дома блог страница 55

Заев се јави! Вистина се јави!

Поранешниот премиер Зоран Заев денеска во објава на Фејсбук реагира на, како што вели, континуираните лаги, клевети и навреди, што веќе пет години ги пласира ВМРО-ДПМНЕ и нејзините претставници.

Заев јавно побара извинување од пратеникот Бране Петрушевски и од владејачката партија, најавувајќи тужба доколку тоа не се случи во законскиот рок.

„Безобразна лага е дека сум на кој било начин поврзан со случаите со канабис што беа презентирани пред јавноста. Безобразна и дрска лага е дека сум се јавувал во Царинската управа“, дециден е Заев.

Тој посочува дека иако е надвор од политиката веќе пет години, континуирано е мета на напади. Заев ги отфрли и останатите наводи кои се пласираат во јавноста, како оние за изградба на облакодери во Дубаи или притисоци за купување на болницата „Жан Митрев“. Поранешниот премиер нагласи дека досега не сакал да тужи поради борбата за слобода на говорот, но дека овојпат ќе ги искористи сите правни средства за да го заштити своето име.

Винарија “ВЕНЕЦ” лидер по квалитет на винскиот пазар (ФОТО)

Во срцето на тиквешкиот регион, кај селото Долни Дисан – Неготино, се раѓа приказната за Винарија ВЕНЕЦ. Место каде што виното не е само пијалак, туку љубов, традиција и трпение преточени во секоја чаша. Создадени со посветеност, негувани со време и внимание, вината на ВЕНЕЦ носат автентичен карактер и искрена емоција – токму она што го прави доброто вино незаборавно.

Винската палета на ВЕНЕЦ е вистинско шаренило на вкусови, создадено за секој љубител на вино. Од лесни и питки трпезни вина, до внимателно селектирани сортни вина со изразен карактер и длабочина. Различните стилови, ароми и пакувања нудат задоволство за секоја пригода – било да е интимна вечера, свечен настан или елегантен подарок. Секое шише раскажува своја приказна и остава впечаток кој се памети.

Целата лепеза на вина од Винарија ВЕНЕЦ можете да ја пронајдете во Liquor Store – Прилеп, најголемата и најснабдената продавница за алкохолни и безалкохолни пијалоци во градот. Место каде што квалитетот, изборот и вистинското уживање се на прво место.

Кога барате добро вино – знаете каде да го најдете!

Повелете во Liquor Store на ул. “Егејска” во домот “Спиро Забрчанец”

Избегната голема трагедија во Прилеп – Стакло падна од Градскиот Саат во моменти кога 20-тина дечиња играа на платото (ФОТО/ВИДЕО)

Попладнево околу 14:00 часот, стакло од прозорец од горниот дел на Градската Саат Кула падна на платото, во момент кога дваесетина дечиња трчаа и си играа околу Саатот.

За среќа стаклото не падна врз главата на ниту едно дете, а срчите кои разлетаа наоколу не ги погодија дечињата на витални места.

Родителите револтирани и избезумени, но среќни бидејќи нивните најмали не завршија со повреди, кои во случајов можеа да бидат фатални.

Апел до надлежните, ПОД ИТНО, да се проверат останатите прозорци на Саат Кулата, за да нема нареден пат!

Кучиња испокасале двегодишно дете во Битола, граѓаните револтирани и небезбедни

Вчера во 15:53 часот во СВР Битола од страна на доктор од Клиничка болница Битола е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници.

Детето е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.

Прилепчани го почнуваат патот за Супер лига – Утре им гостува Бутел, а ние треба максимално да ги поддржиме

Започнува плеј-оф разигрувањето во Првата кошаркарска лига на Македонија, а таму годинава прилепчани се помеѓу фаворитите за влез во Супер лига.

Момците од Мега Баскет регуларниот дел од сезоната го завршија со 22 бода на делба на првото место со Вардар во групата А. Дечките имаа импресивна сезона и ги мелеа противниците и на домашен и на гостински терен.

Сега најдобрите 4 од А групата и најдобрите 4 од Б групата ќе разигуруваат меѓу себе, за влез во елитниот ранг.

Прилепски Мега Баскет патот го започнува утре (08.02.). Со почеток од 16:00 часот во спортската сала во ООУ “Добре Јованоски” гостува КК Бутел, а на нашите момци ќе им биде потребна полна трибина за ветер во грб.

Да ги поддржиме максимално и да веруваме заедно, дека елитната кошарка после долги години ќе се врати во Прилеп.

Нов надворешен директор на ЈКП Комуналец и признание дека претходно немало ефикасно работење и позитивни промени?!

По оставката на Рубин Абрашоски од функцијата директор во ЈКП Комуналец Прилеп, нов именуван на оваа функција е Љубиша Јованоски.

Јованоски е дипломиран економист по професија, роден 1983 година, а пред него ќе биде тешка задача да го реорганизира работењето на ова јавно претпријатие, кое во изминатите години се соочуваше со финансиски проблеми, доцнење на платите и незадоволство на вработените и од граѓаните.

Јованоски ќе треба да го врати и приматот за најчист град, кој Прилеп го имаше во минатото и важеше за пример во целата држава.

