дома блог страница 5316

ВИДЕО – Како изгледа снимањето на филмовите? Никогаш не би поверувале што се крие зад снимањето

1212

Филмските сцени пред и специјалните ефекти после симањето на филмовите, ќе ви ја доловат вистинската сила и моќ на филмската индустрија.

Ова 3-минутно видео ќе ви открие многу прашања кои постојано ве мачат, додека ги гледате најновите филмски достигнувања.

Технологијата прави чуда!

Погледнете:

А.Г.

Легендарното Пони повторно ќе се произведува

Словенечкиот производител на бела техника Горење најави дека ќе започне со производство на велосипедот од брендот Рог, бидејќи од моменталнот приватен сопственик ќе го откупи правото на назив на брендот за повеќе од 40.000 евра.

 

poni

Приватниот сопственик брендот го откупил од некогаш познатата љубљанска фабрика за велосипеди Рог која во 2009 година заврши во стечај, а подготвен е да се откаже од правата на интелектуална сопственост за 41,500 евра.

„Горење има знаење и искуство кое можеме да го употребиме за ревитализација не еден од најпознатите словенечки индустриски брендови“, изјави директорот на Горење, Фрањо Бобинац, потврдувајќи дека Горење ќе започне да произведува велосипеди, пренесува Деловен дневник.

„Горење во проектот за обнова на сјајот на стариот бренд на словенечки велосипеди кои беа познати на просторите на поранешна Југославија влегува со љубљанскиот трговски центар БТЦ како партнер“.

Првиот велосипед од новата генерација на пазарот ќе се појави во 2017 година. Најпрвин ќе се работи на модерната верзија на некогаш мегапопуларниот велосипед Пони од модерни материјали и со подобрена ергономија, а една година подоцна може да се очекува и велосипед за планинско и градско возење, како и електричен велосипед.

До доцните 80-ти години од минатиот век фабриката за велосипеди Рог произведуваше 300 до 350 илјади велосипеди годишно, но по распадот на заедничкиот југословенски пазар и евтиниот увоз од далечниот исток западна во тешкотии и пропадна.

Анастасија ронеше солзи на роденденот: Еве што чувал Аркан за неа

1

Светлана Цеца Ражнатовиќ за полнолетството на својата ќерка направи краток филм за нејзиното детство и нејзиниот живот. Во филмот во кој имало и фотки и моменти од Аркан, Анастасија започнала да плаче.

Цеца многу се потрудила околу снимките кои ги трогнаа сите присутни.

2

Цеца од Аркан на Анастасија и даде обетки кои ги чувала за оваа пригода. И покрај 100.000 евра кои ги собра, секако ништо не е повредно за Анастасија од овој подарок од татко и за кој лееше солзи.

Полнењето на смартфонот на компјутер ве прави лесна мета за хакери

Следниот пат кога батеријата ќе в и биде при крај можеби ќе се обидете да го најдете штекот, а нема да се обидете да го полните преку УСБ на компјутер. Истражувањата на „Касперски“ покажуваат дека полнењето на смартфонот на компјутер ве прави лесна мета за хакери, пренесува „Раша Тудеј“.

Следниот пат кога батеријата ќе в и биде при крај можеби ќе се обидете да го најдете штекот, а нема да се обидете да го полните преку УСБ на компјутер. Истражувањата на „Касперски“ покажуваат дека полнењето на смартфонот на компјутер ве прави лесна мета за хакери, пренесува „Раша Тудеј“.

Со обид да го одредат износот на податоци што смартфоните го споделуваат додека се поврзани со компјутерот за полнење, експертите во Касперски  тестирале поголем број телефони што работат со различни верзии на Андориод и иОС оперативни системи.

Во тоа време, телефонот го споделува името на уредот, произведувачот, типот, серискиот број, податоци за производството, за оперативниот систем, листа на системски фајлови, како и идентификациски број на  електронскиот чип.

Според Касперски оваа ситуација е „индиректен“ безбедносен проблем.

Одлична финта како да спакувате многу работи, а во помал куфер (ВИДЕО)

kufer-650x396

Кога патувате со авион, често ве мачи како да спакувате во помал куфер работи кои ви се потребни, а тоа да не се одрази многу на цената на патувањето.

Погледнете една добра финта која ви дава решение токму на овој проблем:

РАКОМЕТЕН ПРИЛЕП СЛАВИ ИЗЛЕЗ ВО ЕВРОПА

13312820_1000391563389619_3261344924984930851_n

После долги години ракометот во Прилеп одново оживува, благодарение на храброста, борбеноста и пожртвуваноста на ракометарите и стручниот штаб на амбициозната екипа на РК Прилеп.

