дома блог страница 53

Естрадниот пејач од Прилеп ги израдува дечињата од посебните паралелки во ООУ “Климент Охридски” (ФОТО)

Естрадниот пејач од Прилеп, Оливер Лозаноски, преку несебична донација од новогодишни пакетчиња, денеска ги израдува дечињата од посебните паралелки во ООУ “Климент Охридски”, гест кои наиде на голем број позитивни реакции.

Децата го пречекаа со прегратки и љубов, а тој повика никогаш да не ги забораваме, особено во овие празнични денови.

-Посебна благодарност упатуваме до приватниот донатор Оливер Лозаноски за неговата предновогодишна посета и вниманието што им го подари на децата со посебни образовни потреби. Вашата донација во вид на новогодишни колетчиња не беше само празничен подарок, туку и искрена порака дека секое дете заслужува радост, внимание и насмевка. Во очите на децата се виде среќата, а во нивните срца се почувствува топлината на човечноста што ја донесовте со себе. Ваквите гестови не се мерат со вредноста на подароците, туку со големината на срцето што стои зад нив. Благодарение на луѓе како Вас, празниците добиваат вистинска смисла, а надежта станува посилна. Ви благодариме што одбравте да бидете дел од нивната радост и што покажавте дека хуманоста живее во малите, но искрени дела – напишаа од училиштето на социјалните мрежи.

Уапсен 62-годишен прилепчанец – извршил кражба

-На 28.12.2025 во 11:40 часот на крстосница од ул.„Александар Македонски“ и ул.„Мирче Ацев” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода М.Д.(62) од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава дека извршил кражба. При преглед во неговото патничко возило „шкода“ со прилепски регистарски ознаки, пронајдени се украдените предмети и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава – информираат од МВР.

Џабе работиш, џабе си квалитетен, ако не те знаат дека постоиш и не знаат што нудиш и бараш

На барање на нашите читатели и стопанственици во општина Прилеп, Маркукуле воведува рубрика ОГЛАСИ. Целта е да се излезе во пресрет на граѓаните, но и на бизнис секторот, угостителите, услужните дејности… кои се во постојана потрага по квалификуван работен кадар, по најдобра промоција и најдобра афирмација.

Нашиот медиум ви стои на располагање за објавување на промотивни статии за сите ПРОМОЦИИ, ПОПУСТИ, АКЦИИ, НОВИТЕТИ… поврзани со вашиот бизнис!

Можност да допрете до сите генерации, до сите потрошувачи, до сите клиенти…

Искористете можност и за огласување за:

-ПРОДАВАЊЕ НА РАЗНИ ДВИЖНИ И НЕДВИЖНИ СТВАРИ

-ИЗНАЈМУВАЊЕ НА ПРОСТОР

-ОБЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Контактирајте не’ на е-mail адресата: [email protected], во порака на нашата Фејсбук ФАН СТРАНА: Maркукуле.мк

или на телефонскиот број: 071 684 973

Тука сме да помогнеме! Побарајте не’ да се договориме! Ваш портал и ваш партнер!

Советниците утре со полни раце работа – Ќе се гласа Буџетот на општината за 2026година

Советниците во Советот на општина Прилеп, утре (30.12.) со почеток од 09:00 часот ќе ја одржат 6-тата седница, на која прва точка е Буџетот на општината за 2026 година.

Покрај за Буџетот, народните избраници во Советот ќе дискутираат и гласаат по уште 33 други точки, главно програми за работа за следната 2026година.

