дома блог страница 5308

Грозјето штити од малигни заболувања и болести на срцето

grapesl

Најновите научни истражувања покажуваат дека здравствените ефекти од редовното консумирање грозје се далекусежни.

Грозјето има многу интересен состав, вода, влакна и антиоксиданти кои на оваа намирница и даваат важна улога во превенцијата од кардиоваскуларни болести и малигни заболувања.

Грозјето содржи моќни актиоксиданти кои со редовно конзумирање можат да го забават напредувањето на повеќе видови малигни заболувања. Лицата кои се подложни на алергиски ринитис можат да ја спречат појавата на симптомите со редовно конзумирање на ова овошје. Грозјето содржи и флавоноиди кои помагаат во регулирање на ХДЛ и ЛГЛ холестеролот во крвта.

Во народот преовладува мислење дека грозјето дебелее, меѓутоа, истражувањата покажуваат дека десет зрна грозје имаат околу 34 калории. Тоа е богато со витамин Ц, калиум, бакар и манган.

Интервју на Жаре – “Eден на Еден” за markukule.mk

Жарко Димитриоски е моментално најкултната личност во ТВ етерот во Македонија. Од улогата на  Диме Такси во легендарната ТВ серија “Големи и Maли” со која пораснаја многу генарации, до шоумен и сопствена продукција “Eден на Еден” која опстојува веќе 7 години и е најгледана шоу контактна емисија од македонската публика. Жаре едноставно плени со својот начин на хумор и допира до секаков тип на аудиториум. Несебично ја прифати нашата покана за интервју и споделува ексклузивни новости за себе, својата кариера и планови во иднина со читателите на маркукуле.мк

Здраво Жаре, најпрво чест ни е што прифати да одговориш на нашата покана за интервју на веб порталот маркукуле.мк. 

Задоволството е обострано.

Каде се почетоците на Жарко Димитриоски, кога за прв пат се појави интерес за ТВ екраните и за она што го работиш?

Читам и пишувам од две ипол години и поради тоа малку ми било досадно во прво одделение, па често сум се нервирал ако некој лошо напише буква или нешто слично, сум бил grammar-nazi како што викаат.  Поради тоа мојата тогашна учителка Тинка на моите родители им предложила да ме однесат на аудиција во Детското Драмско Студио на МРТВ. Имав 6 години, а минимумот беше 7. Сепак, за моја среќа им бев многу симпатичен на тетките и чичковците таму и за мене направија исклучок. Првпат на ТВ се појавив во Здраво Генијалци со Туфи и Двојче, двајцата актуелни градоначалници. Имав многу мала улога, требаше само да гледам во камера и да мафтам, буквално само тоа. Ама иако не бев главна улога, мислам дека е доволно да бидам и јас градоначалник некогаш!

Прилеп имаше прилика годинава да те види како водител на најголемата кај нас манифестатија Пивофест. Што значеше за тебе ова да бидеш од таа страна на бината и да најавиш такви големи музички имиња какви што има на Пивофест?

Многу ми беше ќеиф што го водев Пивофест годинава и искрено преубаво си поминав. Прилепчани беа ептен добри домаќини, запознав одлични луѓе со кои сум редовно во контакт, само позитивни работи за Прилеп! Со пејачите нешто премногу не се дружев, строго протоколарно ама затоа со Прилепчани секоја вечер бев во Калипсо до сабајле.

Твојата  шоуемисија ЕДЕН НА ЕДЕН даде нов шмек на ТВ етерот во Македонија. Кога започнува новата сезона и дали ќе се емитува на старата локација, Алфа телевизија и оваа година?

Како и минатата сезона, така и оваа седма сезона од шоуто ќе почне во ноември и ќе трае до мај. Ексклузивно за тебе првпат ќе откријам дека нема да се емитува на Алфа и дека ќе смениме локација оваа сезона. Менуваме национална телевизија, но регионалните телевизии каде се емитуваме ќе бидат исти, така што Канал Визија не ја менуваме.

Колку гости поминале низ твоето шоу и дали можеш да одделиш некое гостување кое ти е најдраго?

Па сигурно околу 100 гости во сите 6 досегашни сезони. Најдраги ми се гостувањата на редовните мои гости со кои сум и добар пријател приватно. Игор Џамбазов, Влатко Стефановски, момците од К-15, Пеце Суперхикс и сл.

Знаеме дека Жаре е главен организатор на “Балкан стенд Ап” најпознатото шоу од таков карактер во регионов. Како течат подготовките околку идното издание?

Прво да ја почнеме новата сезона од тв емисијата, па ќе размислиме околу стенд апот. Треба да направиме нов Балкан Стенд Ап наскоро, тоа е сигурно. Само сакаме да бидеме доволно релаксирани и да имаме доволно време саглам да му се посветиме.

