А.Г.
Утре пред почеток на бараж натпреварот, Вардар(Неготино) – Вардари(Форино), кој ќе се игра на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,, во Прилеп, со почеток во 16 часот, ќе се изврши церемонијата на доделување на пехарот на ФК Победа за освоеното 1-во место во Втората лига. Се работи за одлука на ФФМ да се додели пехарот на шампионот по штотуку завршеното првенство на Втората лига на домашниот стадион, а самата церемонија на доделување на шампионскиот пехар ќе се изврши половина час пред почетокот на натпреварот, односно во 15,30 часот. Од ФК Победа апелираат за што поголема посетеност на натпреварот и присуство на симпатизерите на ФК Победа на овој свечен чин, со кој ќе се официјализира шампионската титула на црвено-белите.
[Best_Wordpress_Gallery id=”258″ gal_title=”Malibu”]
Зоран Заев останува единствениот аболициран политичар во земјава, откако претседателот Ѓорге Иванов вчера донесе одлука да ја укине аболицијата за 22 лица политички експонирани. Опозицискиот лидер веќе подолг период ја манипулира јавноста за аболицијата поврзана со случајот „Глобал“, бидејќи првиот човек на СДСМ се уште не побарал укинување на аболицијата.
Десетина дена откако беа донесени измените на Законот за помилување, со кои се овозможи досега аболицираните да побараат од шефот на државата да биде повлечено нивното помилување, а и од кога лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека сака да ја симне од себе аболицијата дадена и за случајот „Глобал“ од 2008 година, такво нешто се` уште не се случило.
Заев, чија политичка кариера ја одбележа токму чинот на помилување од Бранко Црвенковски во 2008 година, под притисок на јавноста минатата недела излезе со став дека ќе ја повлече аболицијата.
-Од 2008-ма Зоран Заев бара повлекување на аболицијата, тогаш не ми беше дадена правна можност да ја повлечам аболицијата, ниту бев прашан за оваа работа. Сега имам правна можност и ја обжалив пред Апелација и пред Стразбир и аболицијата од 2008-ма година ако ми се даде можност веднаш ќе побарам да биде повлечена, или ако има било каква можност Ѓорге Иванов или било кој во оваа земја барам да биде укината, рече Заев на прес-конференција.
Наспроти ова, јавноста добро ја памети изјавата на Заев во 2008 година дадена веднаш по аболицјата од Бранко Црвенковски за криминал тежок 8 милиони евра. Заев тогаш рече дека немало да ја коментира одлуката на Црвенковски.
-Аболицијата дадена од страна на претседателот Црвенковски нема д аја коментирам во јавноста. Тоа е сепак негово уставно и зкаонско право, рече помилуваниот Заев со солзи радосници во 2008 година.
Заев со уште петмина во средината на јули 2008 година за случајот „Глобал“ заврши во притвор. Неколку месеци претходно, за нив МВР поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување. Нема податоци со каква квалификација е делото, но имајќи предвид дека во кривичната пријава, а подоцна и во обвинителството тврдеа дека противправно е стекната имотна корист од над 8 милиони евра, веројатно, се работи за потешка квалификација за која Kривичниот законик предвидува казна од минимум три, односно пет години затвор.
Аболицијата на Заев со која практично прекина гонењето беше потпишана од Бранко Црвенковски на 3 август 2008 година и трае до денес.
Рускиот претседател Владимир Путин во петокот ги предупреди Романија и Полска дека би можеле да се најдат на нишанот на руските ракети, бидејќи се домаќини на американскиот противракетен штит што Москва го смета за закана за нејзината безбедност.
Инаку, ова е досега најострото предупредување на Путин за ракетниот штит – тој рече дека Москва постојано повторувала дека ќе мора да преземе одмазднички чекори, но дека Вашингтон и неговите сојузници ги игнорирале предупредувањата.
Погледнете го ова феноменално видео со најлудите потези на шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ.
Овој фудбалски виртуоз со своите играчки способности до очај ги доведуваше противничките дефанзивци, а поради неговата, најблаго кажано чудни навики многу тренери, играчи и судии имале озбилни проблеми.
Уживајте во ова сјајно видео.
Студент по економија од Крагуевац е избоден со нож на крузерот на релација Барселона-Рим додека биле на апсолвентска екскурзија.
Името на студентот не е познато, но се знае дека убиството го извршил друг студент, кој исто таа бил на екскурзијата. Повреден е уште еден студент, но тој не е во животна опасност.
Убиецот, во моментов е на разговор со полиција.
Времето денес во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста во крајните западни делови ќе се зголеми и можни се услови за краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од седум до 16, а дневната од 25 до 32 степени.
Во Скопје, слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 30 степени.
Во наредните денови ќе се задржи многу топло време со пораст на температурата. Најтопло ќе биде во недела и во понеделник кога на повеќе места температурата ќе надминува 30 степени. Во недела попладне ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Изолирана појава на нестабилност се уште е можна и во понеделник.
Екс командантот на Единицата за специјални операции (EСО) Милорад Улемек Легија, кој поради убиството на Зоран Џинџиќ е осуден на 40 години затвор, после интервјуто кое го даде за неделникот Експрес, ја крена на нозе цела Србија. Во него вели дека Ѕвездан Јовановиќ не го убил тогашниот премиер на Србија, туку вистинскиот убиец, час време после атентатот на 12-ти март 2003 година, побегнал во Лондон.
Тој од затворот кажува дека има доверливи информации дека убиецот на Џинџиќ, во автомобил со дипломатски таблици стигнал на аеродромот и отишол од Белград, пренесува Информер.
Еве уште некои најинтересни делови од интервјуто на Легија, кои за сега се достапни за јавноста:
A.Г.
Градоначалникот на општина Прилеп денес оствари средба со наградените ученици на државните и меѓународни натпревари од средните училишта од нашиот град. На средбата градоначалникот Ристески им посака на учениците уште многу успеси во полето на образованието, порачувајќи притоа дека секој постигнат резултат е добра промоција на училиштата во кои се едуцираат, а воедно и на општина Прилеп.
[Best_Wordpress_Gallery id=”257″ gal_title=”СредбасоНАЈУСПЕШНИ”]