Фудбалерите на Милан го забележаа третиот триумф оваа сезона, откако синоќа во Удине со 3:2 беа поуспешни од домаќинот Удинезе.
Победникот на овој дуел беше решен уште по првото полувреме по кое „росо-нерите“ обезбедија водство од 3:0 со головите на Марио Балотели, Џакомо Бонавентура и Кристијан Запата. Домаќините во вториот дел успеаја само да намалат, но не и да направат целосен пресврт. Головите за Удинезе ги постигнаа Емануел Баду и Дуван Запата.
Осум средби од 5.коло во Италијанското првенство се играат вечер од 20:45 часот:
СЕ ОДЛУЧИВ ДА ПИШУВАМ ЗА ЗАГАДЕНИОТ МЕДИУМСКИ ПРОСТОР, БИДЕЈЌИ ПОСЛЕДНИВЕ ГОДИНИ ИЗЛОЖЕНИ СМЕ НА МЕДИУМСКИ МОБИНГ ОД РАЗНИ ЕКСПЕРТИ – СЕЗНАЈКОВЦИ!! И ТОА ОД РАЗЛИЧНИ ПРИЧИНИ, ЛОШ СОН, УРОЦИ, ИСПУШЕН “КЕЦ”, ЛЕКАРСКО СО МНОГУ “ТОЧКИ”, ФРУСТРАЦИЈА, ЗГРЕШЕНА ПРОФЕСИЈА… И ШТО ОД ТОА… НАШУМОГЛАВЕН НАРОД КОЈ НЕМА ФИЛТЕР ЗА ТОЧНА ИЛИ ГРЕШНА ИНФОРМАЦИЈА, ЗА ВИСТИНА ИЛИ ЛАГА, ЗА КОМПЛЕКС ИЛИ ФРУСТРАЦИЈА. ПОМОДАРСТВО ЛИ Е, ТРЕНДИ ЛИ Е, ОД ПСИХАТА ЛИ Е, НО ДЕНЕС МАКЕДОНИЈА Е ЗЕМЈА СО НАЈМНОГУ НОВИНАРИ И КОЛУМНИСТИ. ПОЗИЦИЈА – ОПОЗИЦИЈА, СОРОС – ПАВЕЛ ШАТЕВ, ЕРЕТИЦИ – ВЕРНИЦИ, БИТНО СЕКОЈ МОЖЕ ДА ТИ СЕРВИРА ТОА ШТО МУ ТЕКНАЛО ВО МОМЕНТОТ ПОД ПРЕВЕЗОТ НА ЛЕКСИЧКИОТ ТЕРМИН -КОЛУМНА!!! И ДА СИ ВЕТЕРИНАР И ДА СИ МАШИНОБРАВАР И ДА СИ ЕЛЕКТРОНИЧАР ИЛИ СПОРТИСТ ДЕНЕС Е МОДЕРНИ СЕКУНДАРНО ДА СИ КОЛУМНИСТ! ЗА 5,25 ИЛИ 500 ЛАЈКОВИ МОЖЕ ДА СЕ ОТКАЖЕШ И ОД ФАМИЛИЈАТА, АМА БИТНО ДА БИДЕШ АНАЛИТИЧАР… ШТЕТА!!! ЌЕ ПИШИВАМ НА ОВОЈ ПОРТАЛ САМО ТОА ШТО Е ВИСТИНА!!! СО ДОКАЗИ, ДОКУМЕНТИ И ФАКТИ!!! ОБЈАВЕНИ, ИСПЕЧАТЕНИ И ПРИЛОЖЕНИ ТАМУ КАДЕ ШТО ИМ Е МЕСТОТО!! БИДЕЈЌИ САМО ОВДЕ “ВИСТИНАТА ВИ Е НА ДЛАНКА”!!! РЕГИОНОВ ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ ПРОМОВИРАН, ФОРСИРАН И ОДБРАНЕТ ОД СИТЕ ЗЛИ НАЛИВИ!!!
Есента во Македонија и на северната хемисфера на Земјата почнува денеска во 10 часот 21 минута и 33,26 секунди. Во истовреме на јужната Земјина полутопка ќе почне пролетта.
Метеоролозите за првиот есенски ден најавуваат променливо облачно и потопло време со подолги сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд, особено во источните и јужните делови на Македонија. Максималната температура ќе достиге до 28 степени.
Есента ќе трае до 22 декември во 05 часот и 48 секунди кога настапува зимата.
Давид Нешкоски е млад уметник, изведувач кој полека но сигурно гази кон интернационална кариера. Од ден на ден се гради како личност и артист и полека го освојува срцето и вниманието на голема публика. Преку “Crossroad blues band” и својот бенд “Давид Нешкоски трио”, стигна до Америка каде соработува со големи музички имиња и нижи успеси. Го замоливме да одвои дел од своето време и да одговори на неколку прашања.
