дома блог страница 5317

Историски момент: Интензивни градежни работи на 5 автопатски делници

Со инвестиции во автопатската мрежа како никогаш досега во моментов во државава се градат и реконструираат 165 километри автопатски делници, од кои 3 автопати се во целосна нова градба а две автопатски делници се реконструираат и рехабилитираат.

 

miladinovci-stip5-640x335-1

Автопатската делница Миладиновци – Штип  каде вчера беше извршен увид во градежните работи е со должина од 47 километри, пробиени се  94% од трасата а вкупниот прогрес на градежните работи изнесува 39%. За овој автопат се инвестираат 206 милиони евра и се очекува да биде завршен за една година.

– Ова е историски важен момент за државата и за развојот на нејзината економија зашто првпат паралелно се работи на вкупно 165 километри делници, дел се во градба, а дел се реконструираат, што е инвестиција вредна 800 милиони евра. Ангажирани се околу 2.500 луѓе и тоа е сериозен поттик за македонското градежништво, како и за останатите поврзани стопански гранки, подвлече претседателот на Владата Емил Димитриев кој вчера заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски изврши увид во градежните работи на автопатот Миладиновци-Штип.

Автопатот  Демир Капија-Смоквица е во должина од 28,2 со инвестициона вредност од 210 милиони евра, и истиот се очекува да биде готов до крајот на оваа или  почетокот на наредната година.

Автопатот Кичево –Охрид , автопат Мајка Тереза, е во должина од 57 километри. За овој автопат се инвестираат 374 милиони евра, и истиот се очекува да биде готов во 2018 година.

-Работите одат добро, на автопатската делница Демир Капија-Смоквица веќе имаме вкупен прогрес од 77%, додека на автопатската делница Кичево-Охрид имаме пробиено траса од 82%, а вкупниот прогрес изнесува 20 посто. Очекуваме сите овие инвестиции да се реализираат согласно предвидената динамика, се разбира земајќи ги предвид останатите фактори кои имаат влијание на градежната сезона, но она што е најбитно е дека на овој начин, со овие инвестиции, се поттикнува економскиот раст на државата преку поддршка на градежништвото, коешто има сериозно влијание во растот на БДП и особено битно за нас се поттикнува вработеноста, затоа што моментално на сите патни делници на коишто работи државата – автопати, регионални, магистрални, локални, експресни патишта, се ангажирани околу 3500 вработени, а се очекува овој број да расте во идниот период во текот на летото и втората половина на годината со воведување во работа на нови градежни патни правци, информира портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев.

izjava-portparol-na-vlada-640x371

Паралелно со изградбата на овие три нови автопати се во моментов се реконструираат и автопатска делница Смоквица-Гевгелија со должина 10,15 км во вредност од 4,2 милиони евра со прогрес од 20,00% и се очекува да биде завршена до крајот на оваа година, а започна и рехабилитацијата на автопатска делница Куманово-Миладиновци во должина од 23 километри, која се очекува да биде целосно завршена во период од 15 до 18 месеци.

Ваквиот инвестициски циклус во автопатската инфраструктура од Владата истакнуваат дека следува после изградбата и реконструкцијата над 500 километри регионална патна мрежа, над 700 километри локална патна мрежа, како и изградбата и реконструкцијата на автопатските делници Табановце – Куманово, Катланово – Велес и Велес – Катланово, што практично значи целосно реализирање на ветувањата дадени пред граѓаните за подобрување во патната инфраструктура во државата.

Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, истакна дека со крупни инвестиции во инфраструктурата Владата ги исполнува ветувањата кои ги дава до граѓаните и дека така ќе продолжи во иднина.

-Максимално вложуваме во инфраструктурата и во патната и во железничката инфраструктура. Како Влада сме посветени во реализација на сите оние проекти кои ги имаме ветено. Не само да ветуваме како минатите Влади особено СДСМ само ветуваше, а ништо не изгради. Ние конкретно, со години по рокови кажуваме што ќе се направи, рече Мисајловски.

misajlovski-vlado-640x383

Сите овие капитални инвестиции во патната инфраструктура се поздравени од градежниот сектор во државава кој се години претставува основен двигател на домашниот економски раст, но и од градоначалниците од сите региони кои како што велат овие инвестиции сериозно влијаат на подобрување на инвестициската клима во општините и драстично подобрување на можностите за локален економски раст и развој.

ГАЛЕРИЈА – Креативен алманах на графичарите од СОУ “Ристе Ристески”-Ричко

6

Учениците од графичката струка при СОУ “Ристе Ристески” – Ричко од Прилеп, во рамки на фотографската и секцијата за дизајн, самостојно изработија доста креативен алманах за учениците од IV/4 клас, графички техничар.

Со одличен дизајн, интересни карактеристики и многу досетливо, графичарите си направиле еден забавен паметник за заедничките денови поминати во училишните клупи.

Погледнете ја галеријата:

[Best_Wordpress_Gallery id=”255″ gal_title=”АлманахИндустриско”]

Галерија – „Денови на Крали Марко“ по десети пат во Прилеп

IMG_9199

Легендарниот лик  на Кралот Марко, кој историски нераскинливо е поврзан со Прилеп, по јубилеен  десети пат е  инспирација за организирање на  културната манифестација „Денови на Крали Марко”.

