дома блог страница 7

Момироски: “Комуналец” има обврски према добавувачи од 540.000 евра, а цените на услугите превисоки

Во најавата за најновата неделна колумна, каде ги отсликува сите минатонеделни општествено-политички случувања во Прилеп, новинарот Зоран Момироски пишува и за состојбата во која се наоѓаат прилепските јавни претпријатија, од кои се чини ЈКП Комуналец е во најтешка финансиска позиција.

-Додека во ЈКП Водовод и канализација новите пописни тимови бројат и пребројуваат, а ревизорите ќе си ја работат својата работа, во ЈКП Комуналец финансискиот извештај покажа дека 2025 година ја заврши со неплатени обврски спрема добавувачите од околу 540.000 евра. Дали ова претпријатие ќе се дели на ЈКП Паркови и зеленило и ЈКП Комунална хигиена?!

ЈП ПУП лани останало должник кон своите добавувачи околу 80.000 евра. Не се плаќани рати за автобусите на метан. Врботени тужат за остварување на своите права, а од вкупните приходи околу 61% се за плати и за придонеси за вработените. Дали е можна делба на ЈП Просторно и урбанистичко планирање и ЈП градски или меѓу општински соообраќај?!

Колумната на Момироски читајте ја секој петок ТУКА

Огромно БРАВО за прилепската компанија КРИНГ КГ – Хуманоста и верата одат рака под рака (ФОТО)

Компанијата КРИНГ КГ од Прилеп покажа вистински пример за општествена одговорност со донацијата на мермерни плочки за црквата „Света Троица“ во с. Ропотово. Со вакви дела не се гради само храм, туку се зајакнува духот и заедништвото во целата заедница.

Ова е потсетник и апел до сите стопанственици – да ги поддржуваме светите храмови секогаш кога сме во можност. Заедно можеме да направиме многу повеќе.

Меланија Трамп објави видео од разговор со Рози Мицкоска

Сопругата на премиерот Мицкоски, Рози Мицкоска, учествуваше на глобален самит за унапредување на образованието и дигиталната писменост во организација на првата дама на САД, Меланија Трамп.

На настанот Рози Мицкоска лично се сретна со Меланија Трамп и одржаа конструктивен разговор.

Настанот беше насочен кон унапредување на образованието, дигиталната писменост и употребата на технологија и вештачка интелигенција за поддршка на децата ширум светот.

„Денес ми е посебна чест денес да примам толку импресивна група лидери. Четириесет и петмина од вас патуваа од секој агол на планетата за да ја претставуваат својата нација како дел од оваа нова коалиција. Заедно ја негуваме иднината. Нашата мисија, да им дадеме моќ на децата преку технологијата и образованието, е остварлива“, истакна во своето обраќање првата дама на САД.

Централен момент беше претставувањето на американски изработен хуманоиден робот, кој јавно се обрати и комуницираше со присутните, покажувајќи ги можностите на напредната роботика и вештачката интелигенција.

Овој дел од програмата беше замислен како симбол на технолошкиот напредок и улогата на САД во развојот на иновации.

Настанот во Белата куќа послужи како платформа за меѓународно поврзување, размена на идеи и демонстрација на технолошки достигнувања, со акцент на иднината и глобалната соработка.

ВИДЕОТО погледнете го ТУКА

СО ЕДУКАЦИЈА И ПРЕВЕНЦИЈА ДО ПОГОЛЕМА СВЕСНОСТ ЗА ОДГОВОРНОТО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, преку проектот „Играј одговорно“, континуирано ја истакнува важноста на одговорниот пристап кон игрите на среќа.

Во рамки на активностите за едукација и превенција, компанијата овозможи функционирање на неколку советувалишта низ државата. Покрај постоечките центри во Скопје, Куманово и Прилеп, веќе следната недела се очекува да започне со работа и ново советувалиште во Радовиш.

Советувалиштата се дел од поширок проект за превенција и психо-социјална поддршка на лица со проблематично играње игри на среќа, под наслов „Играј одговорно“, кој се реализира од 2019 година во соработка со Здружението на лекувани зависници на Република Македонија.

Како општествено одговорна компанија, Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија посветува сериозно внимание на поставување и почитување на стандарди за одговорно приредување игри на среќа. Преку едукација, поддршка и заштита на играчите, компанијата активно работи на намалување на ризиците, особено кај ранливите категории граѓани.

Со ваквите активности, ДВЛМ се позиционира како предводник во индустријата во делот на одговорното играње, со јасна цел – превенција на негативните последици од прекумерното играње и градење повисоко ниво на свесност кај јавноста.

Мандолинскиот оркестар ХГМД „Слога“ од Загреб гостува во Битола

На 31.03 во КИЦ Офицерскиот дом Битола, ќе биде одржан концертот Мозаик на хрватската мандолина во изведба на гостите од Загреб, Хрватска, Мандолинскиот оркестар ХГМД „Слога“, под диригентска палка на Максимилијан Бориќ, а во соработка со Хрватскиот културен центар МХД „Марко Марулиќ“ Битола.

