дома блог страница 5358

Понесете чадор: Променливо облачно со локален дожд

dozd-cador-2-640x396

Променливо облачно со повремен локален дожд не очекува денес.

Повремен локален дожд се очекува особено во западните делови. Ќе дува слаб, а долж Повардарјето умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 15, а дневната од 17 до 22 степена.

Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со помала веројатност за појава на локален дожд. Повеќе врнежи и пад на температурата се очекува од вторник.

Менаџерката на Тоше по неколку години молк се огласи во јавноста

tttttt

Менаџерката на Тоше Проески, Лилјана Петровиќ по трагедијата целосно се повлече од естрадата. Живее во Ниш и произведува етерични масла и одгледува лаванда. Петровиќ вели дека редовно е во контакт со родителите на Тоше, но нивната тага не може со ништо да се излечи.

„Утеха им даваат нивните внуци Кристијан и Никола, синовите на постарата сестра на Тоше. Постариот Кристијан многу потсетува на Тоше и пее и свири“, вели Петровиќ.

Обожавателите на Тоше последните денови почнаа да ја одбележуваат тажната годишница. Во Заводот за трансфузиологија во Загреб, на 3 октомври се одржа доброволно дарување на крв, а беа повикани сите оние кои го почитуваат и чуваат споменот за Тоше.

„Не поминува ден, а да не помислам на него. Поминувавме многу време заедно на патувања, концерти..Времето се уште не ги залечи раните“, изјави за „Јутарњи лист“ Љиљана Петровиќ, менаџерка на Тоше Проески.

Утре се одбележуваат осум години од смртта на Тоше Проески. Несреќата се случи на автопатот кај Нова Градишка, утрото во 6.20, кога Туарегот во кој се превезуваше Тоше удри во камион. На лице место загина младиот пејач, а неговата менаџерка и возачот минаа со полесни повреди.

Ако не видите нема да верувате…

pingpong2

Беспрекорна игра во времетраење од 40 секунди, ова можеби е еден од најдобрите поени во пингпонгот кој го одиграа двајцата кинески пингпонгари.

Се интензивираат градежните активности на новиот производствен погон на текстилната компанија „Тритекс“

1

Текстилната компанија „Тритекс“ која е позната по производство на долна и детска облека што е изработена исклучиво од памук, ги интензивира градежните активности на новиот производствен погон кој ќе се простира на површина од 4.000м2 и во кој ќе бидат сместени новите производствени линии, а инвестицијата во вредност од еден милион евра ќе овозможи вработување на уште 300 нови лица. Ваквото проширување на прозводниот процес е потврда за поволната бизнис клима што веќе извесен период постои во нашата општина. „Тритекс“ како компанија е успешна фамилијарна деловна приказна која трае 20 години. Текстилните производи на „Тритекс“ се синоним за квалитен македонски бренд што е присутен на пазарите во регионот и во Европа. Успешната компанија проширувањето на своите призводствени капацитети го лоцира во Индустриската зона – Прилеп 1 и со тоа уште еднаш го потврдува својот растечки потенцијал.

2

3

4

5

101 стан од државата за најранливите категории во Прилеп и Демир Хисар

Вкупно 101 новоизграден социјален стан во Прилеп и Демир Хисар ќе бидат распределени на граѓаните од најранливите категории.

111

Огласот, како што изјави денеска премиерот Никола Груевски, ќе биде објавен деновиве, а ќе се распределат 75 станови во Прилеп и 26 во Демир Хисар.

– Становите ќе се распределат на лица од различни социјални категории согласно Законот. Овие категории се утврдени во Законот, како што се приматели на социјална помош, деца без родители и повеќе други категории на лица кои ќе аплицираат. Распределбата ќе биде електронски, што значи со внесување на податоците за сите баратели ќе се одреди кому ќе му бидат доделени овие станови, истакна премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на скопската општина Кисела Вода.

ФОТО: Командант Арачиново уапсен во Диво Насеље

komandat

Уште еден командант на ОНА падна во рацете на полицијата по денешната акција на МВР за разбивање на јатаците на терористичката група во Диво Насеље.

