дома блог страница 5525

Член на ИСИЛ уапсен во Скопје

Полицијата утринава спровела акција во која лишено од слобода е едно лице, член на ИСИЛ.

apsenjeee500

Според неофицијалните информации, акцијата била спроведена во Скопје, а лицето е од населбата Чаир.

Иако се уште нема официјална потврда од МВР, апсењето е продолжување на акцијата „Ќелија“ во која беа опфатени македонски државјани кои учествувале во воени судири, директно или како логостика, на страната на Исламската држава, пред сè на боиштата во Сирија.

Шеќерната приказна на семејството Николоски од Прилеп

12297751_10206874915342888_1635727024_o

Семејството Николоски од Прилеп го имаат најслаткиот занает во своите раце. Слатките задоволства во нивниот дуќан се една традиција која постојано ја надоградуваат со нови изненадувања за нивните потрошувачи. Нивната шеќерна приказна привлекува сечие око, а вкусните десерти оставаат без здив. Одлично организирани, посветени на работата и желбите на муштериите, функционираат како што велат како еден прекрасен оркестар. Трајче, Весна и нивниот син Антонио Николоски беа нашите домаќини. Го посетивме нивниот дуќан, слаткарницата Дизниленд и разговаравме за почетоците и идните планови, а тие не почестија со богато гостопримство и ни ја раскажаја својата успешна приказна.

Од кога се занимавате со слаткарството и кој прв го започна овој сладок занает во вашата фамилија?

Пред 16 години за прв пат се решивме со мојата сопруга Весна да започнеме да се занимаваме посериозно со занаетот наречен слаткарство , благодарение на моето и нејзиното домашно искуство. За подобра достапност до сите наши купувачи се одлучивме да ја смениме локацијата која што ја прилагодивме на подобри услови и место за дружба со самите нив.

Се живее ли добро од овој занает, дали имате многу порачки ?

Ако функционира сето сложено без никакви пречки, вие не треба да размислувате со овој семеен бизнис за тоа како да заработите повеќе пари. Успехот е во тоа како вашите купувачи ќе бидат задоволни од вас.

Што најмногу јадат Прилепчани ?

Не смееме да се фокусираме на еден производ, работиме со полна пареа за сите производи да бидат пласирани еднакво од наша страна , го добиваме максимумот и се надеваме дека успеваме.

Што е потребно за овие десерти да бидат добро приготвени, дали е потребно многу внимание, посветеност, љубов?

Потребно е само љубов кон тоа што го правиш, а со тоа сето бепрекорно ќе функционира.

Колку луѓе работат и кој е најзаслужен за вашата успешност на пазарот?

13 лица работат напорно, меѓутоа никогаш нема да издвоиме еден кој е најдобар, бидејќи работиме како една целина, полни љубов, полни хармонија, едноставно како еден прекрасен оркестар.

Што планирате во иднина, дали можеби проширување на бизнисот ?

За кратко време ќе имаме пријатно изненадување за нашите клиенти , моментално сме во реализација на еден проект со многу нови идеи кој што се стремиме да го оствариме за краткок временски период. Со тоа сакаме нашите клиенти да бидат задоволни, а истовремено да привлечиме нови. Исто така освен HACCAP системот, разгледуваме и за воведување на HALAL систем.

12282934_10206874915022880_361344885_n

Дали подготвувате свадбени торти, и доколку е така, колку време е потребно да се спреми една ваква поголема торта?

За подготовка на една свадбена торта неможеме да утврдиме колку време одзема. Нашиот тим се ангажира во најбрз период без никакви пречки. Не важи тоа само за свадбените торти, истото важи и за детските, свечените торти, визитарските слатки, и сите производи.

Дали сте добивале награди за вашата работа?

Во 2012 година наградени сме какo Бизнис на годината од страна на Стопанска комора на Република Македонија, во категорија мали фирми.

Ви благодариме за пријатниот пречек и ви посакуваме успешна работа во иднина, како и постојано зголемување на бројот на вашите потрошувачи. Се надеваме дека секогаш ќе носите слатко задоволство во сечиј дом.

ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ ЗАБРЗАНО СЕ МОДЕРНИЗИРА

1

Општина Кривогаштани не запира со модернизирање и спроведување на иновативни и креативни идеи на целата своја територија. Веќе неколку години наназад во општината не поминал ден во кој што не се случило нешто позитивно и ново во полза на општината. Отпочнати, реализирани и добиени проекти, реконструкци на училишта, нови улици, капитални проекти и ред други бенефити за општината и жителите на општина Кривогаштани. Завршена е реконструкцијата на фасадата на ОУ Јонче Смугрески во Обршани со што училишната зграда доби нов лик што доликува на една ваква институција. Исто така во населеното место Славеј долж регионалниот пат Прилеп- Кривогаштани на 22 канделабри поставени се општински и национални обележја со што општината добива европски лик, лик на општина која е во чекор со најдобрите општини во државата со својата континуирана модернизација и создавање на нов модерен лик по европски терк

2

3

4

6

Среда неработен ден за сите граѓани – два неработни денови до крајот на годината

Во периодот што следи, почетокот на декември, се прогласени два неработни денови и тоа едниот Ден на дрвото во среда на 2 декември, а другиот е христијанскиот празник Свети Климент Охридски кој се паѓа на 8 декември во вторник.

znamieee1_wide1

Денот на дрвото ќе биде неработен за сите граѓани, но ќе се обработува во ден што ќе го утврди Владата, додека пак Свети Климент Охридски за сите граѓани на Македонија.

