дома блог страница 62

Ексклузивно: Само на Стража и во LIQUOR STORE во Прилеп (ФОТО)

Љубителите на автентичните македонски вкусови имаат нова причина за задоволство. Добро познатиот и високо ценет домашен ајвар „Мекиците од Стража“ од неодамна е достапен и во Liquor Store во Прилеп – еден од најснабдените дисконти за алкохолни и безалкохолни пијалоци во градот.

Подготвен по традиционален рецепт, со внимателно одбрани пиперки и без компромис во квалитетот, ајварот „Мекиците од Стража“ важи за еден од најбараните домашни производи, препознатлив по својот богат вкус и домашна арома. Совршен е како додаток на трпезата, но и како идеален спој со добро вино, ракија или пиво.

Aјварот e произведен од 100% печена пиперка од сопствените насади на “Мекиците од Стража” во с. Сарчиево. Станува збор за производство со комплетно контролиран процес од почва, засадување, наводнување… до производство, по домашен рецепт од 1942 година.

Liquor Store, кој се наоѓа на ул. „Егејска“ во Домот „Спиро Забрчанец“, нуди богат избор на пијалоци од реномирани домашни и странски брендови, а со додавањето на овој традиционален македонски производ, концептот „сè на едно место“ добива уште поголема вредност.

Ајварот „Мекиците од Стража“ веќе ве чека – изберете го омилениот пијалок и уживајте во совршениот спој на вкус и традиција.

 

(ВИДЕО) Уште една радосна вест од Клиниката за детски болести – Принцезата Амина ја победи болеста и го чукна среќното ѕвоно

Од Клиниката за детски болести во Скопје информираат за уште една радосна вест, откако победничкото ѕвонче повторно одекна, симболизирајќи успешно завршена тешка битка со болеста.

Како што соопштуваат од Клиниката, малата Амина, која ја нарекуваат нивна „суперхероина“, храбро ја поминала и ја добила најважната животна битка. Со ѕвонењето на победничкото ѕвонче, персоналот и присутните ја споделија радоста и надежта за нов, посреќен почеток.

Од Клиниката за детски болести и упатија искрени желби за многу здравје, среќно и безгрижно детство, посакувајќи ѝ на Амина иднина исполнета со насмевки и радост.

​Желимир Трикиќ е нов тренер на ФК Росоман

​Екипата на Росоман влегува во пролетниот дел од Трета лига – Југ со промени на клупата. Нов стратег на тимот е 28-годишниот Желимир Трикиќ, кој го презема кормилото од Никола Глигоров.

Трикиќ е добро познато име за фановите, со оглед на тоа што долго време го носеше дресот на Росоман, а своето искуство го градеше и во екипите на Тиквеш и Брера Струмица.

​Тимот веќе ги започнува подготовките за вториот дел од сезоната. Моментално Росоман се наоѓа на третата позиција со 24 бодови, седум помалку од лидерите Борец и Превалец.

Пролетната полусезона ја отвораат со тешко гостување во Велес кај директниот ривал Борец, натпревар кој може да биде пресуден за амбициите на клубот за врвот на табелата.

Го “прегорел” дрегерот – Уапсен жител на Кривогаштани, дувнал 3,37 промили

-На 31.01.2026 во 18:37 часот на место викано „Стопанство” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода С.Д. (51) од с. Кривогаштани, прилепско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко „фиат” со прилепски регистарски ознаки, при што било констатирано дека С.Д. е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 3,37 промили алкохол во крвта – информираат од МВР.

Ристески: “Нема да дозволиме изнудени решенија за минималната плата, кои би биле повеќе на штета отколку во корист на граѓаните”

Владата нема да прифати, како што беше пракса во минатото, решенија предложени од АД ХОК за зголемување на минималната плата кои одат во корист на една страна, а на штета на друга.

Ова го истакна заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески на вчерашниот брифинг со новинарите во Прилеп, нагласувајќи дека нема да се дозволат политички притисоци и уцени преку одредени синдикални структури.

Тој посочи дека токму поради вакви избрзани одлуки во минатото, донесени без реална основа и без консултација со Министерството за финансии, биле склучени договори кои не биле ниту правични ниту одржливи.

„Денес во јавниот сектор со различни колективни договори, правилници, други одлуки, во различни институции имаме неправда према голем број на вработени. Исти вработени, на исти позиции во различни институции да земаат различна плата и тоа мислам дека е направена една голема неправда за одреден дел од вработените во одредени институции. Исто така да напоменам дека имаа период од една година да седнат со работодавачите да се договорат, имаа период од една година да го прифатат она што како колективен договор е понудено од страна на Владата со тој репрезентативен синдикат за системско зголемување на платите во јавната администрација. Од која причина тоа не го прави ССМ и УПОЗ тие најдобро го знаат“, рече Ристески.

