дома блог страница 59

Занаетчиите се против минимална плата од 600 евра

Затворање голем број занаетчиски дуќани и отпуштање вработени ќе предизвика зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје.

Според Комората, минималната плата треба да се пресметува во согласност со законот. Ако се зголеми на 600 евра, тоа би значело голем удар поради драстичното покачување на трошоците за придонеси.

– Ние не сме против зголемувањето на минималната плата, но тоа треба да биде издржано, врз основа на добра анализа. Занаетчискиот сектор не може да го издржи ова темпо на континуирано зголемување на трошоците. Особено треба да се земе предвид состојбата на занаетчиите што работат во помалите градови и руралните средини, каде што постои голема миграција и значително помала потрошувачка на занаетчиски производи и услуги. За да опстанат и да ја зачуваат ликвидноста, занаетчиите ќе бидат принудени да ги зголемат цените, што дополнително ќе ја намали побарувачката и ќе доведе до затворање голем број занаетчиски бизниси – рече на прес-конференција претседателот на Занаетчиската комора – Скопје, Горан Ристовски.

Како што истакна Ристовски, зголемувањето на минималната плата на 600 евра директно ќе ги засегне занаетчиите што паушално плаќаат данок по решение од УЈП и занаетчиите што плаќаат данок по реално остварен приход.

Претседателот на Комората нагласи дека во Скопје има над 2.300 занаетчии, а на ниво на Македонија се речиси 8.000. Недостиг на работна сила има во сите сектори, но добро е – оцени Ристовски – што сè повеќе ученици се заинтересирани за дуално образование.

Преку ден – кафе со поглед кон Градскиот Саат, навечер – музика што се чувствува – Terasa ве кани на уште еден незаборавен викенд помин

Има места каде што се доаѓа случајно, но има места каде што се враќаш секој пат со исто чувство. Pub Club Terasa е токму такво место – најубавата тераса во срцето на Прилеп, урбано катче кое живее со ритамот на градот и секој викенд го претвора во доживување.

Овој викенд, Terasa повторно носи жива музика и атмосфера што не се пропушта:

Петок | 06 февруари – METROPOLIS – Вечер исполнета со проверени хитови, одлична енергија и забава што трае до доцна.

Сабота | 07 февруари – ARTIUM – Музика за уживање, пеење и совршен викенд-ритам во препознатливата атмосфера на Terasa.

Две вечери исполнети со емоција, хитови, насмевки и забава што трае до доцна.

А преку ден… Terasa е вашето место за пауза, разговор и уживање

Повелете со пријателите, колегите или најблиските на кафе-дружба во прекрасната атмосфера која само Terasa ја нуди. Со поглед кон Градскиот Саат, секое утро овде започнува поубаво.

🌞 Утринско будење со вкусно кафе – само 50 денари
📍 Секој ден до 12:00 часот

А за уште повеќе уживање, ви подготвивме и одлични промотивни пакети:

☕ Кафе + Добра Вода – 90 денари
☕ Кафе + Цевитана – 100 денари
☕ Кафе + Мохито Сода – 160 денари

https://www.instagram.com/p/DMZ8OynIPpf/?img_index=1

Terasa не е само викенд дестинација – таа е дел од вашиот секојдневен ритам.Место за утро, место за попладне, место за незаборавни викенди.

Резервирајте го вашиот викенд навреме на: 070 304 967

“Сакаме правда за сиромаштијата без возачка” – Ромите и денеска на протест во Битола (ВИДЕО)

Стотина припадници од ромската популација и денеска на протест во Битола. “Бараме правда” пишува на транспарентите кои беа истакнати пред судот и полицијата, со кои Ромите бараат да им бидат вратени конфискуваните возила, кои поединци од нив ги управувале без возачки дозволи.

До доцна синоќа Ромите од населбата Баир го држеа под блокада патот Прилеп – Ресен, посавувајќи барикади, а имаше дел од нив кои со закани се обратија до надлежните и полицијата, велејќи дека протестите ќе ескалираат.