Кажи ни нешто повеќе за тебе, твоето место на раѓање, школување, твоето опкужување, начин на живот, хоби?
Јас сум роден во градот под Марковите Кули, во музичка фамилија и тоа е местото каде завршив основно и средно образование (гимназија). Официјално музичко образование немам, но мојот начин на живот ми овозможи да се образувам музички со текот на времето. Долг период од мојот живот настапував со бендот на мојот татко Crossroad Blues Band каде и го добив основното музичко образување.
Потоа почнав да работам со мој бенд, трио, со коj снимив два авторски албуми и имав многубројни настапи во и надвор од границите на Македонија.
Мое хоби е само музиката. Сето тоа се спои во едно и прерасна во професионална определба која ја продолжувам до ден денес.
Кога се роди љубовта кон музиката, кога заплови по музичките води и колку време до сега трае таа опсесија?
На многу рана возраст се запишав во основно музичко училиште каде го изучував клавирот, но тоа прерасна во друга форма на музицирање, гитара, на која се задржав и продолжив да се продлабочувам во нејзините убавини. Потоа како што кажав станав дел од “Crossroad Blues Band”. Би ве корегирал, музиката не е моја опсесија, туку е цел мој живот, најубавото нешто што ми се случило. Тоа трае повеќе од 15 години, а јас имам 22 години.
Ги следиме твоите достигнувања и видовме дека си го променил местото на живеење. Како дојде со тоа и со која цел?
Благодарам. Знаете, секој прогрес во една конкретна работа доаѓа со своја одговорност и жртва. Ако целта е да се прави прогрес и да се оди нагоре во конкретната дејност, мора да се биде во средина која го овозможува токму тоа. Македонија ми е дома, секогаш ќе ми биде, но моја цел е да го работам ова на некое врвно ниво, и ако имам доволно среќа се надевам дека ќе се случи и тоа.
Дали еден наш млад уметник како што си ти може да успее, да опстои и да гради интернационална кариера во Америка?
Зошто да не. Не е важно од каде сте дошле, битно е каде одите. Најважно е дали верувате во таа цел, дали сте сигурни дека имате доволно голема желба за успех и колку сте спремни да дадете за да добиете една конкретна работа. Јас се трудам да направам што е можно повеќе и да го остварам тоа што го замислив. Не е воопшто лесно да дојдете во туѓа земја и да имате просперитет со нешто толку деликатно како музика, но благодарение на непокорливата желба и љубов кон музиката, верувам дека ништо не е невозможно ако доволно се сака и се работи кон остварување на целта.
Кој е твојот духовен музички водич, чии тонови и ноти се обидуваш да ги достигнеш?
Ако ме прашувате за моите музички учители ги имам повеќе. Јас пораснав со музиката на Stevie Ray Voughan, Eric Clapton, Jimi Hendrix, BB King, Albert King, John Mayer, Joe Bonamassa и ред други, луѓе кои поминале низ неверојатно тешки приказни , некои далеку потешки од мојата за да добијат една работа, така да може да се случи се. Двата мои авторски албуми се снимени на англиски така да јас ги следам нивните чекори и постапки и се трудам да се доближам што е можно повеќе до тој нестареечки звук.
Го издаде својот прв албум, како истиот е прифатен од публиката и какви коментари добиваш за истиот?
Првиот албум го издадов во Хрватска, исто така и во цела Европа. Наиде на промоција и на голем број на светски медиуми ( радија, телевизии и интернет). Направив промоција во Скопје. Добивав и сеуште добивам критики, коментари и предлози за нови остварувања. Да бидам искрен сите не можат да бидат позитивни, но јас сум благодарен за секоја критика, затоа што ми ги отцртува недостатоците и нештата на кои треба да се работи, а такви никогаш нема да престане да има.
Кој е твојот омилен музички настап и со кои познати музички имиња до сега имаш настапувано?
Не би можел да одделам таков, затоа што ја сум среќен што сум на бина и имам можност да му направам на другите да се чувствуваат убаво, чувство што со пари не се доплаќа. Сум настапувал со голем број интернационални артисти од блуз-рок водите. Некои од нив се Henrik Freishlader, Virgil and The Accelerators, Elias Zaikos, Ana Popovic и ред други. Од македонските изведувачи со Дамјан Пејчиновски, Венко Серафимов, Браќата Тавитијан, Влатко Стефановски и голем број други, што се надевам нема да ми се налутат ако не сум ги спомнал.
Кои се идните планови во твојата музичка кариера?