Koj e патот до успехот според тебе?

Нема такво нешто. Она што постои се неколку клучни работи. Треба да го сакаш тоа што го работиш, секојдневно да се едуцираш за истото, да бидеш ентузијаст и позитивец и најважно од се да работиш повеќе од што некогаш си мислел дека е возможно да се работи.

Што му недостасува на Македонскиот ТВ етер според тебе, на што би требало да обрнат внимание главните уредници на ТВ куќите во Македонија?

Знам што не му недостасува!Ах… Многу длабок и долг одговор треба да се даде на ова прашање, а убеден сум дека сите веќе мнооогу добро го знаат одговорот ама некако не гледам ни сантиметар да се мрднат работите во правец кои навидум сите го посакуваат. Знам само дека политикава на игнорирање на домашна продукција и одбивање да се вложи во нешто квалитетно и одење само на ефтин бучкуруш еден ден ќе ни се удри од глава многу јако. Ама абер нема нешто да се промени, така да свиркај си.

Кои се плановите на Жарко Димитриоски во иднина и што би сакал да постигнеш во твојата ТВ кариера?

Многу ми е мерак што маркетинг агенцијата Еден на Еден расте секојдевно и што имаме на што да бидеме горди во тој поглед. Навистина, ако земеш како го делам времето ќе видиш дека ни една петтина од него не трошам на тв шоуто, се ми оди на ангажманот како креативен директор во агенциајта Еден на Еден. Ама тоа е тоа што сакам да го правам, имам супер тим и одлични клиенти со мене, не би го менувал ова за ништо.

Што би им порачале на читателите на markukule.mk?

Да го читаат порталот, да уживаат во животот и што побрзо да се спознаат и осознаат себеси. Да работат нешто за што имаат страст, да се борат и да веруваат во себе без разлика што прават.

Дали до година би сакал да бидеш дел од Пивофест и да го пренесиш на одличен начин како што тоа беше оваа година?

Ти благодарам на комплиментот и – АПСОЛУТНО!

Ти благодариме за одвоеното време и ти посакуваме многу успех, многу успешни проекти и многу интересни гости  во иднина.

Благодарам за супер интервјуто, поздрав до цела публика на Маркукуле и нека го чекаат стартот на Еден на Еден сезона 7 во ноември!

 

 

Подготви: Александар Георгиоски

Какво време не очекува викендов?

treeinclouds

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните и во источните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а дневната од 20 до 25 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Во наредните три дена ќе преовладува претежно стабилно време со умерен северен ветер. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните без поголеми промени.

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

3

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски ,Билјана Вуковиќ, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој . Румен Стаменов, директор на Државниот инспекторат за земјоделство, шратениците Ане Лашкоска и Димитар Стевананџија како и претставници од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството денес ја посетија општина Кривогаштани. Делегацијата најпрвин беше пречекана од Градоначалникот на Општина Кривогаштани Тони Заткоски кој ги запозна со реализираните проекти и активности на општината по што беше одржана средба со граѓаните и беше посетена изградбата на новиот сточен пазар во Кривогаштани кој е во завршна фаза од реализацијата. Потоа во населеното место Славеј беше одржана средба со населението кое досега се соочуваше со голем проблем кој благодарение на Министерството и Владата на РМ беше решен со давање на користење на петнаесет години на државно земјоделско земјиште. Покрај тоа поставени беа и други прашања на земјоделците.

1

2

4

Општина Прилеп ги отвори вратите за граѓаните

IMG_2779

Поради големата заинтересираност од страна на граѓаните, општина Прилеп денеска по 17-ти пат ги отвори вратите за граѓаните. Основци, средношколци, извидници, пензионери, ракометари и заинтересирани граѓани денеска зачекорија на црвениот тепих и беа дел од проектот „Отворен ден за граѓаните – Посета и запознавање со работата на Локалната самоуправа и градоначалникот на Општина Прилеп“.
Започнувајќи од холот на општина Прилеп, Едношалтерскиот систем, Инспекторат, Секторот за Урбанизам, Архива, Сектор за Општоправни работи, Финансии, Раководителите на одделенијата, Секторот за Просторно и урбанистичко планирање, Секретарот, шефот на кабинет и кабинетот на Градоначалникот, граѓаните ја имаа можноста да се запознаат со начинот на функционирање и со организацијата на работата во Општина. На присутните им беше презентиран филм во кој се опфатени сите досегашни реализирани проекти на општината како и проекти во реализација кои ќе му дадат нов лик на градот. Општина Прилеп и понатаму продолжува со реализирање на овој проект.

