дома блог страница 61

Внимавајте ако патувате! Намалена видливост до 50 метри на Плетвар поради магла

Поради магла намалена е видливоста до 50 метри на планинскиот премин Плетвар, соопшти вечерва Јавното претпријатие „Македонијапат“.

Оттаму информират дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловоз, а слаби врнежи од снег има на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир со задржување на коловоз.

Сите патни правци во државата се проодни, на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

Апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Посочуваат дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Најголемата музичка ѕвезда во петок во Прилеп – сега и којзнае кога, а петокот е само најава за тоа што следува

Пред нас е еден од најдобрите музички викенди оваа сезона во Ресторан Порта! Викенд исполнет со емоција, македонска песна, врвна атмосфера и дружба каква што само Порта знае да приреди. Кога традицијата, квалитетот и добрата музика се спојуваат – резултатот е викенд што не се пропушта.

Петок | 06.02. – ВЕЧЕР СО ЛЕГЕНДАТА НА МАКЕДОНСКАТА ПЕСНА, НАУМ ПЕТРЕСКИ

Еден глас, една душа и безброј песни што ги носиме во срцето. Наум Петрески е симбол на македонскиот мелос, човекот што со секој стих буди спомени, емоции и гордост. Вечер посветена на најубавите народни песни и безвременски хитови – музика што се слуша со срце. Настан што се случува сега… а кој знае кога повторно во Прилеп.

🎟️ Цена на влез: 250 денари
🍷 Промотивни цени на пијалоци
🍽️ Врвна храна, услуга и препознатливиот амбиент на Порта

Сабота | 07.02. – ДНЕВНА ЗАБАВА од 13:00 часот

Денот започнува како што доликува – со Тиана и Дани! Кој бил, знае. Кој не бил – не знае што пропушта. Совршена атмосфера за ручек, дружење и вистинска саботна енергија.

Сабота вечер – MODUS BAND

Прекрасен музички спој кој секогаш гарантира одлична забава и неповторлив помин до доцна во ноќта.

📞 Резервирајте навреме на телефонскиот број: 078 368 111, ова е викенд што ќе се памети!

Ресторан Порта – каде музиката, вкусот и емоцијата се среќаваат.

Прилепско семејство со автомобил излетале од патот – Повредени се две деца на 7 и 9-годишна возраст

На 01.02.2026 во 17:11 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници на возраст од седум и девет години, а со телесни повреди се здобил сопатникот И.М. од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Витаминка на ISM Келн: јакнење на меѓународното присуство и развој на нови деловни соработки

Витаминка и оваа година е дел од ISM во Келн, каде што компанијата се претставува пред меѓународната стручна и деловна јавност со целокупниот асортиман, продолжувајќи ја традицијата на активно учество на овој престижен саем дванаесет години по ред.

Изложувањето на ISM се третира како стратешка платформа за јакнење на извозното присуство, со фокус на продлабочување на постојните партнерства и воспоставување нови контакти со потенцијални дистрибутери на глобално ниво.

„Настапот на саемот ISM е од големо значење за изложувачите, затоа што ова е најголем светски саем специјализиран за кондиторија и посебно одговара за нашиот сектор. Витаминка е редовен изложувач тука и во досегашното искуство сме се увериле во придобивките и реалните резултати. Секогаш настапуваме високо репрезентативно и со нашата разновидна, богата и квалитетна понуда. На тој начин и со платформата на ISM често обезбедуваме успешно пробивање и до останатите светски пазари“, вели Илија Наумоски, помошник оперативен директор на Витаминка.

Во фокус на годинашното издание на саемот се актуелните технолошки иновации и трендови во кондиторската индустрија, со јасен акцент на потребите на потрошувачите и на развој на производи што одговараат на современите пазарни очекувања.

Со над 1600 изложувачи од 70 земји, ISM обезбедува релевантен деловен контекст и широк преглед на тековните случувања во секторот, што го прави особено значаен за компании со извозна ориентација и амбиција за раст на меѓународните пазари.

Маестрален настап на прилепските девојки од “7-ми Мај” на Државното првенство во Штип (ФОТО)

На Државното првенство во боренье, одржано на 02.01.2026 година во Штип, натпреварувачките на прилепскиот боречки клуб „7-ми Мај”, оствариjа извонредни резултати и достојно го претставија својот клуб.

Прво место освоиjа:

• Ангела Трајкоска – 53 кг
• Тамара Цветкоска – 62 кг

Второ место освоиjа:

• Христина Цветаноска – 53кг
• Деспина Богеска – 55 кг
• Викториа Стојаноска – 50 кг

Трето место освоиjа:

• Мариа Вејланоска – 50 кг
• Оливера Мицеска – 59 кг

Со овие резултати, боречкиот клуб „7 Maj” од Прилеп го освои првото место во екипен пласман, што претставува уште еден голем успех за клубот.

Честитки до сите натпреварувачки и стручниот штаб за трудот, дисциплината и борбениот дух!

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,77% во однос на одлуката од 26.1.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,433%, кај дизелот за 4,757%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 3,829% и кај мазутот зголемувањето е за 5,973%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,6498%.

Од 3.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,885 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,786 ден/кг и сега ќе изнесува 33,885 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 3.2.2025 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СО ПОДДРШКА ЗА СК ПЕЛИСТЕР БИТОЛА И МАКЕДОНСКОТО АЛПСКО СКИЈАЊЕ

Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди значајна поддршка за Скијачкиот клуб Пелистер од Битола, со што се овозможува континуирана подготовка и учество на клубот на големи меѓународни натпреварувања, во пресрет на Зимската олимпијада што ќе се одржи сега во февруари, во Кортина д’Ампецо, Италија.