Изминатата вечер ракометарите на РК Прилеп беа поуспешни во дуелот со Работнички во Скопје и со резултат 29:31 ги совладаа домаќините.

Со оваа победа прилепчани обезбедија излез на европска сцена и настапи во Челинџ купот наредната сезона.

Љубителите на ракометот во Прилеп одново имаат прилика да гледаат една сериозна екипа која располага со распон на квалитети и потенцијал.

 

Maрјан Радески: Подготвени сме за големи резултати

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година утре во Киев го игра натпреварот против Украина од квалификациите за Европското првенство. Играчот од нападот Марјан Радески очекува добар настап на „црвено-жолтите“.

 

radeski-640x294

Македонија „брка“ позитивен резултат за задржување на шансите за пласман на ЕП.

– Украина е многу силна репрезентација, ова ќе биде тежок испит за сите нас, но се надевам дека ќе го поминеме. Во овие квалификации покажавме квалитет, нашата група на играчи е силна, го имаме и потребниот спокој и се што сакаме е да продолжиме да играме како и досега. Како и да заврши овој натпревар, продолжуваме понатаму, ние сме репрезентација која е подготвена за големи работи, а така ќе се однесуваме и утре на натпреварот, изјави напаѓачот Марјан Радески.

Натпреварот ќе се игра на стадионот „Валери Лобановски“ со почеток во 17 часот.

ВИДЕО – Гледајќи ја како танцува оваа девојка од Тахити, ќе заборавите на сите грижи

1212

Танцот на оваа девојка од Тахити ќе ви го одземе здивот за момент и ќе ве натера да заборавите на сите грижи.

Оваа неверојатна брзина на танцување е вистински позитив на денот.

Погледнете…

А.Г.

ФОТО – Во алкохолизирана состојба со возило влегол во куќа

imageedit_1_5327287320

Попладнево на улицата Борис Кидрич накај касарните во Прилеп, едно лице кое неофицијално било во алкохолизирана состојба, со своето возило неконтролирано излетало од улицата и завршило во една од куќите.

При сударот значително е оштетено возилото и куќата, а лицето се здобило со повреди.

Жителите видно вознемирени во голем број притрчаа да помогнат и да видат што се случи.

Полицијата врши увид на лице место.

received_10207970951406049

received_10207970934565628

received_10207970934685631

Соопштение на Народната банка на Република Македонија

500nbrm1

Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата седма седница на која го усвои Стратегискиот план на Народната банка на Република Македонија за периодот 2017 – 2019 година.
Определбата за одржување ниска и стабилна инфлација преку стратегијата на одржување стабилен курс на денарот во однос на еврото, одржувањето на финансиската стабилност како составен елемент на макроекономската стабилност и предуслов за остварување економски раст и просперитет, ќе бидат главниот стожер на активностите на Народната банка.

Стратегискиот план за 2017 – 2019 година претставува продолжение на претходно утврдените стратегиски цели во областа на утврдувањето и спроведувањето на монетарната политика и поддршката на финансиските пазари, управувањето со девизните резерви, одржувањето на финансиската стабилност, издавањето и управувањето со книжните и кованите пари, платните системи, статистиката и истражувачката дејност. Покрај тоа, Народната банка и натаму ќе го развива корпоративното управување и ќе го продлабочува системот на вредности. Во таа смисла, ќе продолжи процесот на создавање современ и компетентен човечки капитал, воспоставување на најновите технолошки иновации во деловните процеси, ефикасно управување со ризиците и на развивање на соработката со домашните и странските институции.

Советот, на денешната седница, ја донесе и Програмата за истражувачката активност во периодот 2017-2019 година. Истражувачката активност на Народната банка на Република Македонија во периодот 2017 – 2019 година ќе биде насочена кон области коишто се од значење за остварувањето на нејзините основни и други цели и на зајакнувањето на институционалниот капацитет. Предвидените истражувања треба да дадат поддршка на процесот на одлучување, да придонесат за поуспешно функционирање на Народната банка и за соочувањето со идните предизвици. Воедно, предвидените истражувања и анализи треба да придонесат и кон натамошно осовременување на работењето во Народната банка и подготовка за идното учество во Европскиот систем на централни банки.

Советот на Народната банка на Република Македонија, врз основа на предвидениот распоред и динамика на активностите, ја усвои и Одлуката за издавање и Одлуката за пуштање во оптек на кованата пара за колекционерски цели „Владимирска’’ од серијата „Икони на Пресвета Богородица’’. Оваа кована пара е со апоен од 100 денари во количина од 7000 парчиња.

Советот разгледа и други прашања од својата надлежност.