Од полициски извори дознаваме, меѓу приведените е и Ибрахим Муртезани, во јавноста познат и како Командант Арачиново.

И тој како и останатите се сомничи за соработка и помагање на терористичката група која делуваше во кумановскиот регион.

Исто така меѓу приведените е и Рагми Љатифи од селото Отља за кој има информации дека му бил заменик на командант Малишева кој се сметаше за предводник на терористичката група во Куманово.

Во Дива Населба, специјалците на МВР убија 10, а уапсија 28 припадници на терористичката група, во акцијата на МВР беа убиени и 8 специјалци.

ФОТО: По прозивките, Елена им покажа на сите со кого се шета!

Вчера Боки 13 распали по Елена Ристеска повикувајќи се на текст од еден портал во кој се наведува дека позната поп пејачка се тепала со своето момче пред зграда во Аеродром.

elena rrrrr

После алудирањето дека во центарот на целата ситуација е нашата поп дива, Елена одлучи да покаже дека не се оптоварува со озборувањата. Таа прикачи фотографија со своите пријателки како се забавува на отворањето на еден ноќен клуб во Скопје.

Елена уште еднаш покажа дека пријателките се всушност најголемата поддршка и во најтешките мигови.

elena 22222

Прилепе мој роден град

markukule
Велат САМО ДОМА СИ Е ДОМА! И јас велам така, мојот роден град Прилеп за мене е “дома” и има посебно значење. Каде и да сум, илјадници километри далеку повторно и повторно се враќам во својот роден град, тука ми се мислите, тука ми е срцето, тука сум растел, тука се моите родители, роднини и пријатели, тука се сите мои најблиски! Не, воопшто не е страшно да си заминал на печалба кога длабоко во себе знаеш каде ти е местото и копнееш по СВОЕТО. Мојот роден град е прекрасен а морам да се пофалам дека во последно време доживува ренесанса, промена на личниот опис! Го чуствувам мирисот на мојот град каде и да сум, илјадници километри далеку. Замижувам и се исцртува сликата на централното подрачје од Прилеп или пак можеби стариот дел од градот “ВАРОШ” или можеби населбата “ТОЧИЛА” или пак мансатирот….. колку е само убаво! Сакај го Прилеп, придонеси и ти како поединец, направи нешто добро за својот град! Град Прилеп ЖИВЕЕ!!!

ГОРД ПРИЛЕПЧАНЕЦ

СОУ „Кузман Јосифоски – Питу во Спортско – натпреварувачки дух

IMG_20151005_111153[1]

За учениците од СОУ „Кузман Јосифоски-Питу„ Прилеп, понеделникот , 05 октомври беше реализирана еднодневна екскурзија од спортско-рекреативен карактер на спортските терени на Могилата на непобедените благодарение на Управниот одбор на ЈКП Комуналец кој секогаш излегува во пресрет за потребите на децата и нивниот психофизички развој.
Спортско- натпреварувачкиот дух на одбојката и малиот фудбал предизвика задоволство кај учениците,со истакнување на спортските склоности и таленти. На натпреварите, од селективен карактер , младите економисти заслужено се „облажија“ со торти. И сето „тоа“ не би било „тоа“, без поддршката од Училишниот тим и наставниците по спорт и спортски активности Тони Стевананџија и Васил Гајтаноски, сите наставници и ученици.

IMG_20151005_113531[1]

Голема акција на МВР, се апсат соработници и логистичари на терористите од Дива Населба

Обемна полициска акција за пронаоѓање и лишување од слобода на лица, соработници и логистичари на криминално-терористичката група од кумановската Дива Населба започна полицијата утрината.

dnaselba

Според првичните информации, веќе се приведени неколку јатаци и согласно договорот со надлежниот обвинител за гонење на организиран и сериозен криминал уапсените веднаш ќе се носат пред надлежниот судија.

Претресите продолжуваат во скопско и кумановско, а повеќе детали ќе бидат познати во текот на денот, по завршување на акцијата.