дома блог страница 64

Браво за малото Кривогаштани! Секој понеделник интонирање на химната и подигање на државното знаме во училиштата

Ќе се интонира државната химна, а македонското знаме ќе се подига секој понеделник во сите училишта во општината, ваква одлука донесе Советот на општина Кривогаштани на последната седница.

Предлог одлуката ја поднесе претседателот на Советот, Андреј Ацески, а советниците едногласно ја поддржаа.

Во општината има две основни училишта ООУ „Манчу Матак“ Кривогаштани и ООУ „Јонче Смугрески“ во населеното место Обршани.

Целта е зајакнување на националната свест, патриотизмот и граѓанската свест кај децата.

Ристовски: Ќе ги совладаме сите пречки и спортот ќе го вратиме на вистинска патека

Во рамките на свечената манифестација „Спортисти на годината 2025“ министерот за спорт, Борко Ристовски, уште еднаш ја потврди поддршката за македонските спортисти од страна на државата.

-Спортистите се нашите најдобри амбасадори. Ветувам дека сите пречки ќе бидат совладани и спортот ќе го ставиме на вистинска патека. Успесите и развојот во овие неполни две години се должат на поддршката од Владата и Министерството за спорт. Напорно продолжуваме да работиме на подобрување на спортската инфраструктура и поддршка за врвниот спорт и најуспешните македонски спортисти. Со измените во законот ја исправивме долгогодишната неправда и им оддадовме признание на нашите најдобри спортисти кои изминатите 20 години ја претставуваа Македонија во Европа и во светот. Тие треба да се пример за 500 наши стипендисти кои вечерва се овде со нас, истакна Ристовски.

Антонио Шемкоски е новиот чувар на мрежата на ФК Кожуф – Гевгелија.

21-годишниот Антонио Шемкоски од Прилеп, е нов голман на второлигашот од Гевгелија, екипата на Кожуф.

Младиот голман во Кожуф пристигнува од ФК Големо Коњари, а за него ова претставува враќање во клубот од Гевгелија, каде што веќе има настапувано во минатото.

Во својата досегашна кариера, Шемкоски има брането за eкипите на прилепска Победа, Големо Коњари и Кожуф.

Тројца прилепчани потпишаа за нови клубови

Фудбалскиот клуб Башкими 1947 го претстави Анатолиј Петејчук како најновиот играч во своите редови за следниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Иако е млад по години, има 23 години, Петејчук веќе поседува значајно искуство од македонскиот фудбал, каде настапуваше за Вардар и Победа, што го прави важен адут за тимот во наредната сезона.

Фудбалскиот клуб Новаци пак се пофали со ново засилување за пролетната полусезона во ВМФЛ. Нов член на овој клуб е Марио Дебрешлиоски. Станува збор за 23-годишен дефанзивен играч за врска кој доаѓа во Новаци по редовите во Победа од Прилеп.

Победа ја напушти и Филип Димоски, кој се сели во Осогово од Кочани. Искусниот 26-годишен напаѓач од тринаесеттата екипа премина кај осмата на табелата во Втората лига на Македонија.

Битола го доби приматот најтранспарентна општина – покажа истражувањето на Транспаренси Интернешнл во Македонија

Општина Битола уште еднаш го потврди своето лидерско место меѓу најголемите општини во државата, постигнувајќи најдобар резултат на Индексот на транспарентност на локалната самоуправа за 2025 година. Големиот успех, официјално е објавен од организацијата Транспаренси Интернешнл – Македонија и претставува директна потврда за отвореноста и вистинската отчетност на општината кон своите граѓани.

Извештајот, кој претставува сеопфатен преглед на одговорното работење, покрива значајни области кои се темел на доброто управување: целосната работа на Советот, деталната отчетност на Буџетот, слободниот пристап до информации, јавните набавки, работењето на јавните претпријатија, како и активното вклучување на јавноста преку расправи и конкурси.

Индексот, кој е показател и за граѓанското партнерство, ја мери навременоста, јасноста и достапноста на сите информации. Ова признание потврдува дека Битола е пример за тоа како граѓаните можат ефикасно и лесно да ги користат општинските услуги, градејќи цврста доверба во локалната самоуправа, притоа давајќи поттик за понатамошна надградба и уште подобра функционалност.

