ТУРСКО КАФЕ

1

Институтот Јунус Емре од Скопје во Прилеп организира активност со цел “Промовирање на традиционално турско кафе” и “Проекција на турски филм“.
На 30 Ноември 2015 година Институтот Јунус Емре од Скопје во соработка со Општина Прилеп организираат активност со цел “Промовирање на традиционално турско кафе” и проекција на турски филм, програмата ќе се реализира во новата кино сала во Прилеп со почеток во 16.00’ часот.
На отварањето на програмата посветена за промовирање на традиционално турско кафе и проекција на турски филм, поздравен говор ќе одржат;Директорот на Институтот Јунус Емре од Скопје, Доц.Др.Мехмет Самсакчи и Градоначалникот на Оштина Прилеп Г-дин Маријан Ристески.
Гостите ќе имаат можност да проследат промотивен видео материјал за Институтот Јунус Емре, потоа млaди девојки облечени во традиционална турска женска носија ќе презентираат како се приготвува традиционално турско кафе.
По презентацијата на традиционалното турско кафе воЦК “Марко Цепенков“ во Кино Мис Стон во Општина Прилеп љубителите на филмската уметност ќе имаат можност да го проследат турскиот филм со наслов “Љубовта ги сака случајностите”.

2




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.