дома блог страница 68

CONNECT BAND носат атмосфера за паметење во новото гурманско место во Прилеп – ваше е само навреме да резервирате

Последниот ден од јануари го затвораме онака како што најдобро знаеме – со жива музика, полна трпеза и вистинска мераклиска атмосфера.

Во сабота, 31.01 со почеток од 20:30 часот, во Гостилница Мерак ве очекува вечер исполнета со емоции и одлична забава заедно со маестралните CONNECT BAND. Музика што се слуша со срце и се пее со душа.

Гостилница Мерак е место каде што се спојуваат: одлична и вкусна храна, гурмански помин со пријателите, староградски стил и еснафска топлина, удобност, љубезна услуга и домашна атмосфера.

Совршен избор за сите што сакаат квалитетна музика, убав збор и вистински мерак.

Резервирајте навреме на телефонскиот број: 078 / 987 – 253

Локација: Позади новата катна гаража, ул. “Кеј 1ви Мај”, кај кафанчињата.

Не ја пропуштајте вечерта што се памети. Сабота е – време е за МЕРАК!

Поскапуваат градинките во Битола – последната корекција на цената била во 2004 год.

Во услови на зголемени трошоци и променети економски околности, ЈОУДГ „Мајски цвет“ – Битола иницира корекција на цената на услугите за згрижување и воспитување на деца. Предлогот за корекција ќе биде разгледуван на комисиска расправа и на седница на Советот на Општина Битола. Во продолжение ја пренесуваме изјавата, односно образложението на директорката на установата, Кристина Лајмановска, во која се појаснува потребата и оправданоста на предложената промена на цената.

“Во оваа прилика сакам да ве информирам за потребата од корекција на цената на услугата во нашата установа, а што ќе биде предмет на дискусија и на комисиска расправа и на седница на Советот на Општина Битола.

Износот од 1.490 денари за надоместок за престој на деца во детски градинки последен пат беше ажуриран во 2004 година кога минималната плата изнесуваше приближно 6.000 денари, а просечната нето плата приближно 15.000 денари.

Од тогаш Македонија мина низ економски трансформации и структурни промени. Предложеното зголемување на 2.000 денари станува неопходно имајки ги во предвид, трошоците за храна, енергија, плати на вработените и одржување на градинките кои драстично се зголемија, што ги оправдува и надминува предложените 2.000 денари.

Реалното финансиско оптоварување за родителите е значително пониско во однос на растот на платите (споредено со претходните години), што реално би значело помалку од 100 денари дневен трошок.

Државата продолжува да субвенционира 75-80% од реалната цена со што надоместокот претставува симболичен удел во вкупните трошоци.

Градинките остануваат достапни за сите социјални групи и оваа корекција нема да ги погоди сите семејства. Од плаќање партиципација остануваат целосно ослободени: децата од ранливи категории и децата од социјално загрозени семејства.

Зголемувањето е неопходно за тековното одржување и подобрување на квалитетот на услугите што ги нуди нашата установа.

За помалку од 100 денари дневен трошок децата добиваат безбедна стимулирачка средина со стандардни услови, четири балансирани оброци, професионална нега, згрижување и воспитување од воспитно-згрижувачкиот кадар во установата (воспитувач и негувател), услуги од стручна служба (педагог, психолог, логопед, музички педагог), социјална интеграција, учество на јавни-културни манифестации, посети надвор од установата и
многу други форми со кои директно се поттикнува раниот детски развој“ вели директорката Лајмановска.

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ЕДУЦИРА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ

Играј одговорно – играта е забава, не ризик!

Државна видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, како општествено одговорна компанија, посветено и континуирано работи на унапредување и примена на високи стандарди за одговорно приредување игри на среќа, во согласност со политиката за одговорно играње. Нашиот пристап е насочен кон создавање безбедна и информирана средина за играње, со јасен фокус за намалување на потенцијалните ризици и заштита на ранливите категории.

Како компанија која уште од самиот почеток сериозно и системски пристапува кон ова прашање, ДВЛМ преку едукација, навремено информирање и грижа за играчите, активно придонесува кон превенција на негативните последици од прекумерното играње и кон градење култура на одговорно играње.

