дома блог страница 5313

Ја малтретирал малолетната сопруга – го нападнала со нож

napadsosdhsdhsdhsdhnoz-10

Млад кичевец заврши во скопските клиники откако претходно ја малтретирал малолетната партнерка, а таа го нападнала со нож.

Како што јавува МВР, ноќта помеѓу петокот и саботата  околу 02,10 часот во полицијата во Кичево, од страна на Медицинскиот Центар -Кичево телефонски било пријавено дека кај нив бил донесен Џ.С.(19) од Кичево, со повреда од нож во вид на расекотина во пределот на слабината и левата надлактица.

Кичевецот по укажаната лекарска помош бил пренесен во Медицинскиот Центар-Гостивар, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен  во Ургентниот Центар -Скопје.

Увид на  местото на настанот извршила увидна екипа од кичевката полиција, при што било констатирано дека околу 01,30 часот во Кичево  на ул„М.Јовески“ Џ.С.кој бил во алкохолизирана состојба започнал расправија со 16 годишна малолетничка со која живеел во вонбрачна заедница по што физички ја нападнал.

Во еден момент истата зела нож кој бил на масата и со него го удрила во пределот на левата рака-надлактица и во пределот на слабината, нанесувајќи му повреда, а потоа Џ.С. земајќи и го ножот од рака и нанел расекотина на десната рака, по што го фрлил во ходникот од станот, излегол и се упатил во Медицинскиот Центар-Кичево.

Од страна на УПС, ножот бил пронајден и даден за вештачење. Со малолетничката бил извршен разговор во присуство на родител за што бил известен и работник од ЦСР-Кичево. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Ноќен живот во Прилеп – Corner Pub & Club Malibu – 28.05.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”260″ gal_title=”NokenzivotPrilep28052016″]

ВРВ НА ПИЈАНСТВО: Снимка која мора да се погледне! (ВИДЕО)

Овој Русин е толку пијан што почнал да се расправа со својот одраз во огледалото.

pijan-rus

Тргнал кон касата, но не можел да се размине со својот одраз во огледалото. Откако прво го снимил со телефон, едно момче му пришло и му објаснило дека се расправа сам со себе.

ВИДЕО: Како гледа мачка хорор филм?

macka-horor-768x414

Видео снимката од мачката која што со големо внимание и страв гледа хорор филм за кратко време стана хит на социјалните мрежи.

Тогепи, деветмесечната мачка, мешавина од бенгалка и Таби раса, не разбира што се случува на екранот, но необичните звуци и брзите сцени ја „закотвија“ пред телевизорот.

Во еден миг филмот станува мошне страшен, па Тогепи „фати магла“. Погледнете како изгледа кога мачка гледа хорор филм.

ИНТЕНЗИВНО СЕ ИСТРАЖУВА ЛОКВЕНСКО КАЛЕ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

image-d5f5ad4ce631d350cbaa25d7539dd92dc33ae465256f6771320b7aa2bc1a2807-V-702x336

Продолжуваат интензивните археолошки ископувања на локалитетот “ЛОКВЕНСКО КАЛЕ” во општина Кривогаштани, каде што веќе се добиени првите резултати од ископувањето.

Веќе десетина дена се одвиваат археолошки истражувања на некрополата во местото викано “ЛОКВЕНСКО КАЛЕ”,  во близина на населеното место Подвис во општина Кривогаштани. Од досегашните истражувања откриени се неколку гробови кои според материјалот и првичните сознанија на археолозите  датираат од 2 век п.н.е до 4 век од нашата ера. Со овие наоди засега се потврдува континуитет на живот од 6 века.

Денес археолозите веќе работат на разоткривање на една поголема гробна конструкција од камен вкопана во карпа, за која  дополнително ќе се произнесат за пронајдените материјали , изјави градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски.

3

1

2

 

Вистината за парацетамолот: Познатиот лек не ја убива само болката, туку и нешто уште поважно

Покрај тоа што ја ублажува болката, парацетамолот нe спречува и да сочувствуваме со туѓата болка, покажуваат најновите истражувања.

paracetamol

Имено, научниците сметаат дека замајувањето на делот од мозокот задолжен за чувствување на болка го отежнува сочувствувањето со болката на другите.