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. Предлог-Буџет на Општина Прилеп за 2026 година.
2. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година.
3. Предлог-Одлука за определување на висината на благајничкиот максимум.
4. Предлог-Буџетски Календар на Општина Прилеп, за 2026 година.
5. Предлог-Програма за субвенционирање на Јавните Комунални Претпријатија основани од ЕЛС Општина Прилеп за 2026 година.
6. Предлог-Одлука за усвојување на Програмата за работа и развој со инвестициони вложувања и Финансиски план на ЈКП ,,Водовод и канализација’’-Прилеп, за 2026 година.
7. Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот план со планирани инвестиции на ЈП за ПУП Прилеп, за 2026 година.
8. Предлог-Одлука за усвојување на Програмата за работа на ЈП за ПУП Прилеп-планирани активности во 2026 година.
9. Предлог-Одлука за усвојување на Финансиски план на ЈКП Пазари Прилеп, за 2026 година.
10. Предлог- Одлука за усвојување на Програмата за работа на ЈКП Пазари Прилеп, за 2026 година.
11. Предлог-Одлука за усвојување на Финансиски план на ЈКП Комуналец Прилеп, за 2026 година.
12. Одлука за усвојување на Програма за инвестиции во ЈКП ,,Комуналец” Прилеп, за 2026 година.
13. Одлука за усвојување на Програма за управување со отпад на територијата на Општина Прилеп, за 2026 година.
14. Одлука за усвојување на Програма за одржување на јавна чистота на територијата на Општина Прилеп, за 2026 година.
15. Одлука за усвојување на Програма за одржување и користење на паркови, зеленило, парк-шуми и рекреативни површини и Програма за подигање и одржување на зеленило, за 2026 година.
16. Одлука за усвојување на Програма за работа и одржување на градските гробишта и капела, за 2026 година.
17. Предлог-Одлука за усвојување на Програма за зимско одржување и функционирање на зимската служба на подрачјето на општина Прилеп, за сезоната 2025/2026 година.
18. Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Прилеп, за 2026 година.
19. Предлог- Програма за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита на Општина Прилеп, за 2026 година.
20. Предлог-Програма за обезбедување на оброк за учениците во прво, второ и трето одделение од основните училишта во Општина Прилеп, за учебната 2025/2026 година.
21. Предлог-Програма за доделување на еднократна парична помош за новороденче, за 2026 година.
22. Предлог-Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести, во 2026 година.
23. Предлог-Програма за спорт на Општина Прилеп, за 2026 година.
24. Предлог-Програма за образование во Општина Прилеп, за 2026 година.
25. Предлог-Програма за култура-фестивали и манифестации, за 2026 година.
26. Предлог-Програма за култура-одбележување на значајни настани, личности и празници, за 2026 година.
27. Предлог-Програма за култура-капитални инвестиции, за 2026 година.
28. Предлог- Програма за доделување на награди за талентирани (наградени) ученици во основните и средните училишта во Општина Прилеп, за 2026 година.
29. Предлог- Програма за доделување награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава во општинските основни училишта и најдобар наставник во средните општински училишта во Општина Прилеп, за 2026 година.
30. Предлог-Програма за доделување награди за најдобар воспитувач и најдобар неговател вработени во ЈОУДГ ,,Наша иднина‘‘ Прилеп, за 2026 година.
31. Предлог-Програма за доделување на еднократна парична помош за секое запишано прваче во основните училишта на Општина Прилеп, за учебна 2026/2027.
32. Предлог-Програма за поддршка на локалниот економски развој, за 2026 година.
33. Предлог-Програма за активностите на Општина Прилеп за ревитализација по елиминирање на кризата во областа за заштита и спасување во 2026 година.
34. Предлог-Одлука за давање на трајно користење на движни ствари на ЈКП ,,Комуналец’’-Прилеп.

МВР со детали: Екипата што доаѓаше на финале во Прилеп се судрила до прилепски “мерцедес” кај Тополчани – повредени се 5 лица

-На 28.12.2025 во 20:18 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, кај с.Тополчани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(39) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(57) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.С., додека со телесни повреди се здобиле возачот Д.М. и неговите сопатници Н.У.(24), М.Ѓ.(38), Б.Б.(38) и уште еден малолетен сопатник, сите од Охрид, констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп, информираат од МВР.

