дома блог страница 5511

Груевски: Бесплатно патување на атрактивни дестинации за најдобрите македонски студенти

121212121

Почнува владиниот проект на чија најава се израдуваа студентите. Најдобрите студенти ќе добијат бесплатно патување на атрактивна локација- Париз, Венеција и Барселона.

– Токму за оваа мерка деновиве повторно зборувавме на Владата. Усвоивме уште една информација во правец на прецизирање на деталите поврзани со оваа мерка. Мерката почнува веќе од следната година. За сите студенти на првите три рангирани универзитети во Република Македонија согласно ранг листата што ја прави Шангајскиот универзитет секоја втора година. За сите студенти што имаат просек над 9,5 на првите три рангирани универзитети бесплатно патување со авион и ќе го покрие целото патување вклучувајќи го сместувањето, храната, авионскиот превоз и се останато што влегува во еден таков аранжман на три дестинации за кои проценивме дека се меѓу најатрактивните за патување на младите. Тоа се Париз, Венеција и Барселона. Ќе има две тури годишно. Едната ќе биде некаде во периодот мај-јуни, втората во периодот септември, најдоцна почетокот на октомври. Секој оној кој во претходниот период ги завршил испитите, а се уште нема дипломирано или ако воопшто на факултетот нема дипломирање, има некои факултети каде кога ќе ги завршите испитите добивате и диплома, по завршувањето на последниот испит и земањето на уверение за дипломирање, секој којшто има над 9,5 просек на првите три рангирани универзитети ќе добие наградно, целосно бесплатно патување на една од овие три дестинации, истакна премиерот.

Груевски потенцира дека тоа е поттик за младите да се борат, да имаат подобар резултат во своето учење, да акумулираат повеќе знаење и да имаат една награда повеќе и еден стимул повеќе, иако има многу други стимули коишто низ животот ќе им помогнат ако имаат апсорбирано знаење низ своето високо образование.

-Ние сакавме да излеземе со уште една понуда за нив, за да ги охрабриме, да стекнат повеќе знаење и со тоа да добијат повисоки оценки и да го добијат и ова бесплатно патување, заклучи Груевски.

 

H$P и Arhetip во првата соработка

22222222222222222

Ви ја претставуваме песната, а и прва соработка на диџејот и продуцент H$P (Хари Ристески) од Прилеп заедно со членот на рап триото „Станица 048“, Arhetip (Александар Златески).
Се работи за комбинација од Trap и Hip Hop жанр на музика.

Паника кај жените: Од овој шампон станаа ќелави!

Стотици незадоволни жени поднеле тужба против фризерот и неговата линија на производи за коса зашто им го уништил животот.

Познатиот американски фризер, миленик на бројни холивудски ѕвезди Чез Дин, се соочува со сериозни обвиненија од корисниците на неговата линија на производи.

Тој на пазарот лансирал шампон под марката “Wen”, а жените кои го користеле тврдат дека значително им се разретчила косата, а некои наведуваат дека им паѓаат прамени.

До сега против него се поднесени околу 200 тужби ширум САД.

 

Светиниколски турнир во мал фудбал, распоред на натпревари среда 16.12.2015г.

1

РАСПОРЕД ЗА СРЕДА 16.12.2015
17.00 ПИТУ ГУЛИ-ПЕКАРА АНТОМОС
17.50 ТОБАКО ДИСКОНТ-МАКЕДОНСКА ФАЛАНГА
18.40 ОРАНЈЕ ГРОЕП-ТЕА АНДРЕА
19.30 ЦРНА РЕКА-БУЧИН
20.20 ЦРНА РЕКА-КОМФИ АНГЕЛ
21.10 КОМФИ АНГЕЛ- ПЕРПЕТУМ МОБИЛЕ

Резултати од вторник 15.12.2015

Дени Мебел – Орање Гропер 5-0

Дукат – Економски факултет 2-5

СТП Автоконтрол- Аиркон 7-0

Кабелнет- Напредок 3-2

Кабелнет- Александар Македонски 7-4

Карго Текс- Ластрада 3-0

 

НЕВЕРОЈАТНО ВИДЕО: Погледнете го Русинот кој сам се оперираше во сред пустина, легнат на снежна падина!

На едно патување низ смрзнатата пустина, овој лик беше прободен од мразулец. Доколку ова ни се случи на некој од нас обичните смртници, најверојатно би испаничиле, онесвестиле или би повикале брза помош. Но не и овој лик.

Тој реши да стегне заби, и ги зема проблемите во свои раце, па реши самиот да се оперира на снежна падина, во средина на пустелија.

Ако не можете да поднесете крв, најдобро е да го избегнете видеото:

Трагедија во Прилеп

70 годишен човек загина вчеравечер откако во неговиот дом избувнал пожар.

Во Прилеп на ул. „Јоле Андоновски“ вчера околу 18.30 часот од засега непознати причини настанал пожар во станот на Р.Н.(70), кој починал од здобиените изгореници – стои во кусата информација од МВР.

По овој текст никогаш повеќе нема да влезете и да прошетате со чевли низ вашиот дом

Во многу култури е правило да се остават чевлите пред врата, но своевремено, најверојатно гледајќи ги странските филмови, ова практика се „заборавила“.

cevli-pred-vrata-640x320

Но, ако ова сте го правеле претходно, престанете веднаш, затоа што правите огромна грешка.

Дали некогаш сте слушнале за клостридија?

Ова е опасна бактерија која не реагира на антибиотици и најчесто ја има на нашите чевли.

Научниците од универзитетот од Хјустон откриле дека на 40% од обувките се наоѓа “clostridium difficile”, штетна бактерија која на нашите чевли може да преживее неколку дена па дури и недели.

Klostridija-pacijent-640x360

Исклучително е отпорна на лекови и може да предизвика долготрајна болест кај човекот.

Оваа бактерија најчесто живее во тоалетите, на работните простории, столовите како оина подот.

Научниците утврдиле дека чевлите кои ги тестирале биле позитивни на следниве бактерии: “escherichia coli” и “klebsiella pneumonia”.

За да се заштитиме во најмала мера, пред да влеземе дома, задолжително да ги избришеме чевлите на чергичето, или пак воопшто да не ги внесуваме во нашиот дом.

ФОТО: Една од најубавите жени совршена и на улица

j-lo-650x346Латино дивата Џенифер Лопез изгледа прекрасно и кога фотографите ќе ја „уловат“ неподготвена на улица.

j-lo-1Се навикнавме дека таа изгледа совршено на црвениот килим во фустани од најпрестижните модни имиња и со шминката на професионалните шминкери, но мора да признаеме дека славната Џеј Ло изгледа подеднакво добро и на улица.

j-lo-2

 

ВИДЕО: ЕВЕ КАКО ЖЕНИТЕ СТАВААТ МАСЛО ВО АВТОМОБИЛОТ

Одговорот е во двете видеа во продолжение:

И секако второто видео: