дома блог страница 5430

Момчето кое го освои светот, доби потпишан дрес од Меси

10346611_10153850224594002_3148375812226079700_n

Момчето од Афганистан, Муртаза Ахмади кое го освои светот со фотографијата со најлонски дрес од Лионел Меси, денеска доби нов потпишан дрес од ѕвездата на Барселона.

Дресот му го додели УНИЦЕФ, чии што амбасадор е Меси.

“Го сакам Меси и мојот нов дрес и Меси ме сака мене”, вели малиот Муртаза.

Неговата фотографија буквално го прошета целиот свет и ги освои сите срца, а стигнала и до самиот Меси.

12764347_10153850225019002_3287172962710515533_o

10370454_10153849999569002_7600971276434190345_n

Хорор во Дебреште: Со нож ги избодел поранешната сопруга и нејзиниот татко

Едно лице е потешко и едно полесно повредено од нож во селото Дебреште, општина Долнени. Повредените се префрлени на хируршкото одделение во градската болница во Прилеп и потешко повредениот е во животна опасност. Полицијата во моментов трага по сторителот.

noz

Како што информира Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола, денеска околу пладне 46-годишниот Садем У. дошол во куќата на 80-годишниот Улмија У. и со нож го избодел, а потоа и неговата 41-годишна ќерка Мериде У.

Садем веднаш побегнал и полицијата трага по него. Тој е поранешен сопруг на Мериде и зет на Улмија од Дебреште.

Лекари од Итната медицинска помош кај селото Новоселани ги пресретнале роднините на двајцата повредени кои ги носеле во прилепската болница. Мериде има една, а нејзиниот татко Улмија четири убодни рани од нож и тој е во животна опасност.

Основен јавен обвинител се уште прави увид на местото на трагедијата во селото Дебреште, а полицијата трага по побегнатиот Садем У.

Чупе на денот – Izabel Goulart

Izabel-Goulart-Victorias-Secret-Lingerie-January-2013-Glamour-Boys-Inc-04

Izabel-Goulart-Victorias-Secret-Lingerie-January-2013-Glamour-Boys-Inc-01

Izabel-Goulart-Victorias-Secret-Lingerie-January-2013-Glamour-Boys-Inc-02

Мајка влегла во собата на синчето и здогледала како животно му ја голта главата

avstralija

Австралијанката Тами во вчеравечер, ја разбудил од спиење силен вресок на нејзиниот син Тајлер, и таа веднаш втрчала во детската соба, каде ја чекало шок

Мајка од Австралија, од местото Максвил, затекнала хорор глетка во собата на својот син – питон долг три метри во својата уста ја држел главата на нејзиното четиригодишно дете.

Според она што го објавуваат австралиските медиуми, Тами во вчеравечер, ја разбудил од спиење силен вресок на нејзиниот син Тајлер. Под постелнината на детето влегол питон и го гризнал за рака, а веднаш потоа почнал да се обидува да му ја проголта главата.

Кога вознемирена од врисокот на својот син, жената втрчала во собата се шокирала. Речиси цела глава на нејзиниот четиригодишен син била во устата на огромната змија. Таа веднаш го зграбила питонот и успеала да го одвои од детето, а потоа повикала помош.

Прв напомош пристигнал нејзиниот пријател Крег Бејкер, кој го убил питонот. На фотографиите, објавени на социјалните мрежи, може да се види како тој ја држи во рацете мртвата змија. Под фотографијата пишува дека малиот Тејлор е во добра здравствена состојба.

Инаку, змиите се многу чест проблем за жителите на Австралија. Минатата недела еден граѓанин на Маручи Ривера во Квинсленд, змија извлекол од каналите за електрична инсталација во ѕидовите на својата куќа. Пред околу еден месец беше објавено дека има алармантно зголемување на бројот на змии, како и бројот на напади, како на луѓе така и на нивните домашни миленичиња, од овие животни.

dete

– Колку што се деновите потопли, змиите се повеќе вознемирени. Освен тоа, поради зголемениот број на нови градежни проекти, змиите остануваат без своите природни живеалишта, па буквално се преселуваат во дворовите и живеалиштата на луѓето, изјавил еден австралиски ветеринар.

piton

ВИДЕО – Девојкава го посрамоти билдеров за сите пари

12212121

Билдерот го поткрена тегот и скокаше од радост, како да помрднал цела планина. Одеднаш се појавува девојка која го изрезили за цел живот. Погледнете како си поигра со тежината.

А.Г.

 

Судир на автобус и Мерцедес кај Битола, 11 повредени

Единаесет лица од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на регионалниот пат Битола-Демир Хисар меѓу автомобил „Мерцедес“ и автобус „Форд Транзит“ , двете со битолски регистарски ознаки.

policija_znak

Во незгодата возачот на автобусот З.Д.(47) се здобил со тешки телсни повреди(фрактура на чашка од лево колено, пукнатина на скочен зглоб и посекотина на колено), кој е пренесен и задржан на лекување во Клиничката болница во Битола.

Во несреќата полесно повредени се уште 10 лица-сопатници во автобусот, кои по укажаната лекарска помош во битолската болница се пуштени на домашно лекување.

ФОТО – ,,ПИТУ PARTY” традиционално ги собра средношколците и оваа година

[Best_Wordpress_Gallery id=”156″ gal_title=”PityParty”]

Традиционалната забава на учениците од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” по повод патрониот празник на училиштето и во организација на Младинската Организација “Mлади економисти”, се одржа и оваа година. Ноќ исполнета со многу дружење, забава ги собра учениците во Caffe Virus, a за нивната забава се погрижи К&К BAND.

Вознемирувачко ВИДЕО – НЕ Е ПРЕПОРАЧЛИВО ЗА ТИЕ СО ПОСЛАБО СРЦЕ…

Докторот Етнони Леватино е гинеколог кој извршувал абортуси, одлучил на јавноста преку анимација да покаже што се случува со бебето за време на абортусот.

abortus

Леватино, има изведено 1.200 абортуси.

На снимката тој зборува за тоа како се извршува абортус во второто тромесечје. Бебето, во 20-та недела е со големина на дланка на возрасен човек.

-Најголем дел од луѓето се неинформирани за тоа што се случува за време на абортусот. Оние кои лобираат за абортусот, целата процедура ја затскриваат зад еуфеминизмот, велат од организацијата „Live Actoin“ која се бори против абортусот.

„Лајкот“ на Фејсбук доби друштво- ова се новите емотикони (ФОТО)

fejsbuk-lajk

Социјалната мрежа Фејсбук денеска ги промовираше новите емотикони кои ќе му се придружат на познатиот „лајк“ за споделување различни емоции на одредени објави.

-Овие реакции даваат нов начин да се изрази љубов, хумор или тага, изјави извршниот директор и основач на Фејсбук Марк Цукерберг.

emotikoni-facebook-768x223

Мажи, кога ќе прочитате како ви влијае смартфонот никогаш повеќе нема да го носите во џеб

smartfon

Мажите кои својот телефон го држат во џебот од панталоните или фармерките ризикуваат тој буквално да им ја уништи плодноста, предупредува најновото истражување.

Тестовите покажаа дека бројот на сперматозоидите е драстично намален кај мажите кои секојдневно по еден час го држеле телефонот во џебот од панталоните и така драстично ја намалиле можноста еден ден да имаат деца.

Истражувачите следеле 106 мажи за време на една година и откриле дека тие кои биле зависни од мобилните телефони и ги користеле четири пати повеќе од другите имале намален број на сперматозоиди.

Професорката Марта Димфлед од Техион универзитетот во Хаифа тврдат дека електромагнетните бранови буквално ги свариле сперматозоидите.

Држењето на телефоните блиску до препоните, нивното користење додека се поврзани со полначите, па дури и држење на маса покрај креветот, може значително да го намали бројот на сперматозоидите кај мажите.

-Ова е предупредување за сите мажи кои планираат да имаат деца. Од друга страна жените телефоните најчесто ги носат во нивните чанти и токму поради тоа не мора да се грижат за нивната плодност- додава Димфелд.