На овие закани денеска реагираше и премиерот Мицкоски, кој порача дека полицијата жестоко ќе одговори на сите обиди за нарушување на јавниот ред и мир.

Ваквите протести на ромската заедница се случуваа во повеќе градови, а нивните барања за граѓаните се нелогични.

Во Битола одбележани 154 години од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев (ФОТО)

Денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.

Делегација од Општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски, прeтседателот на Советот, Бојан Бојкоски, советници, Сојуз на борци, како и претставници на политичките партии и други граѓани, денес по повод одбележувањето на 154 години од раѓањето на Гоце Делчев, положија свежо цвеќе пред Спомен куќата на великанот на македонската национална борба.

„Делото на Гоце Делчев е дело кое заслужува вечна почит, но истовремено не обврзува и не насочува кон она што мора да бидат нашите чекори во денешнината со кои ќе ги почитуваме и негуваме нашите јазик, култура, писмо и традиција, продолжувајќи со работа и посветеност за иднината на Македонија“, посочи градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, за време на денешното чествување.

Мицкоски за вчерашните протести и закани: Полицијата жестоко ќе одговори на сите обиди за нарушување на јавниот ред и мир

Премиерот Мицкоски вели дека полицијата жестоко ќе одговори на сите обиди за нарушување на јавниот ред и мир коментирајќи дека закани од типот на оние кои вчера дојдоа од протестот во битолско нема да се толерираат.

“Разговарав денеска утрoво со министерот за внатрешни работи и она кое што го побарав од него да биде за секој оној кој што го прекршил законот, се заканувал, јавно упатил закана и го загрозил мирот и безбедноста на граѓаните жестоко да се одговори. И ќе биде одговорено жестоко за да не се повтори тоа дивеење од вчера што се повтори“ – изјави премиерот Мицкоски.

Групи граѓани од ромска националност вчера протестираа со палење на гуми и блокада на повеќе патишта во државата заканувајќи се дека ќе се тепаат бидејќи полицијата им ги одзема возилата поради тоа што возат без положен возачки испит.

Граѓаните на социјалните мрежи денеска масовно се солидаризираа со МВР и државата, барајќи да биде еднаква кон сите и да не попушта пред парадоксалните закани на лица кои имаат пари за возила, но не и да положат за возачка.

Браво за малото Новаци – Субвенции за возачки дозволи за младите

Општина Новаци започнува постапка за доделување финансиска помош во износ од 10 000 денари по барател, за покривање дел од трошоците поврзани со обука, полагање и стекнување возачка дозвола од Б категорија.
Мерката е наменета за млади жители на Општина Новаци на возраст до 26 години, со цел олеснување на пристапот до возачка дозвола и унапредување на нивната лична и професионална подготвеност.
Целосната информација за условите за учество, начинот на пријавување и потребната документација е објавена на официјалната веб-страница на
Општина Новаци, на следниот линк:
Со оваа иницијатива, Општина Новаци придонесува кон подобрување на можностите за вработување, зголемена подвижност и поголема вклученост на младите во општествениот и економскиот живот.
Поддршката има особено значење за младите од руралните подрачја, каде поседувањето возачка дозвола претставува важен предуслов за поголема самостојност и пристап до работни можности.
Пријавувањето се врши навремено, сè до исцрпување на предвидениот буџет, по редослед на пристигнати апликации.
Искористете ја можноста и аплицирајте навреме!

Мицкоски најави нова инвестиција во ОУ „Стив Наумов“ во Битола

Завршена е реконструкцијата на фасадата на Основното училиште „Стив Наумов“ во Битола, со што значително се подобрени условите за учење и работа, напиша на Фејсбук претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

Проектот опфати изведба на нова енергетски ефикасна фасада, која обезбедува подобра термоизолација, заштита од влага и намалување на трошоците за енергија. Со оваа инвестиција, училиштето доби современ изглед и побезбедна, поздрава и поефикасна средина за учениците и наставниот кадар. Инвестицијата изнесува 7.681.331 денари и е финансирана од Владата преку Министерството за образование и наука, истакна Мицкоски.

