дома блог страница 5147

Партискиот уредник на МТВ го избламира јавниот сервис- Јанева целосно се изрезили

Иако СДСМ ветуваше професионализација на МРТВ со инсталирањето на својот партиски уредник, денешното интервју со Катица Јанева беше вистински пример за тоа како изгледа новинарството замислено од опозицијата. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вечерва имаше скандалозно свое интервју во Дневникот на јавниот сервис. Меѓу новинарите има единствен став, денешното интервју на Катица Јанева станува уште една црна дамка и вистински удар врз професионалните стандарди.

janeva6-mrt

Таа целосно се посрамоти со своето однесување додека одговараше на прашањата кои веќе ги држеше во рака и кои ги добила уште долго пред да се снима интервјуто. Катица Јанева очигледно немаше капацитет ниту да ги научи на памет прашањата кои самата си ги нарача да и бидат поставени од МТВ. За сето тоа да не изгледа толку скандалозно, како што впрочем и изгледаше, монтажерите во јавниот сервис се „потрудиле“ и секогаш кога Катица Јанева ќе ги ставеше очилата, тие вметнуваа инсерти, тотално неповрзани со разговорот за колку толку да може да биде прикажана како елоквентна.

Дури и во ваква ситуација, Јанева не ги знаеше одговорите на прашањата иако и нив ги имаше напишано на листови хартија пред себе. Се обиде да ги чита, но и тоа тешко и одеше од рака.  Содржински, онака како што се очекуваше. Катица Јанева не кажа буквално ништо. Ниту збор за тоа каде отидоа милион евра за шест месеци, зошто Верушевски доби слобода, а Талевски притвор и уште серија други прашања.

Јанева целосно се посрамоти пред македонската јавност од чии џебови зема мегаломански месечни примања веќе цела година. Меѓу новинарите има единствен став. Денешното интервју на Катица Јанева станува уште една црна дамка и вистински удар врз професионалните стандарди.

Откако СДСМ ја постави Санта Аргирова како свој партиски кадар за уредник во МТВ, јавниот сервис вечерва доживеа голема бламажа. Иако сопартијката на Заев изгледа се потрудила навреме да и ги даде прашањата на Јанева, интервјуто стана голем блам. Истото стана мета на потсмев на социјалните мрежи, па граѓаните со право поставуваат низа прашања во врска со капацитетот на специјалната јавна обвинителка.

cvetin-cilimanov-katica

nonkovik-janeva

janeva-cvetin

1 2 3 4 5

 

ФОТО: Се појави торнадо на небото над Црна Гора

2

Во Подгорица утрово падна силен дожд, попратен со грмотевици кои ги преплаши граѓаните. Погледнете…

1

fesgerhrt

Повторно лоши вести поврзани со Шумахер !

fwrktkqturbxy8zztk4ywzhnwy4ngm2ztfinja3ogq5yjk5ownmn2y5oc5qcgvnk5uczqmuamldlqlnadyawsovb9kyl3b1bhnjb

Михаил Шумахер, шампионот во Формула 1, не може ниту да оди ниту да зборува. Легендата на Формула, не може да извршува никаква активност без помош од лекар, а состојбата не му се подобрува, откако се повреди за време на скијање на француските Алпи.

Пријател на спортистот рекол дека неговата состојба е лоша, тој бил стопен на половина, не можел да се движи без физиотерапевт, не може да зборува добро, а исто така едвај можел да ја подигне само десната рака.

Инаку, несреќата се случи на 29 декември 2013 година.

 

До каде оди човековата лудост? Од 1990 година па до денес уништени се повеќе од 10% од светските шуми !

clearcut-1-768x438

Според новото истражување на “Факултетот за географско планирање и управување со животната средина ” од Квинсленд универзитетот во Австралија, се потврди дека околу 10% од светските шуми се уништени за само 25 години.