[Best_Wordpress_Gallery id=”46″ gal_title=”Општина Прилеп ги отвори вратите за граѓаните”]

Изложбата на олдтајмери „Кавадарци 2015“

Poster2

Изложбата на олдтајмери „Кавадарци 2015“, која годинава ќе се одржи по четврти пат, ќе с е одржи на 27 септември, недела. Како и претходните три години, центарот на Кавадарци е резервиран за историски автомобили и мотоцикли кои поминувале по истите улици пред повеќе од 30 години.

Настанот ќе го збогатат возила од целата држава, а организаторот ќе се погрижи да ја оправда гостопримливоста по која е позната Тиквешијата.

Учеството е бесплатно, а сите кои сакаат да го најават своето присуство можат да се пријават на телефонскиот број 070 239 423 и единствено што треба дан направат е да ги остават податоците за сопственикот и возилото.

Настанот ќе трае од 10 до 14 часот, со што учесниците треба да бидат во Кавадарци најдоцна до 9 и 30.

unnamed

ЕКСКЛУЗИВНО: ПАЦИЕНТКА И КОМШИВКА НА ПИРГАНОСКИ НЕОФИЦИЈАЛНО ГО ЗАПАЛИЛА НЕГОВИОТ АВТОМОБИЛ?!

pozar.jpg-500

НЕЗАДОВОЛНА ОД СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИОТ НАОД СО КОЈ СЕ ПРОГЛАСУВА ЗА НЕСПОСОБНА ДА БИДЕ СТАРАТЕЛ НА СВИОТЕ 3 ДЕЦА ПАЦИЕНТКАТА ОДЛУЧИЛА ДА ГО НАПРАВИ ОВАЈ КРАЈНО НЕХУМАН ЧИН!!! ИСТАТА ВАЖЕЛА ЗА СТОРИТЕЛ НА НЕКОЛКУ СЛИЧНИ ДЕЛИКТИ!

СИТЕ КОРИСТИМЕ ВИБЕР: Дали сте го забележале ова?

vvvv

Апликацијата за размена на пораки преку Интернет, стигна до 570 милиони корисници и доби нова верзија. Вибер има промени кои го олеснуваат комуницирањето.

Постои опција за полесен видео контакт, да започнете видео повик дирекно од листата на пријатели.

Се делат добрите вибрации: Може да создавате групи за разговор.

Исто така има и нови начини за плаќање, преку новите вибер кредити.

Баба и Пелистер, Преспанско – Пелагониска бајка

8

Доколку сте љубители на алпинизмот, недопрената природа, и небесните височини, несомнено мора да ја посетите планинската убавица во Пелагонија, Баба Планина со нејзиниот највисок врв Пелистер (2.601 м).
Овој планински масив е пелагониското- преспанско природно ремек дело кое изобилува со многу ендемични видови од кои несомнено треба да се одвои Моликата или Белиот бор како растителен вид кој го има само на неколку места на Балканот.

2

3

Планинскиот масив Баба се наоѓа помеѓу двете котлини Преспанската и Пелагониската и има свој правец на протегање од север кон југ. Баба е млада верижна планина која се карактеризира со симетричен изглед.
На Баба Планина постојат 24 врвови сите повисоки од 2000 метри. Најзначајни од нив се : Пелистер (2.601 м), Илинден ( 2.542 м), Широка (2.218 м), Ветерница (2.468 м), Бела Вода (2.156 м). Од дел од овие врвови се гледаат Солунска Глава на север, Пелагонија и Кајмакчалан на исток како и Преспанското Езеро, Галичица и Јабланица на запад.
Искачувајќи ги овие висини допирате до до една мистична средина каде секој нов чекор е и ново откритие, секој изоден предел говори преку звуците на природата и ве привлекува уште повеќе да истражувате и да уживате во неверојатните пејсажи.

11

15

Планината нуди можност и за развивање на манастирскиот туризам. Над 50 манастири се дел од туристичката понуда, кои се наоѓаат на двете страни, од едната страна кон Битолско поле, а од другата страна кон Преспа.
Највисокиот планински врв на Баба Планина е Пелистер ( 2.601 м) кој претставува трет највисок планински масив во Република Македонија. Пелистер е синоним за Битола и Битолчани кои се гордеат на него. Извишен над Битола, Пелистер претставува природен убавец во сите годишни времиња особено во зимскиот период кога нуди можност за развој на зимските спортови. Од 1948 година Пелистер е прогласен за национален парк.

12

7

На Пелистер се наоѓаат двете глацијални езера Пелистерски Очи кои – Големото и Малото Езеро кои несомнено ја надополнуваат и така возбудливата авантура на овие предели. Пелистерските Очи познати и како “Горски Очи” ќе ве маѓепсаат со бистрината на водата и расцветана околина во пролет. Околу настанокот на овие природни реткости постои легенда за зањубените две сестри. Според легендата и двете биле вљубени во убавото момче Пелистер. Но, нивната мајка не дозволувала ниту една од нив да се омажи за момчето. Девојките ги пратила во планина со клетва да бидат една до друга, но сепак да не можат да се видат. И двете скршени од несудената љубов почнале да леат солзи, од кои солзи се создале и двете езера.