Оценувањето беше спроведено според методологијата на Транспаренси Интернешнл, преку прашалник со 91 индикатор, а во анализата беа вклучени најголемите општини од секој од планските региони: Аеродром, Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово и Штип.
Битола докажа дека е најдобра, со најмногу освоени бодови.

Во однос на Советите на Општините прашањата се однесуваат на транспарентноста при објавувањето на одлуките на советот, пропратни акти и документи, информации за гласањето и донесувањето на одлуки во рамките на советот, како и за тоа дали граѓаните навремено се информирани за дневниот ред на седниците на советот и дали истите може да се следат во живо. Секако тука е и достапноста на информации за советниците кои се дел од советот и контакт информации за истите.

Секоја од општините располага со сопствен буџет. Во овој дел општините беа оценувани според 13 индикатoри кои носат вкупно 15 бодови и се однесуваат на учеството на граѓаните во креирање на општинскиот буџет, разбирливост на буџетот, достапност на веб-страниците на општините, информации за реализацијата на буџетот и останати информации кои им овозможуваат на граѓаните полесен преглед за тоа како се трошат буџетските средства. Во овој дел Битола и Велес најдобри со по 11 поени.

Во делот на слободен пристап до информации од јавен карактер најдобро оценета општина е општина Битола со 7 бодови, потоа следуваат општините Аеродром и Струмица со 6 бодови и останатите општини.

Кај јавни набавки се разгледуваа достапните информации за јавните набавки на општините, тековните огласи, годишните планови и спроведените јавни набавки. Сите од општините, освен општина Аеродром се оценети со највисока оцена и имаат достапни информации за јавните набавки. Покрај објавите на веб-страниците, овие информации се достапни и на електронскиот систем за јавни набавки.

Секоја од општините на својата веб-страница има информации за тоа кои претпријатија и установи функционираат во рамките на општината. Повеќето јавни претпријатија и јавни установи имаат сопствена веб-страница, но транспарентноста е на многу ниско ниво. Повторно најдобро оценета е општина Битола.

Во препораките на Транспаренси Интернешнл – Македонија се вели дека oпштинските власти треба да ги доближат до граѓаните своите услуги, да се достапни на лесен начин и не само електронски туку и преку своите услужни центри да создадат услови во кои секој еден граѓанин ќе може да си ги оствари своите права во рамките на надлежностите на општините.

Тенденцијата на Општина Битола е во континуитет да работи на поедноставување и подобрување на пристапот на граѓаните до услугите од институцијата, така што оваа анализа е уште една потврда дека локалната самоуправа делува во вистинска насока кон реализација на поставените цели, а резултатите постојано се зголемуваат.

На овој линк можете да го прочитате целиот извештај: https://transparency.mk/…/indeks_na_transparentnost_na…

Митко Јанчев соопшти вест од огромно значење за Кавадарци

Поранешниот комбинат „ФЕНИ“ во Кавадарци повторно ќе започне со работа, овојпат под раководство на компанијата Golden Eagle. Во првата фаза од рестартирањето на фабриката, на работа ќе се вратат 170 работници, а во втората фаза се планира вклучување на дополнителни 500 лица.

Како што е најавено, во април е планиран почетокот на производството на никел, при што производствените печки ќе бидат ставени во функција, со што фабриката повторно ќе стане значаен индустриски капацитет во регионот.

Рестартирањето на поранешниот комбинат е резултат на добрата соработка меѓу компанијата Golden Eagle, Општина Кавадарци, како и Владата на Република Македонија и премиерот Христијан Мицкоски. Според надлежните, ваквата координација овозможи фабриката повторно да биде активирана и ставена во функција, со значаен придонес за локалниот економски развој и отворање нови работни места.

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, истакнува дека ова е важен чекор за градот и за граѓаните, со што се создаваат услови за стабилност, економски раст и подобра иднина за регионот.

Момироски: “Дали ќе го стигнеме Кавадарци?”

Новинарот Зоран Момироски, во најновата петочна колумна за минатонеделните случувања во Прилеп, пишува и за впечатоците и очекувањата на граѓаните после првите 100 дена од мандатот на новиот градоначалник на општината.

