дома блог страница 5497

Нов систем за греење и ново монтажно училиште во Општина Прилеп

IMG_4317

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, заедно со градоначалникот Марјан Ристески и претседателот на Совет Никола Димески, денеска ги посетија ОУ „Кире Гавриловски – Јане“, каде е поставен нов систем за греење и новоизграденото подрачно основно училиште „Круме Волнароски“ во село Галичани.

IMG_4386

IMG_4320

IMG_4327

IMG_4334

IMG_4368

IMG_4377

Монтажното училиште е според сите стандарди за образование. Со изградбата на училишната зграда децата добија современи услови за настава. Имаат училница, санитарни јазли, простор за наставниците и можат да користат компјутери како и нивните врсници.

IMG_4477

IMG_4392

IMG_4418

IMG_4427

IMG_4429

IMG_4442

IMG_4449

Понатаму се планира да се уреди и дворот, како и да се изгради спортско игралиште.
Освен во Галичани монтажни училишта има и во населените места: Чепигово и во н.м Беровци.

Асфалт до Маркова чешма и с. Лениште

IMG_4200

Во присуство на министрите Владо Мисајловски, Спиро Ристевски, градоначалникот Марјан Ристески и претседателот на Совет Никола Димески, денеска свечено во употреба беа пуштени два локални патишта. Патот од Прилеп до Маркова Чешма со должина од 1.400 метри, инвестиција од 10.000.000 денари, средстава обезбедени од Влада на РМ, преку кредит на Светска банка и патот до манастирот Св.Петка во с. Лениште, во должина од 1.200 метри, или 6.500.000 денари, средства обезбедени од Влада на РМ преку кредит на Светска банка.

IMG_4195

IMG_4151

IMG_4162

IMG_4234

IMG_4254

IMG_4190

IMG_4209

IMG_4213

IMG_4216

Со овие инфраструктурни зафати значително ќе се подобрат условите и ќе се олесни одвивањето на сообраќајот. Со цел подобрување на локалната патна инфраструктура во текот на градежната сезона напоредно се работи на неколку локации во градот, кои истовремено ќе допринесат за олеснување на условите за одвивање на сообраќајот.

IMG_4255

IMG_4279

IMG_4282

ФОТО: Запознајте го Буч – Кучето кое секогаш е насмеано

9

Секое куче има свој карактер, но кучето Буч со својата насмевка на неговиот сопственик дефинитивно му носи среќа.

Затоа Буч кај газдата Пит има посебно место. Двајцата се неразделни пријатели. Пит направи една голема галерија од неговите среќни „фаци“ и дефинитивно кучето Буч го освои светот.

8 1 2 3 4 5 6

СООПШТЕНИЕ

333333333

Јавниот Градски Превоз при ЈП за ПУП на сите граѓани  им јачестита Новата 2016 год. и Божиќните празници со желби за добро здраве и бериќет

Воедно ги информираме граѓаните дека:
Автобусите на Јавниот Градски Превоз ќе имаат редуциран возен ред на сите линии за време на Новогодишните и Божиќните Празници .

И  тоа по  следниов редослед :

31.12  –  Од 6.30 h до 15.30 hсите три линии

01.01  –  Неработен ден

02.01  –  Неделна (вонредна) линија на еден саат од 6.30h(х.Салида) до 14.30 h од (Н.Гробишта)

03.01  –  Неделна (вонредна) линија на еден саат од 6.30h(х.Салида) до 14.30 h од (Н.Гробишта)

04.01  –  Полно работно време од 6.30 h до 20.30 h

05.01  – Од 6.30 h до 17.30 hсите три линии

06.01  – Неделна (вонредна) линија на еден саат од 6.30h(х.Салида) до 15.30 h од (Н.Гробишта)

07.01 –  Неделна (вонредна) линија на еден саат од 6.30h(х.Салида) до 15.30 h од (Н.Гробишта) со зголемен бројавтобуси

Со почит

Јавен Градски Превоз

Предновогодишни посети во посебните паралелки

2

Учениците од Гимназијата „Мирче Ацев“ заедно со свои професори и директорот, денес беа во посета на учениците од посебните паралелки во ОУ “Климент Охридски”. Со песни ги расвеселија учениците, а за крај им поделија и новогодишни пакетчиња

9

3

4

5

6

7

8

Репертоар на театарот,, Војдан Чернодрински,, Прилеп

VOLESBNIKOT OD OZ

Театарот ,,Војдан Чернодрински” , пред новогодишните празници ги кани дечињата на волшебна бајка, на претставата ,, Волшебникот од Оз”.