Коњановски го претстави буџетот на општина Битола за 2026 година – ќе тежи над 50 милиони евра

На 4-та седница на Советот на Општина Битола се обрати градоначалникот Тони Коњановски, кој го претстави буџетот за 2026 година и проектите.
„Денес, на прагот помеѓу една завршена календарска година и на почетокот на нов инвестициски развоен циклус, само два месеци по повторно добиената доверба од граѓаните, врз цврсто поставени темели, силно мотивирани и посветени, со љубов кон Битола, продолжуваме заедно да ја градиме нашата заедничка иднина.
Оваа симболична споредба, во суштина значи дека на денешната седница, со точките кои се на дневен ред го отвораме патот во еден нов циклус на инвестиции, на развоен буџет кој става силен акцент на инфраструктурата во преден план, спортот во срцето на заедницата, формирање ново јавно претпријатие за управување со спортските објекти и му дава стабилност и иднина на спортот, како симбол на заедништво, успех, напредок и цврст дел од идентитетот на Битола.
Но, за да продолжиме со успех, потребно е да ги елиминираме сите фактори кои ни создаваат несигурност, дилеми или на било каков начин ја вознемируваат јавноста.
Затоа, со мојот збор и со одлука на овој Совет сакам да расчитиме една груба дезинформација за која нема место во нашето секојдневие.
Како градоначалник на Битола ја осудувам лажната кампања и манипулативното дејствување на опозициски политички субјекти, преку кои во јавноста се пласираат невистини и инсинуации за наводно прифаќање мигранти или изградба на мигрантски кампови на територијата на општина Битола.
Почитувани битолчани, ве уверувам: Ниту мигранти, ниту шатори за мигранти ќе има. По однос на ова прашање, можете да бидете мирни и спокојни, затоа што Вашата безбедност и сигурност, секогаш е на прво место, а само така можеме да продолжиме да ги реализираме нашите планови за поубава Битола.
Во делот на спортот, како што споменав, големи се инвестициите на општината, во спортската инфраструктура.
Тука би сакал да се осврнам и на одлуката која денеска ќе ја разгледувате, а се однесува на основање на ново јавно претпријатие за управување со спортски објекти.
Општина Битола во изминатиот период се соочи со голема градежна експанзија во изградба и реконструкција на спортски објекти и сето тоа битолчани го увидоа, а нашата заложба отсекогаш била Битола да биде спортски град. Но, она што се гради треба и да се одржува. Токму затоа, потребно ни е ова јавно претпријатие. Во однос на функционирањето на претпријатието, сакам да потенцирам дека многу е едноставно: претпријатието ќе функционира од сопствени приходи кои што ќе може да ги обезбеди со изнајмување на сите објекти кои ќе бидат под негова надлежност. Потребата за основање на јавно претпријатие за спортски објекти се оправдува и со листата на објекти кои Општина Битола ги има во делот на спортската инфраструктура во сопственост. Дел од нив се градскиот стадион “Петар Милошевски” заедно со ќумурното игралиште кое е тренинг центар за младинските школи, тениските терени, спортската сала “Боро Чурлевски”, објектот Соколана, односно популарната сала за гимнастички спортови, фудбалските терени во Кравари, Лавци и Г. Оризари, затворениот базен кој е пред завршување, сместен во дворот на ОУ Даме Груев Битола, центарот за спорт и рекреативни активности, односно салата за боречки спортови која е во изградба и ќе биде пуштена во употреба во текот на 2026 година, како и Олимпискиот базен и ракометното игралиште кои во моментот се под концесија.
Секако дека, меѓу главните приоритети во периодот пред нас, останува инфраструктурата и капиталните проекти кои ги најавивме, но и оние за кои веќе сме во напредна фаза на реализација.
Минатата година започнавме со интензивни градежни активности, дополнително зголемени и со првиот повик на Владата за проекти со средства од унгарскиот кредит, каде додадена вредност за нашата општина имаат и проектите од вториот повик, со што бевме општина со најголем број добиени проекти и одобрени финансиски средства.
Значи пред нас е година во која ќе имаме многу работа, а тоа се потврдува и со тригодишната развојна програма.
Со насоките за подготовка на буџетите на општините за 2026 година, Министерството за Финансии не информира дека максималниот износ на сопствените приходи на Основниот буџет за Општина Битола за 2026година ќе изнесува 784.327.579,00 денари. На овој износ се додаваат и средствата од пренесениот вишок на приходи (во износ од 138.605.607,00 денари) и средствата кои општината ќе ги добие како приходи од ДДВ за 2025година (176.737.659,00 денари). Дополнително се планираат средствата кои општина Битола треба да ги добие по основ на склучени Договори со Министерство за транспорт, Министерство за образование и наука и Министерство за спорт во вкупен износ од 537.745.719,00.
Висината на основниот Буџет на Општина Битола за 2026 година ќе изнесува 1.650.166.707,00 денари. Заедно со приходите од самофинансирачки активности, дотации, донации, вкупниот буџет на Општината Битола ќе изнесува 3.107.580.972,00денари.
