-СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.В.(49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 21.03.2026, полициски службеници извршиле претрес на патничко возило, кое го управувал пријавениот и во неговиот дом и помошни простории, при што биле пронајдени и одземени хероин и кокаин – информираат во полицискиот билтен на МВР.
Полицијата ги фати дивјаците кои во средата ноќта нападнаа и ограбија таксист во Прилеп – едниот имал само 15 години
На 25.03.2026 во три часот по полноќ, П.К.(62) – такси возач од Прилеп, пријавил дека на ул.„Тризла“ во Прилеп бил физички нападнат од три лица, кои му ги одзеле парите од прометот.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.А.(19), С.А.(18) и 15-годишник, сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 24.03.2026 на ул.„Дабничка“ во Прилеп, пријавените физички нападнале такси возач и му одзеле пари.
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ОРЕВОКРШАЧКА НА СЦЕНАТА НА НОБ
Видеолотарија Касинос Австрија, во рамки на своето партнерство со Националната опера и балет, со особено задоволство ја најавува премиерата на еден од најомилените балети на сите времиња – „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски.
Оваа волшебна балетска фантазија во два чина ќе биде изведена на сцената на МОБ на 28 март 2026 година со почеток во 19:30 часот, како и на 8 април од 20:00 часот.
Диригент на претставата е Едуард Амбарцумјан, додека кореографијата и либретото се дело на Саша Евтимова. Сценографијата ја потпишува Марија Ветероска, костимографијата Марија Пупучевска, концерт мајстор е Климент Тодоровски, а асистенти кореографи се Дмитро Чеботар и Маја Митровска Богојевска.
Во главните улоги настапуваат: Христина Наќевска Митрашиновиќ (Шеќерна Вила), Франциско Хименез Руиз (Кавалер), Балаж Лочеи (Снежен крал), Наташа Трендафилова Гицев (Снежна кралица), Игор Веланоски (Дроселмаер), Бобан Ковачевски (Крал на глувците), Веселин Трајкоски (Лукас – Оревокршач), Гала Кочевска (Клара) и Марко Мијатовиќ (Фриц). Во изведбата учествуваат истакнати солисти, ансамблот, оркестарот и хорот на Националната опера и балет, како и ученици од балетскиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.
Поддршката на културните проекти претставува значаен дел од корпоративната стратегија на Видеолотарија Касинос Австрија. Силно веруваме дека културата е двигател на убавина, инспирација, духовност и заедништво – вредности што ја збогатуваат заедницата и придонесуваат кон развојот на општеството.
Битолскиот градоначалник на работилницата за контрола на тутунот и унапредување на услугите за одвикнување од пушење
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска имаше поздравно обраќање на работилницата за зајакнување на активностите за контрола на тутунот и унапредување на услугите за одвикнување од пушење на локално ниво.
Настанот го организира Министерството за здравство, во соработка со Светската здравствена организација (СЗО) и Центарот за семејна медицина, како продолжение на посетите реализирани во месец декември 2025 година.
Работилниците се организираат во контекст на новиот Предлог-закон за заштита од пушење и програмите за јавно здравје, со цел подобрување на координацијата и активностите на локално ниво.
Целта на работилницата е да се поттикне дијалог и координација меѓу локалните институции и да се подготви Акциски план на ниво на Општина Битола за 2026 година за зајакнување на активностите за контрола на тутунот, со посебен фокус на унапредување на работата и видливост на советувалиштата за одвикнување од пушење и подобро информирање на населението за достапните услуги.
Градоначалникот ја истакна значајната улога на општината во поддршката на активностите за унапредување на здравјето на населението.
„Како градоначалник на Битола, но и како доктор епидемиолог ја искажав подготвеноста и лична и на локалната самоуправа за уште поголем акцент во кампањите против овој порок. Општина Битола има успешна соработка и со канцеларијата на СЗО во Македонија, министерството и со Центарот за јавно здравје Битола, во кој неколку години функционира советувалиштето за одвикнување од пушењето“. рече Коњановски.
