дома блог страница 69

Комисијата ќе нема многу работа – Од цел Прилеп се пријавиле само двајца за да вршат контрола на прилепски Водовод

Во општина Прилеп денеска се спроведуваат интервјуата од јавните повици за избор на нови членови на Управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.

Од огласната табла на веб сајтот на општина Прилеп, може да се забележи дека за дел од Управните и Надзорните одбори има голем интерес, но има и такви каде се пријавени двајца или тројца кандидати – што покажува дека прилепчани не се баш заинтересирани да учествуваат во управувањето на јавните претпријатија.

Сомнеж, недоверба во првите луѓе, или неверување дека ќе бидат избрани, имајќи во предвид дека партиската припадност е често клуч во изборот…?

Интерес особено нема за Надзорен одбор во ЈКП Водовод и канализација, каде се пријавени само двајца кандидати, и двајцата продолжуваат на интервју. Се чини дека никој не е заинтересиран да врши контрола врз материјалното и финансиско работење на претпријатието.

Документите од селекцијата се јавни и можат да се погледнат ТУКА

Прашањето кое се поставува е ако граѓаните немаат интерес, или имаат сомнежи, тогаш како партиите со толку големо членство не можат да најдат луѓе со интерес и кадар меѓу своите редови?

Документите од административната селекција за сите управни и надзорни одбори, можете да ги погледнете ТУКА

И во сабота на работа! Ѓорѓиевски ги прими скопјани во кабинет и ги слушна нивните проблеми

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски уште еднаш ја потврди својата посветеност кон граѓаните, ставајќи ги нивните потреби и интереси на прво место.

И во сабота, вратите на Град Скопје беа отворени за сите кои сакаа лично да ги споделат своите проблеми, идеи и предлози, во духот на отворена комуникација, достапност и одговорно локално раководење.

И сабота е работен ден кога станува збор за интересите на мојот народ

Денес се отворени вратите на Град Скопје за сите граѓани кои побараа прием, да ги споделат своите проблеми, идеи и предлози.

Со дел од нив остваривме и телефонски разговори, затоа што секој глас е важен и секоја порака заслужува внимание.

Она што ме мотивира најмногу е добриот збор и поддршката што ја слушнав од граѓаните, кои искрено ми кажаа дека ретко кој градоначалник во минатото лично ги побарал, сослушал и примил.

Тоа е огромна чест, но и моја обврска!

Како што ветив – градот е отворен за сите.

Без бариери, без затворени врати, без игнорирање.

Секој проблем е забележан, секој предлог е запишан.

На проблемите ќе им погледнеме директно во очи и заедно, чекор по чекор, ќе ги решаваме.

Јас и Град Скопје остануваме достапни, присутни и на страна на граѓаните.

Средбите продолжуваат во текот на целиот ден, а доколку има потреба, ќе продолжиме и утре.

Скопје е наш град и обврската кон луѓето не завршува со работното време, пишува градоначалникот Ѓорѓиевски на социјалната мрежа ФБ.

Oпштина Битола објави јавен повик – Аплицирајте за членови во Управни и Надзорни одбори во Јавните претпријатија

Општина Битола ги објавува јавните повици за пројавување на интерес за
пријавување на кандидати за избор на членови во Управен и Надзорен одбор за материјално-финансиското работење на КЈП „НИСКОГРАДБА“ Битола, ЈП „ЈППЈЛП“ Битола, ЈП “ЗУППУ” Битола, ЈП СИЗ „ЖАБЕНИ” Битола, ЈП „ПАЗАРИ” Битола, ЈП „КОМУНАЛЕЦ“ Битола и ЈКП „ВОДОВОД” Битола.
Предмет на јавниот повик за секое од претпријатијата е спроведување на
постапка за избор на седум члена во управниот и три члена во надзорниот
одбор.
Постапката ќе се спроведе согласно Правилникот за формата и содржината
на јавниот повик за пројавување на интерес на кандидати.
Право на учество имаат сите лица кои ќе изразат интерес за пријавување и
кои ги исполнуваат условите предвидени во јавниот повик.
Јавниот повик е објавен денес 26 јануари 2026 година и треа пет ( 5 )
дена, односно најдоцна до 30 јануари 2026 година.
Повеќе информации на следните линкови:

Превозниците ќе ги блокираат граничните премини, бараат решение за престојот во шенген-зоната

Поради најавата на транспортните превозници за блокада денеска во нашата држава ќе се затворат за товарен сообраќај граничните премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блато и Блаце, а Табановце – Прешево ќе биде затворен од српска страна.