При подготовка на буџетот за 2026 година се почитуваат начелата на економичност и рационалност во трошењето на буџетските средства, зголемувањето на фискалната одговорност, отчетност и транспарентност, подобрување на буџетското планирање и извршување преку дефинирани програми и потранспарентно планирање и искористување на капиталните расходи, како и спроведување на дисциплинирана буџетска потрошувачка во насока на рестриктивна и ригорозна контрола на помалку продуктивните трошоци, без да се наруши нормалното функционирање на буџетските институции.
Даночните приходи во 2026 година се планираат во износ од 635.759.783,00 денари, и најголем дел од нив се Даноци од специфични услуги или во процент дури 51,17 проценти, а на второ место со 32,73 проценти се даноците од имот.
Во оваа прилика сакам да истакнам неколку капитални расходни, односно големи проекти кои се отпочнати и се во тек и оние кои ќе започнат да се реализираат.
Капиталните расходи во најголем дел се однесуваат на изготвување на проекти, изградба на улици и патишта, водовод, канализација во урбаниот дел на општината, како и во руралниот дел на општината.
Најголем дел дури 890.912.125,00 се за други градежни објекти.
Тригодишната развојна програма со измените изнесува 1.845.013.734,00 денари има вкупно 53 реконструкции на коловози (улици и локални патишта ) во градот и во населените места на општина Битола, како и изградба на 6 паркинг простори.
Нови паркинзи ќе има кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, комплексот болници, на улицата „Браќа Џаферови“, позади зградата позната како „Кифлата“, на просторот кај местото викано кај „Хеликоптерот“.
Во делот на спортот и рекреацијата, се вбројува подготовката на проектна документација за мултифункционалниот спортски комплекс, изградба на атлетска патека и борилиште на стадионот „Петар Милошевски“, тука се наоѓа и изработката на физибилити студија за изгрaдба на гондола, изградба на центар за спорт и рекреативни активности.
Во делот на јавното осветлување за улицата „Довлеџик“ преостанатиот дел од страната на влезот од Охрид, потоа улицата „8-ми септември“ влезот од страната на Прилеп. На улиците „Никола Тесла“, „11-ти март“ и „Панде Николов“, во АРМ четврт 1, улично осветлување кај комплекс болници и на уште пет други улици.
Со оваа развојна програма продолжува и изградбата на детска градинка во АРМ, како и доизградбата на противпожарната зграда, капитални проекти кои бараат подолг рок за реализација, но на кои сме целосно посветени, за што побрзо завршување.
Ќе работиме и на изградба и реконструкција на системи за одведување и прочистување на отпадни води на 25 локации, потоа изградба и реконструкција на систем за водоснабдување исто така на 25 локации.
Во делот на сообраќајната сигнализација ќе се реализира поставување на семафори на пешачките премини кај „Камен мост“ и „Епинал“ и поставување на хидраулични столбчиња во Старата чаршија.
Во капиталните расходи за основното образование, продолжуваме со нашата визија за подобри услови за учениците, поради што претстои комплетирање на проектите: Реконструкција на објектот на спортската сала во Бистрица и изградба на три типски училишни спортски сали во ОУ „Стив Наумов“, подрачното училиште во Долно Оризари и во ОУ „Тодор Ангелевски“.
На почетокот на следната календарска година ќе започне изградбата на 6 спортски игралишта во училиштата „Гоце Делчев“, „Даме Груев“, „Коле Канински“, училиштето во Раштани, во „Гоце Делчев“ (поранешното турско училиште), во „Тодор Ангелевски“, како и реконструкцијата на 3 спортските игралишта во „Климент Охридски“, „Трифун Пановски“, „Ѓорги Сугарев“.
Секако, има уште многу проекти кои се во тек на реализација, како што се улици кои тековно се работат, но и капитални проекти од типот на новиот ГУП кој очекувам многу скоро да биде донесен, но не би должел повеќе, а како и секогаш тука сум за вашите советнички прашања.
На крај, во овие претпразнични денови, би сакал да потенцирам дека Битола, деновиве зрачи со новогодишна светлина.
Нашата „Зимска приказна“, не е само традиционална предновогодишна програма. Таа е одраз на заложбата на локалната самоуправа за туристичко заживување на Битола во зимскиот период, поддршка и можност за локалните угостители, ракотворци, мали бизниси, поддршка и промоција на битолската и македонската музичка и културна сцена, заедничка соработка помеѓу општината и општествено одговорните компании, со заедничка интенција: убави празнични денови за сите битолчани.
Ви посакувам успешна работа на денешната седница, донесување на одлуките кои го трасираат патот исполнет со визија која носи резултати и Ве поканувам сите да уживаме во претпразничната програма на „Зимска приказна“, во новогодишниот амбинет на нашиот град и сплотени на 31 декември да ја испратиме старата и да ја дочекаме новата 2026 година, заедно со нашите сограѓани на Платото пред Офицерскиот дом“, рече во своето обраќање градоначалникот на Битола.

