дома блог страница 5309

Трагедиja во Скопје: Ја пронашол сопругата убиена кога се вратил дома од пазар

Во текот на вчерашниот ден во 12:45 часот била пронајдена почината жена во нејзиниот дом лоциран на улицата Саса.

 

samoubistvo

Се работи за 46-годишната П.Ш. која ја пронашол сопругот, 69-годишниот Д.Ш. кој се враќал од пазар. Таа била легната на стомак во ходникот и не давала никакви знаци на живот.

Тој помислил дека и се слошило, ја завртел на грб да и помогне, но забележал дека во пределот на левата града има нож и убодна рана, по што повикал Итна медицинска помош, која за жал можела само да констатира смрт.

Увид извршил Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје.

Во 16 часот и 30 минути телото на починатата е предадено во Институтот за Судска Медицина за обдукција.

Големо невреме го очекува Балканот

nevreme-vo-krivopalanecko-640x396

Силно невреме го очекува Балканот, прогнозираат метеоролозите.

Од вчера во Србија е прогласена жолта фаза бидејќи временските непогоди можат да бидат потенцијално опасни.

Поради најавеното невреме жолта фаза е прогласена и во Хрвтска, па вакво слично време не ја одминува ни Македонија.

Од утре следи дестабилизација и услови за дожд и грмотевици. Слично време ќе се задржи до почетокот на викендот, а од сабота повторно сончево време и високи температури.
Следната недела температурите ќе останат високи но повторно ќе има услови за дожд.

Следува продолжен викенд – планирајте мал одмор

????????????????????????????????????

 

17 јуни ќе биде неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Петокот, ден пред Духовден нема да се оди на работа, што ќе отвори можност за продолжен викенд.

Погледнете ги сите неработни денови до крајот на годината.

 За сите граѓани на РМ:

  • 7 Јули (четврток) Рамазан Бајрам, прв ден на Рамазан Бајрам
  • 2 Август (вторник) Ден на Републиката
  • 8 Септември (четврток) Ден на независноста
  • 11 Октомври (вторник) Ден на народното востание
  • 23 Октомври (сабота) Ден на македонската ревулуцинерна борба
  • 08 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед:

  • 17 Јуни (петок) Духовден, петок пред Духовден
  • 28 Август (недела) Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
  • 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци
  • 25 декември (недела), првиот ден на Божиќ

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 13 септември (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

  • 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

  • 12 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

  • 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

  • 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик

Со 14 години е веќе изграден оперски и блуз пејач – Интервју со Михаела Пееска

13293083_590651814442853_1403111137_n

Mихаела Пееска е млад музичар чиј распон и можности на гласот веќе ги надминуваат оние на долгогодишните изведувачи на сцената. Со нејзините 14 години до сега има освоено многу награди и признанија. Класичната музика, операта, а особено блузот е нешто што неверојатно и прилега, и во што буквално растура. Михаела е музичар кој со сигурност ќе порасне во врвен уметник, кој верува во себе, или како што вели: Сакам да успеам и да останам во Македонија, а не да одам по светот како што денес тоа го прават младите. Сакам да вложам во мојата земја, тоа е мојот сон.

Михаела кога го откри својот талент за пеење и дали некој те насочи да продолжиш во водите на музиката или тоа беше самоиницијативно твоја одлука?

Па како мала на 3 години, како што кажуваат моите родители не сум знаела да сврзувам зборови, но добро сум пеела. 🙂

Како се појави интересот за истражување и пеење на сериозната, класичната музика, односно кога за прв пат Михаела запеа некоја оперска арија?

Со запишувањето на основното музичко училиште, и се разбира кога ме презеде професорката по соло пеење Леонарда Богданоска –Гиноска. Таа е виновникот за се она што сум го научила до сега. Оперска арија за прв пат испеав пред 3 години на завршетокот на учебната година. Мислам дека вкусот на мојата класна професорка и го погодив онака од прва. Беше се сеќавам изненадена од мене.

13296176_590651507776217_258572604_n

Пеењето опера е сериозен залак за млад изведувач како тебе. Сепак гледајќи ги наградите тебе ти успева итоа доста успешно. Каде се до сега имаш настапувано и какви се досегашните реакции?