Тој истакна дека интенцијата на Владата е платите во Македонија да растат, но врз основа на реални параметри.

“Се она што е понудено на маса е врз база на тие реални параметри каде што очекуваме во наредните 2 години и 3 месеци да имаме 40% зголемување на платите во јавната администрација, меѓутоа и во приватниот сектор, без притоа да направиме несакани политички интервенции и турбуленции во економијата во Македонија“, додаде Ристески.

Зимска идила на Нижеполе – Уживање за сите генерации (ФОТО/ВИДЕО)

Денес Нижеполе е покриено со обилни снежни врнежи, носејќи радост, детски насмевки и вистинско зимско уживање. Чистиот планински воздух и магичната белина создаваат совршена сцена за прошетка и незаборавни моменти.

Нижеполе ве кани – дојдете и уживајте во зимската бајка!

Тешка сообраќајка кај прилепско Галичани – учествувале 4 возила

-31.01.2026 во 11:10 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на патот Прилеп – Битола во близина на с.Галичани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(31) од Битола, патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(38) од с.Горно Оризари, битолско, патничко возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Л.М.(18) од с.Крклино, битолско и патничко возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(40) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.Ј., констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР.

Вашите најважни денови – нивна најголема чест: Ресторан “Порта” – вистинскиот избор за вашата свеченост

По празничните денови, време е и за најубавите семејни моменти – прослави, венчавки, крштевки, матурски вечери, родендени и бројни други свечености што заслужуваат совршена атмосфера. А каде подобро да ги одбележите тие моменти од местото кое дише со традиција, топлина и беспрекорна услуга?

Ве покануваме во Ресторан Порта – вистински бисер во срцето на Старата чаршија во Прилеп.

Со 22 години искуство, Порта е симбол на квалитет и доверба, препознатлив по врвната гастрономска понуда и искрената грижа кон секој гостин. Овој репрезентативен бренд на градот под Марковите Кули го спојува духот на минатото со стилот на современото угостителство, создавајќи уникатен простор каде секоја прослава добива нова димензија.

Што нуди ПОРТА?

-Капацитет до 100 гости – идеален за интимни, но и поважни свечености

-Модерен ентериер и пријатна, климатизирана атмосфера

-Гостопримство на највисоко ниво – со тим кој ви стои на располагање за сè

-Мени по ваш избор, креирано според вашиот вкус и желби

-Врвна услуга, внимателно сервирани маси и храна која остава без зборови

Во Ресторан Порта, сè е насочено кон создавање незаборавно искуство – од пречекот, преку организацијата, до последниот тост. Секоја прослава тука станува приказна вредна за паметење.

Без разлика дали славите крштевка, матурска вечер или роденден, овде ќе пронајдете идеална комбинација од топол амбиент, професионална услуга и вкусови што оставаат впечаток.

📞 Резервирајте го вашиот термин на време: 078 368 111

Вашата доверба е нивно најскапоцено богатство.

Изберете традиција! Изберете вкус! Изберете ја ПОРТА!

Oд денеска стартува „Безбеден град“, нема повеќе опомени

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за автоматско санкционирање на сообраќајните прекршоци – „Безбеден град“. Во првата фаза системот ќе детектира четири типични сообраќајни прекршоци – непрописно паркирање, управување со брзина поголема од пропишаната, минување на црвено светло и управување на возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола.

Во гостувањето во Дневникот на МТВ министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера подвлече дека системот Безбеден град не е за парично да ги оштети граѓаните, туку да спаси човечки живот плус. Тој воедно информира дека е донесен нов Правилник со кој е зголемен прагот на толеранцијата кон возачите во однос брзината на управување на моторно возило.

-Во изминатиот период имаше огромен број на забелешки затоа што во првичниот период немаше толеранцијата во рамки на опоменувањето на граѓаните и воведовме толеранција која што беше важечка во рамки на важечка легислатива од 6 км/ч кога управувате мотторно возило до 100, а над 100 тогаш 8км/ч. Правилникот кој е во надлежност на Министерството за енергетика, во консултација со екперти, професори, со луѓе од министерството за енергетика и од Министерството за внатрешни работи се измени овој правилник и стапи во сила во текот на вчерашниот ден со тоа што сега за брзини до 50км/ч останува како што беше и претходно, толеранција од 6км/ч. Тоа значи дека ако возите моторно возило таму каде што имаме знак од 30 км/ч, со 36км/ч камерата нема да ве евидентира за сторен сообраќаен прекршок, туку ќе ве евидентира од 37км/ч. Од 50 до 100 км/ч толеранцијата законски согласно новиот правилник е 9км/ч, тоа значи дека ако управувате моторно возило таму каде што е дозвилено до 50км/ч, со 51км/ч камерата ќе ве евидентира и ќе ви прати порака, односно ќе ве казни системот доколку управувате моторно возило со 60км/ч. Таму каде што имаме ограничување од 100км/ч а се управува возило со над 101км/ч моторно возило камерата ќе ве идентификува со толеранција од 12км/ч, значи таму би биле санкционирани доколку е дозовлено да речеме 100км/ч, а вие управувате на пример со 113км/ч. Овие толеранции се дефинирани во рамки на правилник под Министерството за енергетика и сметаме дека се апсолутно прифатливи се со цел овој систем да го заживееме се со цел да спасиме ден човечки живот повеќе, а притоа да ги увериме граѓаните дека целта не ни е казнување, туку целта ни е помалку повредени, помалку сообраќајни незгоди, помалку загуби на човечки животи – потенцира Тошковски.