Видеолотарија Касинос Австрија постојано ги поддржува и развива кампањите за одговорно играње, со посебен акцент на превенција од прекумерно и проблематично играње. Дел од оваа заложба е и континуираната едукација за ризиците од компулсивното играње. Во 2019 година беше формиран СОС тимот – прв од ваков вид во земјава, со активирана СОС линија за телефонска и електронска поддршка. Советодавната помош ја обезбедува стручен тим од психолози и психијатри, подготвен да понуди поддршка и насоки во доверлива и безбедна форма.

Компанијата е носител на европскиот сертификат за одговорно приредување игри на среќа од Европската асоцијација на лотарии – признание за долгорочната заложба кон одржливо делување, поддршка на спортски, образовни и културни проекти, како и заштита и едукација на играчите.

Континуирано потсетуваме дека учеството во игрите на среќа е дозволено исклучиво за лица над 18 години, во согласност со законските регулативи и принципите на одговорно приредување игри на среќа.

Да му помогнеме на Методија, татко на две малолетни деца кому му е дијагностициран рак на желудник

Методија е татко на две малоленти деца и во моментов се соочува со најтешката битка во животот- соочен е со дијагноза рак на желудник. Семејството бара помош во нивната заедничка борба да ја победат болеста.

Неговата сопруга преку Фондацијата “Павел Андреев” се обрати до сите хумани граѓани во и надвор од државата:

Што им кажуваш на децата кога тато се бори за живот?

Јас сè уште го барам одговорот…

Мојот сопруг Методија, татко на нашите две деца од 10 и 14 години, се соочи со дијагноза која ни го смени животот преку ноќ – рак на желудник. Веста дојде ненадејно и нè остави без здив, без време за подготовка, само со еден страв – дали ќе успееме.

Методија започнува со хемотерапии, со надеж дека болеста ќе се забави и дека ќе се создаде можност за хируршки зафат. Болеста е агресивна и бара напреден третман, а трошоците секојдневно растат. И покрај сè, тој покажува сила и храброст каква што не сум видела досега – заради децата, заради нас.

Како семејство правиме сè што можеме, но оваа борба е и емоционално и финансиски премногу тешка за нас сами. Затоа се обраќам до вас – со надеж, но и со искреност.Ве молам, помогнете ни колку што можете. Секоја донација, секое споделување и секоја молитва значат многу за нас и ни даваат сила да продолжиме.Од срце ви благодарам на сите што ќе застанат покрај Методија и нашето семејство во овој тежок период.

Направете донација (во Македониja и во странство) со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut:

Банка:Allianz Bank

IBAN:BG09BUIN95611000739744

BIC:BUINBGSF

Примател: Foundation Pavel Andreev

Цел на дознака: Metodija Zvrcinov

Можете да донирате на платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно.

„БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД“ – фестивалот кој донесе врвни музички имиња, годинава слави 25 години постоење

Деновиве на тркалезна маса беше дискутирана Програмата за култура на Општина Битола за годинава, со цел запознавање на јавноста со оваа програма која, како што беше речено ќе донесе освежување на културната понуда во 2026.

Еден од поголемите настани кои и годинава ја имаат поддршката од Општина Битола е и „БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД“, во организација на Младински културен центар – Битола, кој е најголемиот и најдолговечен младински урбан фестивал во Македонија – платформа каде младите не се публика, туку активни креатори на културниот и општествениот развој.
„БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД“ е традиционален меѓународен младински уметнички фестивал кој дваесет и четири години ја слави алтернативната уметност и урбаната култура, стимулира културен активизам, ја инспирира публиката да биде свесна и отворена за нови прогресивни идеи и придонесува за развој на културниот туризам во Битола.

Во 2026, „БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД“ слави јубилеј 25 години. Не како јубилеј со формалности – туку како градски момент што се слуша, се гледа, ќе се вкуси и ќе се памети.

Поддршката од општина Битола е многу значајна за одржување на континуитет и квалитет на фестивалот и претставува основа за планирање на секое издание на Фестивалот, кој досега пречекал повеќе 550 уметници од над 40 земји, повеќе од 320 настани во јавни и алтернативни простори, млада, урбана и општествено ангажирана публика, национална и регионална медиумска покриеност и кредибилен бренд во современата културна сцена.