Џејмс Вотсон е професор на универзитетот кој тврди дека доколку итно не се превземат мерки на глобално ниво, последиците може да бидат катастрофални. Тој смета дека шумите лесно стануваат жртви на урбанизацијата на просторот. Според него потребни ни се 2 децении за да го променеме процесот на губење на шумите на глобално ниво.

Централна Африка и шумите околу Амазон претрпеле најголеми загуби.

Можеби и сами сме криви што природните катастрофи ни се случуваат олку често. Едно е сигурно, глобални мерки мора да се превземат, нема изговори !

2

 

 

ВИДЕО: НАЈМОЌНИОТ МИТРАЛЕЗ ВО СВЕТОТ: Испукува дури 3000 куршуми во минута

screenshot_4-66

Ова е Dillon M134 – митралез направен од титаниум. Ова е ремек дело на воената индустрија кое испукува дури и до 3000 куршуми во една минута, односно по 50 во седкунда .

Агресивен, застрашувачки, едноставен за користење, ова “лошо момче” е вистинска машина за унишување.

Што ќе се случи доколку 7 дена пиете солена вода ?

voda-casa-ff-e1465830339130-600x364

Солената вода има позитивно дејство на човековиот организам.

Го регулира шеќерот во крвта, ги зајакнува коските, го регулира метаболизмот, го подобрува имунолошкиот систем и помага кај проширените вени – сето ова се позитивните ефекти доколку пиете солена вода 7 дена.

Една чаша солена вода содржи количество на минерали кои организмот може да ги прифати во секое време.

Како да се припреми ?

Во чаша млака вода ставете чиста морска сол. Користете лажица за да си ја знаете дозата. Количината на солта која се става е индивидуална и зависи од тоа колку вода ќе се напиете секое утро во неделата. Откако ќе ја конзумирате солената вода 7 дена потребно е да се направи пауза од 7 дена, а процесот можете да го повторите кога сакате.

Кои се позитивните ефекти од солената вода ?

  • Помага кај проблемите со варење на храната, ги стимулира ензимите кои го забрзуваат дигестивниот тракт.
  • Детоксикација. Содржи антибактериски својства кои во седум дена ќе ве ослободат од токсините.
  • Минералите од солта помагаат во смирувањето на нервниот систем.
  • Чаша солена вода е одлична за свежа и чиста кожа.

Дали Победа беше оштетена со недосуден пенал?!

11

Во натпреварот од четвртото коло во Македонската прва фудбалска лига, екипата на Победа ја пречека Брегалница на стадионот под “Тумбе кафе” во Битола.

Натпреварот заврши со нерешен резултат 0:0, но она што остави впечаток е спорниот момент од 20-тата минута, при стартот врз Шаркоски во противничкиот казнен простор.

Дали главниот судија Мустафи пресуди добро, пресудете сами преку видеото кое следи:

ВИДЕО: ГОЛ.МК

Романија погодена од обилни дождови и бури

Обилните дождови и бури предизвикаа проблеми во различни реони на Романија. Во дел од земјата е прогласен жолт аларм поради дождовите, а во низа реони портокалов аларм поради опасни метоеролошки појави.

romanija

Бурите синоќа предизвикаа поплави во неколку места во источниот романски округ Констанца.

Во градот Констанца неколку улици беа поплавени, а ветерот собори неколку дрвја. Само за еден час во Констанца наврнале 35 литри дожд на метар квадратен.

Поплави имало и во западниот град Арад, каде во централните делови, нивото на водата изнесувала над 50 сантиметри. Метеоролозите за денеска предвидуваат нови обилни дождови, грмотевици и силен ветер.

Портокалов аларм е прогласен во окрузите Баку, Васлуј, Вранча, Галац, Тулча, Браила и Бузу, како и во планинските реони на окрузите Прахова, Дамбовица. Арджеш. Валча и Горж. Се предвидува дека во планините би можело да наврнат од 60 до 80 литри дожд на метар квадратен.

