дома блог страница 5148

Какво време не очекува до крајот на септември?

1-ovaa-esen-www-kafepauza-mk_-565x396

Температурите значително паѓаат, а утрово се разбудивме со врнежи од дожд.
Такво ќе биде во текот на целата оваа недела но и наредната.

Во текот на денешниот ден има услови за врнежи проследени со грмежи, во четврток се очекуваат утрински температури од само 6 степени, а во петок, само 5.

2

Регулаторна одлучи: Од полноќ поевтин бензин

benzinska3-640x289

Дизелот и бензинот од 95 октани по иста цела, екстра лесното масло и 98 октанскиот бензин поевтини за половина денар.

 

Од полноќ цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,00 ден/лит. Малопродажните цени на на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 36,50 ден/лит

Трагедија утрово ја потресе Македонија- една жена загина

Според првичните информации, автомобил удрил во дрво. Починатото е женско лице, а маж со повреди е пренесен на Клиниката во Битола, објави ТВ ТЕРА.

policiska-lenta-640x426-640x426-1

Утрово околу 9 часот на раскрсницата на улицата Иво Лола Рибар кај автобуската станица во Битола се случила тешка сообраќајна несреќа во која едно лице загина, а друго е повредено.

Со мед и лук направете го овој лек, лечи низа заболувања

Сигурно ви е познато дека медот и лукот се многу здрави, но ќе се изненадите што се може да направи нивната комбинација.

 

med-luk

Овие познати лекови во народната медицина со своите моќни својства лечат многу заболувања, па затоа со причина се нарекувани и како природни антибиотици. Медот и лукот би требало да станат дел од вашето секојдневие, затоа што имаат голема моќ да го зајакнат вашиот имунитет.

За овој рецепт потребно е да исечете 2 до 3 чешниња лук и да ги ставите во тегла со мед. Оставете ја смесата да стои сѐ додека состојките не се соединат. Доволно е да консумирате една лажичка од овој лек секој ден, 7 дена по ред, па вашиот организам ќе доживее неверојатна промена. Еве кои придобивки ви ги нуди оваа комбинација.

1. Го зајакнува имунитетот

Комбинацијата на мед и лук го зајакнува вашиот имунитет и ви помага да се борите против одредени болести, како и да ги спречите заразувањата.

2. Го штити срцето

Оваа комбинација ги чисти крвните садови од масти и со тоа спречува срцев удар.

3. Го лекува воспалението на грлото

Медот и лукот имаат благотворно дејство на воспаленијата, па затоа се и добри при уништувањето на инфекциите во грлото.

4. Помага при дијареја

Со помош на оваа комбинација можете да го зајакнете дигестивниот систем и да ги отстраните инфекциите. На овој начин ќе ги решите и проблемите со дијарејата.

5. Помага при сува кашлица

Медот и лукот се одлични за сува кашлица. Оваа комбинација го разводнува секретот и го отстранува воспалението. Исто важи и за синусите.

6. Помага при габични инфекции

Габите може да нападнат различен дел од вашето тело, но оваа мешавина е вистинска антибактериска бомба, која се покажала ефикасна и во овој случај. Најдобро е ова да го користите превентивно, со цел да ги спречите можностите од каква било инфекција.

7. Врши детоксикација

Комбинацијата од мед и лук е природна детоксикација за вашиот организам. Користејќи го овој лек, вие му давате на организмот втора шанса, затоа што медот и лукот го ослободуваат телото од сите отрови коишто претходно сте ги внеле. Исто така овој природен лек е добар и за стабилизација на холестеролот во крвта, а помага и во борбата со вишокот килограми.

Денеска во Прилеп: Свечено пуштање во употреба на спортската сала во ООУ “Добре Јованоски”

42

Денеска 19.09.2016 година со почеток од 13:30 часот, во присуство на заменик министерот за образование Спиро Ристовски  и градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески, свечено ќе биде пуштена во употреба спортската сала во ООУ “Добре Јованоски” – Прилеп.

Спортската сала во ООУ “Добре Јованоски” e четврта училишна сала која се изгради во Прилеп, како дел од проектот на Владата на Република Македонија за изградба на 145 училишни сали.

Со изградбата на овие четири спортски сали во Прилеп значително се подобрија условите за спортување и се овозможи непречено одвивање на наставата по физичко образование во училиштата.

63

34

Денеска е голем празник: Спомен на чудата на Св. Архангел Михаил

309467-za-mnogu-godini-d0099009eneska-e-svarhangel-mihail

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 септември.

Денеска е Спомен на чудата на Св. Архангел Михаил.

Главниот празник на свети архангел Михаил се празнува на 8 ноември (јулијански календар). Се вика Собор на свети архангел Михаил. Денес, пак, црквата утврдила да се празнува споменот на неговите чуда што се случија во местото Хони, близу Ерапол во Фригија, каде што подоцна исто во спомен на неговите чуда беше подигната црква посветена на свети архангел Михаил.

Руска хуманитарна помош за поплавените

Помош од Руската Федерација наменета за справување со последиците од поплавата во Скопскиот регион и за засилување на капацитетите на службите за кризно реагирање, ќе биде донирана денеска во Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија.

 

pomos

Хуманитарната помош со тежина 40 тони е доставена со специјален автомобилски превоз на Министерството за цивилна одбрана, вонредни состојби и отстранување на последиците од елементарни непогоди на Руската Федерација.

Во товарот се вклучени мобилни дизелни и бензиски генератори со моќност од 5 до 120 kW, специјални пумпи и пумпена опрема, ќебиња, конзерви од риба и месо, информира Руската амбасада во Скопје.

