дома блог страница 5342

ВИДЕО: Политичар отиде во тоалет, но заборави да го исклучи микрофонот

На состанок на Советот на Џорџтаун во Тексас се случи доста непријатна ситуација. Додека траеше советот, неиндефикуван член се извини и отиде до тоалет.
Но за жал, тој заборави да го исклучи микрофонот, па сите во салата станаа сведоци на неговото одење во тоалет.

Градоначалничката на Џорџтаун, која даде се од себе да го продолжи советот нормално и со сериозен тон, одбила да даде изјави за медиумите.

Фотографија која го обиколи светот: Кучиња чекаат во ред за оброк

Кучиња кои со чинија во забите чекаат во ред за да го добијат својот оброк- ова е призор кој не се гледа секој ден. Но, во Кина ова е глетка која често може да се затекне.

Полициските кучиња во Кина најверојатно се најсоцијализирани, ако се суди според оваа фотографија која го обиколи светот.

Тие во редица, мирно и сталожено чекаат да дојдат на ред за да им се наполни чинијата.

Користите Вибер? Погледнете ги новите опциии

Апликацијата за бесплатна размена на пораки преку Интернет, стигна до 570 милиони корисници и доби нова верзија. Вибер има промени кои го олеснуваат комуницирањето.

Постои опција за полесен видео контакт, да започнете видео повик дирекно од листата на пријатели.

Кога ќе му испратите некому активен линк, тој се претвора во прозорче, односно добива сликичка под него, слично како на Фејсбук.

Се делат добрите вибрации- може да создавате групи за разговор.

Исто така има и нови начини за плаќање, преку новите вибер кредити.

Гугл се гаси!

Компанијата Гугл престанува да постои, а еве кои се причините.

Најпознатиот интернет пребарувач и истоимената компанија Гугл наскоро нема да постои бидејќи основачите планираат реорганизација на компанијата под ново име.

Името на компанијата кое сите го знаеме како Гугл, под која се маил сервисот Гмаил, оперативниот систем Андроид, видео сервисот ЈуТјуб и сите други пратечки проекти, ќе го носи името Алфабет.

Основачите на Гугл Лари Пејџ и Сергеј Брин најавија големи промени, а новиот директор на Гугл ќе биде Сундар Пиачи.

Гугл на почетоците функционираше само како интернет пребарувач, но кратко потоа почна да се шири и во други семгменти од интернет просторот, но и во економијата. Денес Гугл работи на проекти во делот на развојот на автомобилите, успорување на стареењето, унапредување на пристапот до интернет.

Пејџ и Брин тврдат дека гранките на компанијата станале премногу разнолики за една фирма. Различните технологии имат потреба од разнички лидери на сектор. Затоа Гугл ќе стане само еден дел од компанијата Алфабет која ќе ги надгледува наскоро независните фирми Гугл, Гмаил, ЈуТјуб и други.

За една минута на Фејсбук се „лајкуваат“ 4,1 милиони постови

Речиси 1,5 милијарди корисници на Фејсбук секоја минута „лајкуваат“ 4,1 милион постови, односно 350 милиони за само еден час.

Фирмата за деловен менаџмент „Домо“ објави нова инфографика во која се прикажани активностите на луѓето за само една минута на најпопуларните социјални мрежи и онлајн сервиси, како Инстаграм, Нетфликс, СнепЧат или Јутјуб.

Бројките покажуваат дека на Твитер се испраќаат речиси 350.000 твитови, а во истовреме корисниците на ЈуТјуб поставуваат дури 300 часа нов видео материјал. Додека Убер примил 694 нови возења, корисниците на Скајп извршиле 110.040 повици, а во исто време „симнати“ се 51.000 апликации од продавницата на Епл.

ВИДЕО: Измислил мотор кој со 1 литар вода поминува 500 километри

Рикардо Азеведо од бразилскиот град Сао Паоло направил чудесен мотор кој може да помине 500 километри со само еден литар вода

Имено, акумулаторот на моторот го користи водородот од молекулите на водата и така создава електрична енергија, со чија помош се придвижува ова чудо.

Рикардо на видеото покажал како тоа функционира, а пред да стави вода во резервоарот испил неколку голтки како би докажал дека во шишето навистина има вода.