Младинскиот мандолински оркестар на Хрватското графичко музичко друштво „Слога“ основан е во 2022 година. Го сочинуваат ученици кои свират на мандолина и гитара од Музичкото училиште „Павло Марковац“ од Загреб, ученици кои свират гитара од други музички училишта, како и студенти и поранешни ученици кои свират мандолина. Нивната желба за понатамошно заедничко музицирање е причина за основање на
овој оркестар.

Целта на оркестарот е систематски и постепено да ги развива младите луѓе во квалитетни оркестарски музичари кои ќе бидат основа на идната работа на Оркестарот на мандолинисти и гитаристи „Слога“, кој оваа година слави 97 години од своето основање и да продолжи да ја промовира мандолинската традиција на градот Загреб и Република Хрватска.

Репертоарот на оркестарот се состои од класични и современи композиции од хрватски и странски композитори напишани за мандолински оркестар.

Во 2023 година, оркестарот за прв пат се претстави на 27-от Хрватски фестивал на мандолина во Имотски, каде што ја освои втората награда во категоријата класична и современа музика.

Оркестарот одржа самостојна концертна турнеја во Република Србија (Панчево, Белград) и Италија (Кремона, Милано, Ала).

Во последните две години, оркестарот интензивно се посвети на изведување дела од хрватски композитор и за мандолински оркестар, оживувајќи некои од тие дела по децении заборавеност, а во исто време се посвети и на соработка со композитори и создавање нови композиции. Уметнички директор и диригент на​ оркестарот е Максимилијан Бориќ, професор по мандолина кој дипломирал мандолина на Конзерваториумот „Џузепе Верди“ во Милано.

Изложбата „Оган“ од академската уметница Бојана Артиновска, во петок пред прилепчани

На 27 март 2026г. /петок/ од 19.00 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Оган“ од академската уметница Бојана Артиновска. Воедно ова е мултимедијален проект, бидејќи уметницата ќе слика во живо, а настанот ќе биде придружен со музика.

Проектот е дел од годишната програма за работа на ЦК „Марко Цепенков“ поддржан од Министерството за култура и туризам.

За делата на Бојана Артиновска

„ Во своите нови апстрактно асоцијативни дела академската уметница Бојана Артиновска ја црпи инспирацијата од огнот. Острите назабени контури се извишуваат како бранови и создаваат ликовни структури што интуитивно пурифицираат преку визуелната интерпретација. Трепетливите извиени арабески
ги разбудуваат сетилата на набљудувачот и создаваат разгорена реалност, синтеза на разиграни бои и интуитивно слоевити колоритни површини. Широките колоритни облици прецизно контурирани со назабени извиени линии создаваат структури кои го образуваат содржинскиот поттекст на творештвото на уметницата.

Асоцијативните содржини изразени преку колоритот се поврзуваат со идејата за огнот, праисконскиот елемент што ја гради материјата. Апстрактните колоритни целини ги раздвижуваат емоциите и ја поттикнуваат животната виталност. Во одредени композициски структури боите целосно разгоруваат со
сите нијанси на жолта портокалова и црвена кои се манифестација на белата светлина. Во одредени колоритни интервенции константното жарење и вибрации на разни црвени нијанси не дозволува ни ронка починка и се разлеваат и се преточуваат од една во друга. Пурпурно црвената боја во други композиции тлее и се преточува во кафеави и црни нијанси отелотворувајќи го димот.

Разиграните колоритни апстрактно асоцијативни содржини симболично ја сугерираат топлината на огнот и светлината на сонцето, праисконски сили клучни​ за животопогодноста. Во одредени композиции симболиката на сонцето е потсилена со формата и обликот на насликаната површина. Контрастот меѓу темнина и светлина изразен преку раскошната сликарска палета ја потсилува визуелната метафора за стихијноста на жарот, моќта на огнената жешкотија и бескрајната сончева светлина.

Асоцијативно апстрактните композиции преку својата колоритна и енергетска структура влијаат на амбиентот и просторот создавајќи визуелни рефлексии на топлина и светлина што го трансформираат просторот во разиграна и динамична атмосфера.

Мултимедијалниот проект „Оган“ ќе се одржи во НУЦК Марко Цепенков Прилеп под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија. Во рамки на отворањето на изложбата авторката Бојана Артиновска ќе изведе перформанс сликање во живо како дел од процесот на создавање и непосредно претставување на енергијата на огнот“ – Автор на текст, м р Викторија Димеска, историчар на уметност.

За уметницата:

Бојана Артиновска е визуелна уметница родена во Велес, а живее и работи во Битола. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсек сликарство и сценографија. Од 2000 до 2003 година работи во САД, по што активно твори на македонската уметничка сцена.

Член е на ДЛУБ, ДЛУП и ДЛУМ. Во својата работа се занимава со сликарство, сценографија, дизајн и театарска визуелизација, со долгогодишна соработка со НУЦК „Марко Цепенков“ и повеќе театарски работилници.