ВТОРА МЕРКА: Ограничено ослободување од данок на добивка на компаниите кои ќе финасираат спортски клубови, спортисти, спортски федерации и МОК

Втората мерка која денес ја објавувам се однесува на финансирањето на клубовите и  спортски федерации преку ограничено ослободување од данок на добивка на компаниите кои ќе финасираат спортски клубови и спортисти, како и спортски федерации и МОК, изјави денеска на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

sportski-1

Со измена на закон ќе се овозможи и прецизира финасирање на спортски клуб, при што за делот на финасирањето средствата кај финансиерот би биле одбиени при плаќањето данок на добивка, а по утврдени правила.

-Секоја компанија која дава вакво финасирање за кое ќе добие ослободување од данокот на добивка, може да е максимум во висина од 20 осто од нивната годишна добивка, додека за делот меѓу 20 и 30 осто од добивката се ослободува 50 осто.  Над 30 осто од добивката не би имало ослободување на данок од добивка. На пример, компанија која има добивка од 1 мил евра и за тоа треба да плати данок на добивка, доколку инвестира 200 илјади евра во некој спортски клуб или федерација, за истиот износ би била ослободена од плаќање данок на добивка кон државата. Доколку инвестира уште 100 илјади евра, за тие 100 илјади евра ќе биде ослободена од 50 илјади евра данок на добивка.Значи фирмите ќе може наместо на државата да инвестираат во клубовите, спортистите и федерациите доколку самите така одлучат, изјави Груевски.

Позитивни исклучоци поради тоа што се поскапи спортови ќе има кај фудбалот, наместо 20 ќе биде овозможено 30 осто од добивката да финасира со 100 осто ослободување, и од 30 до 40 осто со 50 осто ослободување.

-Значи ако компанијата од 1 милион евра добивка инвестира во фудбалски клуб 300 илјади евра тогаш тој износ не го плаќа на државата како данок на добивка, а ако инвестира уште 100 илјади евра во клубот, тогаш ќе плати данок само 50 илјади евра. Втор позитивен исклучок е кошарка и ракометот каде до 25 осто од добивката ќе има 100 ослободување од данок на добивка, а од 25 до 35 %, 50  осто ослободување. Преку пример, ако компанија со 1 милион евра добивка инвестира во кошаркарски или ракомет клуб 250 илјади евра, за тој износ ќе и се намали данокот на добивка. А ако покрај 250те илјади евра инвестира уште 100 илјади евра тогаш за тие ќе плати 100 илјади евра ќе плати само 50 илјади евра данок на добивка, рече Груевски.

Ова, нагласи Груевски ќе значи директно одкажување на државата од приливот на дел од средствата од данок на добивка во буџетот, во корист на спортот, клубовите, федерациите и врвниот спорт. Со обзир дека државата средствата кои треба да и припаднат во буџетот ги става на располагање на спортските клубови, федерации и спортисти, таа е должна да внимава како ќе се трошат тие пари, да воспостави правила и надзор над нивното користење, со цел да спречи нивна можна злоупотреба.

-Па така со цел да се оневозможи правно изигрување на прописите ќе биде забрането клубот по било кој основ да ги врати парите во истата компанија или во компании кои се роднински, капитално или управувачки поврзани, вклучувајки и во трошоци за стоки и услуги, бидејки тоа би значело затајување данок или перење пари. Ќе биде забрането парите клубот по било кој основ да ги исплаќа на било кое одговорно лице во компанијата. Нема да е дозволено средствата добиени како спонзорство, а за чии износ кои спонзорот се ослободува од плаќање на данок на добивка, ќе се  уплаќаат на посебна сметка и од нив не смее да се префрлаат парите на редовната или друга сметка на клубот или федерацијата, или пак да се исплаќаат обврски по договори од редовната сметка средствата може да се трошат за строго утврдени намени одредени со правилник кој го носи владата по претходно мислење на министерството за финансии, министерствотот за правда и агенцијата за млади и спорт, и секако по претходна јавна расправа, рече Груевски.