Мојот план е многу едноставен. Да продолжам тоа што го правам да го правам на се повисоко и попрофесионално ниво, со што е можно подобри музичари и артисти.
Со што моментално се занимаваш, дали подготвуваш нешто ново, песна, спот или можеби нов албум?
Третиот албум е готов, четвртиот е прикрај, се создаваат песни, се работи на подобрување на секое поле во музиката. Се надевам до крајот на оваа година ќе биде објавен третиот албум, а здравје за наредната ќе се оди на следното чедо. Спотови секако дека ќе има, сите што се заинтересирани за најнови информации ги поканувам да го посетуваат сајтот davidneskoski.com како и на социјалните мрежи, каде секојдневно ги објавувам новостите и настаните кои ќе се случуваат.
Како Давид Нешкоски го поминува слободното време?
Давид Нешкоски нема слободно време. Тоа подразбира и кога нема што да се прави се пишуваат песни, се средуваат нови аранжмани, се спрема нов проект. Морам да признаам уживам во откривањето на нови музички артисти од сите страни на светот, уживам во слушање нова музика, но покрај тоа и филмовите ми се голем составен дел од секојдневието. Тие понекогаш ми претставуваат и извор на инспирација и мотивација.
Ти благодариме за одвоеното време .
Ви благодарам за интересот и ви посакувам успешна работа во иднина.
[Best_Wordpress_Gallery id=”44″ gal_title=”Златното момче на Прилеп за кое на големо се зборува”]
Градот Прилеп во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање, го одбележа настанот 22 Септември по повод „Европската недела на мобилност“. На велосипедско-пешачкото дефиле, учество земаа околу 200 ученици од средните училишта, претставници на невладините организации и граѓаните. Претседателот на Совет Никола Димески ги поздрави присутните и порача дека возењето на велосипед како алтернативно превозно средство, има голем број на позитивни продобивки – еколошки, здравствени и финансиски. Оваа манифестација беше одбележана во сите поголеми европски градови, а има за цел да го поттикне пешачењето и движењето со алтернативни видови на превоз, со што би се намалил сообраќајот и загадувањето на животната средина.
[Best_Wordpress_Gallery id=”43″ gal_title=”Одбележан настанот „Европска недела на мобилност“”]
Денеска во просториите на Општина Прилеп беше оддржан координативен состанок за проектот на УСАИД за Општински стратегии за справување со климатските промени, кој ќе биде спроведен од страна на Милиеуконтакт Македонија. На состанокот земаа учество претставници од локалната самоуправа, центарот за граѓанска иницијатива, јавните претпријатија и претставник од страна на Милиеуконтакт Македонија кои разговараа за натамошно дејствување на стратегија за климатски промени. Овој проект во земјава и во градот Прилеп ќе биде финансиски поддржан од УСАИД и владата на САД, а досега осум општини имаат изработено стратегија за климатски промени: Пехчево, Теарце, Богданци, Кривогаштани, Маврово/Ростуше, Боговиње, Студеничани и Виница, Прилеп и Делчево. Центарот за граѓанска иницијатива заедно со општина Прилеп, ги исполнија сите зададени критериуми од Повикот за здруженија на граѓани и општини кој беше објавен од страна на Милиеуконтакт Македонија, и со тоа беа избрани за учество во активностите на Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени, односно за учество во развивање на локални Стратегии за справување со климатските промени. Проектот на УСАИД за Општински стратегии за справување со климатските промени, спроведуван од страна на Милиеуконтакт Македонија, е четиригодишна иницијатива која ги подготвува општините да се справуваат со локалните предизвици предизвикани од климатските промени. Користејќи го иновативниот метод наречен Зелена Агенда, проектот ги спојува заедно граѓанските организации, граѓаните и општинските тела за да развијат акциони планови засновани на консензус кои се однесуваат на специфичните прашања за климатските промени со кои се соочуваат нивните заедници и со цел да работат кон ублажување на нивните ефекти.
[Best_Wordpress_Gallery id=”42″ gal_title=”Оддржан координативен состанок – Општински стратегии за справување со климатските промени”]
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има повремени врнежи од дожд и услови за ретки грмежи особено во источните делови.
Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 19 до 26 степени.
Во среда времето ќе биде малку потопло со подолги сончеви периоди, а во четврток повторно се очекуваат врнежи од дожд проследени со локална појава на грмежи.
