклучиво домен на централната власт и стана темел за градење на локалниот идентитет и кохезија.

Програмата за култура на Општина Битола за годинава беше дискутирана на тркалезната маса која беше организирана со цел запознавање на јавноста со оваа програма која, како што беше речено ќе донесе освежување на културната понуда во 2026.

Во своето обраќање градоначалникот Тони Коњановски рече дека Општина Битола, препознавајќи го своето богато културно наследство и креативен потенцијал, ја презема одговорноста да ја поттикнува, поддржува и развива културната сцена.

„Локалната самоуправа, преку своите сектори, општинските и националните културни установи и здруженијата на граѓани, е во непосреден контакт со граѓаните. Програма за култура на Општина Битола има цел да го направи културниот живот во Општината побогат, поразновиден, подинамичен и поквалитетен. Истовремено, културата се третира како развоен потенцијал за културен туризам и локален економски раст“ рече Коњановски.

Предмет на Програмата која се носи секоја година, се сите активности, проекти и манифестации што ќе се реализираат во текот на 2026 година, а кои се од витален интерес за културниот развој на Општина Битола.

Освен традиционалните настани, фестивали и манифестации како што се „Илинденските денови“, фестивалот „Браќа Манаки“, „Битфест“, „Битола отворен град“, „Белата Ноќ“, а и најголемиот зимски фестивал „Зимската приказна“ и други кои ја имаат поддршката од Општината, и во оваа програма акцентот е ставен и на институциите и здруженијата на граѓани од поновата историја, а кои веќе се препознатлив културен белег на градот, кои истовремено ја афирмираат Битола и на домашен и на меѓународен план, како од возрасните, така и од младите уметници.

На тркалезната маса свои обраќања имаа првите луѓе на неколку институции и организации кои се дел од програмата, како што е Камерниот оркестар на Битола, потоа Битолскиот оркестар Дива од каде најавија нови проекти, тука беше и Дувачкиот оркестар, потоа организаторот МКЦ на „Битола отворен град“, Националните установи Битолски народен театар, Центарот за култура и Културниот и информативен центар.

Сите тие се заблагодарија на поддршката што ја добиваат од Општина Битола, но и од меѓусебната соработка.

Општина Битола е транспаретна општина и на својата интернет страница веќе ја има објавено програмата за поддршка на настаните од областа на културата.

Момироски: “Куршлуз” со екскурзиите за средните училишта во Прилеп

Во најновата колумна за неделните случувања во Прилеп, новинарот Зоран Момироски, стави сомнеж на регуларноста во тендерирањето на школските екскурзии во Прилеп. Момироски пишува дека на тендерот кој го објавиле две средни училишта, постои сомнеж за фаворизирање на струшка фирма, поради што првиот пат тендерот бил поништен.

Целиот дел од колумната прочитајте го во продолжение:

“Започнаа училишните екскурзиски тендер игранки кои можно е да завршат и на суд. Познавачи на приликите тврдат дека нив ги имало и ќе ги има. Оти пари и интереси се во прашање, а нема кој или не сака некој правилно да ги постави работите и се да си има нормален тек на работите. Тоа го потврдува примерот и со распишан тендер од две средни прилепски училишта. Откако бил распишан тендерот и од пријавените, избран бил најдобриот понудувч, инаку позната и реномирана тутистичка агенција од градов.

Агенција со околу 20 вработени, сопствен автобуски капацитет и со сите ,,нишани,,што ги бараат денешните современи европски стандарди. Но, меѓу другите имало и една скопска со двајца вработени. Ама најверојатно во Општината на некој тоа баш и не му било по волја па се нашло ,,мунасип,, тендерот да се растури. И повторно да биде распишан за да може и на овој тендер меѓу другите да конкурираат двете.

Овој пат со адут во рака за скопскава агенција откако ја разбрала најниската цена од поништениот тендер. Постојат сомневања кај заинтересираните страни дека ,,влакното во јајцето,, при првиот тендер е барано оти зад агенцијата од Скопје стоел струшки бизнисмен, поврзан со некој политички моќник од владеачката партија, и морало да биде фаворизирана.

Иронијата да биде уште поголема, при вториот тендер скопската агенција решила да понуди пониска и од економската цена, или најниска, од најниската во првиот тендер. Сега треба главниве во прилепскава општина да ,,сечат,, и да одлучат дали ,,игрнкава,, тие ќе ја завршат или судот. Бидејќи за да се добие лиценца ,,А,, требало да има најмалку 4 вработени, а не 2. Ама кај нас веројанто се’ може и се’ поминува. Особено лесно брзо и едноставно, ако е подмачкано со квалитетна ,,графитна маст,,?!?

Ако полагате за возачка дозвола, oпштината ви дава 10.000 денари субвенции

Општина Центар доделува субвенции за млади лица за полагање возачки испит Б-категорија во автошколи регистрирани на подрачјето на општината.

Право на субвенција имаат жители на локалната самоуправа кои во текот на 2026 година навршуваат 18 и 19 години (родени во 2007 и 2008 година), како и лица кои во 2025 година навршиле 19 години (родени во 2006 година), а уплатата за полагање на возачки испит ја извршиле во 2025 година.

Висината на субвенцијата изнесува 10.000 денари со вклучен ПДД , а се користи исклучиво за полагање возачки испит Б-категорија.

„Со овие субвенции ги мотивираме младите навремено да го положат возачкиот испит и безбедно да се вклучат во сообраќајот. Ова воедно е олеснување за семејниот буџет бидејќи добивањето возачка дозвола е прескап процес, но во исто време неопходен за секој млад човек“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар – Скопје (барака бр. 6), секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефон 02/3203-600 или на е-мејл адресите [email protected] и [email protected].