Го имаме рекордерот: Управувал возило со над 4 промили алкохол во кpвта
На 26.03.2026 во 18:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Л.(46) од Скопје. Тој, околу 15:35 часот на ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје, управувајќи патничко возило „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки и паркирано патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки.
При преземање мерки му било извршено алкотестирање и било констатирано дека Б.Л. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 4,01 промили алкохол во крвта. По насоки од јавен обвинител, тој е задржан во полициска станица и возилото му е одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ако сакаш адреналин – ова е новото место во Прилеп што мора да го посетиш (Фото галерија)
Прилеп доби нова атрактивна дестинација за сите љубители на мотори, адреналин и авантура. Со официјалното отворање на салонот на CF MOTO Прилеп, градот влегува на мапата на модерни мото центри кои нудат комплетно искуство – од избор на возило до врвна опрема.
Станува збор за салон кој нуди огромен избор на мотори, ATV возила и дополнителна опрема, наменет како за почетници, така и за искусни возачи кои бараат квалитет и сигурност.
Посебно место во салонот заземаат моделите од CFMOTO – бренд кој во последните години бележи огромен раст на глобално ниво.
Од урбаниот и практичен NK 125, идеален за почетници и градско возење, до моќниот NK 675 кој нуди динамика и перформанси за поискусните. За љубителите на спортски изглед тука е 450SR – агресивен, модерен и создаден да привлекува внимание.
MT серијата, пак, е наменета за оние кои сакаат долги патувања, истражување и слобода без ограничувања.
Во понудата се наоѓаат и TAO Moto моделите, кои претставуваат одлична комбинација на безбедност, стабилност и забава. Моделите како ATV 300 Outlander и TAO 250 се идеални за оние што сакаат да избегаат од секојдневието и да искусат вистинска off-road авантура.
За најмладите ентузијасти, достапни се и mini ATV модели од 110 до 125 кубици – совршен почеток во светот на моторите, со акцент на сигурност и контрола.
Кога станува збор за теренско возење, изборот на ATV возила од CFMOTO од 450 до 1000 кубици нуди моќ, издржливост и сигурност.
Без разлика дали се работи за планински патеки, калливи терени или екстремни услови – овие машини се подготвени да одговорат на секој предизвик.
Покрај возилата, во CF MOTO ќе го најдете и целиот асортиман на мото и крос опрема – кациги, заштитна облека, куфери и бројни додатоци од DONTI MOTO, кои го прават секое возење побезбедно и поудобно.
Салонот се наоѓа во близина на бензиската пумпа “Лукоил”, на излезот од Прилеп за Скопје, што го прави лесно достапен за сите љубители на мотори од Прилеп и околината.
Со отворањето на новиот салон, Прилеп добива место каде што адреналинот, квалитетот и модерниот стил се спојуваат во едно. За сите што сакаат да го почувствуваат вистинското возење – ова е новата адреса која вреди да се посети.
Посетете ги уште денеска и уверете се во огромниот избор на модели и опрема!
Koнцерт на групата легендарната група “Нема Лабаво” и прилепскиот бенд Side Quest утре во киното “Мис Стон”
Иницијативата за независна култура „500 денари рекет“ ќе се претстави со уште еден настан пред прилепската публика, овојпат концерт на скопската група НЕМА ЛАБАВО со локална поддршка од прилепскиот бенд SIDE QUEST.
Концертот ќе се одржи на 28 март 2026г во кино салата “Мис Стон” со почеток во 21.00ч.
Влезници ќе можете да набавите непосредно пред почетокот на концертот (на врата) по цена
од 250 денари.
Повелете на концерт и поддржете ја независната културна сцена со вашето присуство.
ПС. листата на иницијатори „500 денари рекет“ е отворена за сите граѓани на Република Македонија и секој од вас може да биде дел од неа…задоволството нема цена.
НЕМА ЛАБАВО е македонски панк рок / инди рок бенд од Скопје. Основач и фронтмен е Ѓоко Зафировски – Шон (Sidewalk 1997, Fragment 2002, Denny Te Chuva 2004, SUNS)
НЕМА ЛАБАВО е замислен како авторски проект на Шон, кој често соработува со различни музичари во снимањето и на концертите.