Дечиња појдете во театар, во среда од 17.00 часот , дружете се и уживајте.

Влезници на билетарницата од театарот од 10 до 13 и од 15 до 17 часот.

Резервации на телефон – 428 644 или 076 442 378

ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ СПОРТСКАТА САЛА ВО ОУ МАНЧУ МАТАК

1111

Интензивно се одвиваат градежните активности на новата спортска сала во дворот на основното училиште Манчу Матак во Кривогаштани каде денес се започна со поставување на основниот слој на подлогата врз кој ќе следува изолационен дел и горниот финален дел од подлогата. Спортската сала е инвестиција на Министерството за образование и наука со вкупна вредност од 24.000.000 денари со која инвестиција најголемиот бенефит ќе го имаат најмладите, учениците па и повозрасните кои рекреативно ќе можат да ја користат веќе од наредната зима кога и се очекува објектот да е веќе во функција. Жителите на општината со нетрпение ја очекуваат оваа спортска сала за непречено одвивање на спортските активности во периодите од годината кога временските услови не дозволуваат користење на спортските терени на отворено. Пополека но сигурно општина Кривогаштани значително ја подобрува спортската инфраструктура во општината каде што исто така најавена е изградба на уште една спортска сала во дворот на основното училиште Јонче Смугрески во населеното место Обршани.

ФОТО: Убавата директорка на ФК Партизан ги запали социјалните мрежи

Директорката на маркетинг на фудбалскиот клуб Партизан од Белград, Снежана Филиповиќ ужива на Малдивите со својот свршеник голманот на Лудогорец Милан Борјан!

 

snezana-filipovic

Заљубената двојка ужива на егзотичните Малдиви во сончање и капење и редовно објавува фотографии на социјалните мрежи.

1snezana-filipovic-640x640

Инаку Снежана и Милан наскоро својата врска ќе ја крунисаат со брак.

2snezana-640x640

3snezana

Какво време не очекува за новогодишните празници?

studenoooooo

Какво време не очекува за новогодишните празници? УХМР најавува заладување и пад на температурите. За време на новогодишната ноќ се очекува ведро време со дневни температури од -3 до 3 степени.

Од утре попладне нашето подрачје ќе биде под влијание на студена и релативно сува воздушна маса која ќе се спушта од североисточните делови на Европа и која ќе предизвика студено и ветровито време во следните неколку дена.

Во среда ќе преовладува променливо облачно време со слаб локален дожд и снег, особено во југоисточните делови, дневната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени.

Последниот ден од оваа година (четврток) времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер, а дневната температура ќе биде во интервал само од -3 до 3 степени.

За време на новогодишната ноќ ќе биде претежно ведро и многу студено со слаб до умерен северен ветер, температурата ќе биде во интервал од -10 до -5 степени.

Потоа до недела времето ќе биде суво и студено, но температурите ќе бележат постепен благ пораст.

РУСКИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ СИ ИГРААТ МАЈТАП СО АМЕРИКАНЦИТЕ: Ја испеаа “Jingle Bells” на смешен руски акцент!

Руското министерство за внатрешни работи има свој хор по кој се познати во светот.

Нивните настапи ги одушевиле многумина низ целиот свет, а овој пат хорот отпеал празнична песна што најчесто се пее во САД за новогодишните и божиќните празници.

Еве како звучи „Jingle Bells“ отпеана од руски полицајци и војници.