Тој исто така покажал како се движи моторот. На овој начин сакал да го промовира својот изум како еколошка машина.

– Предноста на овој изум кој користи водород од молекулите на вода е во тоа што издувните гасови се водена пареа. Тоа се разликува од бензинот кој дава јаглен моноксид , рекол тој.

Опасен порно вирус се шири на „Фејсбук“

Социјалната мрежа „Фејсбук“ e мета на нов порно вирус кој ги означува вашите пријатели на објава на вашиот тајмлајн.

Забележано е на пример дека вашите пријатели споделуваат слики по групите со експлицитни порнографии кои на себе имаат нешто што личи на копче за пуштање на видео снимка.

„Фејсбук“, секако, е во процес на совладување на овој штетен вирус, но во последните неколку денови многу профили се преполни со порно фотографии.

Доколку добиете некој ваков линк, веднаш избришете го и пријавете го за да не го примите вирусот.

Трамп: Нема американско државјанство за децата на илегалните мигранти

Еден од републканските претенденти за иден претседател на САД, милијардерот Доналд Трамп изјави дека тој се злага за укинување на сегашното право на американско државјанство, што по автоматизам следува за децата родени во САД, пренесе МИА.

Според американскиот Устав, сите деца родени на територијата на САД, дури и ако нивните родители се илегални мигранти, добиваат државјанство. Трамп сега тврди дека таквата одредба во Уставот треба да се укине, оставајќи ја можноста, семејствата, чии деца се родени на американска територија, да може подоцна да се вратат во САД, доколу владата оцени дека тоа го заслужуваат.

Имигрантите и имигрантското прашање претставува доминантно прашање во кампањата на Трамп, а неговиот сегашен рејтинг покажува дека позициите што тој ги има околу имиграцијата им се прифатливи на домашните гласачи.

Тој смета дека треба да се зголеми таксата за добивање американска виза, а средствата што би се собрале од тоа, да се употребат за продолжување на изградбата на оградата на границата меѓу САД и Мексико.

– Мора да се запре имигрантскиот бран и тие луѓе мора да си заминат од САД, изјави Трамп за Ен-Би-Си.

Во изјавата за оваа американска телевизија, Трамп вели дека острата антиимигрантска политика е повеќе од потребна, затоа што, како што тврди, конечно е докажано оти криминалот е поврзан со имигрантите кои живеат илегално во САД.

Доналд Трамп кој засега води меѓу републиканските претенденти за номинакција за претседателските избори во 2016 година, заговара депортација на сите кои немаат регулиран статус во земјата.

Шокантно: Колку луѓе загинаа во Сирија?

За време на петгодишната војна во Сирија загинаа 216.700 луѓе од кои 180.455 цивили, се наведува во извештајот на Сириски центар за мониторинг на за човекови права (СНХР).

Во извештајот се посочува дека сириската армија убила 207.384 борци на сириската опозиција и цивили. Од 178.491 загинати цивили 18.437 се деца и 18.627 жени, а 11.491 луѓе починале во затворите од тортура. Во борбите загинале 28.893 припадници на сириската опозиција.

Организацијата со седиште во Лондон истакнува дека во воздушните и копнените напади врз позиции на сириската опозиција оштетени се 2,9 милиони објекти од кои 327 болници, 2.091 џамии, 41 цркви, повеќе десетици училишта, а 920.000 станбени објекти целосно се уништени.

Во воздушните напади на меѓународната коалиција предводена од САД за борба протов ИД загинале 233 цивили од кои 71 дете, три жени и три војници на сириската опозиција.

Германија “врие“, пристигнале 360.000 мигранти

Германија соопшти дека годинава драстично е зголемен бројот на имигранти и досега изнесува 360.000 лица.

– Поради огромниот бран на новопристигнати мигранти потребно е повеќе време за поднесување на молби за азил. До крајот на јули беа поднесени 218.221 молби, што е зголемување за приближно 125 проценти, се наведува во соопштението на германското Министерство за внатрешни работи.

Германија е најпосакувана европска дестинација за бегалците со 43 проценти од вкупно 400.000 поднесени молби за азил во Европа до крајот на јуни.

Околу 45.000 се сместени во привремени домови додека чекаат дали ќе им биде одобрен азил, а за 100.000 до 150.000 луѓе недостига сместување.