Хммм…. Беше тоа пред едно 7 години, на детската емисија “Мали Таленти”, кога за прв пат јавно настапив со песна од Витни Хјустон. Реакцијата од жирито беше нескриена, 4-то место како ауцајдер од старт J. Подоцна се редеа фестивали, Mузичкиот Идол, хорови, Ковер фест, училишни смотри во музичкото училиште и.т.н. Реакциите …. Јас само пеам, публиката е таа која оценува.

Дали класичната музика и оперското пеење се главните твои музички приоритети или забавната музика ти е исто толку привлечна?

За класичната музика, по она што го слушам од луѓето кои ја разбираат, нивните реакции се позитивни, по она што го кажа мојата професорка вонсериски пеач … што ли ќе е тоа ?! 🙂 Од забавната музика, па се разбира тука ќе ги споменам моите фаворити: Бијонси, Ријана, Арета Фрeнклин, Џенис Џоплин, блуз, тоа е она во кое јас се пронајдувам себеси.

Кои се твоите желби, што сакаш да ги оствариш преку музиката?

Желби секој ги има, јас веќе одамна си го трасирав патот за музика, од кој нема враќање. Одам скала по скала, без да брзам, сигурно кога тогаш ќе успеам, им ветив на моите родители, одам на врв.

13329787_590650697776298_1253867383_n

Кои се твоите музички класици идоли и дали имаш некоја особено драга оперска улога или оперска арија?

Павароти од оперските пејачи, несомнено прекрасен баритон, а од оперските творци тоа се: Моцарт, Франц Шуберт, Антонио Калдара. Се што е убаво и кое го правеле врвните мајстори на музиката од VII ,VIII, XIX век, во време на Романтизмот, e и во мојот интерес.

13329723_590649767776391_631814446_n

За што следно се подготвува Михаела?

Следно, запишување во средното музичко училиште во Битола, изучување и школување на мојот глас, сакам да успеам и да останам во Македонија, а не да одам по светот како што денес прават тоа го прават младите. Сакам да вложам во мојата земја, тоа е мојот сон.

Која награда ти е особено драга, а која музичка награда сакаш да се најде во твоите раце?

Единсвена награда ми е публиката и нејзиното ракоплескање, за тоа живеам.

За крај, дали Прилеп има многу талентирани деца и што ви е потребно како млади изведувачи за да напредувате во вашите понатамошни кариери?

Да Прилеп има талентирани млади музичари, деца на кои им треба само мала подршка од општеството, разбирање. Вложува општеството во секакви спортови, зарем ние не сме амбасадори на сопствената држава?

13292924_590649524443082_820714989_n

13296265_590758144432220_1776785275_n

 

Проектот „Јакнење на административните капацитети на централно и локално ниво во областа на животна средина“ се оддржа во Прилеп

6

Општина Прилеп денеска беше домакин на „Тренингот“, кој се спроведува во рамките на ЕУ Твининг проектот „Јакнење на административните капацитети на централно и локално ниво во областа на животна средина“, а е координиран од МЖСПП и претставници од земји членки на ЕУ.

2

 

1

Тренингот вклучува 3 дневана сесија на учесниците кои доаѓаат од Пелагонискиот и Југозападниот регион. Учесниците беа поделени во 2 групи кои вклучуват: Државни инспектори за животна средина, пишувачи на интегрирнаи еколошки дозволи, Овластени инспектори за животна средина и лица одговорни за животна средина во индустриските сектори каде што ќе се спроведува инспекцискиот надзор. Секоја од групите беше фокусирана на индустриски сектори за кои беше претходно обучена:
– Ископ на минерални суровини – рудник Сивец Мермерен комбинат АД
– Пиварска индустрија – Прилепска Пиварница АД

5

3

4

Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека ЕУ дава висок приоритет кон одржливиот развој.
Студиите покажале дека кога ќе се земат во предвид високите трошоци кои произлегуваат од нарушеното здравје на граѓаните поради загадувањето од индустријата, сообраќајот и слично, неговото намалувањето не е само предност за животната средина, туку е предност и за економијата.
Во следните денови секоја подгрупа ќе симулира интегрирана инспекција во животна средина поминувајќи низ следните чекори:
– Прв ден: Подготовка за инспекциски надзор
– Втор ден: Инспекциски надзор
– Трет ден: Извештај и евалуација за спроведениот инспекциски надзор
Работните групи ќе се подготват за инспекцискиот надзор со анализирање на Б – интегрираните еколошки дозволи, проверка на чек листите и агендата за инспекција, за да се спроведе инспекцијата согласно агендата и да се изготви финален извештај кој ќе ги опише релевантните наоди и забелешки во инсталациајта согласно условите во дозволата и заклучок за некои други дополнителни активности ќе бидат потребни.