Поради воведувањето на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) на Европската Унија, македонските превозници, како и од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, најавија дека ќе почнат седумдневна блокада на граничните премини што одат кон шенген-зоната. Се бара решавање на проблемот со евиденција на престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена за професионалните возачи.

-Протестот во сите четири држави ќа почне во 12:00 часот за сите возила што излегуваат од државата, а за сите возила што ќе влегуваат во државата граничните премини се затвораат во 00:00 часот со цел сите што се враќаат дома да може да влезат и да му се приклучат на протестот. Главното барање на превозниците е да се најде решение за престојот на возачите во шенген-зоната да не се евидентираат денови или да ни издаваат некој вид визи што не се лимитирани со број на денови, изјави Билјана Муратовска, генерален секретар на Асоцијацијата на здруженијата на работодавачите на превозните трговски друштва на Република Македонија, „Макам-транс“.

Муратовска укажува дека новите правила ќе значат целосен колапс на економијата во државата, односно во целиот регион на Западен Балкан, вклучуваќи ја и Турција (држави што не се членки на ЕУ и на шенген-зоната), поради прекин на синџирот на снабдување. Транспортната индустрија, пак, посочува, во која има вложен огромен капитал и обезбедува прилив на ефективни странски пари во буџетот, ќе биде целосно разнишана.

Максимално траење на блокадите ќе биде седум дена, што, посочува таа, е синоним за еден просечен циклус на превоз на стока.

-Со оваа блокада свесни сме дека ќе има одредени минимални финансиски загуби за сите, но сепак придобивките од ова, ако се реализираат нашите барања, ќе бидат огромни во однос на раст и развој на економијата во државата и во Западен Балкан, изјави Муратовска.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески смета дека новите правила за влез во шенген-зоната не решаваат ништо за подобрување на определна област во ЕУ, а нам ни создаваат сериозни проблеми. Велидека очекува повлекување на новите правила, но не наскоро

-Новите правила ќе влијаат многу лошо врз бизнисот. Мислам дека се најавени сериозни протести и од понеделник се очекува реакциите да се пришират во сите земји погодени од ваквата одлука, рече во петокот Азески, одговорајќи на новинарско прашање по посетата на „Титан Усје“.

Како што информира, особено е жесток и критичен тонот на странските инвеститори во Македонија кои, додаде, и денеска се во претставништвото на ЕУ да реагираат.

-Мислам дека работата ќе добие многу лош тек зашто се преговара поединечно со секоја земја и тоа е став на ЕУ, не заеднички. Ние се обидовме преку нашите релевантни заеднички претставнички тела на Балканот да го актуелизираме ова прашање уште пред шест месеци, но тешко наоѓавме соговорници за тоа. Единствено – „нема промена на одлуката, ние ќе преговараме со секој поединечно“. Но, тоа „секој поединечно“ значи да немаш преглед на ситуацијата. Ние упативме писмо до претседателката на Европската комисија, а информиран сум од Владата дека и премиерот лично ќе оди во Брисел и ќе разговара за ова прашање зашто мислиме дека е исклучително важно и не решава ништо за подобрување на определна област во ЕУ, а создава сериозни проблеми за нас. Очекуваме од понеделник реакциите да се пришират во сите земји погодени од ова. Не очекувам брзо решение, но очекувам повлекување на одлуката, потенцира Азески во петокот.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски претходно изјави дека една година алармираат за проблемот со транспортерите и со електронската евиденција во ЕУ истакнувајќи дека се работи за огромен економски проблем, кој може целосно да ги колабира македонската и регионалната економија.