Изминатите години наши гости беа легендарните рок изведувачи Психомодо Поп, Електрични оргазам, Партибрејкерс, Забрањено пушење, Рамбо Амадеус, Ван Гог, Дубиоза Колектив, Репетитор, С.А.Р.С, Хладно пиво, Мајкл Греј, Џане Надинe, ЗАА, Земја Грува, Арумбо, Деца из воде, The Prodigy live tribute band, Дивље свиње итн., имиња кои привлекоа огромно внимание кај домашната и странската публика и кај медиумите.

Фестивалот секогаш одделува простор и за македонската музичка сцена и на наше задоволство гости ни беа многу македонски значајни алтернативни уметници од рангот на Тони Китановски, како и музичките групи Кирил Џајковски со Серџук Оркестра, Ласт Експедишн, Мизар, Архангел, Ареа, Мугер Фугер, Горан Трајкоски, Суперхикс, Кисмет, Фолтин, Сет, Паркети, Лусент, Д.Н.О., Дина, ГоТра, Три минитс ин д рејн, Беи Д Фиш, Д Гаврмент, Бернајс Пропаганда, Фанк Шуи, Плутос Даутс, ВЕЛ, итн……

„Битола отворен град“ е еден од синонимите за препознавање на МКЦ – Битола и најпосетен урбан настан во градот и во регионот.

Една од успешните пракси кои ги има фестивалот е поврзување на младите уметници со големи уметнички имиња.

-Фестивалската програма ќе се реализира на отворени простори во Битола.
И оваа година го подаруваме фестивалот на младите во градот и регионот со силно уверување дека Битола имала и ќе има авангардна младина и критична маса подготвена за големи предизвици. Битола отворен град е крик на урбаната култура
– стои во соопштението од општината.

Фотографии: МКЦ-Битола

Aпсење во Прилеп – во автомобил пронајдена кеса со дpoга

На 25.01.2026 во 20:30 часот на ул. “Тризла” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода С.М. (20) од Кичево, А.М.(27) и Д.Џ.(27), двајцата од Битола.

При преглед на патничко возило марка “мерцедес” со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.М., а сопатници биле А.М. и Д.Џ., била пронајдена ќеса со марихуана.

По документирање на случајот, против нив ќе следува соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Хотел Салида – комфор што се чувствува, цена што изненадува

Доколку барате пријатно, модерно и достапно сместување во Прилеп, Хотел Салида е вистинскиот избор. Лоциран на самиот влез во градот, кај паркот на „Могила на непобедените“, хотелот нуди совршена комбинација од убава атмосфера, лесна пристапност и врвен комфор.

Со промотивна цена од само 800 денари по лице за ноќ, Хотел Салида отвора врати за сите – за прилепчани кои бараат сместување за гости, до патници од цела Македонија и нашинци од странство кои сакаат сигурно, удобно и пријатно место за престој.

Хотелот располага со современо уредени и чисти соби, опремени со сè што е потребно за пријатен престој – удобни кревети, топла атмосфера и мир кој гарантира вистински одмор.

Посебен акцент се става и на одличната кујна, каде што гостите можат да уживаат во вкусна храна, подготвена со внимание и многу љубов.

Без разлика дали доаѓате деловно, туристички, семејно или само на кратко за одмор, Хотел Салида нуди услови кои одговараат на современиот начин на живеење, а при тоа остануваат достапни за секого.

Оваа промотивна понуда е идеална можност да се уверите зошто Хотел Салида станува сè попрепознатливо име во Прилеп и пошироко.

📍 Локација: Влез во Прилеп – кај „Могилата на непобедените“
💰 Цена: 800 денари по лице/ноќ
📞 Резервации: 070 390 456 | 048 400 333
🌐 www.hotelsalida.com.mk

Хотел Салида – место каде што секој престој станува убаво искуство!

Цените на бензините остануваат исти, дизелот од полноќ поскапува

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,52% во однос на одлуката од 20.1.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,721%, кај дизелот за 2,341%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 2,433% и кај мазутот зголемувањето е за 0,569%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0343%.