Има реализирано бројни групни настапи и девет самостојни изложби, меѓу кои: „Во мене“ (2008), „Гозба“ (2011), „Трепет“ (2020), „Позадини“ (2021), „Земја“ (2022), „Вода“ (2023/2024) и „Парчиња живот“ (2024). Нејзината најнова изложба „Оган“ (2026) е дел од циклусот инспириран од основните елементи.​

Добитничка е на наградата за најдобра сценографија на фестивалот „Репасаж“ во Србија (2010) и на наградата „4 Ноември“ на ДЛУБ (2022). Во своите дела користи слоеви од боја, текстура и експериментални техники. Паралелно е активна и како инструктор по јога.

Новитет во Прилеп: Регистрирај се, кликни и закажи термин за перење теписи, постелнини, облека….

Во денешното динамично секојдневие, времето е највредно. Токму затоа, Експерт 2Б носи решение кое го олеснува вашиот живот – онлајн апликација за брзо закажување термин за перење теписи, теписони, постелнини…

Веќе погодувате за кого станува збор… Едноставно најдобрите во оваа дејност во Прилеп и регионот. Кога сакате брзо, ефикасно, чисто и пред се’ евтино… го баравте Дарко, а сега по модерен терк
EKСПЕРТ 2Б направи и апликација за услугата да ја добиете што побрзо.

Со само неколку клика можете да:

✔️ Изберете термин што вам ви одговара
✔️ Направите резервација за неколку секунди
✔️ Ја доверите работата на тим од вистински професионалци

А што се прават во ЕКСПЕРТ 2Б за тие што не знаат? Епа, прават букавално се’, во нивната дејност се следните задачи:

✔️ Перење теписи, теписони, јамболии
✔️ Јоргани, ќебиња и перници
✔️ Перење, пеглање и пакување чаршави, работни униформи, медицински униформи,
✔️ Услуги за ресторани, апартмани, мотели и хотели…
✔️ Професионален третман на вашата зимска облека

Со модерна опрема и нови технологии, гарантираат брзина, ефикасност и врвен квалитет – по достапни цени. Вашите работи ги земаат од адреса и ви ги враќаат беспрекорно чисти и миризливи.

Што треба да направите? Во пресрет на Велигденските празници, препуштете се на уредување на семејниот дом и готвење, а чистењето доверете им го нив, преку закажување на следниот ЛИНК: https://e2b.bizora.mk/client/

Регистрирајте се, најавете се и одберете термин! Лесно во три чекори!

За дополнителни информации обратете се на телефонските броеви:

078 701 000
078 701 107

🟢 Експерт 2Б – Вашиот избор за чистота без компромис!

Дива лига! Таксист од Прилеп нападнат и ограбен доцна синоќа на ул. “Тризла”

-Денеска во три часот по полноќ, П.К.(62) – такси возач од Прилеп, пријавил дека на ул.„Тризла“ во Прилеп бил физички нападнат од три лица, кои му ги одзеле парите од прометот.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Битола.

Коњановски држи лекции за успешен градоначалник – Започна изградбата на спортски игралишта во ООУ “Даме Груев” (ФОТО)

На уште една локација почна да се работи во новата градежна сезона во Битола. Станува збор за изградбата на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“, што е проект од вториот владин повик, преку министерството за образование и наука.

Денеска локацијата ја посетија градоначалникот на Битола Тони Коњановски, претседателот на Советот Бојан Бојкоски и секретарот на општината Борче Димитровски, а од одговорните за проектот беа информирани со текот на работите.

Станува збор за отворени повеќенаменски игралишта во училишниот двор и тоа терени за ракомет, кошарка и одбојка со вкупшна површина од 1311 м2.

Проектот предвидува поставување и на тартан подлога со дебелина од 13 милиметри, а вкупната асфалтна површина ќе биде на 2081 м2.

Околу терените ќе биде направена и пешачка патека во бехатон на површина од 294 м2, асфалтирање на пристапниот дел до игралиштата, паркинг простор, хортикултурно уредување и поставување на урбана опрема.

Вкупната сума на проектот е 15.507.414 денари.

И ова училиште се приклучува кон другите основни училишта кои ќе имаат нови спортски терени, што е заложба на општината учениците да имаат модерни и современи услови за спортските активности.

Џабе јавните извинувања! Ромите во Битола кои протестираа и се закануваа заработија кривични од МВР

-СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа“ и „поттикнување“.

На 03.02.2026 на пат во близина на Битола и во Битола, пријавените организирале ненајавен собир, каде со поголема група на граѓани го блокирале сообраќајот и упатувале закани кон припадници на Министерството за внатрешни работи.

Истиот ден во домот на четвртопријавениот во Битола, третопријавениот упатувал навреди кон министерот за внатрешни работи, при што четвртопријавениот го снимал со мобилен телефон – информираат од МВР.