Македонија одбележува: 154 години од раѓањето на Гоце Делчев

Во Македонија денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.

Централното чествување по повод раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност ќе биде во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде цвеќе ќе положат премиерот Христијан Мицкоски, делегација на Собранието, предводена од потпретседателка на Парламентот Весна Бендевска и пратениците Сергеј Попов, Даниела Белимова и Сања Лукаревска, делегација од Град Скопје, како и делегации на други институции, на партии, граѓански здруженија…

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја борбата за слобода на македонскиот народ, тој ја обиколил целата држава. Противниците на македонското револуционерно дело во Гоце Делчев гледале најголем непријател и се обидувале на секој начин да го ликвидираат.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.

Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА УРИВА РЕКОРДИ: СКОРО МИЛИОН И ДВЕСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТЕНИ ДОБИВКИ САМО ВО ЈАНУАРИ!

Јануари донесе празнична радост и постави рекордно ниво на добивки за играчите на ВЛТ. Видеолотарија Касинос Австрија исплати фантастични 72.586.111денари или скоро милион и двеста илјади евра, на играчите на ВЛТ терминалите ширум Македонија во периодот од 01.01.2026 до 31.01.2026.

Овие бројки се убав доказ за илјадници нови среќни приказни. Среќните бројки во јануари зборуваат гласно:

2 РОЈАЛ џекпот добитници → заедно поделија 19.744.368 денари
3 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот добитници → исплатени вкупно 18.719.691 денари
17 МИЛИОНЕР џекпот добитници → исплатени вкупно 26.274.165 денари
МИНИ џекпот добитници → играчите заедно поделија 7.847.887 денари
Доверба градена со години

Видеолотарија Касинос Австрија повеќе од една деценија успешно работи во согласност со сите законски регулативи и меѓународни стандарди.

Во изминатите 11 години, на среќните играчи низ Македонија им се исплатени преку три милијарди денари – доказ за транспарентност, стабилност и лидерска позиција во областа на електронските игри на среќа.

Дополнително, 2025 година ќе се памети како година на рекорди, еуфорија и многу среќни ВЛТ добитници! Видеолотарија Касинос Австрија во текот на годината им исплати на играчите на ВЛТ импресивни 814.512.912 денари, односно повеќе од 13 милиони евра за ПРЕМИУМ, РОЈАЛ, СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР и МИНИ џекпот!

Го празнуваме Светиот Апостол Тимотеј

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 јануари И го празнуваме Светиот апостол Тимотеј.

Еден од Седумдесеттемина апостоли. Роден во Листра Ликаониска од татко Грк и мајка Еврејка. Мајка му и баба му Светиот апостол Павле ги пофалува за нивната нелицемерна вера (2 Тимотеј 1, 4 – 5).

Во Листра Тимотеј за првпат се сретна со великиот апостол и самиот беше сведок кога Павле исцели еден човек од раѓање куцоног. Подоцна Тимотеј му беше речиси постојан сопатник на Павле, обиколувајќи ги со него Ахаја, Македонија, Италија и Шпанија.

Голем ревнител за верата, извонреден беседник и благодушен, Тимотеј многу придонесе за распростирањето на христијанската вера. Павле го нарекува вистински син во верата (2, 1 – 2). По маченичката смрт на Св. апостол Павле, Тимотеј го имаше за учител Св. Јован Богослов. Но кога царот Дометијан го прогони Јован на островот Патмос, Тимотеј остана да епископува во Ефес наместо него.

Во времето на еден идолски празник наречен Катагогиум незнабожците, лути на христијаните, подмолно и под маски го нападнаа Свети Тимотеј и го убија (околу 93 година). Неговите чесни мошти подоцна се пренесени во Цариград и погребани во црквата на Светите апостоли до гробот на Св. евангелист Лука и на Св. Андреј Првоповиканиот.