Прочитајте во продолжение:

“Изминаа 100 дена откако новата локална власт во Прилеп започна со работа. Очекувањата беа големи, но според првичните реакции на граѓаните по социјалните мрежи и во комуникација тие полека се губат. Најстрашно ќе биде ако брзо и целосно се изгубат. А станува збор за мали нешта кои оставаат голем впечаток и белег од проблемите кои беше надвиснале во изминативе 8, а особено во последните 4 години.

Паркирањето на автомобилите по тротоарите, а во последно време и во Старата чаршија. Со малку желба овој проблем со паркирање на автомобили во пешачката зона од Старата чаршија може експресно брзо да се реши. Ама ако се сака. А не се’ да се чека само од полицијата.

Кадровските промени и во локалната самоуправа и во јавно комуналните претпријатија не се енигма за ,,повикај приател,,. Точно е дека треба да бидат усвоени предлозите за нови управни и надзорни одбори. Оти досега практично тие функционираат без овие органи за контрола на работата. Неопходна е честа и макотрпна комуникација со граѓаните, а не затвореност и бегање од граѓаните.

Со еден збор доста е сликање. Напротив слика и прилика на една локална власт е градот. Некои суптилно, други дирекно и гласно предупредуваат и чекаат во викенд да не одат за да го почуствуваат урбаниот градски мирис во Битола, туку да останат во Прилеп. И со тоа да се симне граѓанската и човечка дилемата дали по стапките од Муцето и Бокио ќе тргне и Декио?! И дали конечно градот ќе опстои на желбите барем да го стигне еве на пример Кавадарци. Дали ќе започне да функционира урбанизмот оти луѓе со години чекаат дозволи. Има многу дали, дали….?!?

Целата колумна на Момироски прочитајте ја ТУКА

Градоначалникот Чонески обезбеди вредна донација – ова со сигурност ќе го подобри водоснабдувањето на градот

Општина Крушево доби значајна донација од компанијата ОКТА, која ќе придонесе за сигурно и непречено водоснабдување на граѓаните. Станува збор за донација на нов пумпен агрегат, со кој се зајакнува стабилноста и ефикасноста на водоснабдителниот систем во општината.

Новиот агрегат овозможува континуирано снабдување со чиста вода и значително го подобрува функционирањето на системот, што директно влијае врз квалитетот на секојдневниот живот на жителите на Крушево.

По повод донацијата, градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, оствари средба со главниот извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос, на која беше потврдена долгогодишната посветеност на компанијата да биде одговорен и активен партнер на локалната самоуправа.

„Ваквите примери на општествена одговорност се од големо значење за локалниот развој и претставуваат вистински модел на успешна соработка меѓу приватниот сектор и општините“, истакна Чонески.

Од Општина Крушево изразија искрена благодарност до компанијата ОКТА за поддршката и довербата, нагласувајќи дека со заеднички напори се создаваат подобри услови за живот и се гради поодржлива иднина за градот и неговите граѓани.

Ексклузивно за Маркукуле: Младиот Јордан кој го фати светиот крст – „Тоа не беше лична победа, туку благослов“

На празникот Богојавление – Водици, кога илјадници верници ја сведочат својата вера преку вековната традиција на фрлање на Светиот крст, централниот настан во Прилеп годинава доби посебна симболика.

Меѓу повеќе од сто учесници, 17-годишниот Јордан Ангелески беше тој што прв доплива до Светиот крст – чин што за него не претставува среќа или натпревар, туку длабоко духовно доживување кое, како што вели, ќе го носи со себе целиот живот.

Искуството и радоста од овој свет чин, младиот Јордан ја раскажа за Маркукуле, а неговите впечатоци и чувства ги пренесуваме во продолжение:

„Тоа не беше лична победа, туку благослов“

На празникот Водици, кога студените води стануваат симбол на верата, надежта и заедништвото, имав чест да бидам дел од настан што ќе го паметам засекогаш.
Меѓу повеќе од сто учесници, собрани со иста желба и исто срце, јас бев тој што го фати Светиот крст. Во тој краток, но вечен момент, времето како да застана, а тишината во мене зборуваше погласно од сè околу.