Во негова чест на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ точно пред споменикот на истоимениот јунак, се одржаа повеќе културни настани како ликовно творење, литературно читање, историски час посветени на ликот и делото на овој легендарен јунак, а интерпретирани од учениците од основните училишта. Настанот беше збогатен и со настапот на КУД „Моминок“.

[Best_Wordpress_Gallery id=”254″ gal_title=”DenovinaKraliMarko”]

Градоначалникот Ристески посочи дека преку оваа манифестацијата се одбележува веќе 10-та година во градот, а целта е промовирање на Прилеп како град каде што живеел овој легендарен крал.

Манифестација „Денови на Крали Марко” вечерва ќе заврши со годишниот концерт на учениците од ООУМ „Ордан Михалјовски – Оцка“.

32-ри Мариовско – мегленски културни средби во с. Витолиште

мариово 2016

На 29-мај во манастирот Св. Илија, с. Витолиште во организација и под покровителство на локалната самоуправа на Општина Прилеп ќе се одржат   32-рите по ред Мариовско-мегленски културни средби. Со овие традиционални средби се негува фолклорно и културното наследство на регионите. На средбите ќе присуствуваат повеќе граѓани од Прилеп и Македонија, локалното население, како и учесници со богата културно-уметничката програма.

Целта и значењето на одржувањето на средбите е зближување на населението од двата региона на Мариово и Меглен, средба на лица кои се иселиле од регионот, како и остварување на културна размена во пошироки рамки.

IMG_9029

IMG_9023

IMG_9027

Покрај културно-уметничката програма, ќе се одржи и велосипедски настан со учество на велосипедисти од целата земја. Велосипедистите пристигнуваат претходниот ден и кампуваат во село Манастир, од каде што ќе биде и официјалниот старт во недела на 29-мај. Организаторите најавија тридневна забава, по престигнувањето на гостите и поставување на кампот следува отварање на Outdoor Festival со проекција на кратки оutdoor филмови, изложба на фотографии, аеробик забава и богата музичка програма со Ди џеи.

Она што е особено значајно за овие средби е нивниот придонес кон развојот на руралниот туризам и промовирањето на Мариовскиот регион како вонреден потенцијал со придобивките кои ги нуди чистата животна средина.

IMG_9080

IMG_9048

IMG_9052

IMG_9060

Еве како Кока Колата го уништува нашиот организам за само 65 минути

clean-coca-cola

Откако ќе го прочитате ова, веројатно веќе никогаш нема да пиете Кока Кола.

Еве што се случува во вашиот организам после 65 минути откако ќе испиете  една чаша од овој газиран пијалок.

Во првите 10 минути доаѓа до јакнење на енергијата во организмот. Да би  немало фосфорна киселина во овој пијалок, количината на шеќер би предизвикала повраќање.

Во наредните 20 минути, дека телото се пере од предозирањето со шеќер, доаѓа до ослободување на инсулин во крвотокот, а црниот дроб почнува да го претвора шеќерот во масти.

После 40 минути, нашиот организам во потполност го абсорбира кофеинот од Кока Колата, а крвниот притисок расти поради зголемување на количината на глукоза во крфта.

Нашиот мозок ги блокира рецепторите за адренозин, спречувајќи на тој начин поспаност.

После 45 минути доаѓа до зголемување на производството на допамин, хормон кој го стимулира центарот за задоволство во мозокот. Некои дроги како хероинот делуваат слично на нашиот организам.

Час време откако сне пиеле Кока Кола, фосфорната киселина го забрзува метаболизмот преку врзување со калциумот, цинкот и магнезиумот во цревата. Потоа почнува да дејствува и кофеинот.

Калциумот се извлекува од коските и оди во урината. Овој процес ги заслабнува коските.

Магнезиумот, цинкот, натриумот и калиумот исто така го напуштаат нашиот организам на овој начин.

Во 65-тата минута се јавува пад нашеќерот во организмот, што доведува до будност и нервоза.

Бидејќи организмот одеднаш останува без кофеин и шеќер, се јавува чувство на силен умор.

Редовното конзумирање на Кока Кола може со сигурност да доведе до дебелеење и хипертензија.

Вештачките засладувачи кои се наоѓаат во неа, уште повеќе ја зголемуваат жедта.

Исто така овие засладувачи можат да не доведат до нервни пореметувања и развој на ментални болести.

Можеби треба да размислите за овие работи следниот пат кога ќе добиете желба да се напиете Кока Кола.