Репрезентативката на СК Пелистер Битола, младата и перспективна алпска скијачка Ева Милевска, денес го има својот прв настап во Европа купот. Таа ќе настапи на скијачката патека во Сарентино, Италија, со стартен број 87.

Натпреварот се одржува на само неколку дена пред почетокот на Зимските олимписки игри и претставува последна проверка на подготвеноста за дел од олимписките учесници, но и важен тест за останатите натпреварувачи во брзите алпски дисциплини.

„Со оглед на тоа дека сме на прагот на Зимската олимпијада, ова е исклучително важна трка и последна проверка за најдобрите во светот на брзите дисциплини. Изразувам голема благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија како мој поддржувач, компанија која ми овозможи учество на натпреварите од Европа купот“, изјави Милевска.

Во рамки на подготовките, таа тренираше со врвни италијански тренери, познати по своето долгогодишно искуство и традиција во алпското скијање, што претставува значаен чекор во нејзиниот професионален и спортски развој.

Со оваа поддршка, Видеолотарија Касинос Австрија уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон развојот на спортот и континуираната поддршка на македонските спортисти на меѓународната сцена.

БОМБА! Се отвараат над 50 предмети за висока корупција и ова е само почеток, најави Мицкоски

„Денес ја одржуваме конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, тело кое не е формалност, туку јасна и недвосмислена порака дека државата конечно застанува цврсто, системски и бескомпромисно против криминалот и корупцијата.

Оваа Влада ја започна борбата против криминалот и корупцијата не со декларации, туку со дела. Во моментов повеќе од 50 предмети за висока корупција се во постапка, случаи кои со години биле затскриени, одложувани или игнорирани. Но ова не е крај, туку почеток. Очекуваме отворање на нови случаи, темелни истраги и резултати што ќе ја вратат довербата на граѓаните во државата и институциите.

Јасно и гласно сакам да порачам: Нема селективна правда. Нема заштитени. Нема недопирливи.

За таа борба да биде успешна, потребно е јакнење на судството и обвинителството, институционално, кадровски и функционално. Само силно, независно и професионално судство и обвинителство можат да ја изнесат оваа борба до крај и да обезбедат правдата да не биде спора, ниту селективна, туку ефикасна и правична.

Јас сум за засилени мерки во борбата против корупцијата. Но борбата не завршува со кривична постапка. Борбата мора да заврши со одземање на незаконски стекнатиот имот. Затоа што криминалот не смее да се исплати.

Украденото мора да се врати кај народот.

Токму затоа ги воспоставуваме овие механизми и токму затоа денес го конституираме овој Совет. Конфискацијата на незаконски стекнатиот имот и имотната корист не е едноставен чекор, таа е повеќедимензионален и комплексен процес, кој опфаќа повеќе фази, меѓусебно поврзани и условени, во кои се вклучени повеќе институции со јасно дефинирани надлежности и одговорности.

Следејќи ги фазите на постапката за поврат на имот, Стратегијата за периодот 2025 – 2028 година јасно ги дефинира трите приоритетни области на дејствување:

Прво, пронаоѓање, идентификување и следење на незаконски стекнатиот имот и имотната корист, не само во земјата, туку и надвор од неа, преку меѓународна соработка и современи финансиски истражни механизми.

Второ, привремено обезбедување и конфискација на имот и имотна корист, брзо, ефикасно и во согласност со законот, без простор за манипулации, одолговлекувања или злоупотреби.

И трето, ефикасно управување со одземениот и конфискуваниот имот, вклучително и неговата повторна употреба за социјални цели, затоа што одземениот криминален имот мора да добие нова, општествено корисна вредност и да се врати во служба на граѓаните.

Овој Совет, под водство на потпретседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, има клучна улога во координацијата, надзорот и стратешкото насочување на сите овие процеси. Очекувам од вас професионалност, храброст и интегритет, но пред сè резултати.

Денес поставуваме темели на систем во кој правдата не е декларација, туку пракса, во кој борбата против корупцијата не е политички слоган, туку државна политика и во кој институциите работат во интерес на граѓаните, а не во заштита на поединци.

Ова е борба за правна држава.

Ова е борба за доверба.

Ова е борба за достоинството на граѓаните.

И во таа борба, нема да отстапиме.

Ви посакувам успешна и одговорна работа.“

Прилепчанец возел пијан во Крушево – полицијата го фати и ќе го гони кривично

-На 01.02.2026 во 01:05 часот на ул.„Тодор Проески” во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода Д.Д.(23) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило ,,голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Д., при што било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,58 промили алкохол во крвта.

По документирање на настанот ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување на возило” по чл. 297-а од КЗ – информираат од МВР.

Доцна синоќа претреси во Битола, пронајдена дрога, лишена од слобода 18-годишна девојка

Од полицискиот билтен на МВР:

На 02.02.2026 во 02:00 часот на ул.„Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишија од слобода М.Р.(18) од Битола затоа што кај неа е пронајдена прашкаста материја. Подоцна, со наредба на Основен суд Битола, извршен е и претрес во нејзиниот дом, при што е пронајдена и одземена марихуана.

На 02.02.2026 во 01:05 часот на ул.„Илинденска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода О.Н.(40) од Битола. При претрес во неговиот дом, истиот извршен со наредба на Основен суд Битола, пронајдени и одземени се грутчеста и прашкаста материја, метални предмети со остатоци од прашкаста и растителна материја, дигитални ваги и други предмети со остатоци од дрога.

По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидата поднесени соодветни пријави.