13

14

Целата ова бајка пренесена преку текст е многу малку да ја долови оваа разиграност на природата која царува на овие предели. Затоа посетете ја Баба Планина и Пелистер и бидете сведоци од блиску, бидејќи рекле кој еднаш бил на Пелистер, сигурно ќе дојде пак.

6

 

5

10

Пишува: Александар Георгиоски

Изложба „Ретроспектива“ од уметниците Виолета Блажеска и Богдан Грабулоски

11

НУЦК ,,Марко Цепенков,, Прилеп

Во петок 25 септември 2015 година во целиот слободен простор на ЦК,,Марко Цепенков,, во Прилеп ќе биде поставена изложбата ,,Ретроспектива,, од уметниците Виолета Блажеска и Богдан Грабулоски. Едновечерната ретроспектива на двајцата уметници, брачен пар, ќе започне во 19, а ќе заврши во 24 часот.
Се работи за мултимедијален проект преку кој ќе бидат презентирани инсталации (скулптури), фотографии, а придружно ќе има и видео записи.
Со изложбата ,,Ретроспектива,, ќе бидат одбележани 40 години творештво на Блажеска и Грабулоски.
Носител на проектот е НУ Музеј за современа уметност во соработка со ЦК,,Марко Цепенков,,. Автор на проектот, кој е поддржан од Министерството за култура е Марика Бочварова Плавевска, а соработници се Софија Грабулоска, Ива Димовски и Благоја Варошанец.

Податоци за авторите

Виолета Блажеска е родена во Охрид 1952 година. Академија за ликовни уметnости завршила во Приштина во 1980 година. Работела како професор во гимназијата во Прилеп.

Богдан Грабулоски роден е во Прилеп 1948 година. Академија за ликовни уметности завршил во Приштина во 1980 година, а постдипломски студии на Акадеmијата за ликовни уметности во Белград во 1990 година. Работеше долги години како кустос во ЦК,,Марко Цепенков,, во Прилеп.

Текст за изложбата од Марика Бочварова Плавевска
Од првите контакти остварени за време на студиите се насетува блискиот сензибилитет што понатаму ќе ги здружи во креативна смисла и во брачен живот. Грабулоски се обиде еден период да создава класични скулпторски решенија изработени во мермер, но исчекорот набрзо беше направен и се случи спојувањето на идејните решенија во кои акцентот беше ставен во комбинирањето на мермерот со други материја (стакло, дрво, метални мрежи, весници и.т.н) често како read made. Така нивниот концепт на директно интервенирање во природен, урбан, фабрички или галериски простор ги содржи веќе апсолвираните искуства на т.н. нова уметничка пракса, доминантна во претходните седма и осма деценија на бившите ју – сцени, но без идеолошко – политичка позадина. Едноставно се концентрираа на ликовното во неоколасичното негово доживување, каде што се истакнува неговото значење во сфаќање на процесот на дематеријализација на уметничкиот објект. Моментот на дематеријализација, поточно илузионистички замислените скулптурални елементи, проследено често со обработен звук ја дефинираше идејата за прифаќање на нивните повеќеслојни осмислени дела, поради можностите што максимално ги искористија во нивните зафати во различните амбиенти. Сместувајќи ги во широкиот спектар на постмодернистичките појави најлесно е да се споредат со раните и подоцнежните постконцептуалистички дискурси врзани за нашата уметничка сцена со што се поедностави начинот на класифицирање на идејни решенија, валоризирани како сегменти на актуелните случувања кај нас, па и наградени.
Првобитно беа забележани на релевантни изложби и интервенциите во Прилеп. Следуваше нивното вклучување во комплексот на проектни презентации – 1993 во Истанбул, во 1994 на Кутија на слики во Скопје, потоа низ Македонија со Ликовниот експеримент (кој траеше година ипол 1995/96), малку подоцна на 91/2 Нова македонска уметност -1995/96, партиципираа на Биеналето во Сао Паоло и Биеналето во Санкт Петербург, 1996. 2001 година ја одбележаа со мошне возбудливиот Крикот на глувонемиот (видео во чија креација учествуваше и ќерката Софија). Тука некаде се заокружува нивната интензивна продукција на креативен план, иако заморот не е нивна карактеристика, бидејќи континуирано се концентриранина експерименти врзани за нивниот ликовно имагинарен свет. За крај да споменеме дека на прилапчани им го подарија меморијално обликуваната инсталација (во Касарната ,,Мирче Ацев,, ) во која се обединети сеќавањата на борците од НОБ, и на оние кои загинаа на Карпалак.