Средствата добиени на овој начин ќе можеда се трошат за: плати, недоместоци и бонуси на спортистите и стручниот штаб, по утврден правилник на клубот и писмено пријавен во федерацијата, организација на патувања и престој на клубот во земјата и странство заради натпреварувања или подготовки, согласно законот за јавни набавки изнајмување или градба на сали или терени за натпреварување која треба да се спроведе по начелата на законот за јавни набавки. Плаќање на кирии за простории за работа на клубот, не повеќе од 10 осто од средствата годишно, или отплата на кредит за купување на сопствени простории на клубот, не повеќе од 20 осто годишно од добиените пари со вакво ослободување од данок на добивка. Доколку се купат простории за клубот со средства од овој извор, истите не смеат да се стават под хипотека и несмеат да се продадат најмалку 15 години, со цел спречување можни злоупотреби, патувања на поединци заради стручни семинари, конференци и усовршувања, согласно законот за јавни набавки, а по претходна изгласана и потпишана одлука на извршното тело, плаќање на котизации и членарини, набавка на опрема и реквизити која треба да се спроведе по законот за јавни набавки, плаќање на трошоци за комуналии на клубот, најмалку еднаш во три години секој клуб или федерација која примила ваква подршка, ќе биде подлежна на контрола и ревизија од државниот завод за ревизија, во делот на потрошените средства добиени по основ на данок на добивка.

Ќе се предвидат законски казни за одговорните лица во клубовите доколку незаконски се користат средствата.

-Истовремено се предвидува приматели на вакви донации да може да се спортски федерации или клубови од првата лига, кои задолжително мора да имаат и младинска школа, во спортови каде има натпреварување во организирана лига, освен за фудбал каде може да се опфати и втората лига, со оглед на тоа дека станува збор за популарен, скап и многу организиран спорт. За клубовите кои немаат организирана лига може да се признаат до 5 осто од добивката на една компанија, и тоа само за еден таков клуб во една календарска година.  Во секое извршно тело на секој клуб приматели на вакви спонзорства, ќе мора да членуваат најмалку два дипломирани правника, и најмалку два дипломирани економиста со цел да допринесат за поквалитетно користење на средствата, рече Груевски.

 

Исто така оваа мерка ќе опфати и подршка на поединечни врвни активни спортисти до 35 години старост, и со конкретни домашни и меѓународни резултати (на пример: самостоен тенисер, професионален боксер, пливач, итн), со што поддршката на индивидуални спортисти ќе биде до 6% за оние кои се занимаваат со олимписки спортови и до 3% за други видови на спортови;

-Можноста на ваков начин на финасирање важи до моментот во годината додека ги исполнува условите поврзани со постигнатите резултати. На пример ако до јуни има најдобар, или втор најдобар резултат на трки до 100 метри до тогаш тие што ќе го финасираат може да добијат ослободување од данок на добивка, потоа не. Ако од јули друг има најдобар резултат, тогаш тие кои ќе го финасираат тој друг, тие имаат право на финасирање со ослободување од данок на добивка. Овие одредби ќе се прецизираат со правилник и во соработка со федерациите. Средствата добиени по ваков основ кај клуб или спортист, не смее да се плаќаат кон спонзорот назад на било кој начин ниту кон него, ниту кон капитално, роднински или управувачки поврзани лица, или пак лица со управувачки позиции  вработени кај него. Секој клуб и федерација на вакви средства се должни најдоцна до 15 ти март во наредната година да објават колку и од кого примиле сонзорства од ваков вид, и за кои намени колку потрошиле, рече Груевски.

Федерацијата е должна во истиот период да ги објави на својата веб страна ваквите извештаи на сите клубови и спортисти приматели на вакви помошти, а тие се должни најдоцна до 10 март во наредната година да ја известат федерацијата писмено за она што треба да се направи. АМС ќе треба да изработи теркови за објавите а да бидат стандрдизирани и унифицирани.

Што да се јаде денес: Плочки од компир со кашкавал (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

wjkhdfsgdfgsdf-640x362

Благодарение на овој видео клип и вие можете да бидете профи кувар. Се што треба да направите е да ги повторите чекорите кои се прикажани.