ФОТО: Ноне ниту во деловна гардероба не може да ги сокрие градите

Maкедонската џебна Венера веќе години наназад работи на брод и не чести со прекрасни фотографии од рајските дестинации што ги посетува. Сепак долго време немавме можност да ѕирнеме како поточно изгледа работното место на Ноне Неделковска.

 

1

Неодамна таа ни откри дека работи во парфимерија на брод, каде им помага на гостите на бродот да ги изберат вистинските мирисни ноти, кои дополнително ќе го разубават нивното патување.

Во текот на нејзиниот работен ден таа е облечена во деловно издание најчесто во темни нијанси. Сепак дури и кога носи сако и маичка таа блеска, а нејзините бујни гради повторно додаваат сексапил на целосниот изглед.

2

Девојка од милион долари: Интервју со Маја Дејкоска, иднината на македонското женско борење

Кога нешто се сака и се вложува голема жртва, тогаш и се успева. Маја Дејкоска е млад спортист, борач, кому му претстои блескава и трофејна кариера. Таа е светла точка на денешното македонско борење, посветено работи и го трасира патот кон успех. Настапот на Олимпијада и е животна желба и мотивација, а моментално се подготвува за Светското армиско првенство, што од утре започнува во главниот град. Нашата Маја ќе се бори во четврток на 22 септември, а медал нема да биде воопшто изненадување. Во овој разговор дознаваме за нејзината досегашна спортска кариера, успеси, планови и желби….

14317517_1103017073117644_1420563366163670591_n

Од кога заплови во боречките води и кога за прв пат Маја Дејкоска излезе на борилиштето во едно натпреварување?

Со борење почнав да се занимавам од својата 14 година, а за прв пат по три месеци излегов да се борам на едно кадетско изборно првенство во Кочани.

Маја како е да се биде девојка борач, што се е потребно да се совладаат боречките вештини и тежината на овој спорт?

Секој спорт е напорен и за да се постигнат резултати треба напорно вежбање. Позитивна мисла, да веруваш во себе и да истраеш во желбата да напредуваш во спортот.

Кои клубски бои ги браниш и кои се твоите најголеми успеси во овој спорт?

Јас ги бранам боите на боречкиот клуб “7ми Мај Леов”-  Прилеп. За мои најголеми успеси можам да ги издвојам,  моето учевство на Европско првемство, меѓународни натпревари и домашни натпревари.

14368713_1103017076450977_97030399832552403_n

Моментално се подготвуваш за “Светското армиско првенство” што ќе се одржи во Скопје, што значи ова натпреварување, колку е престижно истото и од кои се земји има учесници на истото?

Секое првенство има своја категоризација и своја тежина.успех е кога ќе се учевствува на секое од нив, бидејќи тоа значи дека си исполнил одредени критериуми за да се натпреваруваш. Секако ова првенство за мене е многу важно Затоа што првпат учевствувам на истото. Земји кои учевстуваат на СП се: Бразил, САД, Русија, Полска, Индија, Ј.Кореа, Словачка, Грузија, Финска, Пакистан, Естонија, Латвија, Тунис, Азербејџан, Турција, Казахстан, Бугарија, Словенија, Романија, Белорусија, Украина, Кина, Египет, Бахреин, Еквадор, Швајцарија, Франција, Германија, Чешка, Мексико, Аргентина, Шведска и Македонија.

Борењето одсекогаш било едно од главните адути кога се работи за македонскиот спорт воопшто. Какви е моменталната состојба во Македонија и колкав интерес има денес кај младите за овој спорт?

Борењето ме маѓепса како спорт без да размислувам какви се перспективите на тој спорт кај нас. Мометално овој спорт котира многу слабо во Македонија, а е еден од најдобрите  спортови во минатото.

Кои се твоите желби, што е твоја главна цел што сакаш да ја постигнеш во твојата спортска кариера?

Кога го сакаш тоа со кое се занимаваш тогаш и не е важно дали резултатите кои ги постигнуваш се врвни или не, како и во секој спорт има победи, а има и порази. И без разлика со какви резултати ќе излезеш од терен секогаш се прави анализа на играта. Само така можеме да се усовршиме. Мојата желба е да ја претставувам Македонија на Олимпијада, напорно работам и се надевам дека ќе успеам.

14317527_1103017079784310_5211705001787000332_n

Што друго е во твој домен на интерес, на што уште го трошиш своето време?

Како и секоја девојка следам мода , се дружам , излегувам, следам спорт, и сакам да го поминувам времето со оние кои се секогаш тука за мене и ме поддржуваат во се..

За крај кажи ни за борењето во Прилеп, колку се истакуваме како град, недостатоци, предности и со каков боречки дух располага градот под “Марковите Кули”.

Борењето во Прилеп штотуку почна да се развува, имаме доста квалитетни борачи, тоа е сигурно. Во услови кога само одредени спортови во Македонија можат да бидат унапредени, сметам дека се вложуваат големи напори и од страна на клубовите и од страна на спортистите.

14383262_1103017183117633_2044118505_n

 

 

Несторовски го постигна своето првенче во Сериа А и му донесе бод на Палермо

Generated by IJG JPEG Library

Generated by IJG JPEG Library

На дуелот од четвртото коло во Сериа А, прилепчанецот Илија Несторовски го постигна својот дебитантен гол за Палермо и му донесе бод на тимот од Сицилија.

Во Дуелот што Палермо го играше на гости кај новиот прволигаш Кротоне, Несторовски стрелаше прецизно во 66-тата минута и не дозволи изненадување за својата екипа.

Голот на Несторовски можете да го погледнете ТУКА