Членови на НЕМА ЛАБАВО на албумот “Памти па врати” (2024), чија промоција ќе ја уживаме на 28-ми, се:
– Ѓоко Зафировски (вокал, гитара)
– Дени Крстев (тапани, продукција, пратечки вокали)
– Филип Тасевски – Фиц (гитара)
– Мирко Пејковски (бас)
Дискографија:
– “Во чие име зборите” (2015)
– “Проста македонска песна“ (2023)
– “Памти па врати” (2024)
Михаилов: “Прилепската шумска полиција најдобра во Македонија”
Шумската полициска станица во Прилеп бележи значајни резултати во борбата против нелегалната сеча на дрва уште на почетокот од 2026 година.
Според информациите објавени од заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, за период од само 85 дена се евидентирани дури 89 пријави за дрвокрадство, при што се одземени околу 125 метри кубни дрвна маса.
Овие бројки, како што посочува Михаилов, ја позиционираат шумската полиција од Прилеп како една од најуспешните во државата.
„Со поголема заложба, резултатот е неизбежен“, истакнал Михаилов по краткиот состанок со командирот на шумската полициска станица во Прилеп, Рубин Мирчески.
Ова, според него, е јасен пример дека посветената работа и континуираната контрола на терен даваат конкретни резултати во сузбивањето на нелегалната експлоатација на шумите.
Очекувањата се ваквиот тренд да продолжи и во наредниот период, со цел поефикасна заштита на шумските ресурси.
(Видео) Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите
Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од државата, одговори вицепремиерот Александар Николоски на пратеникот од Левица, Амар Мецановиќ, на седницата посветена на пратенички прашања.
Додека државата води политика на олеснување на инвестициите, партијата Левица води популистички политики на создавање на хаос, истакна вицепремиерот Николоски.
“Менуваме Правилник со кој Правилник овозможуваме побрзо да оди урбаинизацијата со цел да можат да се градат нови маркети и да се создава конкуренција, еве имаме најава од два големи ланци, Лидл и Шпар веќе се тука. А вие повторно пуштатe монтирани соопштениja со слики монтирани од мене, од премиерот, на овој што Ве формираше, па сте ја ставиле во позадина сликата на тој што Ве формираше. Јас сум долго во политика и прашајте го Димче Апасиев како сте формирани. Јас ке ви кажам, со директна материјална подршка на Сашо Мијалков кој сега го обвинувате за градење на хотел во Охрид и ние не сме ги спречиле! И која ви беше улогата во 2015 година, да ја рушите Шарената револуција. И сега правите монтажа и на таа слика не обвнинувате зошто полесно ќе се градат хотели надвор од градови, надвор од Национални паркови, надвор од заштитени подрачја, надвор од заштитата од УНЕСКО. Па се молиме да дојдат инвеститори, зашто тие хотели носат пари, носат вработувања за да не се иселуваат младите, носат туристи и носат пари. А овие маркетиве кои ќе влегувааат носат поевтини цени затоа што не јас туку Комисијата за заштита на конкуренција кажа дека има картелско здружување. Па се донесе Законот за добри трговски практики, почнаа да регистрираат ПР и маркетинг агенеции надвор од државата, па таму ги тераат производителите да се рекламираат. Е затоа ги правиме овие измени, одговори Николоски.
Тој додаде дека се смени закон за полесно да се градат улилишта, болници катни гаражи, и потенцира дека и во тој случај Левица правела хистерија и повикувала законот да не се потпишува.
“Правевте хистерија, баравте од претседателката да не го потпишува законот. Кај е урбаниот хаос кој што велевте дека ке се случи? Гледам, многу сте загрижени за Охрид. Знаете колку е цената на квадрат во Охрид, 4000 евра? .Заради такви како вас затоа што правите хистерија. Се кандидиравте за градоначалник на Скопје. Како планиравте градот да го водите со ваква хистерија. Даноци кој ќе плаќа, буџетот како ќе се полни? Лесно е да водите ултра пополустички политики, ама тие ви се удираат во ѕид. Еве ја следиме вашата политика во урбанизаицјата и цената на квадратот стигна до 2500 евра за квадрат. Ако продолжиме, 5000 евра ќе стигне”– одговори вицепремиерот Николоски.
