дома блог страница 5308

ФОТО: Мисајловски изврши увид на дел од капиталните проекти во Кривогаштани

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски заедно со градоначалникот на општина Кривогаштани и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта изврши увид на дел од капиталните проекти што ги реализира Владата во соработка со oпштината.

 

1111111

Мисајловски истакна дека во општина Кривогаштани во моментов се инвестираат околу 80 милиони денари.

Во тек е реконструкција на регионалниот пат од Кривогаштани до Воѓани кој е во должина од 9,5 километри.

222222

-Ќе инвестираме 1,1 милион евра за негова реконстукција, досега асфалтирани се околу 4,5 километри или завршени се околу 40% од градежните работи.  Исто така сакам да најавам дека од следната недела ќе започнеме со изградба на дел од канализационата мрежа за населеното место Крушеани, инвестиција вредна 128 илјади евра. Со проектот е предвидено да се изгради пумпна станица и цевковод во должина од 250 метри. Овој проект го реализираме преку Министерството за транспорт и врски во соработка со општината, потенцираше министерот.

3333

4444

Градоначалникот на Кривогаштани посочи дека ова е еден од клучните регионални патни правци, а со неговата целосна изградба дополнително ќе се развие регионот.

5555

Директорот Александар Стојанов изјави дека патот ќе се заврши и пред предвиденото време и потенцираше дека во овој период се работи на повеќе од 10 регионални патни правци, како и на изградба на новите автопатишта.

ГАЛЕРИЈА – Маркукуле.мк во посета на Пелистер: Рајскиот убавец на Пелагонија

13341998_10207999950090998_77438118_n

Доколку сте љубители на алпинизмот, недопрената природа, и небесните височини, несомнено мора да ја посетите планинската убавица во Пелагонија, Баба Планина со нејзиниот највисок врв Пелистер (2.601 м).
Овој планински масив е пелагониското- преспанско природно ремек дело кое изобилува со многу ендемични видови од кои несомнено треба да се одвои Моликата или Белиот бор како растителен вид кој го има само на неколку места на Балканот.

Планинскиот масив Баба се наоѓа помеѓу двете котлини Преспанската и Пелагониската и има свој правец на протегање од север кон југ. Баба е млада верижна планина која се карактеризира со симетричен изглед.
На Баба Планина постојат 24 врвови сите повисоки од 2000 метри. Најзначајни од нив се : Пелистер (2.601 м), Илинден ( 2.542 м), Широка (2.218 м), Ветерница (2.468 м), Бела Вода (2.156 м). Од дел од овие врвови се гледаат Солунска Глава на север, Пелагонија и Кајмакчалан на исток како и Преспанското Езеро, Галичица и Јабланица на запад.
Искачувајќи ги овие висини допирате до до една мистична средина каде секој нов чекор е и ново откритие, секој изоден предел говори преку звуците на природата и ве привлекува уште повеќе да истражувате и да уживате во неверојатните пејсажи.

[Best_Wordpress_Gallery id=”262″ gal_title=”Пелистер”]

Планината нуди можност и за развивање на манастирскиот туризам. Над 50 манастири се дел од туристичката понуда, кои се наоѓаат на двете страни, од едната страна кон Битолско поле, а од другата страна кон Преспа.
Највисокиот планински врв на Баба Планина е Пелистер ( 2.601 м) кој претставува трет највисок планински масив во Република Македонија. Пелистер е синоним за Битола и Битолчани кои се гордеат на него. Извишен над Битола, Пелистер претставува природен убавец во сите годишни времиња особено во зимскиот период кога нуди можност за развој на зимските спортови. Од 1948 година Пелистер е прогласен за национален парк.

На Пелистер се наоѓаат двете глацијални езера Пелистерски Очи кои – Големото и Малото Езеро кои несомнено ја надополнуваат и така возбудливата авантура на овие предели. Пелистерските Очи познати и како “Горски Очи” ќе ве маѓепсаат со бистрината на водата и расцветана околина во пролет. Околу настанокот на овие природни реткости постои легенда за зањубените две сестри. Според легендата и двете биле вљубени во убавото момче Пелистер. Но, нивната мајка не дозволувала ниту една од нив да се омажи за момчето. Девојките ги пратила во планина со клетва да бидат една до друга, но сепак да не можат да се видат. И двете скршени од несудената љубов почнале да леат солзи, од кои солзи се создале и двете езера.