– Иако имав жестока размена на аргументи со надлежните во рамките на ЕУ директно во Брисел, за жал, не наидов на разбирање. Проблемот е многу сериозен од причина што ова ќе влијае врз работата на транспортниот сектор во целиот регион, дополнително на извозно ориентираните компании. Засега решение нема, а Владата целесно ги разбира транспортерите и најавените блокади на граничните премини кон шенген-земјите, рече Николоски во интервју за Радио Лидер.

Тој укажа дека економската активност ќе запре доколку домашните компании што се извозно ориентирани не може да извезуваат, како и дека стануваат неконкурентни на европскиот пазар доколку превозот поскапи за 3 до 5 проценти.

Николоски рече дека во разговорите во Брисел како пример навел дека е голема веројатноста за зголемување на цената на превозот за 5 проценти, со што домашните производи ќе станат неконкуретни на европскиот пазар.

-Системот за влез и излез (ЕЕС) на ЕУ не воведува никакви нови барања во врска со краткиот престој во шенген-зоната, изјави на 19. овој месец портпаролот на Европската комисија за внатрешни работи, Маркус Ламерт, во врска со тврдењата на здруженијата на превозниците од Западниот Балкан дека ЕЕС „во основа ги остава нивните работници и возачи без работа“ поради што се најавени блокади на граничните премини меѓу балканските земји и шенген-зоната за 26 јануари.

Она што го прави ЕЕС е да обезбеди подобро спроведување на постојните правила и систематско откривање на неправилности, рече Ламерт нагласувајќи дека ЕК внимателно го следи прашањето за најавите на превозниците и е во контакт со партнерите од Западниот Балкан.

Ламерт потенцира дека со ЕЕС не се воведени никакви измени во однос на постојните правила за престој во шенген-зоната.

– Според правилата, државјани на трети земји без виза имаат право да останат во шенген-зоната вкупно 90 дена во кој било период од 180 дена. Сè што е надвор од ова мора да биде покриено со виза за долг престој или со дозвола издадена од земја членка, рече Ламерт.

Тој додаде дека шенген-правилата веќе им даваат флексибилност на превозниците, особено на оние што често ја преминуваат границата на ист премин.

– Лицата што имаат локална дозвола не се обврзани при влез да се регистрираат во ЕЕС-системот. Дали тоа се прават при случајни гранични проверки или не зависи од земјите членки на надворешните граници, а не од Комисијата. Правилата за престој во шенген-зоната се јасни, тие не се променети и имаат одредена вградена флексибилност, додаде Ламерт.

Штаргоски: “Битола во недела, пола Прилеп таму, тоа е затоа што политичките елити го претворија градот во дно”

Фото/илустрација

Политичките елити го претворија Прилеп во дупка и дно во последните 10 години, доста е сликање, време вистински да се работи, Прилеп заслужува многу повеќе – порача преку Фејсбук статус новинарот од Прилеп, Дарко Штаргоски.

Неговиот Фејсбук статус во целост го пренесуваме во продолжение:

“Недела, ден за одмор, релаксација, прошетка. Одиш во Битола и си викаш грешка во матриксов да не е нешто, Прилеп си или Битола.

Пола град таму. Кој по молови, кој на санкање и скијање Нижеполе или Пелистер, а Широк сокак ко под Сатон да си исто. Кафани, кафичи преполни…

Освен прилепчани за странски туристи, Турци, Грци… да не прајме муабет колку има.
Ова чисто за потсетување која дупка и дно не направија политичкиве елити во последниве 10 години, та на централно, та на локално ниво.

Муабетов е, доста беше сликање по разно разни настани, чунки се озрачивме, туку вистински да се одврзат ракавиците и конечно да се работи. Прилеп заслужува многу повеќе!!!

П.с. Пресметал некој во текот на само еден викенд колку пари завршуваат само во Битола по ваква основа?”

