дома блог страница 58

Психолог за разводите во Македонија: Мажите сè уште го бараат „изумрениот“ модел на жена, а жените најчесто го иницираат разводот

Работата со партнерските односи денес сè почесто покажува дека не станува збор за локален или регионален проблем, туку за глобална криза на интимните релации. Како што посочува психологот Дора Попова Узуновски, оваа ескалација е видлива кај речиси секој втор клиент што бара психолошка помош – без разлика на држава, култура или општествен контекст.

„Работата со партнерските релации е дојдена до сериозна ескалација на глобално ниво. Не во Македонија, не на Балкан туку на глобално ниво.“

Оваа констатација отвора сериозно прашање: што навистина се распаѓа во современите партнерства?

Крајот на архетипот на патријархалната жена

Една од клучните поенти во анализата на Попова Узуновски е дека архетипот на патријархалната жена – посветена исклучиво на потребите на мажот – припаѓа на минатото.

„Архетипот на ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртов и се наоѓа во МИНАТО СВРШЕНО ВРЕМЕ.“

Според неа, овој модел денес опстојува само како носталгична претстава, најчесто пренесена преку сликата за мајката кај многу мажи. Но, реалноста е поинаква.

„Голем дел од мажите сè уште живеат во минатото и бесцелно го бараат идеалот на жртвата кој го гледале од нивните мајки.“

Оваа потрага, како што вели таа, е фатаморгана, бидејќи општеството, улогите и очекувањата се неповратно променети.

Жената денес: партнер, не жртва

Современата жена повеќе не го дефинира партнерството преку финансиска зависност, туку преку рамноправност, одговорност и емоционална присутност.

„Жената повеќе не бара финансиски обезбедувач. Бара посветеност, одговорност, рамноправно учество во домаќинството.“

Овој процес не е нов – започнал уште со индустријализацијата, но денес е во завршна фаза. Обидот жената истовремено да биде целосно посветена на кариерата, домаќинството, мајчинството и интимниот живот е, како што нагласува Попова Узуновски, биолошки и психолошки неодржлив.

„Телото не е машина. Сето тоа истоштува и разболува.“

Рамнодушноста како последна фаза – и разводот како исход

Кога гласот на жената подолго време не е слушнат, борбата преминува во рамнодушност – а таа состојба, според психологијата, е најопасната точка за една врска.

„Во моментот кога една жена одлучува да се разведе, веќе и е сериозно сеедно.“

Не случајно, статистиките покажуваат дека најголем дел од разводите се иницирани од жени, што директно ја потврдува оваа анализа.

Осаменоста како нова епидемија

Сликата што Попова Узуновски ја опишува е силна и болна:

„Погледнете ги кафаните. Мажите седат сами, жените седат сами. Едните се фрустрирани, другите се лути.“

Ова не е само социјален, туку и биолошки проблем. Кога емоционалното поврзување не се активира, природните механизми за блискост згаснуваат – со далекусежни последици врз наталитетот, семејството и општеството во целина.

Нема враќање назад

Пораката на оваа анализа е јасна: враќање во „минато свршено време“ не е можно. Единствената алтернатива е редефинирање на партнерството, прилагодено на реалноста на 21 век.

Во спротивно, како што предупредува Попова Узуновски, ќе се соочиме со уште подлабока криза на осаменост, отуѓување и демографско празнење.

Извор: Фејсбук статус на психологот Дора Попова Узуновски

Едната изградена за само 100 дена, а другата за 9 месеци, и двете чекаат со години да им се врати сјајот: Ќе ги добие ли Прилеп годинава двата спортски храмови во функција?

Двете прилепски спортски сали, Универзалната и „Македонија“, кои со години чмаат празни во својата тажна запоставеност, се’ уште чекаат подобри времиња.

Овие две спортски сали, со години се рак-рана на прилепчани, а особено на спортската јавност, заради што речиси редовно беа и предмет на политички и партиски ветувања, но и препукувања, особено Спортската сала „Македонија“. Најсвежото беше од 2017, кога тогашниот кандидат за градоначалник од СДСМ, а потоа и градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски, вети целосна реконструкција на оваа спртска сала и нејзино прераснување во модерен Спортско-рекреативен центар, што не се случи, па така ова импозантно здание и ден-денес нестрпливо чека на реконструкцијата.