10

Општина Прилеп започнува со пролетната дератизација и дезинсекција

4

Екипите од Центарот за јавно здравје- Прилеп дератизацијата ќе ја изведуваа со користење на отровни мамци, а предмет на третирање ќе биде подземниот канализационен систем, градската депонија Алинци и неколку населени места. Паралелно, со пролетната дератизација се одвива и дезинсекцијата која е планинана во период од 22 до 05 ч. наутро во текот на едно деноноќие.
„Со неа ќе бидат опфатени сите урбани заедници во Прилеп ,како и населени места. Целта е заштита на населението од заразни болести кои ги предизвикуваат глодарите, пред се стаорците ,но и заштита на населението од болестите кои ги носи комарецот“- истакна д-р Горан Кузески од Центарот за јавно здравје-Прилеп.

8

1

3

7

„Една од задачите на локалната самоуправа е грижа и заштита на населението. Токму поради тоа локалната власт во својот буџет издвои над еден милион денари со цел правилно и ефикасно третирање на инсектите и глодарите“ потенцира градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.
Во текот на спроведувањето на дератизацијата и дезинсекцијата населението треба да биде крајно внимателно, опоменуваат од центарот за јавно здравје. Строго се забранува допирање, преместување и отстранување на мамиците, а на домашните животни и миленици треба да му се спречи контактот со овие мамци. Воедно, од Центарот за јавно здравје опоменуваа дека е строго забрането фаќање или преместување на изумрените глодари или пак истите не треба да им се нудат како храна на домашните миленици . Воедно се предупредуваат и пчеларите кои ги напасуваат пчелите на територијата на Прилеп , во наведениот период, кога ќе се изведува дезинсекцијата , ,да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на своите пчелни семејства –Ваквите опомени и внимателност со отровите наменети за глодари и инсекти е со цел заштита на населението , домашните животните и пчелите, а доколку граѓаните не се придржуваат кон овие опомени,од центарот за јавно здравје -Прилеп, сугерираат дека нема да ги сносат последиците од не сакани дејствија.

11

10

Прилепските параглајдеристи на прием кај градоначалникот

6

Неодамна во Црна Гора и Албанија се одржаа два светски купа во параглајдинг во дисциплина прецизно слетување. Од овие натпревари браќата Мартин и Борјан Јованоски се вратија со две втори места во екипна конкуренција, а нивниот татко Миле Јованоски во Албанија стана светски шампионат, беше најдобар во конкуренција на пилоти од 20 земји и го освои првото место. Успехот од светските купови беше повод за прием кај првиот човек на градот.

5

7
„Семејството Јованоски е пример како се преставува Прилеп надвор од Македонија. Како локална самоуправа ние и понатаму ќе создаваме услови за развој на овој спорт. Неодмна добар терен за параглајдерство подготвивме кај мнастирот Трескавец , па заедно со соседно Крушево можеме да организираме и врвни светски натпреварувања“, истакна градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

Прилепските параглајдеристи својата форма ја темпираа токму за овие два натпревари каде повторно докажаа дека се во врвот на овој спорт. Миле Јованоски, Мартин Јованоски и Борјан Јованоски, покрај тоа што настапуваат за параглајдинг клубот „Делта“ од Прилеп се дел и од водечкиот тим на БГД на светската ранг листа во екипна конкуренција. Во наредниот период браќата Јованоски продолжуваат со подготовки за европското првенство кое годинава ќе се одржи во Крушево во месец август.

 

Наставници од ООУ “Страшо Пинџур” снимија образовен филм и освоија прва награда во Србија

13313887_10206766079285733_128441036_o

Наставниците Маја Бунтеска, Маја Николоска, Христина Тошеска и Бобан Петрески, од ООУ “Страшо Пинџур” с. Мало Коњари, за конкурсот “Креативна чаролија”, во Република Србија, снимија образовен филм на тема „Потикнување за учење во надворешна средина“.