Важно известување ако денеска патувате за Грција преку Битола

Грчкиот премин Ники (Меџитлија) е затворен за сообраќај на товарни моторни возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Како што информираат од АМСМ, затворањето на сообраќајот ќе биде од 10:00 до 16:00 часот.

Најниски температури утрово измерени во Крушево, Прилеп и Битола

Утрово во земјава преовладува ведро и многу студено време, со температури кои во поголемиот дел од градовите се спуштија под нулата. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најниска температура од -8 степени е измерена во Крушево.

Веднаш зад Крушево, со измерени -7 степени се Битола, Прилеп, Маврови Анови и Крива Паланка. Во Тетово, Пожаране и Берово термометарот покажа -6 степени, додека во Претор, Охрид и на Попова Шапка се измерени -5 степени.

Во Скопје, на мерната станица Петровец се измерени -3 степени, додека кај Зајчев Рид температурата изнесувала -2 степени. Најтопло утрово е во Гевгелија со измерени 3 степени над нулата.

Во текот на денот не очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Максималните температури ќе се движат во интервал од 6 до 12 степени.

Во главниот град се прогнозира слично време со максимална температура до 6 степени.

Убава вест за новата година: Повисоки плати за наставниците

Од март следната година, наставниците ќе го добијат договореното покачување на платите, најави министерката за образование Весна Јаневска на брифинг со новинарите.

Покачувањето ќе изнесува меѓу 7 ипол и 10 проценти од платата, зависно од пресметките.

-Тоа е мотив за наставниците. Тоа што досега не е успеано да се направи, ние го направивме. Дополнителен мотив за наставниците е кариерното натпреварување. Горда сум на успехот кој го постигнавме, што беше и нотирано во извештајот на Европската Комисија, рече министерката Јаневска.

Годинава ќе има два вида на државна матура. Во стручната прашањата ќе бидат прилагодени на материјалот, а во државната како и досега ќе бидат исти.
Децата од средно стручно училиште ќе можат да полагаат и државна матура ако не планираат да продолжат на факултет во струката која ја учеле.

20-годишник од Прилеп возел “стотка” низ град – ќе одговара кривично

-На 28.12.2025 во 15:37 часот на ул.„Карпалак“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода М.Б.(20) од Прилеп. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки со брзина од 101 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час.

По целосно документирање на настанот, против нeго ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ – информираат од МВР.