Колку што е стар човечкиот живот во Пелагонискиот регион, толку е стара историјата на Прилеп и Прилепско, сместени на североисточиот излез и влез на богатата рамнина, обдарена со погодни природни услови и богатства за живот. Тука човекот, кој се населил уште во најстари времиња, се посветил на облагородување и пресоздавање на природата, приспосoбувајќи ја на своите потреби. Како резултат на макотрпната трудољубивост на човековиот гениј и благопријатните природни услови и богатства, Прилепскиот крај мошне рано станал важен економски, политички и културен центар на Пелагонијата. Поврзан со голем број природни собраќајници низ кој се одвивале живи врски од југ кон север, Прилепскиот крај бил изложен на разни културни и политички влијаниа, при разместуваето и преселувањето на народите на Блаканот. Сите тие оставиле свое влијание и траги врз неговиот историски развиток. Прилеп низ историјата бил изложуван на разни многобројни судири и завојувања, во кој прилепскиот крај доживеал много падови и подеми. Целиот овој живот се одвивал низ крвава борба за опстојување на голиот живот и одбрана на родната грутка. Во оваа борба за опстојување жителите од Прилеп и Прилепско поднесувале големи жртви и не го жалеле својот живот меѓутоа задоени со идејата за слободен живот и непречен економски развиток прилепчани го манифестираат своето незадоволство и се борат за слободна и демократска Македонија. Така и во самостојна Р.Македонија први застанаа во борба против комунистичкиот режим. Така и во 2001 година кога Македонија беше погодена од непријателот Прилепчани беа во првите борбени редови на браникот на татковината! Прилеп е град Херој! Денес Прилеп како град доживува своја ренесанса во секој поглед. Во градот се чуствува раздвижување на секое поле. Ние младите од град Прилеп ќе се бориме и понатаму како и до сега за подобар живот, за просперитет на младите луѓе и слушање на нашиот глас. Ќе се бориме да има единство и слога, соживот и љубов! ПРИЛЕП Е ГРАД ХЕРОЈ!
Во последно време се почесто сме сведоци на смртни случаи предизвикани од ударот на молња. За да не станете и самите жртва на ваква несакана несреќа потребно е да знаете како да се однесувате кога надвор грми.
Она што е познато е задолжително да ги исклучиме од струја електронските уреди како што се радиото, телевизорот, компјутерите, како и апаратите за домаќинство. Меѓутоа, што треба да се направи со мобилниот телефон?
Стручњаците се поделени околу тоа дали мобилните телефони привлекуваат молњи (громови), но сепак предупредуваат дека кога има невреме треба да се исклучат.
– Голем ризик е до себе да се држи вклучен мобилен телефон, бидејќитој е извор на електромагнетни бранови кои создаваат пат за атмосферскиот електрицитет. Кога грми опасен е секој спроводник во кој се наоѓа метал. Дури поставените изолации се често безпомошни, бидејќи громовите ги премостуваат – вели за српски „Блиц“, Млаѓан Ќуриќ, професор од српскиот Институт за метеорологија.
Други стручњаци, сметаат дека не е опасен самиот мобилен телефон, чие зрачење е зголемено единствено при неговото вклучување или гасење, и дека поопасно е местото на кое човекот се наоѓа. Тој директно е изложен на опасност ако стои на отворено и ако ја претставува највисоката и најистакнатата точка во околината.
Громовите не избираат каде ќе удрат, на отворено најчесто ги погодуваат осамените карпи и стебла, самиот човек во полето или било кој објект на рамна водена површина. Се случува да удрат и таму каде никој не ги очекува. Меѓутоа, ако околу човекот има згради тој нема да претставува мета.
Затоа кога има невреме, во домот не треба да се седи во близина на прекинувачите за струја ниту да се држат запаливи работи во нивна близина. Исто така треба да се исклучат од струја сите технички апарати.
– Ако телевизорот има антена на таванот, таа треба да се извлече од апаратот или да се извади кабелот ако оди преку кровот. На компјутерите треба да им се исклучи напојувањето, а на фиксните телефони да им се исклучи напојувањето или врската – советува докторот Милан Савиќ од електротехничкиот факултет во Белград.
Кога има невреме, река електрони кои тргнуваат од Земјата, од објектите кои зрачат прават пат за громот. Електроните, потоа поаѓааткон позитивно наелектризираните облаци во кои напонот се мери со стотини милиони волти. Громот тогаш удира по тој пат, кој му служи како спроводник.
Стручњаците во Институтот во Винча правеле експеримент на напуштен далековод кој одел преку една планина. На еден столб ставиле радиоактивни извори за громови, а на другиот, оддалечен стотина метри, не ставиле. Го мереле бројот на удари на двете места и потоа го поместиле изворот. Се покажало дека тој извор немал никаков удел, туку било пресудно колку квалитетно било заземјувањето на столбовите. Громот попрво ќе удри во силно дрво со голема влажност и во коренот, отколку во исушено дрво на сув терен, без силно заземјување.