Филмот под наслов „Надворешната средина училница на 21 век“, беше прогласен за победнички на 12 Меѓународен фестивал, “Креативна Чаролија”, кој се одржа на 28 и 29 Мај во Бања Вруици.

13334803_10206766079445737_1235026511_o

13321214_10206766079405736_643861005_o

13334590_10206766079325734_188854149_o

Инспирацијата за да се сними овој филм овие млади и креативни наставници ја пронајдоа во секодјневната пракса и новите методи на учење кои се повеќе бараат знаењата на учениците да бидат практични, а не теоретски. Наставниците исполнети со импресии, нови искуства и познанства се вратија со победничкиот пехар кој ќе претставува нов мотив за уште поголеми успеси.

13330360_10206766079165730_372134796_n

Во продолжение погледнете го нивното дело кое им ја донесе наградата:

Oдличен настап на кик-боксерите од Шампион во Виена

13301513_10154093816930926_8320269372683372888_o

На 29.05.2016 во организација на Светската Кик Бокс Федерација се одржа светски куп во кик бокс под наслов “АУСТРИАН ОПЕН” .

На овај куп настапија четири борци од кик-бокс клубот Шампион од Прилеп, предводени од тренерот Дарко Чатлески.

 

13301537_10154093816955926_7271007169374869402_o

13301537_10154093821030926_7974502825262606439_o

13305131_10154093816965926_6897493354633835294_o

Во Дисциплина К-1 правила сениори, Серхан Џафероски – 81 кг, За 3-то место се бореше против Сархи од Азербеџан. Во сите три рунди борбата беше равноправна, а нашиот борец доминираше со рачната техника. Неколку пати Сархи беше во ситуација да биде во ногдаун од ударите на Џафероски. Поради предноста на ножната техника Сархи со тесна победа од 2:1 го совлада нашиот борец Џафероски.

Во дисциплина Лајт контак пионери -51 кг. во финалната борба, Трајче Илиоски со убедлива победа го совлада Австрискиот борец Керими. Нашиот борец доминираше со рачната и ножната техника над противникот во сите рунди. Со убедлива победа од 3:0 првото место го освои нашиот борец Трајче Илиоски.

13323290_10154093821065926_2837743195903976320_o

13305234_10154093817035926_6118700353490235071_o

13320587_10154093816945926_6492584161312058150_o

Во дисциплина Лајт контак пионери -59кг. во финалната борба нашиот Бојан Станојоски во сите рунди доминираше над автрискиот борец Пареисс. По одличната борба и добро прикажаната техника на Станојоски судиите со 2:1, неправедно победата му ја доделија на австрискиот борец Пареисс.

Во дисциплина Лајт контак пионери -63 кг., нашиот борец Енвер Османоски за третото место прикажа добра борба против австрискиот борец Микула.Со тесна одлука на судиите од 2:1 победата му беше доделена на австрискиот борец Микула.

13320893_10154093821090926_5790872455387261923_o

13346232_10154093820945926_4225773110373489591_o

13268475_10154093820980926_155836208564113413_o

“Задоволен сум од настапот на нашите борци. Ова е прв настап на ваков голем меѓународен турнир. Сите се бореа храбро и прикажаа добра техника. Сето ова се должи на нашата заедничка работа, труд и секојдневните тренинзи. Среќен сум за овој голем успех што го направивме, првото место на Трајче Илиоски и второто место на Бојан Станојоски. Македонија ја представивме во нај добро светло. Сега ќе се концентрираме на Светското првенство, што ќе се одржи во Италија во градот Андриа во месец ноември. Исто така сакам им се заблагодарувам на сите Македонци од Виена, што беа присутни во салата и ги бодреја нашите борци цело време”, истакна тренерот Дарко Чатлески.

Со овој шејк стопете ги масните наслаги околу стомакот

Доаѓа летото, а тогаш сите сакаат да изгледаат совршено на плажа. Овој шејк ќе ви помогне во тоа.

 

banana-spanak-sejk-640x427

Со овој зелен напиток од овошје и зеленчук ќе намалите неколку сантиметри во струкот.

Во блендер ставете 1 смрзната банана, 1 лажичка изрендан ѓумбир, 2 лажици мелени семки од лен, шолја смрзнати боровинки, половина шолја спанаќ и малку мраз.

Сè добро измешајте и испијте на празен желудник, наутро.