Од 27.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 33,099 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,112 ден/кг и сега ќе изнесува 33,099 ден/кг.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 27.1.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

5 медали за прилепските џудисти од “Сеишин” на Меѓународниот турнир во Пирот, Србија (ФОТО)

На 24.01.2026 година, во Пирот, Република Србија, се одржа 3. Меѓународен џудо турнир „Победникот на Пирот – 2026″, во организација на Џудо клуб Ипон – Пирот.

На турнирот настапија околу 420 натпреварувачи од 44 клуба од 5 држави, што го прави настанот еден од позначајните во регионот.

ЏК Сеишин настапи со 7 натпреварувачи и оствари одличен резултат, освојувајќи вкупно 5 медали:

-1 златен
-2 сребрени
-2 бронзени

Поединечни резултати:

Јована Цветкоска – 🥇 1 место
Иван Јошески – 🥈 2 место
Христијан Бунески – 🥈 2 место
Ангел Стојовски – 🥉 3 место
Дино Кулевски – 🥉 3 место

Одлични борби и голема борбеност прикажаа и Марко Марковски (5 место) и Арсениј Димески, кои за малку не успеаја да се закитат со медал.

Ова беше втор настап на ЏК Сеишин во новата натпреварувачка сезона, а воедно и први освоени медали за 2026 година, што претставува одличен старт и силна мотивација за понатаму.

Екипата беше предводена од тренерите Мартин Ристески и Сашо Димовски.

Честитки до сите натпреварувачи и стручниот тим за прикажаната борбеност и успех!

Секоја чест, Николоски и Владата во поддршка на македонските превозници – ЕУ мора да го олесни пристапот за професионалните возачи

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска на ГП Блаце даде силна подршка на домашните транспортери кои од денеска стапуваат во седумдневен предупредувачки протест заедно со превозниците од Србија, Црна Гора и БиХ во знак на револт против новите правила за електронската евиденција во шенген зоната.

Во прилог интегралната изјава на вицепремиерoт Николоски:

“Би сакал да искажам подршка во мое име и во име на Владата на овој протест на превозниците и тоа е причината зошто сум денеска на овој граничен премин, затоа што овој протест е предупредувачки. Превознциите сакаат да покажат што ќе се случува од 10 април па натаму. Ова е едно предупредување и сметам дека е навремено со цел да се искористат месеците февруари и март и земјите членки на шенген зоната да изнајдат решение.

Во принцип име три возможни решенија, првото е да се одложи примената на електронскиот систем за превозниците, второто е да се зголеми бројот на денови кои што можат да ги поминуваат од сегашните 180 на 250 денови во шенген зоната, соодветно поделено во циклуси и третото решение е да не се третираат како туристи, туку да се третираат како професионалци и врз основа на тоа или да бидат исклучени од овие правила и соодветно со работни визи како што прави Швајцарија, тоа да се уреди и на тој начин да можат слободно да транзитираат низ земјите од шенген зоната.

Се спротивно од ова мислам дека ќе има големи последици и за македонската и за регионалната, но и за европската економија. Да не заборавиме дека најголем дел од странските инвестиции од целиот регионт се од земјите од ЕУ и шенген зоната, тие најчесто тука произведуваат полупроизводи кои ги извезуваат во сопствените земји, да не зборувам за земјоделските производи, за транзитот, да не зборувам за она што го произведува Грција и исто така оди на север и да не зборувам за главниот трговски коридор на Југоисточна Европа, а тоа е Коридор 10 кој што значи крвоток на целокупната економијата.

Би апелирал, би замолил уште еднаш да се размисли, оваа моќна порака испратена денеска од земјите од Западен Балкан мислам дека гласно ќе одекне. Ние година дена предупредуваме, зборуваме со претставници на ЕК, но за жал до сега немаа слух и мислам дека после ова ќе им слух и ќе најдат решеие со цел да не запре македонската, регионалната па и европската економија.

Јас во петокот зборував со министерот за транспорт на Грција затоа што и тие се во оваа ситуација бидејќи ако не е Македонија и Србија и тие не можат да извезвуваат по патен сообраќај. Во среда ќе одам во Загреб да се сретнам со вицепремиерот и министер за транспорт на Хрватска, а ќе се обидам да искмуницирам и со останатите земји, како би можеле да направат и тие дополнителен притисок за оваа ситуација”– изјави вицепремиерот.