Извор: http://webtribune.rs/

Моника Талеска: „Телма“ веќе нема кредибилитет, со оваа одлука се погребува македонското новинарство

Не стивнуваат реакциите во јавноста откако телевизија Телма денеска одлучи 12 искусни новинари да прогласи за технолошки вишок и да ги остави без работа. Долгогодишната новинарка Моника Талеска, преку статус на својот ФБ профил ја искажа разочараноста од ваквата одлука, со која вели дека се погребува македонското новинарство.

received_10208175950787961

-Не можам да бидам мирна по оваа одлука за колегите од Телма, каде се сите македонски медиуми, денеска треба да `вришти` македонската демократска јавност од гнев, незадоволство и бес, македонската новинарска фела која се бори за враќање на објективното новинарство на сцена!!! Сите новинари, (не ме интересираат интерперсоналните релации, тие се за кафе дружби) и ССНМ и ЗНМ и граѓански асоцијации и партии сите, со оваа одлука се погребува македонското новинарство! Вакви ли се реформите? Нема кредибилитет тој медиум натаму да известува за каква и да е точна од Пржинскиот договор, за какви и да е реформи?!!! Срамна одлука, 12 професионалци во еден ден, без око да ти трепне!!!, напиша Моника Талеска.

Меѓу избрканите новинари се и докажани новинарски имиња како Панта Џамбазовски, Емилија Лазаровска, Томислав Османли, Виолета Зајкова, Соња Николовска, Јулијана Лефковска Пешевска и други вработени во информативната, културната и во забавната редакција на телевизијата.

ВИДЕО – 5 холивудски ѕвезди кои својата кариера ја започнале во порно индустријата

12121

Не е се така розово во животите на некои од денешните холивудски актери.

Не сите започнале низ холивудските студија за снимање, некои од нив запловиле во филмските води на многу поразличен начин.

За нив отскочна даска биле улогите во порно филмовите.

Навистина ќе се изненадите кога ќе видите кој се спаѓа во оваа кратка листа на 5 актери, кои не славно ги започнале своите кариери.

Погледнете:

A.Г.

ФОТО – Ќерката на Жан-Клод Ван Дам ќе ве разбие со нејзиниот сексапил

12

Многумина пораснаа со Жан – Клод Ван Дам, восхитувајќи му се на неговите техники на претепување на лошите момци во филмовите.
Но, неговата ќерка е таа која моментално би го задржала вниманието на нашиот поглед.

Многумина ја нарекуваат само ќерката на Ван Дам, а нејзиното целосно име е Бјанка Бриџит Ван Дам.

Таа има 25 години и сеуште не го пронашла вистинското момче за себе.

Можеби ја нема силата на нејзиниот татко за разбивање на на ѕидови со нозе, но сигурно има што да покаже и да ви го одвлече вниманието.

Погледнете ги овие фотографии:

13

14

17

18

А.Г.

Хаос во Брисел: 50.000 луѓе на улица – полицијата со водени топови против демонстрантите

Demonstrators confront riot police during clashes in central Brussels November 6, 2014. Tens of thousands of public and private sector workers, employees and trade union members demonstrated over austerity measures to be taken by the new Belgian government. REUTERS/Francois Lenoir (BELGIUM - Tags: POLITICS BUSINESS CIVIL UNREST BUSINESS EMPLOYMENT TPX IMAGES OF THE DAY) - RTR4D493

Белгиската полиција се судри со луѓето кои ги окупираа улиците на Брисел по повод протестите против социјалните и економските политики на владата.

 

Demonstrators confront riot police during clashes in central Brussels November 6, 2014. Tens of thousands of public and private sector workers, employees and trade union members demonstrated over austerity measures to be taken by the new Belgian government.       REUTERS/Francois Lenoir (BELGIUM  - Tags: POLITICS BUSINESS CIVIL UNREST BUSINESS EMPLOYMENT TPX IMAGES OF THE DAY)   - RTR4D493

 

Полицајците користеа водени топови за да ги растераат демонстрантите, а во судирите е повреден најмалку еден полицаец и неколку демонстранти.

На крајот на мирниот протест, на кој присуствуваа околу 50.000 луѓе, неколку десетици демонстранти почнале да фрлаат со камења на полицијата, што довело до судир помеѓу учесниците на протестот.

Демонстрациите се организирани против социјалните и економските политики на владата, за која синдикатите тврдат дека „ги урива темелите на државната благосостојба“.

1brisel-protesti

Како што пренесува АП, тоа е повторување на претходните протести против политиката за штедење, кога насилството од страна на неколку десетици демонстранти го фрли во сенка протестниот марш на десетина илјади учесници.

Под слоганот „Чашата се прели“, на протестите во Брисел се придружија и водечките синдикати, обединети во своето противење кон мерките со кои би се зголемила флексибилноста на работниците, би се продолжил работниот стаж до пензија и би се смалиле платите за работа во тешки услови.

Синдикатите велат дека политиката на либералниот премиер Шарл Мишел во изминатите две години просечните белгиски фамилии ги чинела по 100 евра месечно, а дека е ветено да се зголеми бројот на работни места, што станало недостижно.

Синдикатите бараат владата наместо со тоа, да се занимава со оние кои избегнуваат плаќање на даноците.

2brisel-protesti

 

„Мажи“- новото видео на Марјан Ѓорѓиевски ќе ве насмее

marjan-stend-up-640x328

Неговото ново видео е наречено „Мажи“, а ќе им биде подеднакво забавно за слушање и на мажите и на жените.

Истото е снимено во соработка со Еден на еден.