Во средината на 90-тите години оваа сала беше опожарена до темел. По неколку години, односно до 2000-та година беше и обновена, но оттогаш наваму таа сепак остана да зјае празна и запуштена, бидејќи и по повеќе од две децении – нема технички прием.

Инаку, Спортската сала „Македонија“ е во надлежност ЈП за стопанисување со спортски објекти, а додека Универзалната сала која УЈП му ја одзеде на Тутнскиот комбинат, е во надлежност на ЈП АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

Интересно е тоа што спортската сала “Македонија” била изградена за само 9 месеци во 1978 година, додека пак Универзалната сала била завршена за рекорни 100 дена во 1973година.

Прашањето е дали Прилеп ќе доживее одново двете спортски убавици да блеснат во стариот сјај?

Женската фудбалска репрезентација ќе ги игра квалификациите за Светско во Битола

Женската фудбалска репрезентација во периодот од четврти до осми февруари во Дојран ќе одржи тренинг камп со кој почнуваат подготовките за настап во квалификациите за пласман на Светското првенство.

Женската селекција квалификациите ги почнува на трети март со дуелот против Азербејџан, четири дена подоцна во Битола гостува, Андора.

Во вториот циклус на 14 април, Македонија е домаќин на Унгарија, а на 18 следува второто соочување со истиот противник.

Квалификациите завршуваат во јуни со уште два натпревари. На петти и гостуваме на Андора додека на деветти го пречекуваме Азербејџан.

Кон крајот на ланската година стадионот “Петар Милошевски” ја помина инспекцијата на Европската фудбалска унија (УЕФА) и доби лиценца за втора категорија, со што се здоби со можност да биде домаќин на големи фудбалски натпревари.

Уште една потврда за посветеноста на Општина Битола да го задржи приматот најспортски град во Македонија.

Момироски: Паника во Водовод, оставки фрчат во магацинот, никој не се потпишува на записникот за исчезнатите делови?

Во најавата за најновата колумна за минатонеделните случувања во Прилеп, новинарот Зоран Момироски пишува напиша збор два и за ЈКП Водовод и канализација, за случување кое со сигурност ќе предизвика голем интерес кај граѓаните.

-,,Мечката,,заигра и во ЈКП Водовод и канализација,а стравот лозје чува. Планираната седница на новиот управн одбор на ова јавно претпријатие за утре е одложена,оти составот на овој управен одбор создал немир во водовод .А ,,главниот,, член на комисијата за попис во магацинот не сакал да го потпише записникот и си поднесол оставка, стои во најава од Момироски.

УЈП со важна информација до граѓаните

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници кои имаат обврска за поднесување месечни пресметки за интегрирана наплата (МПИН) дека пресметките доставени по електронска пошта се обработуваат, но поради зголемениот прилив на МПИН пресметки, од моментот на доставување до нивната обработка и добивање на декларацијата, просечно поминува еден работен ден.

Со цел побрза и поефикасна обработка, УЈП ги охрабрува даночните обврзници да поднесуваат само една МПИН пресметка и да не ја испраќаат истата повеќепати. Повеќекратното доставување не го забрзува процесот, туку создава дополнително оптоварување и го успорува текот на обработката.

Од УЈП апелираа даночните обврзници да имаат разбирање и да почекаат на обработка на поднесените пресметки.

-Сите пристигнати МПИН пресметки како пристигнуваат така се обработуваат и во најголем дел декларациите се доставуваат назад наредниот ден. Потсетуваме дека законскиот рок за поднесување на МПИН пресметките е најдоцнадо 10-ти во тековниот месец, а доколку декларацијата содржи грешки, рокот е до 15-ти во тековниот месец, порачаа од УЈП.

Уапсен е осомничен кој фрлил бомба врз куќата на Здравко Чолиќ, се трага по уште едно лице

Српската полиција уапси лице осомничено дека заедно со уште едно лице по кое се трага, во вторникот околу 04:52 часот активирале и фрлиле рачна граната во двор на семејна куќа на Дедиње, во Белград, со што предизвикале материјална штета. Тоа доцна синоќа го соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Медиумите во средата објавија дека бомба била фрлена врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ, кој во тој момент не бил во Србија. Никој не е повреден од експлозијата, сопругата и ќерката на пејачот во тој момент биле во куќата.