Кривична за измамник кој за измислена сообраќајка од старица од битолско одзел 2.000 долари

На 25.01.2026 година, СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ, до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.А. (46) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „Измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

На 11.11.2025 година, 72-годишна жителка на с. Буково била телефонски измамена од лице кое се претставило како полициски инспектор и лажно ја информирало дека нејзината ќерка и зет предизвикале сообраќајна незгода. Под закана и лажно уверување, оштетената оставила 40.000 денари и 1.500 американски долари на договорена локација во Битола.
Откако утврдила дека настанот не е вистинит, случајот бил пријавен во полиција.

На 24.01.2026 година, осомничениот бил лишен од слобода на граничниот премин Ќафасан и во целост го признал делото.

“Прилеп во срцето, чорба, ќебапи, девојки… ќе дојдам пак в лето” – Најјакиот навивач на Македонија на Европското првенство (ВИДЕО)

Македонската ракометна репрезентација одлично се претстави на Европското првенство, а имаше и солидна поддршка од трибините и во фан зоната.

Меѓу нашите навивачи имаше и еден Швеѓанец, кој ја бодреше Македонија. На прашање зошто ја поддржува македонската репрезентација, тој одговори дека престојувал во нашата земја, поточно во Прилеп, каде многу му се допаднала храната и повторно ќе дојде в лето.

Ja празнуваме Светата маченичка Татијана – заштитничка на младите, студентите и на оние кои се борат за правда и вистина

Светата маченичка Татијана е една од најпочитуваните христијански светителки и симбол на непоколеблива вера, храброст и пожртвуваност.

Света Татијана живеела во Рим во III век, во време кога христијаните биле сурово прогонувани. Потекнувала од угледно семејство, но уште од млада возраст целосно му се посветила на Бога. Била ѓакониса во Римската црква, служејќи им на сиромашните и болните, и ширејќи ја христијанската вера со љубов и милосрдие.

Кога била изведена пред римските власти, од неа било побарано да се откаже од Христос и да им принесе жртва на паганските богови. Татијана одлучно одбила. Поради тоа била изложена на тешки маки и мачења, но, според преданието, Божјата сила ја заштитувала – идолите паѓале, а нејзините рани чудесно заздравувале. Многумина сведоци на овие настани поверувале во Христа.

На крајот, Света Татијана била погубена со меч, запечатувајќи го својот живот со маченичка смрт. Нејзината жртва останала како вечен пример за верност кон Бога и духовна сила пред неправдата.

Светата маченичка Татијана се празнува на 25 јануари, а во православната традиција се смета за заштитничка на младите, студентите и оние кои се борат за вистината и правдата.

Денес ќе наполнеше 45 години – Никогаш да не го заборавиме нашиот ангел

Македонската легенда Тоше Проески, денес на 25 јануари, ќе дуваше 45 свеќи на тортата.. Иако за многу фанови на Тоше Проески времето застана во 2007 година, тој сè уште живее преку неговите песни и дела. Нашиот Тоше, човекот кој умешее да ги сплоти сите. Кај него поделби немаше.

Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 година во Крушево.

Неговите родители уште како дете забележале дека поседува музички талент, па така и го насочиле неговиот животен пат. Како малечок настапува на „Златно славејче“ и на „Мелфест“, пред и официјално да ја почне својата музичка кариера. „Се се должи на љубовта кон музиката. Скалите си одат една по една сами по себе и никогаш не размислуваш што ќе се случи по 10 години или по 20 години“, изјавуваше Тоше Проески.

Професионалната музичка кариера ја започнал во 1997 година на фестивалот „Мелфест“ во Прилеп, каде што победил со изведба на песната „Yesterday“ од „Битлси“. Истата година настапил и на „Макфест“ со композицијата „Пушти ме“, со што го привлекол вниманието на пошироката јавност. Песните „Пушти ме“ и „Остани до крај“ го означија неговиот ран подем, а пресвртна точка во кариерата претставува настапот на Скопскиот фестивал во 1999 година со „Твоите бакнежи на моите бели кошули“.