Со оглед на претходните студии за овој лек, кои покажуваат дека парацетамолот го отапува чувството на радост, има уште многу што да се научи за него, велат експертите од Државниот универзитет во Охајо.

„Ацетаминофенот“ (американското име за „парацетамол“) може да ја намали способноста за емпатија, што е загрижувачки. Емпатијата е важна. Ако се искарате со брачниот партнер, а непосредно пред тоа сте испиле „ацетаминофен“, вашата способност да сфатите зошто сте го повредиле можеби ќе биде намалена“, додаваат тие, пишува Daily Mail.

Ова не е единствениот изненадувачки ефект на парацетамолот. Претходните истражувања наведуваат на заклучок дека аналгетикот го олеснува донесувањето на тешки одлуки.

Кога „срцето боли“

„Луѓето имаат уникатна способност да донесуваат сложени одлуки“, велат научниците од Универзитетот во Кентаки. Кога го прават тоа, понекогаш користат зборови кои се доведуваат во врска со физичка болка, на пример, велат дека „ги боли срцето“ што мораат да ја продадат куќата во која живееле со години.

„Ние сметаме дека болното донесување на одлуки нема само метафорично значење, а ако е така, замајувањето поради ублажување на физичка болка исто така би имало ефект и врз ублажувањето на психолошката болка при донесувањето на такви одлуки“, велат научниците.
„Донесувањето одлука може да биде болно, но аналгетикот против физичка болка може да го ублажи тој ефект“, заклучуваат тие.

Конечно, парацетамолот може да ја ублажи и болката поради големите суми на потрошена готовина, покажуваат истражувањата. „Супресантот на физичката болка може да ја намали т.н. „болка поради плаќање“, за која зборуваме во случаи кога луѓето трпат поголема психолошка болка кога ќе потрошат готовина отколку кога ќе ја повлечат кредитната картичка низ апаратот.“

Саботно кафе во Прилеп – 28.05.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”259″ gal_title=”Sabotnokafe28052016″]

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО – Курдите соборуваат турски хеликоптер

12121

На ова вознемирувачко видео се гледа како милитант на Курдската Работничка партија соборува турски хеликоптер AH-1W SUPER COBRA.

Хеликоптерот ја надлетувал околината помагајќи им на турските војници, кои се во постојани судири со припадниците на Работничката партија на Курдите.

А.Г.

Kраток филм кој ќе ви покаже дека треба да се грижиме за постарите, затоа што ним им е редот да бидат деца

1212

Во денешниот брз и полн со обврски живот, имаме навика да забораваме да се грижиме за нашите стари родители, баби и дедовци.

Тие се грижеле и не одгледале, сега ним им е редот да бидат деца.

Погледнете го овој краток филм насловен како “Dadi” кој ќе ви го стопли срцето, и ќе ви остави пријатни чувства.

А.Г.

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ФРЕДЕРИК – Најзгодниот коњ на светот, на кого му се восхитуваат милиони луѓе

1

Фредерик е најзгодниот коњ на светот на кој дефинитивно не му недостига принц со сјаен оклоп на него.

Фредерик е крстен по монархот на Прусија кој владеел од 1740 до 1786.

2

Опишан како нежен и огромен од неговите сопственици, тој е најфотогеничниот коњ во светот.

3

Познат е по својата долга грациозна грива и неверојатна фотогеничност.

На неговите фотографии се восхитуваат милиони ширум светот.

Фредерик бил побаран од повеќе режисери до сега и се појавил во повеќе филмски проекти. Тој има свој фан пејџ на фејсбук со повеќе од 14.000 следбеници.

4

Косата на Фредерик се менува во зависност од неговото расположение, и стигнува до земјата кога стои на нозе.

Ова е дефинитивно најграциозното суштество во светот. Фредерик е вистински крал на коњите.

5

A.Г.