Отворена новата спортска балон сала

1

Во дворот на ОУ „Блаже Конески“ денеска стартуваше новата балон сала. Станува збор за приватна инвестиција која беше реализирана по пат на јавно – приватно партнерство, а ќе допринесе за подобрување на спортската инфраструктура и атрактивност на градот.
Инвеститорот Тони Наумоски посочи дека спортската балон сала изнесува околу 130.000 евра.

2

3

4

„Балон салата е со вештачка трева и учениците ќе може да ја користат за фудбал, а возрасните за рекреација. Како поранешен спортист и фудбалер, најавив проект, чиј простор се овозможи со помош на ЛС и директорката на училиштето. Објектот, кој му недостигаше на градот, е готов и денеска е пуштен во употреба за радост на сите, посочи Тони Наумоски.

Според градоначалникот Марјан Ристески:
„Покрај децата за физичко воспитување, сите ентузијасти во градов ќе можат да ги користат новите услови. Уште една балон сала, ќе биде подигната во дворното место на ОУ “Гоце Делчев”, посочи градоначалникот Ристески.

Спортската балон сала беше отворена со натпревар на екипите на градоначалникот Марјан Ристески и инвеститорот Тони Наумоски.
Денеска беа одиграни три натпревари.

5

6

 

 

 

Пријателски меч, ЖРК Прилеп – Филота Аминдио од Грција

12299382_10206688907833987_4388376640501597963_n

Денес со почеток од 17:30 часот, во спортската сала во СОУ “Ристе Ристески – Ричко” , Женскиот ракометен клуб Прилеп ќе одигра пријателски натпревар со екипата Филота-Аминдио од Грција. Целта на овај натпревар е да се вуигра што повеќе екипата и да му се даде шанса на помладите играчи.
Екипата на ЖРК.ПРИЛЕП ги поканува сите љубители на ракометниот спорт да присуствиваат на овај натпревар и да ја дадат потребаната поддршка за да уште еднаш да дoјдеме до посакуваната победа.

 

Целовечерен концерт на Октетот Прилеп

oktet prilep

Вечерва од 19:30 часот, Oктетот Прилеп ќе одржи целовечерен концерт во Центарот за култура “Марко Цепенков”. Членовите на Октетот на годишниот концерт ќе исполнат дел од композициите од богатиот репертоар и ќе се претстават со македонски, староградски и народни песни, македонски забавни и шлагери од поранешните ЈУ простори.
На концертот кој ќе биде вистинско музичко доживување како гости ќе настапат Андријана Јаневска, Чалгија за мерак и Катерина Поповска. Октетот Прилеп повеќе од 20 години ја одржува традицијата за староградска песна. Членовите велат дека пеат со душа и од срце. Имаат издадено три албуми со 40 композиции.
Подолги години Октетот работи под покровителство на Центарот за култура “Mарко Цепенко”

РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АНКЕТАТА НА МАРКУКУЛЕ.МК ЗА МИНАТИОТ МЕСЕЦ

СПОРЕД РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АНКЕТАТА НА МАРКУКУЛЕ.мк ЗА МИНАТИОТ МЕСЕЦ-НАЈБИТЕН ПРОЕКТ ЗА ПРИЛЕП ВО ИДНИНА Е “ТРЕТАТА ЛЕНТА НА ПЛЕТВАР”.ОД ДЕНЕС ПРОДОЛЖУВАМЕ СО ДРУГА АНКЕТА

[democracy id=”5″]

ТУРСКО КАФЕ

1

Институтот Јунус Емре од Скопје во Прилеп организира активност со цел “Промовирање на традиционално турско кафе” и “Проекција на турски филм“.
На 30 Ноември 2015 година Институтот Јунус Емре од Скопје во соработка со Општина Прилеп организираат активност со цел “Промовирање на традиционално турско кафе” и проекција на турски филм, програмата ќе се реализира во новата кино сала во Прилеп со почеток во 16.00’ часот.
На отварањето на програмата посветена за промовирање на традиционално турско кафе и проекција на турски филм, поздравен говор ќе одржат;Директорот на Институтот Јунус Емре од Скопје, Доц.Др.Мехмет Самсакчи и Градоначалникот на Оштина Прилеп Г-дин Маријан Ристески.
Гостите ќе имаат можност да проследат промотивен видео материјал за Институтот Јунус Емре, потоа млaди девојки облечени во традиционална турска женска носија ќе презентираат како се приготвува традиционално турско кафе.
По презентацијата на традиционалното турско кафе воЦК “Марко Цепенков“ во Кино Мис Стон во Општина Прилеп љубителите на филмската уметност ќе имаат можност да го проследат турскиот филм со наслов “Љубовта ги сака случајностите”.

2

Турција има моќна армија – еве што го чека Путин ако сака да ја уништи

111

Ако Владимир Путин одлучи да ја доведе Русија во војна со Турција не би идело се така глатко како што многумина мислат. Турција има многу моќна армија, една од најдобрите во Европа и претставува тврд орев за Русија.

Погледнете ја турската воена опрема во продолжение…