143

134

A.Г.

Здрав сендвич за појадок, готов за 10 минути

sendvici-sliki

Ако сметате дека сендвичите не се здрави, ниту диетални, тогаш се лажете. Мошне е важно каков леб користите, како и состојките што ќе ги ставите внатре.

Доколку сте на диета и вежбате, комбинацијата од јајца што ги содржат сите потребни протеини и од кари го забрзува метаболизмот и претставува идеален оброк.

Спанаќот и пиперката како едни од состојките исто така се важни поради нивниот состав, но и вкусот што му го даваат на овој здрав сендвич и сосема сигурно уште некое време нема да ви здодеат.

Состојки:

  • 2 тврдо варени јајца
  • 2 лажици грчки безмасен јогурт
  • 2 лажици ситно сецкана пиперка
  • Ситно исечкан спанаќ
  • Половина лажичка кари
  • 2 парчиња ’ржан леб
  • Сол и бибер по вкус

Подготовка:

Исечкајте ги јајцата ситно, па промешајте ги со исечкан спанаќ и со пиперката. Додадете грчки јогурт, кари, сол и бибер и се добро промешајте.

Смесата намачкајте ја на лебот, а по желба додадете свежа салата, домат, краставица и потпечете го на тост.

Доколку неможете да го замислите оброкот без месо, можете да додадете ситно исечкано варено или печено пилешко месо во вашиот сендвич.

ЛУДИЛОТО ПРОДОЛЖУВА: Платениците на СДСМ нападнаа татко и жена со болно дете (ВИДЕО) Додека таткото очај

Додека таткото очајно го бранеше своето болно дете од насилниците на СДСМ кои физички го нападнаа и се обидуваше да се разбере со платениците, болното дете и мајката во автомобилот доживуваа траума и ги гледаа навредите, свиркањата и физичките напади врз таткото кој очајно сакаше да помине.

napad-roditel

Платеничките револуционери на СДСМ и СОРОС вечерва нападнаа родител за време на протестите на таканаречената шарена револуција која секојдневно маршира низ скопските улици и ги блокира истите.

Вандалите и хулиганите кои протестираат во функција на најголемата опозициска партија нападнаа родител кој, како што објаснил,  брзал за да го пренесе болното дете на лекар.

Опозициските платеници почнаа да фрлаат со пластични шишиња кон автомобилот, сакајќи да се пресметаат со таткото и жената со болното дете кои се наоѓаа во автомобилот, што само покажува до каде е стигнат очајот и лудилото во платеничките редови.

Додека таткото очајно го бранеше своето болно дете од насилниците на СДСМ кои физички го нападнаа и се обидуваше да се разбере со платениците, болното дете и мајката во автомобилот доживуваа траума и ги гледаа навредите, свиркањата и физичките напади врз таткото кој очајно сакаше да помине.

Со ваквото однесување, СДСМ и соросовите платеници уште еднаш докажаа дека нема дно кое не можат да го пробијат.

Jaпонскиот електричен автомобил направен од ткаенини е совршен за вожња во град

160527107.2_mn

Јапонската компанија Rimono го претстави својот проект кој ја претставува визијата за движење во градовите на иднината, а тоа е мал градски автомобил на електричен погон, кој е направен од ткаенини.

Автомобилот е долг 2,2 метри и го носи името на компанијата Rimonо, што на јапонски значи “возило” или “средство за возење”. Поседува каросерија која во потполност е направена од водоотпорна ткаенина, односно така наречен памучен полиестер.

160527107.5_mn

160527107.4_mn

Автомобилот го дизајнирал Kota Nezu, човекот кој го направи дрвениот концепт за Toyota. Малиот автомобил може да достигне брзина од 45km/h, а неговиот домет со едно полнење на батериите е 50km.

Како што може да се види на фотографиите, Rimono има две седишта во малата кабина.

Производството би требало да започне на лето во 2017 година.

Adrienne Koleszar e германска полицајка која би сакале да ве уапси

160504037.10_mn

Вишата полициска службеничка Adrienne Koleszar од Германија стана вистинска интернет сензација, откако постави фотографии од својата совршена фигура на Инстаграм.