По неговото назначување на директорската позиција како човек кој досега не работел во претпријатието, се поставува прашањето дали во изминатите 4 години доскорешниот директор Абрашоски потфрли во работењето? Дали е ова признание дека не се работело ефикасно, дека хигиената и комуналните услуги беа на незавидно ниво и дека Абрашоски не ги оправда големите очекувања од граѓаните?

Времето ќе покажи дали и каква разлика ќе има, и дали состојбите ќе се променат на подобро за сите граѓани.

Николоски: Новиот состав на ИК ќе ги донесе победите на следните парламентарни, претседателски и локални избори

Новиот состав на Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги донесе победите на следните парламентарни, претседателски и локални избори, напиша на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

По синоќешниот избор на новиот ИК на партијата, Николоски се заблагодари за довербата што му ја уакажа премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-За ВМРО-ДПМНЕ што победува и ја менува Македонија! Нов состав на Извршниот комитет на партијата кој ќе ги донесе победите на следните парламентарни, претседателски и локални избори. Благодарам на довербата и честа претседателе Христијан Мицкоски – соработка и пријателство кои носат напорна деноноќна работа за промени и подобар живот во Македонија, наведува Николоски во објавата.

Денеска го празнуваме Свети Григориј Богослов

Православните верници денеска го одбележуваат споменот на Свети Григориј Богослов, кој се смета за еден од најзначајните духовни учители и теолози во историјата на Црквата.

Свети Григориј Богослов бил архиепископ Цариградски и останал запаметен како мислител кој се посветил на објаснување на учењето за Светата Троица. Неговото дело се смета за исклучително значајно за развојот на христијанската теологија и духовност.

Роден бил во Назијанз, во семејство во кое таткото бил Елин, а мајката побожна христијанка, позната како света Нона. Своето образование го стекнал во Атина, каде студирал заедно со Василиј Велики. Во текот на школувањето се истакнал со својата мудрост и духовна зрелост.

Подоцна бил поставен за архиепископ во Цариград од царот Теодосиј Велики. Неговиот престој на оваа функција бил исполнет со предизвици и несогласувања. Кога се појавиле сомнежи околу неговото назначување, тој се повлекол од функцијата и се посветил на молитвен живот. Своите последни години ги поминал во духовен мир, а починал во 390 година.

Народни верувања и обичаи поврзани со празникот

Во народната традиција денот е познат како Григориј Пролетник и се смета за важна пресвртница во годината. Според верувањата, на овој ден не треба да се истакнуваат личните успеси, бидејќи се верува дека тоа може да донесе несреќа.

Се смета дека не треба да се кажуваат лоши зборови или навреди, бидејќи според преданијата сè што ќе се изговори на овој ден се враќа двојно. Старите верувања велат дека не се препорачува потстрижување на коса или сечење нокти, бидејќи се верувало дека тоа носи несреќа во текот на годината.

Вообичаено е и да се избегнува тешка физичка работа, за денот да се посвети на духовен мир. Според народните верувања, добрите дела направени на овој датум треба да се извршуваат тивко и без да се зборува за нив.

Во традицијата се верува дека трговците треба да поделат милостина или дел од својата стока на сиромашните, со надеж за успешна година. Постоело и верување дека временските прилики до пладне го најавуваат карактерот на првата половина од следната зима.

Свети Григориј Богослов се смета за заштитник на луѓето кои се занимаваат со наука, пишување и теологија. Неговата глава денес се чува во Успенскиот собор во Москва, каде верниците оддаваат почит на неговото духовно и интелектуално наследство.

ВМРО-ДПМНЕ доби нов Генерален секретар, човек на место, одличен пратеник и карактер што обединува

ВМРО-ДПМНЕ во моментов одржува седница на Централниот комитет (ЦК), на која се избираат нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата. Претседателот на партијата и премиер Христијан Мицскоски синоќа најави дека во овој мандат ВМРО-ДПМНЕ ќе има претседател, генерален секретар и членови на Извршниот комитет (ИК). Досегашните потпретседатели ќе бидат предложени за членови на ИК на партијата, а ќе има и нови имиња.

Според инфомрациите кои предмалку се проширија на социјалните мрежи, за нов Генерален секретар на владеачката партија е избран пратеникот во Собранието, Драган Ковачки.

На Ковачки сопартијците веќе му го честитаат изборот на оваа исклучително важна и висока партиска функција, која тој ја презема од Ѓорѓија Сајкоски.

https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=903318732287198&id=100078272372107&rdid=uL5Ei4JEq2Ye4OuK#

Александра Ангелеска-Петреска e нов советник во Советот на општина Прилеп

Иако на листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, следен кој требаше да седне во столчињата во Советот на општина Прилеп беше Мејди Седикоски, Советот денеска го верификуваше мандатот на Александра Ангелеска-Петреска.

Промената во редот на советниците во мнозинството настана откако Билјана Петкоска беше избрана за директор во детски градинки “Наша Иднина”.

Петкоска беше четврта на листата на ВМРО-ДПМНЕ, а владеачката партија и коалицијата во Советот освоија 17 советнички места на минатогодишните локални избори. Осумнаесетти на листата беше Мејди Садикоски, но тој се откажа од советничкиот мандат, па затоа беше верификуван мандатот на Ангелеска Петреска.

Новата советничка е професор по Македонски јазик во СОУ “Орде Чопела”.