Во 1999 година го објавил деби-албумот „Некаде во ноќта“, по што следел период на интензивна продукција и концертна активност. Во 2000 година учествувал на „Скопје фест“ со песната „Солзи прават златен прстен“, а истата година го промовирал и албумот „Синот Божји“, кој содржи неколку од неговите најпрепознатливи песни. Во следните години неговата кариера добива регионална димензија, со изданија на македонски, српски и други јазици.

Посебно значаен момент во неговиот професионален развој е победата на „Беовизија“ во 2003 година со песната „Чија си“, што го позиционира како една од водечките поп-ѕвезди на Балканот. Во 2004 година ја претставува Македонија на Изборот за песна на Евровизија во Истанбул со песната „Life“, англиска верзија на „Ангел си ти“, и го освојува 14. место во финалето.

Во текот на кариерата, Тоше Проески соработувал со бројни истакнати автори, композитори и изведувачи од Македонија и од регионот, меѓу кои Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Миро Буљан, Антонија Шола и Тони Цетински. Неговата дискографија вклучува албуми кои оставија силен печат на регионалната музичка сцена, а „По тебе“ се смета за едно од најуспешните поп-изданија на Балканот.
Во 2004 година Тоше Проески бил именуван за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ, а во тој контекст ја сними и песната „За овој свет“, која стана препознатлив симбол на неговиот хуман ангажман. До крајот на животот одржа бројни хуманитарни концерти, а неговиот последен голем настап се одржа на 5 октомври 2007 година на Градскиот стадион во Скопје, посветен на поддршка на образованието.

Тоше Проески трагично загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Република Хрватска. Посмртно беше прогласен за заслужен граѓанин на Македонија, а 17 октомври 2007 година беше прогласен за Ден на национална жалост.

Над 76 милиони прегледи во една година: Ви благодариме за довербата, Маркукуле.мк не е само портал, тоа е една цела заедница

2025 година беше една од најуспешните години за Markukule.mk и нашата Facebook фан страна – година на континуиран раст, масовен досег и силна интеракција со публиката.

Бројките јасно покажуваат дека Markukule.mk не е само медиум, туку платформа со реално влијание.

Во текот на 2025 година остваривме вкупно 76.622.246 прегледи, што значи дека во просек нашата Facebook страна била посетувана повеќе од 210.000 пати дневно. Овој податок сам по себе зборува за огромниот досег и вниманието што го има нашата содржина кај публиката.

Покрај прегледите, остваривме и 674.374 интеракции – реакции, коментари и споделувања, што е просек од речиси 1.850 интеракции секој ден.

Тоа значи дека нашата публика не е пасивна – таа активно учествува, коментира, споделува и реагира на содржината што ја објавуваме.

👍 Само во реакции имаме 566.922,
💭 77.461 коментар,
🔁 29.991 споделување, бројки што дополнително ја зголемуваат органската видливост и ја носи пораката до уште поголем број корисници.

Во 2025 година нашата заедница порасна на 78.266 следбеници, што претставува раст од +8.3% во однос на претходната година. Само во текот на оваа година добивме 6.060 нови следбеници, односно во просек 17 нови луѓе секој ден кои одлучиле да нè следат и да ни ја дадат својата доверба.

Што значат овие бројки за бизнисите и компаниите?

Овие резултати значат:

✅ огромен и континуиран досег
✅ активна и ангажирана публика
✅ реална видливост, а не само „пуштена реклама“
✅ можност вашата порака да стигне до илјадници луѓе секој ден

Затоа Markukule.mk е природен избор за сите стопанственици, бизниси и компании кои сакаат:

📈 раст
📣 силна промоција
🎯 прецизен локален досег
🤝 доверба кај публиката

На крај, сакаме искрено да им се заблагодариме на нашите читатели и следбеници.
Вашата доверба, вашите коментари, реакции и споделувања се темелот на овој успех.
Без вас, овој раст немаше да биде возможен.

Вие сте причината зошто Markukule.mk продолжува да расте, да се развива и да биде еден од највлијателните локални медиуми.

Ви благодариме што сте дел од нашата приказна!