Српскиот министер за внатрешни работи,Ивица Дачиќ, како што е наведено во соопштението, изјави дека апсењето го извршиле припадници на МВР на Србија, Полициската управа на градот Белград и Управата за криминалистичка полиција, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград и Безбедносно- информативната агенција.

Уапсеното лице (С.М.), родено 1993 година, е осомничено за сторено кривично дело недозволено производство, поседување, носење и тргување со оружје и експлозивни материи и предизвикување општа опасност и ќе биде приведено во Вишото јавно обвинителство во Белград.

Почувствувани два земјотреси во Битола и Охрид, ова се деталите

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала (ЕМС) е почувствуван во Битола, Охрид и околните места синоќа во 23:10 часот, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7 степени.

Претходно, во 19:50 часот беше почувствуван уште еден земјотрес во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот на овој земјотрес бил во Грција, на околу 100 км

Градоначалниците на Крушево и Долнени на средба за унапредување на меѓуопштинската соработка и локалниот развој

Градоначалникот на Општина Крушево, г. Нако Чонески, оствари официјална средба со градоначалникот на Општина Долнени, г. Блерим Ислами, на која беше разговарано за унапредување на меѓуопштинската соработка и заедничко делување во интерес на граѓаните.

На средбата беше ставен акцент на размена на искуства, координација на активности и разгледување на можностите за реализација на заеднички проекти во повеќе области, со цел поттикнување на локалниот развој и унапредување на јавните услуги.

Двајцата градоначалници ја потенцираа важноста од меѓуопштинската соработка, особено меѓу помалите општини, како ефикасен механизам за надминување на ограничените ресурси, пооптимално користење на расположливите капацитети и обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните.

Во таа насока, беше истакната и потребата од континуиран институционален дијалог како основа за поефикасно справување со заедничките предизвици, при што беше изразена подготвеност за интензивирање на соработката во наредниот период, особено во областите на инфраструктурата, туризмот и регионалниот развој.

Средбата беше оценета како значаен чекор кон јакнење на партнерствата меѓу локалните самоуправи и креирање политики кои директно ќе придонесат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во двете општини.

Eве кој ќе ја замени во Советот на општина Прилеп новата директорка во градинки

По промената на директорската позиција во ЈОУДГ “Наша Иднина“ Прилеп, каде на местото на досегашната директорка Христина Трпческа, именувана е Билјана Петкоска, поместување ќе има и во Советот на општина Прилеп.

Имено, Петкоска беше советник во Советот на општината, а во советничкото столче седна по минатогодишните локални избори, каде на листата на ВМРО-ДПМНЕ беше на високото четврто место.

Со нејзиното именување за директор во детски градинки “Наша иднина”, нејзиното место ќе го наследи Мејди Садикоски, вработен во подрачната единица на Министерствотоза земјоделство, шумарство и водостопанство во Прилеп.

Ова е прво поместување во советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата по локалните избори, која во Советот брои 17 советници.

Занаетчиите се против минимална плата од 600 евра

Затворање голем број занаетчиски дуќани и отпуштање вработени ќе предизвика зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје.

Според Комората, минималната плата треба да се пресметува во согласност со законот. Ако се зголеми на 600 евра, тоа би значело голем удар поради драстичното покачување на трошоците за придонеси.

– Ние не сме против зголемувањето на минималната плата, но тоа треба да биде издржано, врз основа на добра анализа. Занаетчискиот сектор не може да го издржи ова темпо на континуирано зголемување на трошоците. Особено треба да се земе предвид состојбата на занаетчиите што работат во помалите градови и руралните средини, каде што постои голема миграција и значително помала потрошувачка на занаетчиски производи и услуги. За да опстанат и да ја зачуваат ликвидноста, занаетчиите ќе бидат принудени да ги зголемат цените, што дополнително ќе ја намали побарувачката и ќе доведе до затворање голем број занаетчиски бизниси – рече на прес-конференција претседателот на Занаетчиската комора – Скопје, Горан Ристовски.

Како што истакна Ристовски, зголемувањето на минималната плата на 600 евра директно ќе ги засегне занаетчиите што паушално плаќаат данок по решение од УЈП и занаетчиите што плаќаат данок по реално остварен приход.

Претседателот на Комората нагласи дека во Скопје има над 2.300 занаетчии, а на ниво на Македонија се речиси 8.000. Недостиг на работна сила има во сите сектори, но добро е – оцени Ристовски – што сè повеќе ученици се заинтересирани за дуално образование.