“Нула” што навистина вреди – Аванс до плата
PR текст
Во свет каде што сме преплавени со „непропустливи“ понуди, ситни букви и сложени услови, довербата стана најскапата валута. Сите ја знаеме ситуацијата: месецот трае подолго од платата, а непредвидени трошоци се појавуваат токму кога најмалку ви требаат. Токму тука се појавува моделот кој ја менува играта на македонскиот пазар – Аванс до плата од Минт Кредит.
Но, во морето од реклами со ознака „0%“, како да се препознае вистинската понуда? Како да изберете „нула“ што навистина вреди?
Математика без скриени променливи
Во многу постоечки понуиди, „0% камата“ доаѓа со „скриени пријатели“: административни трошоци, такси за аплицирање, провизии за обработка. Сите тие ситни трошоци на крајотго јадат вашиот буџет.
Во Минт Кредит, процесот за финансискиот продукт “Аванс до плата“ е едноставен и транспарентен:
-Земате 40.000 денари – враќате 40.000 денари.
-Без ситни букви.
-Без „скриени“ трошоци.
-Без дополнителни пресметки.
0% камата. 0% трошоци. 0% изненадувања.
Токму ова е суштината на „нула“ што навистина вреди – јасна, фер и предвидлива финансиска поддршка за реални ситуации.
Зошто Аванс до плата е различен?
Додека други финансиски модели ве обврзуваат на долгорочни рати и сложени договори, Аванс до плата е дизајниран за моментална слобода. Тоа не е задолжување, туку мост до вашата наредна плата.
–Брзина: Сè се случува дигитално со инстант одобрување за 10 минути. Вашето време е исто толку вредно колку и вашите пари.
–Контрола:Преку Минт Кредит точно знаете со колку располагате и колку треба да вратите. Нема изненадувања, само чиста логика.
–Транспарентно финансирање: Целта е ви овозможиме паметно менаџирање со сопствениот буџет.
За нас, транспарентноста не е само збор на хартија, туку ветување дека корисникот нема да плати повеќе од она што го подигнал. Тоа е вистинска финансиска поддршка.
Кога е време за Аванс до плата?
Овој продукт е идеален за секоја ситуација каде што ви треба малку повеќе ликвидност:
-Непредвидени трошоци, како поправка или медицински сметка.
-Сметки што не трпат одложување.
-Момент кога едноставно сакате да ја преживеете „долгата недела до плата“.
Со Аванс до плата, земате средства точно кога ви се потребни и, уште поважно, ги враќате точно толку. Без камата, без дополнителни трошоци, без комплицирани пресметки.
Како да препознаете понуда која вреди?
Следниот пат кога ќе видите реклама за 0%, поставете едноставно прашање: „Колку точно ќе вратам вкупно?“
Ако одговорот е идентичен со сумата што ја земате, тогаш сте на вистинското место.
Минт Кредит продолжува да поставува нови стандарди во финансискиот сектор во Македонија. Со „Аванс до плата“ нудиме мир и сигурност дека вашиот буџет е во сигурни раце.
Со Аванс до плата до „нула“ што навистина вреди
Во време кога довербата е најскапата валута, „нула“ што навистина вреди е онаа која ви дава брзина, слобода и сигурност без скриени услови. Паметните одлуки почнуваат со јасни бројки, и Аванс до плата од Минт Кредит е токму тоа: финансиска поддршка што е разбирлива, фер и во корист на клиентите.
Кога ви треба веднаш – изберете „нула“ што навистина вреди со Аванс до плата.
За дополнителни информации контактирајте нѐ на 15 107, нашата веб страна, или во најблиската филијала до Вас.
*Оваа понуда важи за првиот земен кредит од ваков тип.
















