160504037.2_mn

160504037.1_mn

Илјадници луѓе почнаа да ја следат младата полицајка, која освен што е убава, има фит тело. Тридесетгодишната рекла дека нејзините шефови немаат ништо против објавување на фотографии на социјалните мрежи, се додека тие се пристојни.
160504037.7_mn

160504037.5_mn

160504037.6_mn

Аdrienne e висока 1,73 метри и има околу 64 килограми. За сега ја следат 95.000 луѓе. На фотографиите покажува дека е во форма и спремна за акција па многумина и порачаа “Те молам, уапси ме мене”.
160504037.9_mn

160504037.8_mn

Филмот “X-Men: Apocalypse” го покори американскиот Box Office

xmen-apocalypse-film

Изминатиот викенд во американските и канадските кина дебитираше филмот “X-Men:Apocalypse” koj го зазеде првото место на box office.

Oд продажбата на влезниците, филмот “X-Men: Apocalypse” заработи 65 милиони долари, при што зад себе го остави “Alice Through the Looking Glass” , во кој што глумат Миа Вашиковска и Џони Деп, а кој заработи 28,1 милиони долари.

Минатонеделниот лидер “The Angry Birds Movie”, падна на третото место, бидејќи минатиот викенд од продажбата на влезниците заработи 18,7 милиони долари.

На четвртото место се наоѓа филмот “Capitain America: Civil War”, со заработка од 15,1 милин, а на петтото место е “Neighbours 2: Sorority Rising” со 9,1 милион долари заработка.

Десет најгледани филмови во САД и Канада (заработка во милиони долари):

  1. X-Men: Apocalypse – 65

2. Alice Through the Looking Glass – 28,1
3. The Angry Birds Movie – 18,7
4. Captain America: Civil War – 15,1
5. Neighbours 2: Sorority Rising – 9,1
6. The Jungle Book – 6,96
7. The Nice Guys – 6,37
8. Money Monster – 4,25
9. Love & Friendship – 2,49
10. Zootopia – 831,000

A.Г.

ВИДЕО – Го казниле за надминување на брзината од 15 км/h, нема да верувате како ја платил казната

Брет Сандерс ја надминал дозволената брзина за неполни 15 километри на час, на еден пат во Тексас, а откако судот му ја отфрлил жалбата, одлучил на оригинален начин да ја плати казната.

novac

Кога истата му стигнала, Сандерс не можел да се помири со тоа, туку одлучил да вложи жалба, која била одбиена.

Сандерс тогаш казната во висина од 212 американски долари ја платил со све канти полни со најситни парички.

“Ова е за мене облик на протест. Се работи за она што е праведно. Никој не сум повредил, ниту сум загрозил нечиј живот”, рекол Брет за NBC.

Иако многумина се сложиле со него, други мислат дека протестот е испратен на погрешна адреса, бидејќи со олку голем број на парички морале да се занимаваат и да ги пребројуваат службениците од шалтерите, кои немаат врска со целата случка.

А.Г.

Четиринаесеттото издание на Пивофест ќе се одржи од 14 до 17 јули

programa_2016

Сеуште нема официјални информации за конкретната програма за овогодинешното четиринаесетто издание на фестивалот на пивото и скарата во Прилеп, Пивофест 2016. Но, организаторите преку официјалната веб страна информираат дека годинешниот фестивал ќе се одржи од 14-ти до 17-ти јули.

Аца Лукас до сега го има најавено својот настап на фестивалот преку својата официјална фејсбук страна, кој би настапувал на претпоследната вечер.

 

 

 

Рој пчели со денови го следеле автомобилот на жена, затоа што матицата се заглавила во гепекот

roj_pcela

Шеесет и пет годишната Керол Хаурат не знаела дека собрала случаен патник во својот автомобил, додека ги извршувала своите обврски. Кога се вратила до својот автомобил, видела илјадници пчели кои го прекриле целото задно стакло. Уплашена  и збунета, не знаела како да реагира, но набрзо неколку храбри луѓе, меѓу кои и ренџерот од паркот, Том Моузес, пристигнале на помош.

Ренџерот повикал пчелари на помош, кои успеале да ги наведат пчелите да влезат во кутија. Хаурат се вратила дома, по пат размислувајќи зошто се случил целиот хаос. Кога утрото се разбудила, пчелите биле одново тука. Морала да повика тим на пчелари  и доцна вечерта се ослободила од таа огромна војска на пчели, бидејќи матицата била официјално ослободена.

A.Г.