Чувството беше мешавина од неверување, радост и длабока смиреност. Тоа не го доживувам како лична победа, туку како благослов што се чувствува со целото битие.
Додека рацете ми се стегаа околу крстот, во срцето ми се јави силна благодарност – кон Бог, кон традицијата и кон сите присутни кои со почит и достоинство учествуваа во овој свет чин.

Погледите, честитките и искрените насмевки околу мене само ја засилија свеста дека сум дел од нешто поголемо од самиот себе.

Водици оваа година за мене не беше само празник, туку доживување што остави длабока трага – потсетник на верата, истрајноста и заедништвото што нè поврзува и нè чува како народ.

И најдолгиот месец во годината сега е минато -Аванс до плата од Mint Credit – Одобрување за 10 минути

Изминува првиот а можеби и „најдолготраен“ месец од новата 2026 година, а до следната плата или пензија има уште „мноооогу“ денови. Се појавуваат непредвидени трошоци кои не можат да чекаат. Без разлика дали станува збор за ненадеен дефект во домот, регистрација на возилото, медицински преглед или едноставно желба за нешто што е на попуст токму сега, притисокот врз домашниот буџет може да биде исцрпувачки.

Во свет каде што времето е најскапиот ресурс, а транспарентноста е реткост, Mint Credit го нуди најповолното решение: Аванс до плата со 0% камата и 0% трошоци!

Математика која секој ја разбира: 40.000 денари = 40.000 денари.

Честопати, кога слушамеза финансиски услуги или кредити, првата асоцијација ни се скриените трошоци, ситните букви во договорите и комплицираните пресметки. Mint Credit руши овој стереотип со наједноставната можна равенка: Земате 40.000 денари, враќате 40.000 денари. Со Аванс до плата, корисниците добиваат:

-0% камата: Не плаќате ниту еден денар повеќе од она што сте го подигнале.

-0% трошоци: Без административни такси, без провизии за обработка и без скриени „пени“.

-Целосна транспарентност: Она што го гледате е токму она што го добивате.

-Колку што ќе подигнеш = толку и ќе вратиш!

Зошто „Аванс до плата“ е вашиот најдобар сојузник?

Животот не чека на први во месецот. Понекогаш, неколку дена прават огромна разлика. Наместо да позајмувате од пријатели или роднини, што честопати може да биде непријатно, Mint Credit ви нуди дискретност и независност.

Брзината како врвен приоритет – Во дигиталната ера, чекањето во редови пред шалтери е минато. Процесот на аплицирање за „Аванс до плата“ е дизајниран да биде максимално ефикасен. Од моментот на аплицирање до одобрувањето се потребни само 10 минути. Ова значи дека проблемот кој ве мачел наутро, може да биде решен уште пред да го испиете вашето прво кафе.

Достапност кога е најпотребно – Услугата е достапна преку веб-страната, што значи дека можете да аплицирате од удобноста на вашиот дом, од работното место или додека сте во движење. Сèшто ви е потребно е интернет пристап и неколку минути време.

Како функционира процесот?

Процесот е едноставен за да може секој да го користи без потешкотии:

1.Посетете ја страницата:Изберете го Аванс доплата.

2.Изберете го износот: Одредете колку средства ви се потребни за да го премостите периодот до плата.

3.Поднесете ја онлајн апликацијата – трае само неколку минути.

4.Одобрување за 10 минути: Почекајте ја потврдата и средствата се на пат кон вашата сметка.

Финансиска слобода и одговорно управување

Целта на Аванс до плата е да обезбеди ликвидност тогаш кога е најкритично, без притоа да ве задолжува со високи камати кои би го оптовариле вашиот следен месечен буџет. Со тоа што враќате точно толку колку што сте земале, вие имате совршена контрола врз вашите финансии. Нема изненадувања, нема дополнителни пресметки. Математиката е секогаш едноставна.

Аванс до плата – Вашето сигурно решение

Во морето од понуди, Mint Credit се издвојува со својата чесност. Понудата Аванс до платае силен доказ за нашата посветеност кон клиентите. Кога ќе го елиминирате товарот на каматите и трошоците, она што останува е чиста поддршка.

Следниот пат кога ќе ви затребаат средства „за вчера“, не паничете. Посетете ја Mint Credit и уверете се дека финансиската помош може да биде брза, едноставна и, пред сè, фер.

Mint Credit – Математиката е секогаш едноставна.