Министерот во овој контекст најави и уште еден проект кој ќе се имлементира во наредните денови со поддршка на Македонски телеком.

-За сите овие прекршоци кои се сторуваат во рамки на толеранцијата, значи ако е забрането над 30км/ч од 30-36км/ч, ако е забрането над 50км/ч од 50-59км/ч ќе доставуваме информативна порака од страна на Министерството за внатрешни работи до секој еден граѓанин кој што ја пречекорил брзината со која што ќе им го привлечеме вниманието на граѓаните дека и покрај тоа што возат во рамки на законската толеранција која што е дозволена нема да има парична казна, односно нема да има прекршок, тие надминуваат над законски уврдената брзина со што доколку не дај боже било кој граѓанин управува моторно возило и стори сообраќаен прекршок со 55км/ч таму каде што е дозволено да се управува моторно возило максимум со 50км/ч и притоа повреди пешак со тешки телесни повреди, ќе одговара кривично – заклучи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Од Министерството за внатрешни работи потенцираат дека „Безбеден град“ претставува една од најзначајните инвестиции во сообраќајната безбедност во последните децении и дека системот е насочен кон оние кои свесно ги кршат правилата, а не кон совесните возачи. Според нив, камерите не простуваат, но и не дискриминираат – секој прекршок се третира исто, без разлика кој е зад воланот.

Согласно законското решение за санкционирање на пречекорувањето на дозволената брзина, глобата ќе зависи од тоа колку километри на час над дозволената брзина некој вози. За пречекорување до 20 километри на час, глобата е 20 евра. за 20 до 30 километри на час над дозволената брзина според законското решение е предвидено да плати 45 евра глоба. За пречекорување на дозволената брзина од 30 до 50 километри на час казната е 300 евра и забрана да управува со возило од 3 до 12 месеци. За пречекорување над 50 километри на час глобата е 400 евра, 4 казнени поени и забрана за управување со моторно возило од најмалку една година. Во населено место, казните се построги и може да достигнат и 500 евра, со задолжителна забрана за управување.

За сообраќајниот прекршок минување на црвено светло, системот автоматски ќе изрекува глоба од 250 евра и забрана за управување со моторно возило од три до 12 месеци. Кривична одговорност е предвидена ако прекршокот предизвика опасност или сообраќајна незгода.

Ако се управува возило со истечена сообраќајна дозвола казната е 100 евра за возачот, а сопственикот на возилото ќе плати 250 евра.

За непрописно паркирање или запирање на забрането место предвидена е казна од 30 евра за стандардни прекршоци, 45 евра ако возилото го попречува сообраќајот и 50 евра ако е паркирано на место за лица со попреченост.

Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот. После овој рок мора да се платат 100 проценти од износот со можност за присилна наплата. Возач кој ќе добие три забрани за управување на моторно возило во рок од четири години, автоматски ја губи возачката дозвола. Повторно полагање е можно најрано после една година.

Во Прилеп се враќа стариот, незаборавен вкус! Нова локација, но истиот препознатлив вкус и мајсторија (ФОТО)

На локација спроти сала „Македонија“ веднаш до “Тобако”, вечерва свечено се отвора млечниот ресторан „Панефино“ – место каде што традицијата и мајсторската пекарска уметност повторно оживуваат.

„Панефино“ постоеше и порано, а прилепчани добро знаат дека ова име значи само едно: врвен вкус, свежина и совршено подготвени бели пецива. Денес, тој стар препознатлив вкус се враќа – на нова локација, во ново уреден и беспрекорно чист простор.

Ќе ве пречекаат меки и фини кроасани со најразлични полнења, слатки задоволства што се топат во уста, но и богата понуда од солени специјалитети – зелници, лиснати, пици, пецива и многу други свежо подготвени деликатеси.

Секое утро и преку целиот ден, „Панефино“ ќе биде вашето ново омилено место за вкусен појадок, ужина или момент на вистинско гастрономско задоволство.

Панефино – топло, меко, фино… совршено!

Повелете и почувствувајте го вкусот што Прилеп го памети!